1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Метеопатија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од nena2010, 21 август 2017.

?

Дали сте метеопати?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.226
    Пол:
    Женски
    Ајде малку да подискутираме на оваа тема. Јса сум голем метеопат. Како вие се справувате со ова?

    1.ЕДНО ОД НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ДЕНЕС – ШТО Е МЕТЕОПАТИЈА?

    Метеопатијата можеме да ја дефинираме како група од симптоми и реакции кои најчесто се манифестираат при промена на еден или повеќе метеоролошки фактори како на пример промена на температурата, атмосферскиот притисок, влажноста на воздухот, ветер, громотевици, дожд, итн. Самиот збор метеопат потекнува од зборовите – метеорон што значи небесна појава и патос – што значи болест.

    2.КОГА ЗА ЕДЕН ЧОВЕК БИ КАЖАЛЕ ДЕКА Е МЕТЕОПАТ?

    Сите луѓе реагираат со различен степен на изразеност на тегобите при неповолните временски промени. Ретки се оние кои позитивно се чувствуваат на изразено високи или ниски температури. Повеќето луѓе негативно реагираат на истите промени. За метеопат може да се смета оној човек кај кој ќе се појават здравствени тегоби или ќе се влоши состојбата на веќе постоечките хронични болести. Статистички гледано најчесто страдаат жени во средна возраст, постарите лица и хроничните болни.

    3.КОЛКУ ТИПОВИ НА МЕТЕОПАТИЈА ПОЗНАВАМЕ?

    Постојат два типа метеопатија и тоа : примарна или основна која се јавува кај здрави лица и се манифестира со промена во расположението, телесна слабост, апатија или болка во мускулите и зглобовите за време на промените и секундарна метеопатија, која се јавува кај хроничните болни со покачен крвен притисок, срцеви и белодробни хронични заболувања, дегенеративни заболувања на коскено-мускулно-зглобниот систем, т.е. кога хроничното заболување се влошува под дејство на моменталните временски неприлики.

    4.КОИ СЕ СИМПТОМИ НА МЕТЕОПАТИЈАТА?

    Тегобите може да се јават неколку дена пред појавата на временските неприлики и да траат за време или ден два после јавувањето на истите. Обично траат неколку дена. Може да се манифестираат како апатија, несоница, главоболки, вртоглавици, мачнини, несвестици, ревматски болки, болки во мускулите и во пределот на стари повреди, ишијалгија, отрпнување во екстремитетите, намалена осетливост на екстремитетите, намален слух, вид, забрзана работа на срцето, варирање на крвниот притисок. во ризична група спаѓаат старите лица, пушачите, луѓето со преживеан мозочен удар или срцев удар, астматичарите, итн…

    5.ЗОШТО ЛУЃЕТО СЕ МЕТЕОПАТИ?

    Главни виновници се хипоталамусот и хипофизата кои се мозочни жлезди кои лачат одредени хормони. Опаѓањето на температурата на воздухот води до зголемено лачење на астн (аденокортикотропниот хормон – хормон на стресот ) од предниот резен на хипофизата, при што, кај метеопатите се зголемува чувството на раздразливост и напнатост. Исто така, се намалува нивото на ендорфин во крвта кој е природно средство против болки во организмот. Истовремено прагот на болка се намалува, а осетливоста на мускулите, коските, зглобовите и нервите се зголемува, што кај луѓето се манифестира со главоболки, болки во мускулите и зглобовите, итн. Исто така доаѓа до намалување на имунитетот кај човекот поради што е повеќе подложен на настинки.

    Ревматските тегоби се објаснуваат преку законите на физиката. При пад на атмосферскиот притисок, течноста и гасовите во синовијалниот простор се шират и ги растегнуваат околу-зглобните мембрани при што се зголемува притисокот на ткивото кое е воспалено или повредено што резултира со зголемување на болката. На ист принцип се јавуваат и главоболките и болките при воспаление на синусите.

    При студено време крвните садови се стегаат за да го спречат оддавањето на топлина. Последица на ова е зголемен отпор на кардиоваскулаторниот систем (квс),срцето дополнително се оптоварува ,се покачува крвниот притисок со што се зголемува ризикот од мозочни удари и инфаркти-срцеви удари.

    А кај топлото време крвните садови се шират и доаѓа до пад на крвниот притисок, губење на течности преку потењето кое води до дехидратација.намалениот проток на крв во организмот води до вртоглавици и несвестици, крвта се згуснува, а со тоа и ризикот од мозочни и срцеви удари се зголемува.

    Магнетните бури се објаснуваат така што – земјата е изложена на зрачење од сонцето и покрај тоа што земјата поседува обвивка што не заштитува од тие зрачења. Но еден дел сепак доспеваат до површината и влијаат на здравјето така што ги намалуваат рефлексите и може да се причина за сообраќајни незгоди, хта, тежина во нозете, намален вид, забрзан пулс, итн. Кај луѓето со артритис се јавува болка и вкочанетост во зглобовите и околните ткива. Ненадејни промени на временските услови, како што се барометарскиот притисок и влажноста доведуваат до интензивирање на болката кај пациентите со артритис, додека ниските температури до зголемување на вкочанетоста.

    Мигренозните главоболки се последица на контракција или дилатација на крвните садови на мозокот. Болката се јавува на едната страна на главата и лицето. Пациентите често може да чувствуваат и гадење, а се зголемува чувствителноста на светлина и врева. Предизвикувачи на мигренозни напади можат да бидат: стрес, хормоналната нерамнотежа, неправилна исхрана и временските неприлики.

    1. КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО МЕТEОПАТИЈАТА?
    Да се следи временската прогноза со што навреме би се подготвиле за промените што доаѓаат,правилна исхрана богата со витамини и минерали внесени преку овошјето и зеленчукот,да се внесуваат течности во доволно количевство (до 2 литри на ден), како и спиењето,кое помага да се регенерира организмот. За хроничните болни се препорачува во тој период следење на состојбата и за сите промени да го известат матичниот лекар, или да се јават на “Ало Докторе”-линијата на 02/15-123 на која секогаш има достапен најмалку еден од 25-те специјалисти со што би се прилагодила терапијата соодветно на моменталните потреби.

    Препорачливо е најмалку 30 минути да се поминува на свеж воздух секој ден, далеку од градската врева и метеж, пешачење до 30 минути, туширање наизменично со топла и млака вода, со што би се подобрила циркулацијата и би се спречило влошувањето на тековните состојби.
     
  2. greenota

    greenota Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Да, на промена на време поради стара повреда ме боли коленото и синусите ме фаќаат обавезно ;( си пијам чај и во лето, а за ногата користам маст надворешно и стегач.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Редовно сум со главоболка пред промена на времето, без разлика дали се наоблачува или се разведрува... дали заладува или затоплува. Секоја промена ја чувствувам. Кога дува силен ветер главоболките ми се најсилни, чувствувам како со железо да ме стегаат околу челото.
    Чувствувам и промени во расположението, станувам нервозна или меланхолична.
    Пијам апче против главоболка и за петнаесетина минути сум како нова... Кафетин, Аналгин и кое било апче против болка ми помага.
     
    На thelittle17 и nena2010 им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас од главоболки денојве дури и повратив сега пред 20 мин. Пиев викендов кафетин, слаб ми е мене тој, ама ај реков да го потрошам. Вчера немав болки се до ноќта. Претпладнево таман се напив аналгин и болката почна да се повлекува, ми се згади и повратив. Многу се плашам. :( Ми се гадело и друг пат при промена на време, ама прв пат да повратам. Но откако повратив мислам дека ми е полесно. Што да јадам денес? Супа со ѓумбир ќе е ОК ли?
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    Зависи каква главоболка имаш ако имаш мигрена тогаш повраќање е еден од симптомите, најдобро посети невролог, за мигрена има специјални лекови триптани, со кафетин не поминува.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    При крајот на април, кога беше дождливо и пред да фатат горештините, имав неколкудневна болка во стомачната регија која не поминуваше од лекови, тие само ја намалуваа. Кога се среди времето, помина и болката и од тогаш стомакот не ме мачел, така да, останува само на времето. Мене редовно нешто ме боли при секоја промена, желудник, рака, нога, ребра, кичма, сега се погоди да е главата. А кафетин никогаш за ништо не ми помага, освен ако не е ептен на почеток болката. Го земав едно време дека велеа е помалку штетен од аналгин, ама повеќе не го купувам. Аналгинот ми е поефикасен.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    Mene isto koga se menuva vremeto mi se javuva glavobolka migrena i znam kolku znae da bide nezgodna so macnini, me opstruira vo se' so denovi ako ne se napijam lek koj e striktno za taa glavobolka i toa moram odma da se napijam na pocetokot koga pocnuva da pulsira posle ne pomaga a za hrana jadam polesna hrana od koja ne mi se gadi i sekogas dovolna hidratacija no mora nevrolog specijalist da utvrdi koja glavobolka e zatoa sto vremenskite promeni sami po sebe ne se dijagnoza tuku pricinitel za drugi sostojbi vklucuvajkji ja i glavobolkata.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    Секогаш 1-2 дена пред да се “расипи“ времето, а и подоцна додека трае таквото време ме болат колената. Поточно, цели нозе од половината, па надолу, ама највеќе акцентот е на колената. Кога и да “ме вртат“ колената, знам дека ќе се расипе времето и тоа секогаш е така.
    Дали и јас се рачунам за метеопат ? :^):^)
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.226
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене. Сабајле станав супер. Само што почна да се мурти вррмево мене главава ме кине..
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Pa mi se poklopi so menstruacijata loshovo vreme. Promena na nivoto na hormoni, ima golemi shansi da e povrzano. Inaku na nevrolog me imaat noseno na 16 god koga prv pat mi se pojavija meteopatskite glavobolki i togash gi imav so denovi i bev prestrashena. Kaj povekje lekari me noseshe majka mi i vidot mi go proveruvaa, se sekjavam deka na kraj mi prepishaa samo nalgesin da pijam i tolku, pa dali mi pomina od nego ili od sebe samoto idk :?: Da be, nalgesiinn beshe za vakov vid na glavobolka... uf ne mi tekna.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.