Јас од лично искуство ќе кажам. Сум медитирала, сум имала рутина, до некој степен е интересно, но по подолг период станува напорно, ако мора толку многу активности да се практикуваат за да се биде смирен не ќе да е вистина дека “пловиш по површината на водата и те носи струјата на реката”. Не може со рутина да се созрее, многу покомплексно е од тоа. Како и да е, надвор сме од темата комплетно. Точно тоа што го кажа @Biljarkata, основниот комплекс на чувства. Не секое непријатно чувство е дијагноза. Има ситуации во кои не е нормално да ти е пријатно, зрел човек тоа треба да го прифати. Затоа и мислам дека ваквите “паники” ги фаќаат луѓе кои многу ретко, ако не и воопшто не излегуваат од комфорната зона и се overwhelmed од нормални и очекувани ситуации. Колку порано се осамостоиш (во психолошка смисла), толку помала е шансата за депресии и анксиозности.
Во општество каде рандом особи на "помогни ми во депресија сум имам лоши мисли " ти викаат пиј витамин Ц и Б,многу ме мрзи да пишувам на темава а и немам живци. Едно ке ви кажам , внимавајте на психата ,јер је сјебано ствар. Може да ве однесе на "места" што не сте знаеле дека постојат. Може буквално да го осетите пеколот. Поздрав од особа со дијагноза анксиозно растројство со панични напади 12 години на АД. Чувајте се.
Готово, ме замисли, ќе имам за што да пишувам и анализирам у дневник. Тоа е твоето искуство, она е моето. Мене не ми е напорно, напротив, сè што правам а е добро за мене, ме прави уште посреќна, помотивирана и почил. Секој со своите потреби, најбитно е да си откриеш што ти годи и ти помага да имаш здраво ментално здравје. Туку еве, настрана дијагнозирани болести и растројства. Што со оние "обичните" нешта/состојби/чувства/мисли кои влијаат негативно или позитивно на менталното здравје? Темата за ментално здравје опфаќа мнооооогу работи.
Ако нешто ти е напорно тогаш се губи поентата и значи не е за тебе. Поентата ти е да ти позитивно влијае, да те опушта, да те прави да се осеќаш добро. Она што добро влијае на менталното здравје е живеењето во сегашниот миг (колку и да звучи клише), ама тоа едноставно значи кога ќе правиш нешто да го правиш со целосен фокус. Медитација со диши-издиши е една алатка. Но, истото можеш да го постигнеш и со некакво хоби, пример да сликаш, да везеш, да пливаш, да трчаш, да пиеш кафе во тишина... ако го тоа правиш со целосен фокус. Само сакав да кажам, дека не е дека треба да правиш многу работи да бидеш смирен, погрешно си разбрала... но факт е дека има некои работи кои следат сличен pattern и влијаат добро на нашото ментално здравје и затоа се промовираат.
Вознемиреност и страв се јавува кај сите луѓе во одредено време. Тоа не значи дека сите имаат дијагноза: анксиозен. Стравот и вознемиреноста не се болест, природно чувство е кој секој човек го поминува. Тагата исто. Не е исто тага и депресија.
Ај сега подобјасни го последниот дел те молам. Многу интересни размислувања имаш и ептен ми е мило што пишуваш на темава.
Не знам докрај како да се изјаснам. Моето чувство беше дека губам време, зошто да вдишувам-издишувам во свет кој не застанува, зошто толку многу се избегнува гневот како емоција, зошто мора веднаш, инстант смирување, што е толку страшно човек да е гневен неколку часа. Баш тоа избегнување на емоциите носи ментални болести/состојби, кој и да е терминот.
Абе и мене ми е напорно да одржувам рутина на милион работи и колку повеќе ги накалемувам толку повеќе почнуваат да ме нервираат, ама колку и да е едноставна некаква рутина е битна. Не мора да биде па медитација, дневник и подкаст, може да биде и кафе со некого, танц, шетање куче... Комфорна зона е лоша работа, ама не може да кажеш дека е примарна причина за овие "паники". Има и трагедии и болести и губење работа, дом, стабилност и сѐ и сешто за кои не може ни едно излегување од комфорна зона да те подготви. Да додадеме и што може да ти направи цел живот живеење во токсична средина. Читни нешто за пластичност на мозокот и како некои ситуации од корен го менуваат резонирањето на секојдневни најобични и нормални препреки. Не е ич црно-бело како што го опишуваш.
Реков дека нема да се објаснувам ама ај. Постои анксиозност и анксиозни растројства, тоа се 2 различни работи. Чувство на анксиозност може да се појави кај секого, во најразлични моменти од животот меѓутоа е минливо, најчесто врзано со одредена ситуација/период. Меѓутоа анксиозно растројство(кое што може да биде GAD, социјална анксиозност, панични напади, фобии итн) е веќе нешто кое ти влијае на секојдневниот живот. Во однос на тагата и депресијата никаде не го спомнав, напротив се согласувам дека депресија не е исто што и тага, депресија е многу покомплексно. Чувства на тага се дел од палетата на емоции на нормалниот човек.
Стравот и вознемиреноста се нормална појава, точно. Ама кога тие се јавуваат секојдневно без причина и тоа ти пречи во извршување на обврските, станува збор за анксиозност и треба да се побара помош Вие не знаете како е да се разбудеш вознемирен од ништо, не знаете како е да излезеш на улица, меѓу народ и ти чука забрзано срцето, се препотуваш,мислиш дека ќе се струполиш во секој момент, осеќаш страв. Кога прв пат го добив паничниот напад(не ни знаев дека е тоа паничен напад) само му се молев на Бога да преживеам, се молев да не умрам. До толку беше страшно, не знаев дали утре ќе се разбудам. Затоа ве молам немојте да зборувате дека биле размазени луѓето со анксиозност
Ама Енџи, јас не го негирам постоењето на сите овие состојби и комплетно се согласувам со тебе во однос на поголеми животни потреси и трагедии, апсолутно дека ќе имаат некаков ефект. Јас зборувам за епидемијата на анксиозност, депресија, биполарност и сл. кај секој втор, ваљда не се случуваат такви сериозни потреси кај секој втор. Само од луѓе што ми се во околина познавам еден куп кои пијат апчиња, а знам дека немаат такви посериозни случувања.
Се употребуваат како термини, ама и се разликуваат. Некој кога ќе ми рече, денес нешто депресија ме фаќа, не мислам одма дека е за на психијатар, туку дека денот му е утепан. Или уффф ептен имам анксиозност за што ќе биде со настанот, пример. Или имам оцд, мора све да ми е под конец, ама не е исто како дијагноза на оцд, туку само преувеличување за да се каже колку всушност сака да му е под конец. Мислам дека правиме сите разлика. Дали е или не е правилно не знам, едноставно така со тек на време добиле поширко мислење.
Истото го збориме, ама за терминологијата не може да се разбереме. Не постои чувство на анксиозност. Како што имаш во цитатот, постојат чувство на страв (како едно од најмоќните и најосновните чувства) па грижа, вознемиреност, генерирани од него, ама не и чувство анксиозност. Барем јас така го разбирам, анксиозност е дијагноза, не чувство.
Мене ми е нејасно зошто менталното здравје е толку минимизирано и запоставено, особено кај нас, ама уште понејасно ми е зошто некој би мислел дека е тренд или некаква си пропаганда. Сите психолошки состојби постоеле отсекогаш, разликата е што сега имаат име и активно се работи да се намалат истите, споредбено со минатото. Некогаш се користат исфорсирано поимите како „депресија“, „анксиозност“ и сл. ама тоа не е баш директно поврзано со тренд/пропаганда.
Епа истото го мислам де, не треба да си лепиме дијагнози само затоа што некогаш се чувствуваме вознемирени/анксиозни. Далеку од тоа дека тие дијагнози не постојат или се за занемарување.
За неуропластичност прашував, ако ја разбрав добро Енџи, ова ми е јасно. Македонскиот збор за anxiety е вознемиреност и притоа никој не ја негира дијагнозата анксиозност.
Јас имам само еден аргумент во полза на првичното мислење, а тоа се однесува воглавно на Америка. Мислам дека таму луѓето, како и за милион ствари, обожаваат да се жртви и премногу се идентификуваат со таа депресија, анксиозност, биполарност, ADHD итн. И ова се однесува и на други ствари (политичка определба, инвадилитет, ветеран, аутизам...) за да не излезам бесчуствителна, ама кај нив таква им е културата, да се припијат за некој идентитет и цел живот да го бранат. И затоа десет пати на ден превртувам очи кога гледам особи како ја играат играта на кој е поголема жртва во животот и ми е смачено од одреден тип на постови за ментално здравје на интернет. Треба да се дига свеста кај народот за овакви ствари, ама Американците како најголеми тренсетери често ја промашуваат поентата и разводенуваат одредени дијагнози и тоа прави многу потешко да се разберени дијагнозите и да доаѓа до вакви сомнежи дека дијагнозите не се реални.