1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на родителите во врската!

Дискусија во 'Врски' започната од blondie11, 13 јануари 2010.

  1. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Леле исто како моите родители да си ги опишала
     
    На maa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    јуле многу ти благодарам за помошта што ми ја даде и во оваа и во друга тема многу ми требаше да слушнам мислење од некој друг кој не ме знае ни мене ни неа :)
     
  3. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    И јас да се надоврзам на проблемот на Маа,и мојата врска беше потполно иста како твојата на почетокот,значи истите зборови истото мислење се исто од старана на моите,имавме многу расправии дома ама јас не раскинав зашто стварно многу го сакав а и тој мене.Одиме скоро пет години и моите се помирија,многу пати низ муабет ми имаат спомнато демек ете се сакате,тој те почитува..на некој начин се помирени,ама сеуште неговото име дома кај нас не се спомнува.Инаку вака кога ќе размислам знам дека се во право тоа за финансиите,дека колку и да има љубов утре во брак ако се нема пари е многу тешко,затоа убаво размисли си дали е во прашање љубов кај вас,затоа што сепак тоа е најбитно
     
    На maa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Јас знам дека не сум прва што го има тој проблем иако е малку примитивно ама така е...Ке видам вечер конечно ке одлучам дали ке ги послушам моиве или срцето ;) некои од феминкиве напишале дека ке се справам со моиве...Ех да можеше ама бидејки поминаа три месеци а мајка ми почна лошо да се однесува со мене,па и да иде кафе да пие каде јас пијам само за да виде дали сум со него...Лошоооо :(
     
  5. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Родителите не би требало да се мешаат во врските на нивните деца, посебно ако тие “деца“ се над дваесет години, знаат што е добро за нив и сами може да пресудуваат и донесуваат одлуки. Поради нивното мешање, ако подоцна децата не се среќни ќе им ја префрлаат целата вина. :!:
    Но, има случаи кога ќе мора да им укажат на некои работи што нивните заљубени и занесени “малечки“ неможат да ги видат и да сватат сами.
    Сепак, родителите имаат повеќе искуство, постари се (а со тоа и помудри), и така “од страна“ може да видат појасно отколку што гледаат заљубени очи. Секако дека сите родители го сакаат најдоброто за своето дете и сигурно не би се мешале доколку не постои некоја добра причина.
    Моите досега не ми се мешале во љубовниот живот, сигурно немало причина и биле сигурни во мене и моите одлуки, но ако некогаш е потребно би сакала да ми укажат доколку некаде можеби грешам.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Конкретно во мојот случај не се помешале никогаш моите родители во врцката што ја имав,но се разбира ми кажале нивен впечаток за дечкото и од една страна мајка ми не и се допаѓаше,велеше дека е мил дека е фин но дека има нешто што не и се допаѓа кај него некоја инертност,велеше дека со него би имала тежок живот,јас верувам дека ми влијаеше врз мојата одлука да ја прекинам врската но се додека не се убедив самата дека тоа е така.Од др страна татко ми ми велеше дека му изгледа фино ако ме сака ме почитува е добар со мене нема влијание колку пари има и сите тие материјални моменти,но....Собрав два и два измерив и пресеков решив дека немам иднина со него колку и да се сакаме патииштата ни се некако различни желбите поинакви па ете...не велам дека не ми е тешко но можеби најубаво така,ве читам и дури се уплашив да не моите ме убедиле да гледам нешто што не е така ,сепак не беа нападни тие искажале мислење мое беше што ќе направам ,јас само го почитувам нивното мислење ми значи сепак се постари со искуство...нема идеален но постои некој кој ќе е блиску до идеалното зар не??да не мудрувам не знам јас нешто мн сакав само ете да напишам дека лошо е кога се мешаат родтелите но некој нивен совет мислење може да е на помош сепак не ни мислат лошо.....позз
     
  7. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    до сега моите не се мешале во врската со дечко ми само пред две години...се си одевеме со дечко ми си спиев јас кај него тогаш тој живееше со неговите не беше поделен,и имав спиено се на се 5,6 пати се додека еднаш не не викнааа неговите во дневна да сме правеле муабет...а муабетото беше да не сум одела кај нив да спијам причината за тоа било да не сум ги лажела моите.....кој знае што ги штракна тогаш во глава ептен беше глупава ситуацијата ......и тогаш се испокаравем малку ово оно.....дечко ми си ги покажа гласовните способности и мир у куќи.....од догаш наваки не сме имале проблеми со нив.....
     
  8. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Хммм ме мрзеше да ги читам сите мислења,но ке пишам само дека е многу безвезе родителите да се мешаат во врската.Многу едноставно.....јас кога имам дечко одам со него,а не со неговите и обратно :D па стварно... Нема зошто да не сакаат родителите на дечковците и нема зошто ние да ги сакаме нив,мислам дека е доволно да ги почитуваме како родители на нашиот партнер,а за понатаму живи били па видели :D
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Родителите му го мислат најдоброто на своето дете, но родителите не се секогаш во право! Понекогаш се водени од желбата нивното дете да има многу повеќе од тоа што тие самите како родители му го понудиле во животот, затоа најчесто родителите се интересираат за материјалната состојба на избраникот на својата ќерка, затоа ги интересира на кое ,,ниво,, е семејството на дечкото!
    Делумно подржувам вмешување на родителите во врската, но само тогаш кога станува збор за врска со наркоман, алкохоличар, насиник и сл! Во таква врска и јас еден ден кога ќе бидам родител мислам дека би се вмешала, би го советувала своето дете да ја прекине таа врска која нема иднина каква што заслужува еден човек!
    Но загрижувачко е тоа што најчесто родителите се вмешуваат тогаш кога сметаат дека дечкото на нивната ќерка не одговара финансиски, односно не е од богато семејство! дури се осмелуваат и да посочат пример каков би требало да биде нивниот иде зет :o
    Во таква ситуација јас би се спростиставила на родителите, не верувам дека заради нив би прекинала врска од тие глупи причини и не подржувам нити една зрела девојка која ставила крај на врска затоа што ја убедиле родителите дека не е од нејзиното ниво! Помина времемто на ,,строење на малдите,,, сега е време кога сами си ги бираме брачните сопатници и строго го забранувам вмешувањето на родителите во тој избор!
     
  10. femina2010

    femina2010 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    добро вечер девојки
    одам со дечко ми 2 месеца знаев дека на мајка му на дечко ми е кума на мајка ми но тоа кумство е откажано но мајка ми не признава дека е откажано и ми вели дека треба да раскинам со дечко иначе дечко ми беше женет но мене тоа не ми смета.
    сега се скаравме со мајка ми и таа ми рече да раскинам инаку мн лошо ќе било ама јас не сакам да раскинам .што би направиле вие на мое место би ли продолжиле да се борите ? позз
     
  11. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Здраво феминки :) ...Можете да претпоставите што се е случило бидејки седам на ком како луда во 7 саат.Раскинавме со дечко ми,не се разделивме за КРАЈ ама така некако.Јас му кажав дека треба да помине некое време да си дојдат работите на свое место,дека не сум сигурна во чуствата спрема него,притисок дека имам голем и така.Вчера кога седнав да разговарам со моите мајка ми само како во бандини-дарамраџ што ја подига раката за да се прекине муабетот и таа исто ми рече само `немој ниту да си помислила да ми го споменеш на јадењето тој сељак`.И толку штама настана и никој не каза ниту збор.Незнам дали не бев подготвена да зборувам со нејзе ама знам и дека неможам да излезам на крај,му се јавив отидов го земав и бевме во едни грамушки :) му кажав го бакнав за последно и така се завраши,а тој сиротиот само ми рече `знаев дека ке биде вака,те убедија,те свртеа против мене` ;( .
    Цела нок не сум спиела и си мислев така на се на сите убави работи ама кога ке помислам колку ке биде срекна мајка ми кога ке и кажам денес лоооол...Фала ви за помошта иако одлуката беше моја вашата помош добро ми дојде.... :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Моите родители никогаш, ама никогаш не се вмешале во моја врска.
    Прво, знаат дека нема да ги послушам и може да има само контра-ефект.
    Второ, со тоа што си дозволуваат да ми солат памет и забрануваат, мене ме навредуваат и изгледа како јас да не можам да расудувам и одлучувам.

    Не ги штедат своите мислења, ќе си кажат што и како мислат, ама МОЈА е одлуката.
    Некогаш си мислам - можеби требаше да ги послушам, ама знам дека добро е што сум пресекла по мое, зашто после ќе се трткам и мрткам цел живот - Што ќе беше ако беше...
    Вака, јас и само јас живеам со моите грешки. И мило ми е поради тоа.

    Одлуката секогаш треба да е ваша. Ако, нека мислат најдобро родителите, вие донесете одлука и вие донесете правилна или погрешна. Важно - нека е ваша, не нивна.


    Од друга страна, сосем подготвена сум за родителите од другата страна, посебно за понежната половина, затоа што нема мајка која ќе рече дека некоја е доволно добра за нејзиното галениче. :angel: :devil:
     
    На catty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Целосно се пронаоѓам во предходните постови.Значи истото се дешава и кај мене.Со дечко ми одиме година и два месеци и тие упорно викаат дека не бил за мене,немало да ми овозможит ништо.Дека мајка му и татко му не биле на добро работно место.Па после мајками почна да кажуват дека слушала некој муабет а не сака да ми кажи кој ги кажал тие муабети и што се тие муабети.Дечко ми све ми кажува дур и најинтимните работи ми ги кажува,значи не веувам дека постојат некој муабети што не ги знам јас.Имам разговарано повеќе пати со нив,но тие пак истото.Дури во еден момент ми рекоја дека тој идел со мене ради пари,и дека не планирале и него да го издржуваат.Не знам како не можат да сватат дека јас со моите 17ипол скоро 18 години не планирам да се мажам,планирам на факултет да одам и све,а тие ми зборуваат за тоа како ке ми бидит животот со него во врска.Едноставно не можам да ги разберам
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    кристии ниеден родител не му мисли лошо на своето дете. јас се најдов во исти проблем на твој години. имав 17 а тој 21 идевме а јас бев цела во еуфорија леле колк го сакам. татко ми абе не можеше да го смисли, незнам некако од пра го процени дека не е дечко за мене. правеше се за да ме спречи да излагам, но јас по мое си идев и никого не фермав. одевме година и 6 месеци... и навистина сватив дека тој дечко не е за мене, собрав сила и му раскинав. сватив и навистина излезе дека тој не е за мене. отогаш малку повеќе му верувам на инстиктот на татко ми. сега сум верена со друг дечко за овој нема кажано ни еден лош збор уште од првиот пат кога го виде имав целосна слобода за се. понекогаш сакав да кажам дека повозрасните можат да проценат подобро, бар во мојот случај јас сум многу благодарна на тато. но и еве ако не ги слушаш твојте или ако стварно грешат прашај некој поблизок роднина што е поголем каков е тој човек, ако имаш повозрасна братучетка излезете на кафе... сао може да ти биде од помош мислење. мала си и не се залетувај ;)
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Кристи,во ред е и тоа што ти го кажала Карак но....извини ама твоите родители ми личат на оние коишто само гледаат богато да си ги омажат ќерките,а не мислат на тоа дали ке си среќна или не.Извини ама морав да ти кажам пошто знам за многу такви случаи.А не е се во парите ваљда и сама знаеш.А и самата си кажа дека немаш намера да се мажиш,што не те остават на мира,никој не вели дека тој дечко последен ке ти е.И ако ти имаш пари а тој не,не значи дека затоа е со тебе(понекогаш може ама понекогаш и не).И да е така,подобро самата да го согледаш тоа,па и да згрешиш ке згрешиш поради себе а не поради другите.Твоите родители кога требало бирале,сега ти бирај си за себе.Позз :)
     
  16. gokiopp

    gokiopp Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    IMAM 18 год и одам со девојката околу 2 години и сега родителиве незини и забранија да излегува со мене таа има 17 год нејчеле да стани сериозна врската бог да чува цело време девојками плаче и не знам што да правам дај те ми некој совет ве молам. Однапред благодарам.
     
  17. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски

    А кои се причините што и забрануваат? Мала е? Не си принцот за нивната ќерка? Не е можно да е само тоа што не сакаат да стане врската сериозна, а таа веќе станала. :( Каде биле пред време сега е доцна веќе. Разговарај со неа а потоа и со нив ако ја сакаш многу и ако мислиш дека ќе успее таа врска во иднина не дозволувај да ве разделат. Нема друг совет освен да се седне и да се разговара. Според мене тие се плашат нормално како родители дека таа врска ќе прекине поради годините. Вие сте сеуште во таков период што неможите да одлучите што ќе биде понатаму дали таа врска ќе остане сериозна. Денес времината се изменети незнаеш што можи да биде утре и дали ќе бидеш со тој што си сега и логично се плашат дека нивната ќерка ке биде повредена. Ве чекаат многу работи во животот како студирање односно факултет и некогаш поради таа љубов се откажуваме од нешта што се клучни за нашата иднина. Ти сигурно си премногу заљубен време е во прашање но дознај зошто дури сега е таа забрана па потоа одлучувај. Ова е мое мислење што незначи дека е точно твое е што ќе превземиш понатаму и каква одлука ќе донесиш. Со среќа и бори се за она што го сакаш иако реално многу мали сте за да бидете во сериозна врска. Секој возрасен и зрел човек ќе помисли дека таа врска нема да трае. Има многу работи за кои допрва ќе ги доживувате. Рано си се врзал. Ќе сфатиш што сакам да кажам но можеби сега не. Така е во овие години мислиш дека си многу голем а всушност си дете. Животот е пред тебе има многу работи за кои ќе мечтаеш да ги доживуваш. Размисли дали тогаш љубовта ќе ја имаш на прво место. Немој да се разочаруваш љубовта ќе си дојде кога и да е некогаш доаѓа премногу рано но тоа тие животот. :) Едноставно ако можеш задржи го и цени го она што го имаш бидејќи утре можеби нема да најдеш како него ако не остави да тече онака како што требало да биде оти пак некогаш е и судбина во прашање. Ако тие важна девојката докажи им на нејзините дека таа тие се. Така вашата љубов ќе стане поцврста бидејќи умееш да ја задржиш.
     
  18. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Па кај мене има мешање во врската но од мојте родители. На почетокот се беше супер дојде дечко ми се запозна со мајка ми и само она знае дека одеме татко ми беше во странство и кога си дојде сите си ќутеа никој не му кажа. Но со тек на времето кога дознаа мојте роди дека одам со него на мајка ми дури по телефон и се јавуваа да и кажуват за него каков е и што е демек бил многу мрзелив дека ништо не работел немале пари демек куќата уште малку ке му се распаднела уште што не и така и го напунија мозоко на мама и таа одма се сврте против него бидејки добро сега признавам ние сме побогати од нив поради тоа што татко ми работи во странство но тоа мама не го сфака дека рабоите се менуваат порано и татко ми немал пари за леб а не па за нешто друго додека сега имаме и да ги фрламе парите така можеби сега и он нема мислам он има колку за нормална живеачка али тоа можда во иднина ке се смене на подобро и затоа сега мама не го поднесува него и само бара начин да не разделе но ја сум си упорна го сакам верувам во него и нема да го дозволам тоа на мајка ми што си го е замислила да го направе.
     
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Не очајувај, нормално е родителот да води грижа за своето дете и неговата иднина. Не е се во парите но твојата мама се плаши да не те снајде истата судбина како и неа да се мачиш цел живот. но ете бог бил голем па навртил и кај вас да има. Не слушаја мајка ти туку пробај да ја разубедиш можеби женичката е во некаква заблуда заборавила дека и таа била на истото ниво како и дечкото твој. Биди упорна и докажи и дека не е во право. Друго нема за што би те советувала и ти тоа самата го знаеш. :)
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    доколку осетите ама вистински дека тој што го сакате е човекот на вашиот живот, доколку искрено го сакате, почитување, вашето јас се претворило во ние, тогаш мислам дека ниедна жива сила неможе да ве раздвои, ниту еден родител неможе да застане на патот кој што вие сте решени да го изодите. вистинската љубов не познава пари, куќи, станови и коли. вистинската љубов познава слога и разбирање, почитување и се разбира слатки мали проблеми. мислам дека оној кој ја осетил вистинската љубов не му е вашно каде и со што ќе живее, секој во животот со слога и љубов ќе постигне се. затоа кога ќе наидете на проблем од типот нема каде да живее нема пари нема понекогаш што да јаде. само насмејте се и речете им утре ќе биде подобро господ е еден. верувајте може би ќе ви звучи смешно но вистинската љубов победува се дури и сиромаштијата
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.