Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на родителите во врската!

Дискусија во 'Врски' започната од blondie11, 13 јануари 2010.

  1. annadeni

    annadeni Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Барав но не знаев каде да го пишам ова...Имам дечко и со него сум 3 ипол години во врска е сега многу проблеми имав уште на почетокот во врскатасо моите родители односно со татко ми повеќе..мајка ми виде не виде прифати но денес ми се случи таткоми да ме види со дечкото и одма ми се јавува и почнува да вика..ми вели како сум го разочарала итн...Дали некој се има соочено со нешто вакво и дали може некое советче :?:
     
  2. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Па зависи зошто му смета тој дечко? Велиш дека сте имале проблеми но има разно разни причини. Ако не си многу млада нема зошто да се криеш, ако сметаш дека си го направила вистинскиот избор најдобро е да седнеш да разговараш да му кажеш на татко ти дека ти си среќна и дека само тоа треба да го интересира.
    3 години се во прашање???? Не знам зошто се криеш и уште не прифатил

    Не треба да ти се меша и не треба да се објаснуваш за нешто доколку сметаш дека не е погрешно..Сепак од тие многу малку информации што ги даде само ова можам да ти го кажам како совет.
     
    На annadeni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Malo1

    Malo1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Значи вака..ја разгледував темата долго време и решив да си направам профил и да побарам совет од некој што имал вакво искуство или некое мислење од некој што немал..за како би постапила на мое место...
    Истиот проблем како и темата..мешање на родителите..
    Имам врска во која сум веќе 4 и пол месеци..скоро 5..прв дечко...имам 20 години..
    Дечкото го запознав лани летото .. комунициравме некој период..па потоа врска..по еден месец му кажав на моите дека комуницирам со некого и дека сакам да бидам со него..да знаат..мајка ми не беше многу за за али сепак на некој начин ме поддржа и ме советуваше..таа знаеше и од самиот почеток..е сеа татко ми да речам е мојот проблем...малку е да речиме старомоден .. кога му кажав..одма почна да прашува кој е како е шо е.. дечково не студира..значи не е на факултет..постар е од мене скоро две години...работи како механичар со мотори..фактички моторџија..неговите се разведени..е сега татко ми се противеше уште од првиот момент.. и по еден месец јас прекинав со него..значи послушав..но по две и пол недели повторно ние стапивме во контакт ...по некое време повторно во врска..но овој пат знаеше само мајка ми....во прв моемент во цела ситуација заборавив да напоменам дека имам постар брат кој исто така беше против мојата врска со дечкото.. е сеа константно се гледавме скришум ...е сега дојде моментот кога овие двајцава во куќата дознаа..дозна брат ми па кажа дома...е сега е истиот проблем како и првиот пат но доста мислам посериозен.. татко ми ми се закани дека сево ова ќе заврши многу лошо доколку јас не прекинам со него...ќе се откажел од мене и уште што не.. да не должам.. дечкото мој...знае дека брат ми и татко ми не сакаат да бидам со него.. и кога дозна беше доста изнервиран.. но сепак многу ме сака..разбирлив е и доста трпелив....татко ми никако не попушта..дечкото е со мене сеуште и сме трпеливи за некако моиве да попуштат.. минувам низ лоши денови..со притисоци со карање...
    што да правам.. да ги послушам брат ми и татко ми и да прекинам...или да ја продолжам врската и да се трудам па макар и со кавга да ги разубедам во спротивното?
     
  4. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Девојко, го имав истиот проблем, премногу ми се свигаше дечкото а и јас него...кај нас разликата е во тоа што јас и тој не бевме заедно немавме врска, само контактиравме преку фб, смс, јавување... само два пати се видовме. Моите дома дознаа за него, за не цели 24 часа годознаа кој е и што е. На детето не му фалеше ништо, работата беше со неговите, со тоа што дека ти не се домакини и слично, демек лош глас ја биело фамилијата и сл. Кај тебе проблемот е пто неговите се разведени. Верувај дека твоите не даваат ѓубрем даваат керка која гледале со години. Не дека ти си рекла и пресекла дека ке се мажиш за него, но болје спречи него лечи. Верувај дека не ти мислам ништо лошо со тоа што велат да престанеш со него. И јас се лутев на моите дома со тоа што не ми дозволија, немав ни почнато со него а тие уште на старт ми рекоа да се отргнам од него постепено. А јас со глава у ѕид одев зашто премногу ми се свигаше и убо се понашаше према мене. Но ги послушав, прво затоа што им верувам на родителите, тие знаат подобро од нас за некои работи, на крај испадна како пто тие кажаа, не ги прашав зашто не ми дозволуваа со него но со тек на време дознав самата се. Послушај ги и прашај ги зашто не ти дозволуваат. ке видеш сигурноо дека има нешто штом толку напињаат да престанеш со него. Не е последен верувај има и боље од нео. Сигурно ти си 18 години ако тој е 20. Допрва ке запознаваш момчиња, не залетувај во нешто што е е целосно. Поздрав
     
  5. Malo1

    Malo1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам 20 години а тој 22..тие се противат на тоа најмногу шо ете неговите се разведени и дека нема да имам иднина со него...кај тебе е разликата што ти си била на почеток..поразлично е кога имаш врска...не е така едноставно да прекинеш нешто шо го сакаш...двајцата се сакаме...можи и се во право..нормално како родители ми го мислат најдоброто..но ако самата не искусам па макар и да згрешам доволно сум возрасна за донесената одлука да сносам последици..ако не згрешам сама како ќе научам и како ќе стекнам искуство ? :)
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Aко толку го сакаш дечкото и тој те сака тебе тогаш борете се за вас. Гледајте да не се карате,развијте си поголема доверба и ако сега го послушаш татко ти, тој во иднина тебе ќе те гледа како несигурна да си најдеш стабилен дечко ( има случаеви каде и родители им наоѓаат дечковци на ќерките). Него му смета тоа што дечкото е механичар, не гледа перспектива во него и во иднина не знае што ќе ти се случи со него. Напротив многу од родителите се грижат за иднината на своето дете, а други пак ги ослободуваат да прават што сакаат.
    Затоа најубаво е да разговараш со него и да го прашаш дали има план да биде со тебе или секој по својот пат нека си тера. Треба многу сили зашто од една страна е татко ти, од друга страна тој.
     
    На crazylady и Malo1 им се допаѓа ова.
  7. Malo1

    Malo1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дечкото е упорен..значи врската тера на озбилно...се трудиме максимално двата да се држиме смирени и трпеливи...но незнам дали ќе се успее...многу голем инаетчија е татко ми...стварно тешка ситуација..ние сакаме да се бориме али незнам ни дали ќе успееме со инаетот на татко ми.. :(
     
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Malo1 ако го сакаш дечко ти бори се.
    Ако се сакате вистинки ќе ги надминете сите проблеми
     
    На dragan4eDR и Malo1 им се допаѓа ова.
  9. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    И јас имам сличен проблем со дечко ми сум во врска 2 години и 3 месеци имам скоро 20 години и многу се сакаме со дечко ми но мојте се против него посебно татко ми :(
     
  10. Malo1

    Malo1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Бравос кога си веќе 2 години.. јас еве некако терам 6 месеци...од кој само еден месец знаат и се против..одат некако тешко ..али се држиме.. шо е проблемот кај тебе зошто не сакаат да си со него ? :/
     
  11. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Камо да знаев зашто се против него :| но сепак ја сум со него и на секој можен начин сум со него дека нашата љубов е посилна од се и многу го сакам :inlove: а и тој мене :l:
     
  12. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Јас имав искуство со еден дечко кој беше мамино синче(така ги викам таквите).Значи 5 месеци бевме заедно,јас бев со него бидејќи сакав да го заборавам бившиот и не се замарав воопшто што мајка му постојано се мешаше меѓу нас а он па све си ја слушаше.Значи, кога и да искачавме ја и он она ќе знаеше и постојано ќе му вртеше,кога ќе седевме кај него дома таа постојано поминуваше покрај вратите.Знам еднаш самиот ми кажа мајка ми ме прашуваше зошто oдам во вц кога доаѓаш кај мене дома? МОЛАМММ?? ЗОШТО ОДИШ ВО ВЦ ??? ХАХАХАХАХАХАХАХХА ..Значи жената таква уфилмана беше,демек медицинска сестра па се знае.Ајде ма утепај се жено.Ете ти го и синчето гајле ми е :D И раскинавме бидејќи мајка му постојано му беше во уста а мене ми пукна филмот па му кажав аман бе кога ќе имаш жена во кревет ли ќе ја ставиш помеѓу тебе и неа ??? И така :D
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Моите знаат дека ќе ги ислушам ако ме советуваат, дури и ако е нешто негативно за партнерот, ама исто така знаат дека ако сум јас сигурна во мојата одлука, ништо не може да ме натера да не бидам со него.

    Како созревам, така учам повеќе да се борам за себе и моите потреби.
     
    На Mini90, Malo1, dragan4eDR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Јустинијана

    Јустинијана Нов член

    Се зачлени на:
    30 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas maka macham vekje 4 ipol godini, majkamu e edna razgalena, se taa e najpametna, najjubava, polna so kompleksi kutrata i toa abnormalno odnesuvanje go primenuva i vrz sinceto, bukvalno go javnala i maximalno vlijae na nego vo odnos na se pa i nashata vrska. Zenata uste na start mi kontrira, niz smea me ponizuva, potcenuva ednostavno uzas od zenko bitie..a ovoj kutriot pa samo kjuti, za nisto ne i se protivi i taa mislam deka ako resi da mi vrze shamat toj kje si kjuti....nepodnoslivo e iskreno, taa e uste od start ljubomorna na mene zatoasto e naucena odsekogas od nego da dobiva vnimanie, ispolnuvanje na nejzinite zelbi a otkkao toj pocna vrska so mene, toa normalno poveke ne e taka i toj vnimanieto go nasocuva i kon mene, sto nea ne i se dopagja voopsto. Saka da e samo taa centar vnimanie, se natprevaruva so mene i vodi vojna, a toa e preterano macenje. Mnogu go sakam, nemozam bez nego a se cuvstvuvam i posesivna vekje..fakt e jas idnina nemam so nego, taa manipulira so nego i bukvalno go drzi vo race za se i seshto..Neznam sto da pravam, mnogu mi e tesko a znam idnina so nego nemam, moljon pati sme diskutirale deka majkamu ppreteruva, deka samo se mesa i mu ja polni glavata a toj kutriot ne e ni svesen deka go "javnala"...iskreno, zal mi e za nego...no, uste potesko mi e za samata mene zasto znam, si gubam popusto vreme i dzabe e se, idnina vo taa vrska nema .....zatoa ako primetite deka e mamin sin i deka samo ja stiti majkamu i da ne e vo pravo, otkachuvajte na vreme, zasto toa e izmachuvanje ...uff...i stvarno neznam veke sto da pravam a se sakame ama izgleda popusto e toa, pobednikot e majkamu vo celava nasa vrska ... :worried: :(
     
  15. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Идам со дечко ми 1 година и 5
    месеци,врска како врска
    некогаш добро,некогаш лошо
    но важно се сакаме. Неговата
    мајка ја сметав за НАЈДОБРА
    жена во светов.! Мислев нема
    подобра,но гадно се
    излажав.!!! .. Накратко ќе
    објаснам со дечко ми се си
    кажуваме,ништо не си
    криеме..и вака сега се случи
    еден инцидент дечко ми удри
    човек и после тоа он беше
    нападнат од сеуште непознати
    луѓе во пијана
    состојба..помина долго време
    од тоа,но човекот кој што го
    удри дечко ми си бара
    парична оштета..бидејќи ова
    се случи пред мој очи МАЈКА
    МУ ГО ВРТИ ПРОТИВ
    МЕНЕ,ДЕМЕК ЈАС СУМ МУ ГИ
    ВИКНАЛА ТИЕ ДА ГО ТЕПААТ
    НЕГО..Замислете еј..Му
    зборела дека јас ги знам тие и
    триста глупости.. Што си нема
    врска тоа.! Дечко ми се
    нервира,ме седна и ми кажа
    дека мајка му е против
    мене..одма се
    расплакав,тешко ми беше
    затоа што ме обвинува без
    трошка срам за нешто што не
    е така и за нешто што давав
    изјава во полиција и сто пати
    го раскажував тоа.. Но тоа не
    е се...Му зборела дека он
    сеуште бил во пубертет а он
    има 21 година,дека јас на него
    нон стоп сум му се дерела што
    нема врска.! Секогаш си се
    смееме и сл. Исто така и го
    прашала што видел во
    мене?!?! ... И му кажала да не
    се замара цело време со
    мене,во смисла да не ми се
    јавува и да не ми пишува.. Јас
    мн се замарам и мн тешко ми
    паѓа ова.. Вчера дечко ми ме
    праша дали ќе бидам со него
    во добро и во зло
    засекогаш...Он и одговорил на
    мајка му дека тоа што го видел
    во мене не го видел во никоја
    и дека ова било негов живот и
    он ќе си одлучувал и исто така
    и рекол дека сака да биде со
    една девојка и да не мења!
    Мајка му на сето ова му
    одговорила:Не ме
    интересирА...Се убив од
    плачење...Страв ми е да не го
    изгубам,страв ми е да не го
    сврти против мене..он ми
    кажува дека ја губи довербата
    во мене бидејќи мајка му се и
    сешто му збори и страв ми е
    да не влијаее она кон него. Јас
    го сакам,но исто тАка несакам
    некој со прст да ме покажува
    од неговите. Ја мразам мајка
    му!! Работа му најде може
    мисли со тоа ќе не
    раздели,кога сме заедно му
    ѕвони цело време....А ја
    сметав за толку мила женаа!!!
    И падна маската!!!! Дечко ми
    не се откажува од мене,цело
    време ми повторува дека
    засекогаш ќе е со мене,но јас
    сум слаба незнам дали да се
    БОРАМ или НЕ... Совет?
     
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Види девојко секој може да ти се меша во врската ако вие му дозвлите.
    Ако дечко ти знае да се однесува како вистински маж и да му покаже секому каде му е местото тогаш ќе нема проблем. Мајка му и нејзе ја разбирам таа е родител и посакува најдобро на синот, но нејзиниот син има 21 година и мислам дека е доволно зрел и паметен за да знае што треба да одбере за себе.
    Но ако мајка му уште сега си дозволува да ви се меша во врската, размисли што ќе се случува понатаму ако стапите во брак. На почеток сите се фини и културни но на крајот сепак им паѓа маската. Ти секако не си виновна, така да нема докази таа жена за да те обвинува себе. А и таа е сепак идна (нечија) свекрва сигурно дека ниедна не е добра за нејзиниот син.
    А ако дечко ти и дозволува да се меша, размисли што бараш со таков човек.
     
  17. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Ги читам погорниве постови и си викам ајде и јас овде да си ја искажам маката :(

    Имам 25 години и веќе 3 години одам со дечко ми (кој исто има 25 години). Врската ни е одлична, немаме караници, си се сакаме, си се подржуваме. Проблемот е во моите родители. Уште на почетокот беа против нашата врска. Причината е: немал факултет, не бил нешто посебно финансиски стабилен и не бил достоен за мене.Ме тераа да раскинам со него.:( Јас не раскинав, продложив да одам со него, криев од нив. На неколку пати дознаваа дека сепак не сме раскинале, па имаше драми по дома, плачења, дерења. Последниот пат кога дознаа, дури и на психолог ме пратија, а што е најинтересно заклучокот на психолог беше дека проблемот не е во мене туку во нив, затоа што сум веќе возрасна и имам право да бирам со кој ќе бидам. И еве сега официјално знаат дека идеме,сеуште не им е по кејф. Јас си излегувам слободно со него, но кога ќе дојде момент да треба да се оди негде на викенд (со спиење) не ми дозволуваат. Ми викаат ако одам со спиење да не се враќам дома да си одам кај него;( Дечко ми ја разбира ситуацијата, никогаш не ми мрчел зошто не одиме на викенди како сите нормални парови, и секогаш ме разбира и ме подржува. Мајка ми секоја прилика ја искористува да ми укаже дека наводно не бил за мене, па дури и во некои ситуации го вреѓа. Нон стоп ми вика да одам да живеам со него за да се уверам дека не е за мене. Јас трпам, но некако почнаа да ми попуштаат живциве. :(

    Сума сумарум, немам подршка од никој од дома за мојата врска и тоа многу ме боли. Јас не планирам да си уништувам среќа ради нивни негодувања. Дилемата ми е дали да продолжам да се убедувам со нив, или едноставно да се тргнам од дома, да почнам да живеам со него.

    Ве молам за совет:*
     
  18. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Тебе ти е убаво со него, се сакате, меѓусебно се поддржувате. Зошто уште се двоумиш?
    Ти ќе живееш со него, а не тие, твој живот, твој избор.
    Кога-тогаш ќе разберат кога ќе видат колку си среќна.
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Еве веќе година дена ме гледаат дека сум среќна, исполнета. И за нив пак не чини врската. :?:
     
  20. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место би се борела за нашата врска.
    Што дека ќе бидеш со некој кој ги исполнува нивните критериуми, а ТИ не си среќна?
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.