според мене секој си има право на свое мислење така и мајка ти си го кажала своето мислење а твое е тоа што ќе одлучиш ти за понатаму сепак не заборавај тоа е твој живот и ти сама треба да си го живееш како што тебе ти е најубаво... и не преќинувај ако мислиш дека тој е вистинскиот само напред и гордеј се со тоа што те почитува тој..уживајте заедно..
Објасни и на мајка ти дека со труд и со работа парите доаѓаат, во тешко време живееме, но ништо не е невозможно. Остани си со дечково, се сакате, се цените, се почитувате се друго може да се реши. Навистина од љубов не се живее, затоа старите викаат: Кога сиромаштијата ќе влезе низ врата љубовта излегува низ прозорец. Но, како што кажав парите како што доаѓаат, така и одат. Верувам дека и двајцата не сте ниту неспособни ниту мрзливи, ќе работите и двајцата и ќе си обезбедите скромен живот со љубов и слога. Не зборувај дека ја мразиш мајка ти, мајка ти и го сака најдобро за тебе. Кој родител не сака на своето дете да му биде добро и да има убав живот? Не и дека ќе се фали пред пријателките туку страв и дека ќе живееш во сиромаштија и ќе страдаш. Обиди се да и објасниш на мајка ти декавие двајцата заедно можете да успеете.
Феминки таа несудена ми јатрва сега излезе дека мие судена роднина и тоа речиси доста блиска. 2 во 1 сега ако ми биде и јатрва. По facebook ми призна дека ме одбегнувала цело време и дека не одела кај дечко ми дома заради мене заради тоа што сме биле роднини и дека нејзината тетка идела кај нас ама тоа беше одамна и таа не знаеше тогаш дека сме роднини ни пак ние бевме во врска со браќава а исто така ме одбегнувала мислејќи дека јас ја озборувам со колешка нејзина од работа мене бивша снаа. Од ова нејзино претпоставување нема ништо се колнам во се најмило. Но девојката ете така искомплексирана. Испадна дека јас и правам штата неа а уствари тие цело време со брат му од дечко ми ми правеле лице. Се изнервирав многу за ова ми беше навистина не убаво и доведовме до крај на нашата врска од толку што бев разочарана. Мајка му ми призна и таа дека цело време насетувала нешто и мачкала колку да не се сеќава. Тоа уште повеќе ме изнервира. Неколку дена без избезумена им кажав и на моите дома. Но на крај се се среди пак се смиривме но јас мислам дека не треба да одам некое време таму што мислите вие? Не сакам да барам совет од другарки бидејќи и вистински ги немам во права смисла на зборот и мислам дека ќе ме прекажуваат и од уши во уши ќе стаса до каде што не треба. Ве молам за совет што да правам и како да правам во иднина не за да се одмаздам туку и таа да осети мене како ми било оваа година секој ден.
Офф леле, родители што се мешаат во врска/брак на своите деца имало и ќе има. Додуша, ретко кој не го прави тоа. Како и да е, од искуство ви тврдам дека многу е важно неговите да не се мешаат што за среќа е така во мојата ситуација. Јас и мм уште кога бевме во врска имавме мн проблеми од страна на моите, па брат ми полакомен по наследството, уште толку се дуеше пред моите, па незз како сум можела, па тој финансиски не ни парирал, па ова па она и ги натера уште од сега се да му препишат нему, не за друго „за да го сочувал имотот од маж ми“, а тој за чување пари е ко дупнато кесе. Брат ми мн бргу заборави на времињата кога добрата сестричка го прикриваше за сите глупости што ги има направено, колку пати само се карав со моите заради него, неверојатно проблематичен човек и јас не знам како се ожени тој...додуша ми текна. За среќа свекор ми и свекрва ми се пар кој на почетокот имал проблеми, имале поддршка од родителите, али роднини пријатели триста глупости им правеле за да се разделат на времето и донекаде ми е јасно зошто толку не поддржуваат. Со моиве немаме никаква комуникација и не ни сакам никогаш да имаме, кога не ни се најдоа кога ни беше најтешко и кога ни беа најпотребни, сега нека си уживаат со синчето златно. Инаку според мене себични и лоши се оние родители кои се обидуваат да му го срушат гнездото на своето чедо, напротив кога децата стапуваат во брак е период кога родителите најмногу треба да им се најдат на младите а не да ги назадуваат. После на стари години ќе офкаат „Оффф, пуста старост, мене нема кој да ме чува.“ Епа нема ами како.
Глупаво е од страна на родителите да се мешаат во врската на нивното дете.Може да дадат некој добронамерен совет,меѓутоа полемики од типот Не е за тебе,заслужуваш подобар/подобра е тоа е веќе за паника ! Секој си знае за себе што е најдобро и што му одговара, а ако веќе другата половина е несоодветна, најдобро е човекот сам да дојде до тој заклучок. Бај д веј,засега никој не ни се меша,за понатаму - се надевам дека нема.
Sunshine87 и со мене е истото,секој ден по нешто ќе кажат против него,ама јас не се откажувам,пошто знам дека вреди,исто ме чува,ме сака,уредува дома,не ги фрла џабе парите и колку и да го навредуваат и зборуваат јас знам и сакам да сум со него и го бранам,татко ми почна да попушта ама сеуште е така...Па некои луѓе имаат проблеби многу поголеми заради тоа што имаат пари,затоа на право место е вие да се разбирате.И мене ми префрлаат демек другите имале доктори незнам шо,ама пошто јас ги познавам сите тие доктори и знам кој вреди кој не,неможат да го споредуваат со сите нив,па заедно ќе си изградите понатаму,ќе си помагате,нема тие стално да се позади тебе,а и ако сакаат да помогнат ќе помогнат,пошто ти ќе останиш нивно дете. Ако еден ден случајно страдаш и се помачиш,барем ќе е заради тебе,а не да се измачуваш цел живот шо си го изгубила,пошто пробав еднаш и се скаравме за кратко и знам како е,ама не издржав и се побаравме пак,и после мн перипетии (па и шамари сум изела на големи години и не и не) заедно сме веќе 4 и пол год. и мислам да продолжиме уште посериозно понатаму. Ајде одлучи сама и не ги слушај пошто ќе видат како стојат раб. и ќе се смират со време. Ајде многу среќа ти посакувам понатаму,ајде да сме силни и да го добиеме она што го сакаме,нема да се откажуваме!
Хахахаха , сега ја проверив темава што одаамна сум ја оставила. Девојки жална вест али мајка му успеа да не раздели , затоа погрижете се вашите дечковци навистина да ве сакаат и да застанат на ваша страна кога ќе се појават овие работи. Ако видите дека иде по ќеифот на мама, не си го трошете времето залудно, по што не е доволно созреан да се држи и брани работите кои ги сака во животот.
Јас имам сличен проблем не е во врска со наследство но не разговарам со моите премногу ни правеа проблеми.од кога прекинав да разговарам со нив пред 2 и пол години а инаку 4 сум во брак со сопругот буква една на страна не сме си рекле се е супер кај нас дома глас не се подигна.најголем проблем настана кога спомнавме дека неговите премногу ни помагаат со пари а живеат на село и се што имат и нас ни даваат оти ние живееме под кирија а тие не не прашале леб дали имаме да јадеме.коментар на таткоми беше ако ни требало мебел сме знаеле кај се продава а ако ни требале пари имало в банка.немаше да ми е мака да е некој што сам се заработил ама и него цел живот старите го гледаат мајка ми имаше татко австралиа и се што можесе да собери во пакет пушти мислам на апарати за домакинство и алати плус и стан им препиша,другиот дедо е на село одгледува стока за да можи на татко ми да му помогни оти е без работа само со една плата се а тој тоа ни го рече нас поготово упатено беше на мажот ми.од тогаш никаков контакт немам со нив и не ми е ни мака ако тие не се грижат за мене јас за нив уште помалку.имам сестра која според нив е златна па нека си ја гледаат неа кога ке се мажи таа нека си гледаат внуци.поздрав и не се грижете јас не се сложвам дека кога сиромаштијата ке тропне на врата љубовта лета низ прозор.колку пати ни било тешко со две дечина мали една плата под кирија никогаш не сме се скарале во врска со сметки неплатеи со пари потрошени што има што нема.кога има љубов се се можи.поздрав
Што кога мора да одбирате помеѓу родителите и вереникот??? Сите сме поминале низ разни љубовни и семејни проблеми и знаеме кога ке пронајдеме вистинскиот со тие проблеми да се бориме и со последни сили.Но што се случува кога со вашите последни сили се борите против своите родители кои цело време ја поддржувале таа врска,на крај да се свртат против вас и вашите животни ставови????? Со мојот дечко и јас сме во врска година и два месеца,но се знаеме веке 5 години.Со неговите родители е супер и со моите беше но до пред 3 недели.Што се случи...па вака...се почна од денот кога се веривме,за мене не беше неочекувано,знаев но не точно кога ке се случи,секако не им кажав на моите дека очекував да ме побара за да не испадне потоа наопаку и дека лажам.Одкога ме побара попрво и кажав на мајка ми зошто со нејзе ми беше полесно и знаев како ке реагира,ми честита ми посака се најубаво но потоа дојде моментот од кој најмногу се плашев...да му кажам на татко ми...тој е малку импулсивна личност и знае да претера со муабетите.Собрав храброст му кажав,но не очекував дека ептен ке претера со неговиот разговор и реагиранјето на мајка ми која дојде одма.Татко ми почна да се противи на се што сме го зацртале како цел со мојот дечко,а на негова одбрана замислете застана и мајка ми која претходно само што не експлодира од радост...можеби заради тоа што не сакала да се расправа со него,но за мене не изгледаше фер.Збореа како тие го сакаат најдоброто за мене да одам во странство да не се будалам да седам тука(имам работено во странство и моето искуство и сечие друго е без пасош од друга држава или без да се омажиш таму не ти даваат дозвола за работа а работна виза е исто така тешко да се добие,сепак и животот не е лесен со економскиве кризи и кај нив една плата е исто како кај нас што попрво дали сметки или храна ),тој не е за мене,нема стабилна работа(а го пријавија само заради тоа што е успешен во работата што ја работи со цел да не напушти),неговото семејство е лошо итн итн...Помина тој пеколен ден,си мислев ке го смени татко ми мислењето,можеби од шок зборел такви работи,но секој ден стануваше се попеколен,секој мој чекор почна да е прекоруван...едноставно дома се чувствував како државен непријател,терорист и сл ....Си помислував зарем толку ги разочарав моите родители со тоа што сакам да имам свој живот,семејство?Се на врв дојде кога пред некој ден од никоја причина моите почнаа да се закануваат со тоа кој ке одберам дали нив како родители или мојот дечко со кој според нив немам никаква иднина?КОЈ ПЕКОЛ!!!!!!Дури добив и ултиматум од неколку дена да сум размислела дали ке си одам кај дечко ми или ке останам со нив!!!! Сигурна сум 100% дека ке бидам срекна со мојот дечко и не сакам да се разделам ниту од моите ниту од него.Ве молам за помош!!!!!!
^Во профилот ти пишува дека имаш 21 година?Ако е така, и покрај сите лоши зборови од страна на твоите, јас би ти рекла-седи си дома и почекај да стивнат работите,па да размислиш со ладна глава. Вакви животни одлуки не се донесуваат со притисок и на брзање. Можеби твоите се и во право,а можеби и не се?! Ама, подобро да почекаш и да не избрзуваш, одколку, не дај боже, после некое време како ,,покакана,, да мораш да се вратиш кај твоите и да им кажеш-во право бевте... Премногу си млада, зошто толку брзаш?
Се согласувам со Lola-M. Цел живот е пред тебе нема зошто да брзаш. А и семејството ќе е секогаш тука за тебе, било тоа на лош или на добар начин, тие секогаш го гледат најдоброто за тебе. Не знаеш што те чека во животот и можеби ќе бидеш изиграна од страна на дечко ти па тогаш каде ќе се вратиш? Не сакам сега да кажувам само негативни работи. Ти си знаеш најубаво дали те сака и колку те сака дечко ти за да го оставиш своето семејство и да заминеш со него. Ако го направиш тоа сега, вака скарана со своите родители и се омажиш еден ден ќе имаш потреба од нив. Затоа почекај малку, зборувај смирено и искрено со твоите родители и со дечко ти исто така и на смирен начин одлучете што е најдобро за вас. А и млада си уште, животот е пред тебе имаш време за мажење.
Од прочитаното , прво не ми е јасно како тоа се било ок , се додека сте се вериле ...?! па дали тие се надевале дека ќе раскинеш па глумеле дека е ок или што? Малку конфузна е ситуацијата ... Мајка ти , сигурно има страв од татко ти па затоа пред тебе радост , пред него - подршка (за него) Не знам ти и дечко ти можете сами финансиски да опстанете ? А друго, зошто не почекаш да се смират работите ... и да ја осознаеш целата вистина ...?
Не објаснив погоре работев во странство со непознати луѓе,нечиј дом,непознати градови,непознати држави,непознати јазици во кои ни моето совршено познаванје на Англиски не ми требаше,се по вина на моите кои ниту во еден момент не ми дозволиле да имам јас одлука,сепак не сум сакала да одам и не сум сакала да се расправам го направив тоа заради почит кон нив и за возврат добивам ултиматум или да останам дома или кај дечко ми,јасно ми е дека целата работа со работа во странство беше затоа што сакале да се фалат на работа каде керка им шетала но шетањето не носи леб на маса.Работењето со деца во туѓи фамилии во туѓи држави те тера да го запознаеш животот во цела смисла.А годините не се битни ако сватиш како треба да се живее животот.Сепак знам со каков човек сакам да си го споделам животот но од друга страна не сакам да ги изгубам моите кои во последниве 3 недели се безмилосни...сметам дека немаат право да се бунат зошто тие уште поголема грешка направиле во животот што се земале зашто мајка ми била бремена и биле помлади и од мене....но јас не сум и моите го знаат тоа.Но противењето нивно претходно го немало,баш напротив кога сме се расправале со дечко ми на моите им имам кажувано дека ке раскинеме јас и тој,но тие ме убедуваа да не го правам тоа.Зошто сега одкога ме побара дечко ми се противат,воопшто не ми е јасно.
Знам и мене ми е збунувачка целава ситуација,финансиски сме стабилни,парите не се проблем.Неговите не се свекор и свекрва што би ти го уништиле животот.Кога им кажавме на нив се израдуваа и почнаа да се јавуваат по телефони да се испофалат...едноставно славеа.Но моите како покрај сето добро се крајно разочарани.
Па добро и со него можеш да одиш да работиш во странство, мислам ако имате можности? Велиш дека финаниски сте стабилни па не ја гледам причината зошто родителите се толку непријателски настроени кон оваа работа. Можеби тие пропатиле повеќе во животот, како што кажа и сама, млади се омажиле, па не сакат и ти да го поминеш истото. Не знам што друго би било причина за оваа несогласување. Седни зборувај со нив, прашај ги која е ВИСТИНСКАТА причина за несогласувањето.
До сега немаме таков проблем.И моите се согласуваат за нас , и неговите Но со бифшиот дечко не се согласуваја моиве,и покрај се јас бев со него и што направивме,ме изневери и си замина. Арно ми викаше мама дека не е за мене,ама кој ја слуша?! Сега си ја слушам и кога ми вели дека тој е вистинскиот,знам дека е тој
the same И јас за со бившиот војни водев со мајками и ја убедував дека е тој вистинскиот и се држев до тоа некои 2-2,5 год. и за на крај д аме изневери Али за сегашниов мислам дека го сакаат па дури и повеќе и од мене и он кај мене и јас кај него сме супер прифатени
И јас имам таков проблем со родителите. Значи имав дечко, имавме многу добра врска која што траеше преубави 4 месеци, не се каравме ни ништо. Едвај чекавме да се видиме, како да не сме се виделе со години така се чувствувавме, како што поминуваше времето се повеќе се заљубувавме... Но.. Единствена пречка беа неговите родители кој што се противеа на нашата врска и поради тоа што бевме различна националност... Се заканија дека нема да го финансираат и одлучив дека е поубаво да прекинеме бидејќи ни јас ни он не работиме. Многу ми е криво што дојде до таму работата,а што е најлошо неможам да го преболам.... Незнам што да мислам веќе,ни дали постапив добро....
Колку и да звучи излитено, биди на некој начин благодарна што си се спасила од многу нервози. Фактот дека сте биле од различна националност не смееш да го занемариш, јас лично немам ништо против ваквите врски, ама сето тоа може да стане навистина комплицирано. Финансиите се уште една пречка. Не се нервирај, цел живот е пред тебе, ќе најдеш некој со кого ќе бидеш навистина среќна, без никакви пречки.
Секој има право на збор. ама некој да ми се меша во врската или во тоа што сум го наумила никако!!Мислам дека родители те е тешко да се задоволат...па за нив никој и не е доволно добар.