Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на родителите во врската!

Дискусија во 'Врски' започната од blondie11, 13 јануари 2010.

  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Mini90 не си девојче од 15 години за да ти забрануваат некои работи.
    Јас мислам дека на 25 години си доволно созреана и паметна за да одлучиш дали еден човек е за тебе или не е. Ако го сакаш и си среќна со него, не дозволувај да ве скара никој а најмалку родителите. Еден отворен разговор со нив јас мислам дека би успеал. Отворено кажување во лице се и толку. Тоа што нема факлутет не е доволна причина да не бидете заедно. Да беше пијаница, коцкар, наркоман ај ќе сфатев некако ама вака? А тие пак што имаат факлутет ете ги сите по канцеларии седат, е како не. Зборувај со твоите родители отворено нека го запознаат малку подобро дечкото, нормално дека ти во нивните очи секогаш ќе бидеш најдобра и никој нема да биде доволно добар ама со такво размислување ќе направат да останеш сама.
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    89.430
    Пол:
    Женски
    @Mini90 и јас ќе ти кажам да не дозволиш на никој начин твоите да те разделат од љубениот.
    Како што веќе ти кажа членката над мене,само разговор со нив,баш напоменувај им дека најважно е што те почитува и усреќува што не си тажна ,дека внимава на тебе.Тоа што нема факултет не значи ништо лошо,тоа што е добар човек е онаа кое треба да се цени и почитува.
    Сигурно и на дечко ти му е тешко но не искажува пред тебе,сепак 25 години се и повеќе од доволно за сама да решаваш каков ќе биде твојот избор.
    Со почит,слога,доверба и многу љубов се постигнува се што се посакува !
     
    На crazylady и Mini90 им се допаѓа ова.
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Добро бе, вие свесни сте како е да се мешат родителите во некоја врска? Сте го доживеале тоа? Ако не сте не зборувајте кој како треба да се однесува. Дали сте свесни дека тоа е огромен притисок, кога немаш никаква подршка од страна? да се зборува е лесно, ама да си на тоа место богами и не е така како што изгледа од страна. Се закануваат, урлаат, уценуваат прават се и сешто. Некој на крај колку и да е голема љубовта попушта со нервите и толку е.
    Единствено решение е двајцата да си дадат време, да разговараат со родителите, да најдат заеднички компромис, или да остават на времето да биде тоа што треба да биде, ама да не се слуша што ке кажат родителите, што прават е тотална клише работа и совет. Колку и да не се во право, колку и да се трудеш да не им одиш по ќеиф некогаш пред нив се случува да потпаднеш.
     
    На Iamstorm, crazylady, Anie93 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Мојата идна свекрва уште стои на тоа дека не сум достојна за нејзиниот син.
    Се нервирав, плачев ама сватив дека не вреди. Важно тој ме сака. Нејзиното мислење е небитно.
    Веќе неколку пати има упаднато во собата додека разговараме на скајп ]:)
    и баш тогаш сме окезени и двајцата, среќни
    Се надевам дека гледа дека не може да ни ја уништи врската у дека не се откажуваме.
     
    На karak и Yeeah им се допаѓа ова.
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    33.343
    Пол:
    Женски
    Да сте 15 години, ајде ќе разберам да ви се мешат бидејќи сте уште во улавите години од животот, ама на 20 и озгора? Штознам, не ми е јасно и нема ни да ми биде. Зошто е таа забрана? Или сакаат да бидете со кој нив им одговара? Епа колку и да ме боли дека не го делиме истото мислење, јас ќе си останам со саканиот. Ако гледаш дека тој те сака, те почитува, зошто да не си со него?
    Мене никогаш не ми забраниле, бидејќи мојот дечко е вреден, работи, на факултет е и никогаш нема некоја глупост направено. Едноставно немат причина за забрана или противење.
    И многу ми е мило @Umbrella22 што сте заедно, и да си бидете, бидејќи нема поубаво од тоа да знаете дека и двајцата си се сакате, а другите што сакат нека мислат.
     
    На Yeeah и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  6. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    @Malo1 ти пишувам за проблемот малку покасно, но сакам а ти кажам да се бориш доколку си сигурна во својата одлука. Знам колку е тешко бидејќи и јас се наоѓам во иста ситуација но никој не смее да се меша во твојот живот па ни твоите родители. Тие можеби се повозразни и имаат повеќе искуство но ти си таа која знае што чувствува и што сака во животот.

    @Mini90 помала сум од тебе неколку години и како што кажав го имам истиот проблем . И причина и ситуации, ни подршка немам од никого, баш се. Но сепак ќе ти кажам дека мислам оти ќе ти биде подобро да започнете заеднички живот. Имате по 25 години, доволно сте возрасни за тој чекор, а твоите родители ќе мора да се помират со тоа.
     
    На Malo1 и Mini90 им се допаѓа ова.
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Meне во последно време многу родителите почнаа да ми се мешат, а доволно сум возрасна сама да донесувам одлуки.
    Јас имам 26 а тој 25 години одиме 1 година во врска на далечина сме и од самиот почеток не го сакаат.
    Врската ни е на стаклени нозе секој ден се расправаме за ситници , но се сакаме многу и се трудиме да успее.
    Му смета тоа што разговраме со часови на телефон, што не е финансиски стабилен, ме малтретирал и све и свашта.
    Ми забранија да се гледам со него и мислат дека не е достоен за мене.
    Мајка ми дури се меша кога зборуваме на мобилен цело време дофрла нешто.
    Најлесно е да се раскине една врска, тешко е да се бориш со сите сили и против сите.
     
    Последна измена: 31 мај 2015
    На Yeeah и JustFun им се допаѓа ова.
  8. Gaga93

    Gaga93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе дека најлесно е да се раскине...
    Јас имам 22 и тој има исто ние сме во врска 3 години од почетокот на врската се беше одлично многу добро се сложувавме со неговите и од еднаш почнаа да се мешаат и тоа идевме само 6 месеци а почнаа проблемите демек не сум била достојна за нивниот син онаква сум била незнам што се не кажаа за мене али покрај сите тие проблеми ние сеуште сме заедно иако не идам кај нив не се сретнувам со неговите ние се многу сакаме.
    Едно време се криевме но сега не, али проблемите не престануваат и ден денес си имаме проблеми со неговите незнам вејќе што да правам а многу го сакам и неможам да гледам како се мачи и кога се нервира, . Иако тој ми има кажано дека можат што сакаат да прават нема да можат да не разделат. Со тоа што тој прави се повејќе и повејќе го сакам...
     
    На Yeeah му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    I mene mi se mesaat moite ama ete izdrzuvame nekako:swear:
     
    На Gaga93 и Mini90 им се допаѓа ова.
  10. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Мора да издржиме девојки! Мора! Имаме проблеми исто така и ние со дечко ми. На почеток мајка му ме сакаше (глумела) виде веќе се сврзавме еден со друг многу и почна да ме навредува. Никаква,курва..го убедува дечко ми дека сум идела и со други... и што уште не!!! Не идам кај него подолг период..Од што неможев да ги трпам навредите и пишав на фб. бидејќи немав храброст да и се јавам..Ја прашав што е работата..Лом ме направи..Јас сум била несозреана и несолена..Јас сум идела со човек кој што пие..(сеа ич не пие)...Луѓе од гомно подоле ме направи! Тоа со дечко ми што сме го правеле е меѓу нас само. Јас кога сум идела кај нив од почитување и рака сум подавала и со Вие сум се обраќала. Не сум викала: Кај си ма ти? Срамота е ова. Срамота колку нервози само имаме. Почнала да му збори за неговата бивша која што ужасно го повредила,дури и видовме со дечко ми ја АДНАЛА на фб. Несакаме да се откажеме,но премногу се плашам. Моите ја дознаа оваа ситуација и они се ставија против врскава.Ми викаа да му раскинам,што ќе ми е таков кога неговите не ме сакаат..Само Господ да ни помогне.Само он може да не извлече од ова..И заборавив да пишам мајка му,му рекла дека никогаш немала да ми прости затоа што сум ја прашала зошто ме наврефува,зошто сум и пишала ех..дојде време и да те осудат на доживотен затвор да ќутиш и да ја прифатиш вината ни крив ни должен...!!!!!!
     
    На Mini90 и Gaga93 им се допаѓа ова.
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Pknekogas se prasuvam do kade ke stignete site so nesoglasuvanjava. Ne me sakaat negovite ne go sakaat moite. Samo jaka ljibov treba da ve odrzuva vo seto ova. No sto ponataka sto vo brak kade ke odits kade ke ziveete kolku drugiot e svesen za zrrvata da se otkaze od roditelite za ljubov a onoj sto trgnal sobtaa namera veruvajte ako ste mubpred oci i ke si ja ostvari
     
  12. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Некогаш знаат да се смешаат амаа ... сепак се правам дмк ги слушам штоо да правамм..
     
  13. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Девојки овде сакам само да се искажам и да добијам подршка или осуда, бидејќи не добиваам подршка од никој околу мене и не знам како ќе продолжам. Пишував порано во друга тема дека моите не ми дозволуваа да бидам во врска со дечко ми, но еве помина веќе пола година сеуште сум со него, не ги послушав и тие тоа го сфатија како непочитување. И тие знаат дека сме заедно, излегуваме заедно секогаш но моите не престануваат да зборуваат како грешам, сум била непослушна и не сум ги почитувала. Мајка ми секогаш ми повтара дека никогаш нема да прифатат и нема да биде среќна додека сум со него. А мене ме прашуваат ли дали јас сум среќна? Не! На никој не му е битно. 100 пати сум кажала ако јас си ја угледам грешката јас сама ќе прекинам ама не бре.. тогаш касно ќе било. И не само родителите и роднините ми зборуваат секогаш кога ќе ме видат. Мајка ми ќе се разболела поради моето неслушање, многу била загрижена.. А сите сметаат дека мене ми е сеедно. Дури и од сестра ми не добивам подршка и таа ме тера да се откажам. Не знам како понатаму, моите никогаш нема да ја прифатат мојата врска и јас секогаш ќе бидам помеѓу семејството и љубовта или уште полошо ќе морам да се одучам за некој...
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Da te prasam koja vozrast si i koja e pricinata za toa da ne go sakaat mora da ima nesto za sto ne go sakaat ? Zasto te prasuvam na moj 17 god sakav decko 4 god postar ete tatko mi ne go sakase ic pravese se za da ne izlagam so nego zatoa sto ete vozrasnite znaat malku podobro da gi procenat nestata zarazlika od nas koj sme opieni od momentalnata ljubov. I jas se protivev se borev se dodeka posle godina dena ne svariv sama za sto zborel tatko mi. Ete priznavam bese vo pravo
     
  15. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Не го сакаат бидејќи го напушти факултетот, а според нив без факултет не можеш да успееш. Инаку имам 19 години.
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Ok toa e banalnos covek treba da e covek vo vistinska smisla na zborot ete i mm nema faks. A imame prekrasen brak i nikogas ne bilo precka koj kolku e ucen i samo za info na tvoite jas sum so faks i rabotam rabota koja sum mesec za messc prijavena vo smeni da nemozes dete da vidis a mm bez faks e vo drzavna firma od 7-16 i vikendi si se guska so sinko dodeka jas ucenata dremam na rab. Ova e cudesna zemja pozz do tvoite :)
     
  17. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Верувајте ми девојки но некогаш и родителите се во право , не велам дека треба да се мешаат далеку од тоа секој одлучува за својата среќа но сепак ќе ви кажам пример .. Сестра ми одеше со еден дечко и многу го сакаше и од толку што беше заслепена некои работи не можеше јасно да ги види и правеше се за него и се бореше против сите но дозна татко ми за тоа и забрани не можеше да го издржи притисокот и се откажа од него и верувајте ја донесе нај правилната одлука во нејзиниот живот .. Тој беше еден од поголемите бараби во градот но ете љубовта е слепа по некогаш и не , ни дава да прогледаме и да ја сфатиме тежината на грешката која може да ја направиме .. Од тогаш до сега сестра ми секогаш му вика на татко ми фала ти што ме тргна од него и што можеби со притисок но ми ги отвори очите , сега е среќно мажена со човек што го запозна после бившиот веќе 6 години е во брак и има две прекрасни ќерки.Не велам дека родителите секогаш мора да се во право но во овој случај татко ми беше во право тој човек од ни еден аспект не беше за неа и ќе ја направеше несреќна цел живот доколку и ден денес продолжеше со него.
     
  18. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека понекогаш родителите се во право што се мешаат но еве како случај со сетра ти. Во ред е да се мешаат доколку личноста не е добра, но да се мешаат и да забрануваат поради некоја банална причина тоа не го оправдувам.
     
    На Mini90, Gaga93, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    ЦЦЦ иста ситуација како мене... :(
     
  20. delevingne

    delevingne Популарен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.018
    имам 16 год уште малку ќе наполнам 17 год,имам дечко во врска сме 1 год и 3 месеци,а моите не знаат за тоа,не ми дозволуваат да имам дечко,во чаршија ме пуштаат до 11 ипол,не знам што да правам ми се смачи од криење веќе,а ако им кажам ќќе ме отепаат....не сам ваковв живот.........немам ни добри другарки,сите се тука кога им требаш само,секое излегување ми велат да не ги лажам нешто..како психички да ме малтртретираат ;(:( мајка ми ме тера да се колнам во неа и татко ми дека не ги лажам