1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на родителите во врската!

Дискусија во 'Врски' започната од blondie11, 13 јануари 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.407
    Пол:
    Женски
    Ниту мојата врска не е прифатена. Постојано дома имам проблеми кога треба да излезам или да се слушнам со него. Во последниве 2 месеца трагедии беше, но не попуштам. Мајка ми некогаш греши , некогаш не. Мојот бивши го знаеше многу добро, па погреши кога рече дека е совршен за мене. Според неа овој не е, ама јас го сакам, се почитуваме, нормално како и во секоја врска има по некое несогласување, но одлично ни оди. Јас можам да ја сослушам, но не и да го прифатам нејзиното мислење. Сама сум голема за да одлучам што е добро за мене, па и да згрешам ,јас ќе згрешам. Таа треба да го почитува мојот избор, колку и да не и е по ќејф.
     
    На Kristinchetoo и karak им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Родителите не ни мислат лошо никогаш, тоа е факт. Но родителите пак не секогаш знаат што е најдобро за нас. Сами си бираме, ние сме си самите господари на нашиот живот. Сите што имате ваков проблем, ви посакувам од срце да се средат работите и да им покажете на родителите дека грешат :)
     
    На Kristinchetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Некогаш и не е току страшно кога родителите се мешаат во врската. Многу често(но не секогаш) знаат да бидат во право и факт е дека тие го сакаат само најдоброто за нас. Е сега, претерано мешање во врската во никој случај не е оправдано. А верувајте, колку и да се против вашата врска родителите, кога еднаш ќе сфатат дека тој е добар и не ги заслужува нивните сомнежи, ќе ја прифатат вашата врска. Јас со дечко ми одам 5 години и, на почетокот мајка ми не го сакаше и беше против нашата врска. Сепак, никогаш не ми се мешаше премногу, ама одвреме - навреме знаеше да ми префрли по некој збор. Тоа се смени кога пред 3 години, јас се рззболев и морав да лежам во болница. Не знам како, ама мајка ми од тогаш ептен го засака дечко ми :) Вели дека тогаш видела дека тој стварно ме сака :)
     
    На Kristinchetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Не е во ред родителите да се мешаат во врската затоа што тоа страшно гуши,но некогаш да не кажам секогаш се во право :) барем кај мене мајка ми и татко ми реално ги согледуваат ситуациите,јас сум млада и сваќаат дека не ми е до мажење :D ама тоа за пари воопшто ми е неприфатливо родителите да и ја пунат главата на ќерка сопствена дека тој и тој нема да и обезбеди живот од соништата,затоа што немал пари!!!!???па што е она саката пу пу недај боже па мажот треба да ја одгледува???простотилук тежок...извинете по мое е така...да учиш дете дека маж ти треба да ти пружа живот?...глупости тешки
     
    На Kristinchetoo и helenamanson им се допаѓа ова.
  5. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    СДК дека умирам од желба денес да одам кај дечко ми. Не сакам таа старка да стои меѓу нас.
    Го напишав ова, и малку се замислив, сепак му е мајка. И сепак е постара и некако ми е шубе да ја нарекувам така. Ама, ако тука не си кажам што стварно ми лежи на душа, каде?
    Госпожата Џеврие ни ги нашла кондомите и почнала да му кенка, наместо да биде среќна што син и е 2984766347820 пати попаметен од ќерка и. Треба да биде среќна што наместо две свадби, ќе прави една. Другата ќе биде здравје, за едно 10 години. Нели е така? Сепак, ќе ми биде малце глупо да отидам кај нив и да си влезам право во соба. А ако поседам со нив и ако ми пројаде го*ца, што ќе правам, ќе ќутам ли? Никогаш, ама никогаш не сум се мешала во нивните караници, ама сега веќе мене ми дошол редот и знам колку и збори муцката.
    Уште па ако ми се погоди неговата трудна сестра да биде таму ќе се заколам. Претходниот пат кога непланирано отидовме кај нив, и планиравме да пиеме едно кафе и пак да излеземе, таа рече "Ајде станувај, иде цела гарда". После тоа мајка му без да знае дека не планираме да останеме, цело време збореше демек "Ти реков дека ќе дојде сестра ти ќе се бања што си дошол дома? Ќе сака и да легне, вие тука ќе си седите така да си знаеш, нема одење таму уште од сега ти кажувам". Целата поента беше зошто ме донел мене.

    Сакав некое време да не одам кај нив, ама па овој ми се лути. А и сакам да одам, навистина, не сме се виделе некои 5-6 дена, склет ме фаќа, и ми се сака :$ Од друга страна ми е незгодно да знам дека неговите се во другата соба и знаат точно што правиме.

    Ако некој ме дочита, ќе биде ли толку добар да пушти некое советче? Да се замарам со нив или не ?

    Кога си го препрочитав постов, сфатив дека не ми е за тука, ама не ми текнува друга тема кај што би го ставила :^)
     
  6. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Сакам да кажам...

    ох душичке знаеш што ич да не се замараш со мајка му вештерка и јас сум изнервирана од мајка му немаш појма колку
    насекаде кажувала дека немала пари да ни прај свадба дека немало да ми купи злато пошто и купила на првата снаа па сватила дека не вредело хммм гратис вчера ме понижи ама и вратив
    така да немој да си чутиш за ништо крај краева сама си го бара
    ако зборуваш сега и враќаш ќе бидиш лоша ама па ако почнеш да зборуваш откако ќе се земите тогаш ќе речат си ги покажа роговите снаата и пак лоша пошто сигурно колку и да чутиш еден ден преку глава ќе ти дојде
    така да враќај и на се со смеа со шала ама залепи и го а и не е на одмет малку дечко ти да го свртиш против неа
    те гушкам силнооооо :*


    патем таа не знај дека син и е веќе голем сигурно дека има односи фала богу тоа е природна работа и што е толку лошо па и да нашла кондоми чудо големо можи таа не се ..... со дечко и пффф ако те неќи нека те неќи ако те вика дечко ти оди ако те избрка таа тогаш е друго али ако дечко ти те сака ќе преземе нешто нема да биде така подбуцни го ти малку речи му оти вака се понаша мајка ти ако неќи таа не идам неќам кавги да ви прам па ќе видиш што ќе ти рече
     
  7. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Фала им на админите што ми го преместиле мислењето во темава, јас не сум ја видела, да знаев ќе пишев тука. :)
    Инаку Синди, мојот дечко стои ужасно лошо со мајка му, поготово во последно време, откога сестра му која има 19 години затрудни од дечко и сељак прва класа. Сега наместо неговите да му прават на него матура, ќе и прават нејзе веридба. Веќе имам пишувано тука за неговата ситуација и за тоа колку се измачи овие неколку месеци.
    Никогаш не се случило таа да ме избрка од таму, сме биле во добри односи, ама ете од што нема веќе за што да му префрла, почна со мене.
    Не сакам премногу да се замарам со ова зошто сум сепак премногу млада да имам лоши односи со семејството на мојот дечко, сепак имам само 17 години и дефинитвно не планирам да се мажам додека не направам барем 24-5 години.
    Но не сакам ни да бидам непожелна во нечија куќа, а ништо им немам згрешено.
    Дечко ми ми вика не се замарај со нив, ќе си дојдеш, кажи едно здраво и влези си у соба, стај ги на игнор.
    Мене ми е премногу незгодно само така да си влезам, сепак влегувам во нивни стан, треба малку почит да покажам, без разлика дали ја заслужиле или не.
    Во исто време сакам и они да соберат 2+2, да сфатат дека ние не сме мали деца, и ние сакаме малку интимност. Знам многу парови кои кога женската оди кај дечкото, сите се чистат од дома, нели е така? Не мора тоа да биде секој ден, ама не мора ни мајка му, (која инаку е покуќарка и по цели денови или некоја комшика е кај неа, или она оди негде) секој пат кога ќе дојдам јас да се зацементира дома.
    Искрено не знам ни јас веќе што да мислам, ни што да правам. Во збунка сум целата...
     
  8. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    не знаев колку години имаш сепак си била помлада и да не се мажиш уште од сега ама сепак ако таа е налутена на друг не си ти крива ако ќерка и немала ум не е крив ни дечко ти
    сеппак ти си знаеш јас од мое искуство би ти препорачала да не чутиш не велам да се караш пишав и во претходниот пост на смеа и на шала да и кажиш то шо и следува :lol: така ќе те научат дека ти си таква зборлеста и не пречитуваш и ќе те поштоваат како таква а ако си пречутуваш на се ќе те газат
    зошто не разговараш со мајка ти ? таа ќе те посоветува
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  9. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Мајка ми ми вели што е можно поретко да одам таму и тоа и го правам.
    Ама нема да може цел живот вака, да бегам од нив и да си ја расипувам врската за глупости.
    Колку и да ми е незгодно, изгледа ќе мора да им викам едно здраво и толку. Повеќе нит ми треба нит сакам од нив...
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    добро може мајка му е изнервирана поради она комунистичко доење имаш 17 години имаш односи и сега на таа постара генерација се им е чудно. ок не е нејзино право да осудува ниту да се меша. Ако не си ја воспитала ќерка и како што треба и ете направила глупост(ако може така да се каже) не сте и вие криви, баш напротив ви ги нашла презервативите и знае дека син и љуби сигурно. Ајде нека не се нервира ни дечко ти ни ти секое чудо за три дена се нашле луѓето затекнати изненадени може би и финансиски слаби и си помислиле што ако има две свадби.... ќе им помине ќе заврши и веридбата и свадбата и се ќе си легне на брашното. а ти до тогаш оди си кај него со крената глава и чисто срце кажи си баш едно добар ден и правец во соба. и многу важно правило во една врска никако додека сте дечко и девојка зближување со родители, јас исто така иако мајка му најмногу ме почитува јас додека не се веревме само ќе влезев ќе кажев добар ден како сте и правец соба. ок сега е веќе нешто друго паѓа и некој моабет но никако онаа близина и доверување првиватност. Што подалеку тоа помирно ;)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Можеби малку жената си лечи комплекси преку тебе за ќерка и која затруднела на 19 год. Али игнорирај ги нејзините глупости и не се тревожи без врска. Таа е негова мајка и секогаш ќе му биде а ти можеби ќе останеш со тој дечко а можеби и нема, од кај знаеш што носи животот. Гледај си го дечкото и со него да ти биде убаво а тоа ,, рекла-кажала,, не се замарај.
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mari-mari

    mari-mari Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Целосно си во право!!! Учев јас со сестрата на мојот дечко средно...после 2-3 месеци почна госпоѓицата да шири дезинформации по дома и да прави кавги сме и седеле и сметале и така од време на време си слушам прикаски за мене....Дури и "свекрвица" ја фатив на лице место како му збори на "свекорот" против мене демек..."Не знаеш ти каква била она и што правела порано..." Какви ситуации луѓе, не можете ни да си замислите, ни крив ни дужен, еден лош збор не си кажал за нив и да те навредуваат, СРАМОТА! Среќа дечко ми е на моја страна и премногу ме сака и затоа гледам да не влегувам во конфликт, барем времето да не си го трошам залудно!
     
  13. kate0910rina

    kate0910rina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Јас имам две спротивни ситуации на тема: добра/лоша свекрва ;) Бев противник на тоа дека постојат лоши свекрви не верував додека не налетав на таква . Претходната „свекрва“ беше бетер од Џеврие :rofl: :lol: Врската ни беше сериозна цели 5 год идевме со син и.... а од некоја причина таа ме мразеше....и уште незнам зашто....супер студент а сега и магистер, една од ретките кои знае добро да готви ....... :rofl: од кога влегов кај нив дома куќата заличе на куќа иначе беше катастрофа,како да паднала атомска бомба....ги научив нејзините синови(дечко ми и неговиот постар брат) дека постои и друга храна освен маргарин и леб и дека може чашите да бидат чисти и проѕирни а не со мат ефект од немиење......ај да не испадне дека се фалам....да се навратам на темата.....од што не ме сакаше и неможеше да ме поднесе, немаше ни основна култура спрема мене, нејќеше ни едно здраво да ми каже или добар ден а не па да седне со неме муабет да направи да праша како сум.....ако случајно ме најде кај нив дома кога ќе се варти од работа од нервоза лупаше по врати и ке се натовареше со кеси некои и идеше кај тетка и во комшии само да не ме гледа.....на прослави, веселби и фамилијарни собири бегаше од мене како од ѓавол......а јас само тогаш, што намерно што од чиста култура и домашно воспитување одев и се поздравував со неа за сите да видат дека ако не ме сака ја пак сум човек.....порано мисев дека ме мрази затоа што ко демек „го натерав син и да се врати од студирање од бугарија и да прекине со студиите по медицина“,( па јас да ја имав таа моќ немаше тој ни да отиде таму и еден месец да „студира“ туку ќе се запишеше тука на некој наш факс...проблемот не беше во мене туку во тоа што таа сакаше син и да стане физеотерапевт иако знаеше дека тој е несериозен и ебиветер....), но тоа беше само причина за повеќе да ме негира...... Искрено тоа беше единствен проблем за кој се расправавме, не сфаќав затоа така се однесува со мене иако никогаш ја немав ни оговарано ни навредено, а моите дома беа пак спротивни од неа ( колку таа ме плукаше толку тие дечко ми го сакаа како нивни плус син ;( ) ..... од расправите за тоа „зашо не ме сака“ - „не така ти се чини не те мрази“ ги занемарив вистинските проблеми......па еве можеби затоа што касно се освестивме сеа и не сме заедно....
    ...... а сегашната „сверквица“ е тотално спротивна од претходната.........еве веќе скоро година идам со сегашниов и таа се понаша со мене се нај нај убаво....не ме остава едно кафе да си направам, на секое мое дело таа гледа со почит, не е жена да оговара, да префрла, на моменти мислам дека можам да бидам и поопуштена за некои теми одколку што сум со мајка ми, благородна што единствена и честитав роденден на време и и дадов поклон.....од што е загржена за тоа да најдам добра работа дури и таа следи огласи за мене, сабалје ме разбуди да ми каже да аплицирам на едно место....... просто да не ти се верува дека сепак постојат такви ....... јас навикната на негирање од претходната па чудно ми е тоа нејзино добро понашање на сегашнава...... 8)
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Таа претходната свекрва ме асоцира на многу проста жена и верувај не те сакала зашто си била и поуспешна и подомаќинка од неа.Превод-љубомора. :x
     
  15. sunshine87

    sunshine87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Идам со дечко ми веќе година дена, и за тие година дена еден ден ми се чини не помина без мајка ми да ми пререче за него. Постојано ми укажува на тоа како тој е сиромашен, од сиромашно семејство, дека не може да ми пружи и обезбеди ништо, и секој ден така. Нон стоп кажува примери на ( колешки, пријатели,познаници,соседи) како нивните ќерки си нашле богати дечковци, а ја толку ли сум била неспособна па од толку машки баш него да го најдам. Ме боли тоа премногу што така ми збори ;(

    Секој ден иста приказна: " Алал да и е на Маја(имево е така ставено) гледај паметно девојче си најде богато и учено момче, родителите негови лекари одма му купиле стан, тој работи зима над 30.000 плата, ќе те видам тебе со оној клошарон, голтарон ( дури и го навредува) кога ќе немате пари за леб, ќе ми дојдеш на врата за пари ама ја вечно нема да сум жива". Секој ден, секој божји ден иста приказна :@
    Не го почитува тоа што јас го сакам, и тој ме сака мене, ме цени, чува, предобар е кон мене , и таа го знае тоа,но и на тоа има што да каже " Од доброта ќерко не се живее".
    Што да правам веќе не знам не можам вака, секој ден плачам од неа ;( дали да ја раскинам врскава иако срцево ми се кине, или да продолжам да го трпам ова? :(
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.407
    Пол:
    Женски
    sunshine87 мајка ми ниту еден мој дечко не го сакала. Со сегашниов сум заедно над 2 и пол години и таа пак не го прифаќа. Не знаеш низ што се не поминувам со неа, ама не се откажувам од него. Утре ден неа ќе ја нема ,а тој може секогаш ќе биде тука за мене. Може да се случи да раскинеме ако не ни оди врската, но доволно сме возрасни за сами да го сфатиме тоа. Ако ти е добро со него, нема зошто да размислуваш што сака таа.
     
    На catty и karak им се допаѓа ова.
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    sunshine кратко и јасно НЕ!! Ако единствена пречка на оваа врска е мајка ти тогаш немој. Па шо ако е посиромашен, животот е тркало, денес си горе утре можеш да бидеш најдолу. Кажи и на мајка ти дека ти не си предмет што се продава, ами живо суштество со чувства. Не си ја жртвувај љубовта по никоја цена. И моите не беа пресреќни со мојот избор, ама јас си останав на своето, и секој ден сум се посигурна дека не згрешив и секој ден се повеќе го сакам оној кој си го одбрав. Верувај нема поубава љубов од таа за која знаеш дека си се борел.. :* Ако си сигурна дека дечково вреди за да се бориш за него не попуштај. Со време се ќе се среди. :hug:
     
  18. sunshine87

    sunshine87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Вреди знам дека вреди. Тој е оној вистинскиот, со него сакам да основам и семејство и се, и он го сака истото, но многу е тешко кога сопствената мајка ти задава бол :( . Јас знам дека навистина ќе ни биде можеби тешко, но подобро тоа отколку да бидам со некој кој не го сакам, кој не ме почитува, а зашто, затоа што има пари , и што ќе ми ги мене тие пари кога ќе немам љубов и вистинско семејство :( . Истово и го зборувам и на неа, но она пак си стои на тоа, млада си ајде ќе засакаш и друг, откачи се на време од него, ќе си најдеш некој што створил нешто во живовот, ќе видиш еден ден дека имам право за ова ....

    Но не! Не сакам друг него го сакам и со пари и без пари :( Како да сака само да биде дел од оние нејзини пријателки чии ќерки имаат богати момчиња, како да сака само да се пофали со тоа :^) Ех, ќерка ми си најде.. бла бла бла :@ Ме уништи тотално женава почнав да ја мразам :worried:
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мајка ми ги знае сите мои врски, проблеми. Со тек на време сфатив дека е подобро неа да и кажувам, отколку на другарки кои подоцна би ме извисиле.
    До сега за се била во право, и се каам што за една работа не ја послушав, но памет за друг пат. Ми значи нејзиното мислење и одобрување многу, ме радува што единственото да од неа за дечко е за тој со кој сум сега. Не се ориентирам по неа, но убаво ми е кога имам нејзина потпора. :)
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    да и после да бидеш и дел од тие приказни мажот на ќерками скита по кафани, не се прибира. Дали мајкати знае какви се тие со полн џеб, и колку тие ќерки на колешки имаат непреспиени ноќи.... Сметам дека секој треба да си го следи сопственото срце а не желбата на родителите. Ако си го сакаш биди со него, оној момент кога ти ќе одлучиш дека треба да биде крај само тогаш нека биде. Јас сум бар таква си го слушам срцето и до сега никој друг и верувај не згрешив среќна сум и среќно чекорам во секој следен ден