И гледаш сега? Самата го кажуваш она кое го негираше. Дека клучот е сами да ги земеме работите во свои раце, а не да се вадиме на околностите. Погоре кога напишав дека самопрогласените анксиозности се изговори ќе ме испотепавте, сега самата со истиот речник се служиш.
Решението кај возрасни личности, кои страдаат од некаква болест, некогаш може да се третира со хигиенски режим (исхрана, спорт... итн), некогаш е неопходно да се пие терапија. Менталното здравје не е ништо поразлично во таа смисла од физичкото.
Ради вакви мислења заглавувате во подлабоки го*на. Исто ко да кажеш ма онкологот им дава уште поише хемотерапии, за да лапаат пари. Не е светот завера против вас, побарајте помош кога ви е потребна.
Јас тие што ги познавам откако се по психолози/психијатри само за терапија се збори и сеанси. Ни спорт, ни бутур. А како се докажуваат жити сѐ? На рентген случајно да не се снимаат?
Тие што ти ги познаваш се тие што ти ги познаваш. Никако не се репрезентативен примерок за две огромни науки, со многу подгранки. Постојат многу мерни инструменти (тестови), кои психијатрите и психолозите ги користат. Состојбите се мерливи преку тестовите, преку разговор (анамнезна, автоанамнеза) итн. Симплифицираш (и искрено, дезинформираш) многу комплицирани дисциплини. Дел, да
Јас ти кажав. Биди среќна што не се бориш со тоа, а тие што си имаат мака остави ги да си најдат чаре. Ако можеш биди им поддршка ако не тргни им се.
Нема, затоа што отвори тема со цел предрасуди, фармакомафии, психијатри што измислуваат болести и слично. Ова ми доаѓа како да треба да коментирам на тема алтернативна медицина, а тоа искрено, не ми паѓа на памет да дискутирам со некој што мисли дека тревка ќе му излечи рак.
Ти погоре напиша дека луѓето наоѓаат изговори за да не направат нешто позитивно за себе, а од друга страна велиш дека не треба да судиме бидејќи може има подлабока причина зошто не можат да го направат истото. Може ќе ме разубедите ако дискутирате на темата, а не која е мојата цел што ја отворив.
Дискутираме на темата, но даваш така неконструктивни изјави, што немаат логика и освен штетно да влијаат на некој кој си има проблем со ментално здравје, да го одвратат од барање помош, не гледам друга полза.