1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на родителите во врската!

Дискусија во 'Врски' започната од blondie11, 13 јануари 2010.

  1. loca23

    loca23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Него сигурно нема да му се јавува..него мене само ми стваран нервоза..колку и да сакам да не се нервирам се нервирам ама јбг :)
     
  2. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    И јас сум со истиот проблем :( само што кај мене не сакаат ниту да го видат...Јас сум била црна овца во фамилијата како не ми е срам да идам со некој кој не е на мое ниво,немал познато презиме,не потекнувал од добра а за нив добра е богата фамилија и сл...Како ке кажале тие на роднини,пријатели кога ке ги прашале со кој оди керка ви?И ке требало да се понижуваат и да кажуваат дека сум идела со некое си момче од не добра фамилија наместо да се гордеат и да кажат ејј иде она со син му на овој или оној :(.
    Со него се сме во многу добри односи,ми оди по газето да не речам се гледа дека ме сака и не сака да ме изгуби...И неговите ме сакаат многу ама моите се проблем.Кога бев последен пат кај него некако мајка му ми беше чудна,дали некој и кажзувал нешсто незнам...Ве молам за совет...Дали да ја прекинам врската за да не се чуствуваат моите навредени или???А ако мислам на нешто повеке со дечко ми ке ме убијат и ке се откажат од мене преку весник! :( :( :(
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    loca ... ни мајка ми не го обожаваше дечко ми но еден ден ми дојде преку глава и и се развикав престани јас сум со него не си ти ... твое е да го почитуваш не мора да го сакаш и не ме доведувај во ситуација да бирам меѓу вас двајца ... е од тогаш ни а ни б... го почитуваше и ништо не рекла па затоа разговарај со мајка ти зошто и што и смета можеби слушнала некои неубави муабети или слично . се ке се реши .
    и ти кажи и дека го сакаш дека ти е убаво а си и рекла дека ке раскинеш ради неа со тоа си и дала сила да ти збори повеќе и да е сигурна дека ке успее. не мислиш на раскинување затоа не ја лажи не сид ете и разговарај кажи им со убаво .

    А маа зарем уште постојат такви луѓе неморални ... ццц останав со подотворена уста значи ... како ке им кажат на роднините со уста како ке им кажат поинаку боже зачувај и нормално е мајка му да слча муабети доволно е твоите на неколку луѓе да се изјасниле па да стигне тоа до жената аи ти како што те гледам си размазена и сакаш по газот кога ти одат .... јас не можам никаков совет корисен да ти дадам ни па некој од тука ке ти каже раскини или не... ти знаеш се како ви е ... а твоите дека ке те убијат нема шанси ни па да се откажат не е ова 15 век па до толку да постојат овие работи и да се решаваат работите на ваков примитивен начин . :x :x :x
     
  4. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Еве постојат за жал и тоа мене ме снајде :( и не му го посакувам на никој...Незнам веке што да направам...Затоа побарав совет од вас кога го прочитав текстот на loca се пронајдов...Секој има различно мислење од вас феминкиве па се надевам дека ке ми помогнете :(
     
  5. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да не си ја жртвуваш врската посебно бидејки а за ниво :devil: многу се нервирам вака кога родителите ни ги уништуваат врските па дај бе каков весник ако беше тка до сега јас ке бев 200 пати отказана не само во весник туку и на интернет ]:) дојде такво време каде на никого не му е гајле за твоите чувства туку што ке речеле лугето па дај бе господ животот тебе ти го дал ти како што сакаш да живееш а не како другите а јас ако успеам и уште многу успеале што родителите им забранувале заради роднински и какви не ти врски па за пари од кај знаат тие можеби тој ке биде побогат и од твоите родители...!
    Парите вртат денес ти имаш јас не утре обратно НЕ СЕ ЖРТВУВАЈ АКО СТВАРНО ГО САКАШ!!!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    епа маа обиди се да разговараш и ти со твоите ... добар збор железни врати отвара па можеби ке допреш до нивното срце... ама бори се за љубовта ако е вистинска па да го прифатат а не ако ти е занимација некоја и ти е интересен зашто ти оди по газот па сега за сега ти е убаво ... ако го сакаш ако си сериозна тогаш превземи нешто избори се... ама ти чим не прашуваш дали да раскинеш или не според мене одговорот е јасен и мислам дека длабоко во тебе ти се согласуваш со твоите зашто така си воспитана а со дечко ти си зашто он прави да ти е убаво . :^)
     
  7. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Можеби незнам.Тие само ме убедуваат и ми ја пунат главата дека тоа е за мое добро,како сум мислела јас да живеам во беда ли??????Како на нивни пријатели керка и е помала од мене 3години можела да иде со синчето на еден од најмоќните а јас???Несакам да мислам се што ми зборуваат,а ако почнам да пишувам не со отворена уста незнам :x :x :x :x да не сте во моја кожа...И порано ми зборуваа ама сега е веке претерано многу,ме гушат со тоа.Јас излезам во град одма гледам позади мене со кола татко ми или мајка ми,јас на кафе мајка ми по мене и и велам шо бараш ти тука ма?И ми вели еве ја чекам Надето ке пиеме кафенце :angel: лоооол :(...И еве веке 3 месеци се гледаме со него скришум...Почнаа на сенката да ми газат и тоа било се за мое добро :devil: :devil: :devil:
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Маа имаш 25 години , ако навистина го сакаш ти кажав стегни заби и нешто превземи , мене ми е стварно незамисливо да идат твоите родители по тебе на 25 години :^) сеуште ли не ти веруваат дека си способна сама за себе да одлучуваш ??? па јас не би можела така ... размисли прво и основно ти дали го сакаш него ... тој навистина понатака може да има и повеќе пари од твоите парите како дошле така ошле и сигурно дечко ти не е без куќа и без пари за леб па да не е прифатен ... не разбирам ако луѓето се судеа според финансии тогаш јас до сега дали ке имав 2 другарки се прашувам ... глупости стварно ... твоите родители ако се ова е вистина се како недораснати деца... се надевам дека нема од многу летање да паднат на земја ... јас ти посакувам се најдобро . :*
     
  9. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    види ако ти стварно го сакаш нема да попуштиш под било каков притисок еве по мене јас 3 години сум под притисок дома ни името не смее да му се спомне па издржав еве го мојот проблем да не го пишувам пак
    ljubovni-problemi/dali-da-se-boram-ili-da-go-zaboravam-t226/
    Значи преиспитај си се види ти дали го сакаш мислам дека тоа е НАЈВАЖНО...!
     
  10. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    23
    И јас го имам истиот проблем.Кога моите дознаа каква е неговата финансиска состојба,ме тормозеа три дена да раскинам со него.Времето брзо поминувало,каков живот ќе сум имала покрај него,ми мислеле добро.Бла бла...
    Врската ни е супер,имаме разбирање и почит пред се.
    Ако раскинам со него,нема да бидам истата.Ќе ми се уништи се.
    И седнав на мирен начин разговарав со моите,им дадов до знаење дека сум многу млада за мажење,цел живот е пред мене.Парите си доаѓаат и си одат,јас знам дека ми мислат добро,но сепак родителите малку ги забрзуваат работите и си режираат филмови.Не знаат дека животот е многу краток и непредвидлив.
    Разговарај и ти Maa.Мислам дека се може да се реши со разговор. ;) :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас во средно идев со еден дечко , моите не сакаа да чујат за него, тогаш не беше вработен, од лоша фамилија , а јас се бев залетала како да е последен на свет. Со мојот детски памет ке се мажев за него, немаше да одам на факуллтет, си викав го сакам и ништо друго не е важно. Ама од денешна гледна точка , фала им до небо на моите , што ми ги отворија очите! Значи девојки во 99% од случаите кога родителите се противат за врска , знајте дека има голема причина, не може родител да му мисли лошо на своето дете. Сега има исклучоци 1% , ама ако не веднаш , како јас во мојата приказна , после ке им бидете многу благодарни :!:
     
  12. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    23
    Се согласувам потполно,кој родител му мисли лошо на своето дете,но понекогаш претеруваат.
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    чирибирибела ... ти си била средно и нормално дека ке ги слушаш родителите... ама маа има 25 години ... и мислам дека заради парите ваков однос не е потребен па и по неа да одат кога излегува ... тоа моите никогаш не би го направиле .. а кога се има јака причина тогаш излегуваат и родителите во право ... но не секогаш .. според мене во случајов не се во право. :)
     
  14. loca23

    loca23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Мене лично не ми зборат за пари и такви работи..него не сме си одговарале у никој поглед...веќе не ни памтам со збори ко да не ја слушам :D И и имам кажано јас идам со него не ти ама пак си тера по свое хахаха и и имам кажано дека ако раскинам со него ќе биде зашто јас сакам а не зашто ти ова ми го збориш ама тоа е пак истото...а за тоа да не слушнала нешто не верувам вака од што го видела збори...Он порано бил малце поисе проблематичен..ама сеа е супер..се запиша и на факултет и почна да работи од коа е со мене и знам дека стварно ме сака :)
     
  15. loca23

    loca23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Јас во средно идев со еден дечко , моите не сакаа да чујат за него, тогаш не беше вработен, од лоша фамилија , а јас се бев залетала како да е последен на свет. Со мојот детски памет ке се мажев за него, немаше да одам на факуллтет, си викав го сакам и ништо друго не е важно. Ама од денешна гледна точка , фала им до небо на моите , што ми ги отворија очите! Значи девојки во 99% од случаите кога родителите се противат за врска , знајте дека има голема причина, не може родител да му мисли лошо на своето дете. Сега има исклучоци 1% , ама ако не веднаш , како јас во мојата приказна , после ке им бидете многу благодарни :!



    Ама и да се во право..зарем ние не смееме да згрешиме..па ако не грешиме џабе животов дај они да го живеат за нас...јас не викам дека не ни мислат добро далеку од тоа...ама треба да не остаат сами да си избираме, они мозе еднаш да ти кажат ваков е таков според мене а не секој ден главава бумбар...И мене ако ми е убаво, супер е со мене, ме почитува според тебе треба да му раскинам зашто моите не сакаат да бидам со него?
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    точно е дека родителите барем најчесто ти мислат најдобро,но што е тука со пораката што ја испраќаат?те учат дека е битна материјалната страна и мислењето на другите.точно е дека со пари многу полесно и комотно се живее,но сега ги имаш,утре можеби не,така што мој совет ти е додека тебе ти е убаво да се гледаш со дечкото.
     
    На mina и SpoiledBaby им се допаѓа ова.
  17. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    ми ја погодивте темата.. тука има и што да кажам. идам две години со дечко ми а веќе не знам ни до кога ке идам зашто нервите ми се при крај, неговите се разведени мајка му живее во друг град премажена е доаѓа во скопје само кога има работа и у с пат ќе се види со синовите на пола саат саат време и дојде време да збори дека јас сум му ја изела душичката на син и дека сум била лоша дека заради мене он не гледал ни мајка ни брат па дури и дека не сум била воспитана, а дали може дете да се воспита преку телефон???? Како може да збори некои работи кога е одалечена со километри и кога не ме ни знае, како може толку да се меша па уште и праќа нејзини пријателки да го аднуваат на фејсбук, таму си изградила некој нејзин живот што сега сака од мене зар за што и да се измеша јас само треба да игнорирам и да се нервирам :( Веќе ми е преку глава од се, не знам до каде ќе оди работава ама не оди на добро! Што мислите вие дали јас грешам дали да се тргнам веќе од него и да почнам од почеток ама како да г фрлам две години во вода за некоја си која се појавува само еднаш или два пати во годината :worried:
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Проблемот е во неа.Ич да немаш гајле.Неа и е крив светот што така и се случило па сега ајде истурај се на друго и прави проблеми.Затоа што она не можела својот да го реши.Таа така ќе си тера, ама ти гледај да ја ставаш на игнор и да не ја земаш здраво за готово.Со време ќе се поморо и сама ќе се тргне.
     
    На nedzma и teddybear им се допаѓа ова.
  19. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Гледам дека сите ме сфативте погрешно, не дека моите ми викаа да не одам со него заради парите, тоа беше само еден нивен аргумент, јас сакав само да посочам дека она што во моментот ни изгледа добро од наша страна, можеби е така заради непосредност на ситуацијата. Нормално е дека колку сме повозрасни повеке сами одлучуваме , јас само дадов пример дека и родителите некогаш може да се во право , како што беше случај со мене . Не му дадов конкретно совет на никој :) И јас не му раскинав одма, одев со него 2 години, се разделивме кога јас одлучив дека така треба, ама си викам после во право беа си изгубив драгоцено време.
     
  20. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Да соберам храброст и утре за време на ручекот ке ја почнам темата и ке разговарам па ке видам што и како,а најважно е вечер да се видам со него и конечно да одлучам дали сакам да бидам со него и дали ГО САКАМ.Значи не сакаат да слушнат за него,тој немало да ми даде живот каков што сум заслужувала јас.Дури еднаш им реков дека може да најдат работа убава за да работи и тој ама само почнаа да ми викаат и ништо повеке а и ручекот се расипа зошто мајка ми се налути.Татко ми не е против мене само ми кажува реално како ке биде ако биде нешто повеке,а мајка ми лоооол куката од темел се дига кога ке се спомене неговото име.