хм овие многу се мешат мегу нас... на почеток не ми сметаше мене многу,оти не ми знаецесе олку многу како сега(дечкоми) бевме само онака заедно од симпати и тоа.. но сега веке сме несто повеке,сопруг и сопруга на некој начин.. они многу му казуват него,ова не ми цинело она не ми цинело,засто така сум казала засто онака... премногу ме нервира тоа...он знае да застане на моја страна но не секогас(кога ке го изнервират остава се)...јас му казувам дека не сакам така,но он виика остави а сепак има несто сто и ги слуса нив не мене...му викам ако сме јас и ти тогас истото и ти направиго не само јас..бидејки јас веке оставив се за него,никој не слусам..али на него му треба усте од тоа време....сепак цесто се караме заради некој од неговите..тој ме сакам мене а тие сакат да бидам вака онака незнам сто..е тоа му казав дека се тоа да бидам така нема...некои ги прифатив али сите не..он се слози на сето тоа...али тие се мешат усте...хм усте малце па после ако биде се како сто треба ке си бидеме само јас и тој...
Ваков проблем сум немала до сега , мајками знае дека сум доволно возрасна сама да си ги решавам тие работи
Моите се мешаа и сеуште сакаат да се мешаат,ама не им успева,т.е. не им дозволувам Веќе не си земааат толку право да се мешаат,иако се лутат,повеќе мајка ми де,ама кога успеавме дотука да издржиме,можиме и натаму,пошто и тој сепак се трудеше,колку и да не признаваат...Знам дека можиме да успееме
Еднаш само се имаат мешано,меѓутоа само затоа што стануваше збор за нешто посериозно каде веќе мораа да се вмешаат. Како и да е,тогаш ги послушав зошто не ми ни беше нешто многу важно дали ќе останатм со дечкото.
Моите веќе го знаат, и сигурна сум дека знаат оти има нешто меѓу нас, но никогаш не сум им официјализирала, дека немам некоја голема потреба од тоа. Си се гледаме надвор, кога имаме слободно време, и никој не не задева. Неговите исто не знаат официјално. Намерите ни се сериозни, не е работата некоја ладенка, и нормално ако дојде време да им се каже се убаво, официјално, нивното мрчење сигурно нема да ми биде у корист, ни па ќе го прифатам ако нема причина да се мрчи. А не верувам дека би имало.
Засега можам да кажам дека ситуацијата е мирна, а се надевам дека вака и ќе продолжи. Неговите знаат - не издржа пустиот, си се испофали дека си фатил женска. Луѓето си се океј, по муабетот приметувам дека мајка му љуби да си се подзамеша со некој коментар од типот - Кога ќе ја донесеш Мишела на сладолед? - ама мајка како мајка, најверојатно се грижи. Поточно би рекла дека сака да ме запознае - љубопитство пред сѐ, па после сето останато, ама никако не би го класифицирала како класично мешање во врската, од типот да му ја полнат главата со свега и свачега за мене. Моите го запознаа пред извесно време. Одевме, ама нели бевме во тазе врска, па уште не бев сигурна за тоа како ќе се одвиваат работите и не им кажав дека сме всушност официјални, ма да мислам дека луѓето си ги подредија работите и си сконтаа, ама и не ми е гајле, немам 15 веќе одамна, така да знам дека не им смета воопшто, го познаваат прилично добро, па мислам дека не би им паднало на ум да ни се вмешуваат со разноразни коментари. А и познавајќи ме мене, не би се ни осудиле.
Неговите мене ме знаат одамна, зашто му одам дома, е сега незнам он што им кажува ама гледајќи не до сега сигурно сватиле дека не сме само другари. Па и другарка ми на мајка му зборела, аа еве ви ја снајката, чека надвор ,абе смешки. Од моите, знае само мајка ми, неодамна и кажав по втор пат, зашто еднаш прекинавме веќе, е сега не дека ми забранува со него, ама се буни што му одам дома, да не сум му одела веќе на што личело тоа, што ќе мислеле неговите за мене . Па што ќе ми бил дечко уште на 15 години итн итн, ама нормално е и ја сваќам, дури еднаш така индиректно ми рече беља ако направиш, ама само и реков дека знам да се пазам и замолче, иако незнам дали се разбравме баш. Т.е не знае само мајка ми, знае и брат ми, ама него не ни го рачунам, срце ми е, дури ме носел до кај него дома , а татко ми не знае и не треба да дознае, па и сериозна врска да имаме, не би. А ако почне мајка ми нешто ептен да се меша и да ми забранува, нормално дека ќе и се спротивставам а ако не бива, скришно и готово, не ќе си расипувам заради неа со него
Времето е сменато,денес децата од 11 години веќе знаат што е дечко па дури и симпатии си имаат,а не од 15-16...Ако си паметен и не правиш некои ствари кои не треба да се прават мислам дека би немало проблем...А родителите не треба да се лутат и да ни забрануваат.Еве мајка ми се омажила на 16 па што да речи.Ама се омажила само заради тоа што ја тепале и не ја пуштале да излегува...Сега знај и ми вика мене Ќерко не ти забранувам да имаш дечко секој има,ама кај и да одиш со памет,не сакам да не засрамиш мене и татко ти.И тато знај ми дозволува,а и момчето ми е мирно душа Значи со забранување и тепање иди до полошо само.. Саншајн мислам дека мајка ти нема право да ти забранува,има право да те подучува и да те наведе на добар пат.А и што ако бил сиромашен? Бог да чува .И во македонијава наша зар има некој богат,сите сне исти бре..Најважно е детето да биде чесно,да потекнува од добра фамилија,а за богатство ќе си работите и ќе си имате.Неможи мајка ти да очекува од тебе да бидиш со некој што го неќиш,што ако си со некој богат ако не си со тој што го сакаш?Секако сите мајки сакаат подобра иднина за децата ама па до толку да му ја уништуваш среќата на чедото мислам дека не е во ред
Ама тркалото се врти, тој што е сиромашен после неколку години може да биде и поуспешен од побогатиот. Кога е во прашање мојата врска(кога ќе ја имам), никогаш не би дозволила моите да ми се мешаат, секако штом моите не сакам да ми се мешаат, не сакам ни неговите да ни се мешаат.
Татко ви. Има секакви луѓе па и такви татковци кои не сакаат неговите ќерќи да имаат дечко уште на 16-17 год. Дали сте имале некое такво искуство ? Како сте изреагирале и како сето тоа поминало ?
Малце старовремско, а ?? Татко ми искрено не сакаше ни јас да имам, ама сега кога сум во сериозна врска, според него нема проблем. Дозволено. А за вакви забрани, мислам дека тој сеуште не и верува на ќерка си, или се плаши некој друг маж да не биде повеќе сакан од тој самиот. Знаеш дека керките се слаба точка на татковците нели.. Мислам дека нешто посериозно нема за причина
Јас ќе си пишам од аспект на мешање во бракот (и тоа е еден вид врска...официјализирана). Значи многу, ама многу интересен менталитет сме. Материјал за дисертација. Прво, пред да стапиме со некого во брак, родителите ни` се мешаат во врската. Ќе стапиме конечно во брак, ќе се испофалат на свадбата колку имаат и потрошиле (еј и нивниот ќеф е во прашање). Потоа животот на младенците полека но сигурно им го прават кошмар. Некогаш од материјален аспект (кој колку дал). Па споредување „можеше и подобро“ (не постои доволно добро за нивното дете). Па обременување на децата со кавги со сватовите (како во градинка „учителке, учителке Дарко ми рече дека сум крава“ ). Тек ако живееш во заедница ќе видиш мешање во брак за кое ако почнам, роман ќе стане. ********** Но, не само во бракот, нашите родители се мешаат и во разводот. Па како па зашто, па секако, па никако, набивање грижа на совест „шо ќе ми е мене животот каков/ва недомаќин/ка сум воспитал/а..од уста сум вадела за тебе да има, а ти куќи растураш“... еее секакви лудории сум се изнаслушала на темава, збирка треба да направам, бетер од Цепенков ќе се прославам. Па лудила глумење, не-зборење, а у критични случаи може и да му се слоши на некој сват. Како си можел/а тоа да СИ го направиш на нив? Тоа не е веќе само твој брак...шо си мислеше ти... Со чест на исклучоците кои се ретки.
И мене ми се мешаа на почетокот, не бил за менее, немал пари (пошо им кажував дека не ме частува често пошто не заработува мн) а и сега мајками знае да каже тој ми наредува, ми забранува, ке ме малтертира, ке ме тепал... јас никој не слушам
Никогаш родителите не ми се мешале во врска, тоа е мој избор и да згрешам секогаш ме оставаа самата да си ја увидам грешката.
mene moite ne mi dozvoluvaat da bidam so nego oti ziveel na selo, majka mi go narekuva selanec. Ako sum se mazela za nego ke me otkazele zasekogas, da sum birala megu niv i nego. Inace sram mi e da kazam 27 godini imam a mama mi go kroi zivotot. ne znam so da pram. a mojot t.n. brat me pretepa i ne mi zbora edna godina oti mu vilo ponizenje oti sum odela so selanec
Тоа е твој избор мораш ти самата да си го кроиш животот а не твоите.Добро може да ти дадат совет мислење но според мене тоа е погрешно.Прави како што ти вели срцето,Ако го сакаш оди со него!! Бидејќи како што кажа и сама имаш 27 години не си мала други да донесуваат одлуки место тебе.А и крај краева викаме дека секогаш родителите се со нас,но ти мора да го поминеш остатокот од животот со твојата друга половина. Со среќа од мене имаш голема поддршка.
Ucitelkaaa ако имаш 27 години немаат никакво право ова да ти го зборат. Aј да е некоја тинејџерка што лета во облаци, па да сакаат да ја посоветуваат..ама како може да си дава слобода мајка ти да ти го крои животот, и да го навредува? и како може брат да те истепа па 27 години имаш според мене ако го сакаш и ако знаеш и си сигурна дека има сериозни намери со тебе, тогаш подобро ти е да одиш со него но сепак немаш се детално објаснето, но според ова што го прочитав така мислам
Мислам дека се е минливо колку и да не прифатат еден ден секако дека ќе се навикнат дека нивната ќерка го сака тој маж и готово. Татко како татко не сака да си ја даде ќерката ама сепак таа има право на избор и да го избере момчето што на неа и одговара. Моите не сакаа да прифатат но на крај се си легна на брашното.
е па се запознавме на работа, се зближивме уште веднаш а јас почнав да развивам поинакви чувства кон него. По некое време започнавме врска и ете веќе 1 година и 8 месеци сме заедно. Пред скоро година дена мајка ми (срам ми е да кажам) ме прислушуваше додека зборав со него и му кажа на брат ми изгледа. тој вчлезе, ме претепа, не можев од под да станам. Ми го зеде телефонот му се јави на дечкото и секкао го изнавреди. мене ми рече да сум заборавела дека имам брат. А мајка ми пред една недела ми се закани дека ако сум заминела со ,,селанецот,, ќе ме откажеле во весник. за жал татко ми е мртов така што не можам да сметам на негова помош. А дечкото ми предложи брак и сега одговор.