1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Метотраксат- ревматоиден артрит

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 16 февруари 2014.

  1. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    Здраво на сите,,,сакам да прашам доколку некој има ревматоиде артрит,дали примал метотраксат,како го поднел организмот,колку време примал,несакани ефекти,било каква информација ке ми е добредојдена,,,,,Благодарам
     
  2. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    МЕТОТРАКСАТ- ревматоиден артрит

    Еднаш мислам дека одговарав на еден пост околу метотраксатот незнам зошто беше, но не е битно. Метотраксат е многу тежок лек, значи служи за третман на некои видови канцери, односно како хемотерапија(во поголеми дози), во помали служи за третман на автоимуни заболувања како што се ревматоидниот артритис, псоријаза и т.н.
    Незнам колку ти е сериозен(незнам за кого прашуваш за себе или некој друг, не е битно) артритот но ако се работи за некоја поблага форма на ова автоимуно заболување можеби метотраксатот не е вистинскиот одговор, но како и да е доктор знае најдобро, но ако имате било каков сомнеж, побарајте 2ро,3то мислење...

    Овој лек има многу несакани ефекти и скоро сите се крајно сериозни, од намалување на бројот на крвни клетки во коскената срж, до сериозно оштетување/намалување на функција на органски системи како што се респираторниот систем, екскреторен, гастроинтестинален и т.н. Односно белите дробови, бубрези, желудник, црева, црн дроб и т.н.

    Овој лек не треба никако да се зема во комбинација со НСАИЛи(аспирин, бруфен и т.н.) и уште многу други лекови(листата може слободно да ја побараш на гугл).

    Друго може да предизвика замор, вртоглавица и т.н.

    Овој лек сериозно го намалува имунитетот. Значи за третман на ревматоиден артритис овој лек најчесто се дава во помали дози па и неговите несакани ефекти би требало да бидат поретки/помали. Како и да е ако забележиш било какви нус појави, веднаш да се пријави кај стручно медицинско лице.
     
    На ROSII му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    Blagodaram za odgovorot, se raboti za mene, dijagnozata mi e revmatoiden artrit, mi e dadena terapija od15 mg.ednas nedelno,denes mi e vtorpat da se napijam, pa ke vidime krvna slika vo petok,,,,,, blagodaram uste ednas