Ментално здравје - реалност, мода или пропаганда?

Дискусија во 'Психологија' започната од Peanut Butter, 27 мај 2023.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Еве пример со "обичните" чувства, како што погоре зборуваат, нека биде тоа страв. Поконкретно нека биде страв од говор пред група луѓе. Има луѓе што бидејќи имаат таков страв не го прават тоа што треба да го направат, а ќе им донесе позитивни прилики во животот, на пример напредување во одредена професија. И тоа им влијае негативно на психата, кога упорно од страв избегаваат нешто што знаат дека ќе им донесе позитивни резултати, па се' повеќе се осеќаат неуспешно и се' повеќе им се појавуваат мисли дека не се доволно добри. Не се депримирани, ама сепак тие чувства не треба да се игнорираат бидејќи им го уништуваат менталното здравје и патат.

    Или на пример, замисли да делиш работен простор со огорчена личност која само оговара и труе со негативности? Или скраја да е, да имаш таква персона дома. Треба да имаш баш цврста здрава психа за да не дозволиш тоа да ти влијае лошо на менталното здравје. Значи мора да правиш одредени нешта за да одржаваш позитивно ментално здравје, за да оние секојдневни стресови и несериозни потреси ги поминеш без око да ти трепне.

    А има и мал милион нешта што позитивно влијаат на менталното здравје. На пример, ако одиш бос на трева се зголемува ендорфинот, голото стапало апсорбира енергија од природата која влијае позитивно на менталното здравје. Уште подобро од само прошетка во природа/парк. :D

    Уште еден можда банален пример - секој ден размислувај за што си благодарен. Не мора да биде нешто сериозно, но да биде искрено. Можеби денес некој ќе направи нешто убаво за тебе или обратно, а можеби ќе ги јадеш највкусните јагоди во животот. Кога секој ден се потсеќаш на убавините и на сите нешта кои ги имаш или доживуваш, така наштимуваш позитивен начин на размислување што влијае многу добро на менталното здравје.

    Да не дрдорам реферати, ете тоа ми текна on top of my mind. :D

    Може да се прашаме - што правиш за себе за да се осеќаш добро? Дали активно се трудиш да направиш нешто позитивно или "оставаш на судбината" а пропатно постојано само се жалиш дека ништо не ти чини и си депре? (ете уште еден популарен жаргон)? Или на подолгорочен план, што правиш за да ги смениш нештата што ти сметаат? Правиш нешто или си парализиран од страв или демотивиран од мрзеливост и недисциплина?

    Се' влијае некако на менталното здравје, негативно или позитивно.
     
    На *Amethyst*, Amellie13, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сето ова треба да е common sense, а не форсирано. Да се потсетувам за што сум благодарна…хмм, ако е со сила нема да има ефект. Треба вистински да дојде момент и да го цениш тоа што го имаш. Некогаш и да се чувствуваш како гомно е нормално, како инаку ќе се бориш во животот? Сѐ е релативно, еве може јас сум благодарна што имам кров над глава и храна, ама ако се споредам со некој кој букира одмор на Малдиви, лета прва класа и пие најскап шампањ, а притоа азбуката не ја знае, природно е да си речеш “не е фер”. Затоа викам дека треба зрелоста да е продукт од природниот тек на животот и искуството, а не од подкаст. За жал денес сакаме сѐ инстант, ама реалноста е дека менталната и емоционалната зрелост бараат време и се разбира, вниманителни одлуки.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.804
    Допаѓања:
    274.751
    Не би се согласила дека е епидемија - иако дефинитивно брзиот живот носи повеќе предизвици, што резултира со поголем стрес, што може да резултира со невроза.

    Анксиозност, биополарност, депресија итн. не се состојби за во иста категорија (биопларноста има тенденција да е наследна). Ако за нешто што порано немало име, денес имаме, не значи дека порано го немало - туку не знаеле што е. Како што во иднина ќе се откријат состојби и болести за кои денес не знаеме што се, ги нарекуваме идиопатски итн.

    И за жал, се случуваат потреси, не треба да е некоја огромна работа, само константен стрес дека нешто треба да постигнеш што поскоро, денес, касниш веќе, немаш време да застанеш и да бидеш човек. Децата од најмали се форсирани на ориентирање кон успех, секоја игра е целисходна, воспитуваме генерации од најмали и обичното уживање да е со некаква цел.

    Моите родители, како млади, ги немале стравовите кои јас како млада ги имав, живееле во друго општество, друг систем, друг свет би рекла. Ако тие знаеле дека им се обезбедини низа работи, од образование до работа, нивно е да имаат желба и да се посветат, јас ја немав таа привилегија - мојата иднина беше и е многу понеизвесна.

    Така што новото време го носи тој ризик со себе плус фактот што дијагностиката е напредна, плус фактот што имаме име за многу растројства, состојби, болести, синдроми.

    Пред само 100 години ни медицината, ни психологијата не беа ни приближно каде што се денес, а ни пред 30 - така што, денес само откриваме повеќе случаеви кои порадно не сме знаеле, не сме имале како.
     
    На *Amethyst*, senjorita-v, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Да, баш да се потсетуваш (не ти буквално) зошто многу луѓе за ништо не се благодарни, бидејќи се премногу зафатени во скролување на социјални, правење споредби со други луѓе, мешање во туѓи работи, итн. Или едноставно брзаат сè нешто да завршат и не застануваат ни на момент да се прашаат себе како се осеќаат и зошто баш така. Не е тоа на сила, тоа е само издвојување на време да погледнеш подлабоко. Како да дојде "вистински" ако не застануваш ни на момент? Како да си благодарен што имаш вид и не си слеп па можеш да уживаш во преубавото зајдисонце, ако не застанеш да уживаш во глетката, туку на пример зјапаш у телефон? Пак е правење на избор, што ти е поважно - да уживаш во моментот или да гледаш само право како коњ, без да погледнеш што има наоколу.

    Зошто воопшто би се споредувала со друг за било што? Како друг живее буквално ништо не ти менува тебе. Ако некој е на Малдивите, а ти не си, останува фактот дека ти не си. Ако истиот тој не е на Малдивите, а и ти не си, пак останува фактот дека ти не си. Ако ти е желба да си на Малдивите, битно е само дали ти си или не си. Секој си живее свој живот. Ете ти супер пример за нешто што влијае лошо на менталното здравје - споредување со други луѓе.

    За последното си особено во право, нема скратени патишта или ескалатори до тоа што сакаш да го постигнеш/промениш/создадеш, вклучувајќи состојба на позитивно ментално здравје. За сè треба работа, за повеќето нешта мноооогу работа. Ништо не е инстант, поготово тоа што најмногу ти значи. Затоа треба да се посветиш, конзистентно да правиш тоа што вродува позитивни резултати и да бидеш трпелив. Чекор по чекор, макар и најмали да се. :D
     
    На simoncelicius, *Amethyst* и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да, но што е тоа што те прави да избереш едно или друго? Многу фактори. Најважно, воспитувањето од дома, образование, природни склоности, моќ на критичко расудување, способност за интроспекција, еден тон други.

    Споредувањето е природно, ние сите сме една заедница и споредувајќи се сфаќаме како функционира таа заедница. Секој си живее свој живот кој е многу испреплетен со сите туѓи на милиони различни начини, не е баш дека имаш огромен избор. Имаш избор дали ќе јадеш сладолед од ванила или јагода, ама некој дише чист воздух на Водно, некој се гуши во Карпош.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.712
    Допаѓања:
    122.247
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам. Порано невозата кај жените ја лечеле со оргазам.. Оделе на гинеколог каде што рачно ги стимулирал за да дојдат до оргазам и со лачење на хормоните да се релаксираат.

    Сега не е ни замисливо такво нешто. Или биле тргани на страна од фамилијата воинституции зашто не биле во ред нешто па да не е брука за фамилијата. Сега имаме друг живот. Мене на 20 години ми се јави првиот паничен напад, од нигде никаде кога ми беше се ок. И пак и пак и пак.. Некогаш не сме ни свесни дека имаме стрес кој за жал се рефлектира одеднаш.
     
    Последна измена: 30 мај 2023
    На *Amethyst*, Angie1432 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Лесно е да речеш “полесно им било на моите”, ама не е баш така. Тоа време имало други предизвици, ама и пристапот кој проблемите бил поинаков. Тогаш имале притисок за брак, па живеење со свекор, свекрва, многу помали шанси за да се иселат или да прошетаат свет. Еве јас за моите ќе кажам, не ги сфаќаат проблемите трагично, туку како дел од секојдневието на секој човек. Да, не е пријатно, ама нема човек без проблеми, ама ако од тоа се прави галама, проблемот ќе се зголеми. Ако секој стрес ни предизвикува тешки потреси значи дека имаме проблем со одбрамбените механизми, ние може да работиме на тоа, невозможно е да го искорениме стресот.

    Темата не е за екстреми, упорно тоа го верглаш.
     
    Последна измена од модератор: 30 мај 2023
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.804
    Допаѓања:
    274.751
    Мене првиот на 8 години, а вториот на 20+. Сега немам панични напади, ама па, и сум постојано со терапија. И таблетка, и психотерапевт. И ако се сетам каде бев во најцрното, и 3 други таблети да ми дадат ќе ги пијам.
    Само човек што не осетил, не знае.

    И јас ете, со сите со кои работам (на себе), ме прашуваат и за физичка активност, општо други активности, ме советуваат за килажа, ми бараат наоди од лаб. од ендо... итн :)
     
    На *Amethyst*, forumce и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.712
    Допаѓања:
    122.247
    Пол:
    Женски
    Ама не реагира секој исто на стресен живот. И баш дека порано си го сфаќале како нормално имавме луѓе кои пијат за да се смират, имавме " не знам зашто се отепа арен си беше"..
    Прочитај ја книгата "Кога телото ќе каже НЕ " од Габор Мате да видиш што се прави тој нормален стрес што викаш ти.
     
    На *Amethyst*, Angie1432, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.804
    Допаѓања:
    274.751
    Моите се на граница, јас сум 91ва родена. Не зборувам за баба ми и дедо ми. Моите не живееле во толку затворено општество, воопшто.
    Но детството им било различно од моето многу.

    И не секој стрес предизвикува потреси, акумулираниот стрес предизвикува. Затоа ќе се навратам само на коментарите во една друга тема, со академски успешните седмоодделенци. Толкав притисок денес постои да си нешто од раѓање, детство не постои. Знаеш. она, нецелисходно дремење во трева, кал итн. Сето е врзано со НЕШТО.

    Рекреацијата е луксуз. И не е тоа добар начин на живот - и води кон неврози - и секако дека се појавуваат.

    Стигматизација на терапија може единствено да доведе до тоа тој што треба да пие - да не пие.
    Нема потреба од стигмата.
    Уште не сум видела некој за тироидна да рече - ама зошто пиеш, или што знам, за притисок.
    Стигмата е строго врзана за менталните состојби/болести.
     
    На *Amethyst*, senjorita-v, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Па сега не се поарни, пак пијат, само од помали, плус и се дрогираат. Самоубиства има далеку повеќе сега.
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.712
    Допаѓања:
    122.247
    Пол:
    Женски
    Не ми враќај филмови кога ќе ми текне како ми беше .. Да ми е жив и здрав психијатарот и терапијата па нека имам и 100 кила плус само да не паднам пак онака.
     
    На forumce и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Со сѐ се согласувам, ама решението наместо да биде дремење во кал, ние треба да поддржиме пиење таблети?
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.712
    Допаѓања:
    122.247
    Пол:
    Женски
    Е па кога ќе прочитаат некаде дека не постои стрес, дека е срамно да се оди на психолог, дека ништо не им е размазени се.. Сфаќаш сега?
    Доволно е некогаш еден муабет со психолог да направи пресврт на подобро. Да сфати дека не е едиствен да му даде алатки како да се справува со тоа што мачи, да не дојде до самолечење со алкохол, дрога и слично..

    Таблетите ако се земаат како што се препишани не е нешто страшно. Ако е единствен начин да функционира човекот зашто да не. Зашто толакава аверзност кон таблети. Кога те боли глава пиеш апче? Е па ова е исто.
     
    Последна измена од модератор: 30 мај 2023
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Ама во одреден момент во животот, кога ќе станеш зрела личност, ја имаш сета одговорност за себе, што ќе правиш, како ќе размислуваш. Можеш да се превоспиташ. Можеш да се доедуцираш (преку подкастови се учат еден тон работи :wasntme: ). Можеш да работиш на комплексите, на траумите, на карактерот, на менталитет, на менталното здравје; да бидеш подобра верзија. Ништо не е зацртано во камен, ко што се вели.

    Можеби доаѓа природно, но можеш многу да ја промениш перспективата. Не мора да се споредуваш. Можеш да се изборуваш против тој нагон, ако споредувањето те прави мизерен.
    За многу работи немаме избор, односно се надвор од наша контрола. И тоа треба да се прифати. Ама за многу работи од нас зависи, затоа е важно да се разговара за менталното здравје и да се разговара како може да се подобри.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Какви се бе тие алатки Нена? Еве, треба да му рече “фрли телефон и трчај 10 мин дневно”, пак common sense. АМА!! Бидејќи треба да заработува тој психолог, ќе му измисли триста дијагнози и ќе го заглави за цел живот.

    Ако е толку лесно, зошто не сите добиваат мотивација да се превоспитаат? Звучиш како да ја знаеш тајната на животот, мислам дека е многу наивно.

    Не пијам за сѐ и сешто, за глава па ич. Треба да се апсолутно последна опција.
     
    Последна измена од модератор: 30 мај 2023
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.712
    Допаѓања:
    122.247
    Пол:
    Женски
    Од каде ова го сфати? Од каде овој муабет? Никогаш не ми рекол докторот фрли тлеофн и трчај.. Никогаш не ми рекол ова прави она прави.

    Колку години имаш?
     
    Последна измена од модератор: 30 мај 2023
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Па баш тоа, ќе го искомплицира проблемот за да те задржи како пациент.

    Не сакам да издавам на форумов лични информации, извини.
     
    Последна измена од модератор: 30 мај 2023
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.712
    Допаѓања:
    122.247
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми беше зашто и јас како помлада ( сега имам 44 години) не знаев што е апче.. И нормално е.

    И сега после овие муабети сфаќам дека темава ја отвори баш како што мислев, да маргинализираш и омаловажуваш состојби кои и тоа како не се за омаловажување. Само пази животот некогаш да не те демантира.
     
    Последна измена: 30 мај 2023
    На *Amethyst*, forumce, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Како јас да одговорам зошто друг нема мотивација? Секој си знае за себе. Не е лесно, затоа што повеќето наоѓаат разни изговори зошто не сакаат да прават работи што би им помогнале. На крај краишта, не секој има интерес.
     
    На *Amethyst*, Angie1432, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.