Е па ај тогаш да ги затвориме и да одиме по бајачки. @RainBow ај малку види ја темава да не не за во психологија.. зашто тука имаш теми за анксиозност и разни проблеми и ти иди некој со тема дека не постои и се е за пари земање.
Тоа е твој проблем. Не доказ дека не постојат. Јас помислив дека ти смета што некој за страв вели анксиозност, за мрза вели депресија, итн. Ама ти уствари не веруваш дека постојат дијагнози?
Би сакала да знам само, дали некогаш си се борела за воздух? Дали некогаш си чекорела и си мислела дека ќе паднеш, затоа што нозете не можеш да ги контролираш? Дали некогаш ти дошло чувство да избегаш од гужва во огромна паника? Дали некогаш ти било страв да излезеш од дома? Дали некогаш те болело срцето како за инфарктна состојба? Дали некогаш ти се случило да не можеш да погледнеш некого затоа што ти се јавува вертиго? Дали некогаш седиш и размислуваш дека животот ти нема никаква смисла и подобро е да не си жив? Е сега сумирај ги сите овие прашања во една целина и ќе пробаш да визуелизираш како едно лице со твоите ,,имагинарни" состојби живее во еден ден. Не суди, кога не знаеш.
Што тресеш ти цело време, менталното здравје е битко колку и физичкото, и мислам срам ми е у твое име за муабетов, секако болестоте се реални. Дај едуцирај се малку пред да се брукаш
Мораш да имаш, за да сфатиш што се. Во спротивно, го добиваш ефектот на отворање на тема со глупави заклучоци.
Ништо тогаш, стварно нека кажуваат од сега тука само Нена и Каме, они ќе ги главиме за водичи на тема психологија. Другите мукла. Не живеам на планина, еве читај по форумот, има луѓе кои редовно си одат на психолог и такви кои редовно си одат по бајачки, а и двете групи чекаат магични решенија без да го запотат газот.
Можеше темата да ја водиш во друга насока. Пример да прашаш што чувствува едно лице со анксиозност и депресија за да ти стане јасно низ што минува. Но, да тврдиш дека се работи за мрза, мода, пропаганда е апсурд невиден. Всушност и најголемите осуди секогаш доаѓаат од лица кои не искусиле ништо во дадената проблематика.
Зошто одма се вели дека е мрза? Кога не си во нечија кожа не можеш да знаеш дали е мрза или безволност.
Што и да правиш, во животот редовно ќе се соочуваш со нешто. Битно е да си заинтересиран, да трагаш по решение, да бараш помош, да учиш. Постојано треба се работи на себе да се биде здраствено добар, на некој за одредена работа му е потребно многу повеќе труд и време. Еве ти што предлагаш да прави некој кој е дијагнозиран со тешка депресија?
Затоа што јас дадов 1 пример поврзан со мрза и муабетот излезе од контекст, магично се залепи мрзата ко етикета за сè.
Генерализирањето е лошо. Секој може да делува мрзлив на изглед, но внатрешно нешто толку многу да го мачи и сопира во правењето активности што не може да мрдне од место.