Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на родителите во врската!

Дискусија во 'Врски' започната од blondie11, 13 јануари 2010.

  1. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Па мислам дека треба да прифатиш не заслужува 27 годишна девојка да биде малтретирана од страна на брат. Ако навистина се сакате и познавате прифати. :*
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Немој да се мислиш ако сметаш дека Човекот те сака и има сериозни мислења според тебе оди,а ете и веќе ти предложил брак.Да сум јас ако го сакам ич не се мислам,немораш да имаш поддршка од мајка ти јас што сум од град некогаш си викам поубаво ќе беше да живеев во село наместо во град.27 години зарем не си помислила на тоа да си имаш посебна фамилија,сопруг,деца... Среќно!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ucitelkaaa

    Ucitelkaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    devojkiiii konecno dojdov do vreme i moznost da ja soopstam dobrata vest-se omaziv :D
     
    На kim.k, LittlePinky, sadgirl21 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Честитки!
    Да сте среќни и вечни! :)
    А мајка ти и брат ти?Конечно прифатија или? :)
     
  5. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Ова "свекрвиве" цел живот на GPS да ги барав немаше да ги најдам толку! Читајќи ги горенаведениве коментари, сватив дека сите девојки ( скоро сите ) си го сносуваат овој проблем. Минатата врска што ми беше од 2 години со дечкото, иста прича. Издигната госпожа од новиов век, не приступачна, одбивна. Јас бев девојка која е "под" нивното ниво и нивото на синот. Арно ама он се спротиставуваше за мене.
    Сега имам дечко, не одиме долго, нешто помалку од година. Право мамино синче. Дваесет и кусур годишно мамино галениче. Жената на почетокот ме сакаше премногу. Како што иде времево, не го остава на мира без телефонот да му зазвони сто пати у рок од еден час. Гледам почна да и се спротивставува во врска со мене, дека интима, дека сака мир. Незнам што е со жената, има ли некој проблем или не, али без син и да дојде на време дома, она не може да си легне и да спие. Со текот на времето нејзиното сакање претставува страв од одзимање на синчето кое што мора да си го брише носот од нејзиниот фустан дур дише. Но, ако.. јас ќе продолжам да ја почитувам, ради него, ама не му ја ќутам ја многу многу. Така да си знае :)
     
  6. Ucitelkaaa

    Ucitelkaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8


    Не...и по месец дена ми се немаат јавено...како сосем да ме избришале од живите
    ама ако...се надевам ќе се смират
    фала за честитките
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако имате повеќе од 18 години и сметате дека дечко ви е добар човек за вас и се сакате искрено, почитувате и се едноставно ќе им кажете на родителите дека сте доволно возрасни да одлучувате за себе, и не сакате да ви се мешаат. Освен тоа вие сте во врска со него, а не тие. Ако вам ви одговара нема што другите да ги слушате. А ако неговите родители се мешаат и ако тој искрено ве сака ќе собере храброст да им го каже истото. НО понекогаш ако искрено збориме и родителите имаат право за некои работи, секако тие се родители и му посакуваат се најдобро на своето дете и нормално ако забележат нешто што не е добро ќе реагираат, но доста често и претеруваат.
     
  8. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Пред една недела фатив дечко. И кажав на мајка ми, и од тогаш немам мир. Секој ден психички ме малтретира. Ми вели дека бил селанец, не ми требало таков. А всушност дечкото не е од село, туку од населба. Но, за неа ако не живееш во центар - сељак си. Ми збори секој ден едно исто, да не сум легнала со него.. После немало никој да ме земе за жена. Додека разговаравме и посочив пример за едно девојче кое оди во основно училиште и до сега има сменето 20 дечковци, зема дрога... Значи, јас не сум таква, и нема што да се плаши од нешто такво. И мајка ми на сето тоа ми одговори: "Епа она има пари, и таква некој ќе ја земе за жена заради пари, а тебе?? " Ми вели дека веќе не сум ја сакала, веќе не сум била иста, цел живот сум глумела, штом одеднаш он ми станал толку важен, па и кријам од неа некои работи. И да и кажам нешто - секогаш најде начин да го изврти муабетот и да го каже на нејзе како и одговара. И да молчиш и да и кажуваш - не си добра. Пред некој ден излегов со него и дома се вратив во 2.. Од тогаш почна да вели дека само курвите се враќале дома во 2. Еве сега почнав да се враќам порано дома, надоцна до 00:30. Но, секогаш наоѓа причина за да ми каже нешто против, да ме навреди. Најтрагично е што не го знае дечкото. Толку е добар спрема мене, се гледа дека му значам. И сега не сакам да го шутнам заради мајка ми... без причина. Не знам што да правам. Сето ова нема никаква логика. Плус не сум некоја девојка која ги менува дечковците секој ден. Ова ми е прв дечко. Имам доволно мозок за да знам што треба да направам а и што смејам. Знам каде ми е границата. И без да ми каже некој, знам колку е важен моралот. Никогаш не сум и дала некој повод за да реагира сега вака. Имам супер другарки, одлична ученичка сум, на училиште сите професори имаат најпофални зборови за мене. Сакам да кажам дека не сум од оние проблематични. Според мене и најголем сељак да биде, важно е на мене да ми е добар. Важно ми е каков човек си, а не од каде си. Не може јас вечно само со друштво да излегувам и секогаш да бидам без дечко. 19 години, прв дечко и јас спаѓам во групата на "лошите девојки" ? Што мислите вие ? ;(
     
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    А јас со мојов си одиме што си одиме година и пол.
    Туку мајка ми пустата нејке ни да чуе!
    Зошто?!
    - Таа уште ни видено, ни ништо - ја наошкаа едни комшии што ме виделе дека бил понизок од мене, а што понизок - да беше огромна висина па да ми речиш, но за 4- 5 сантими се работи! (Што потенцирам мене не ми е ни најмал проблем.)
    Мир немам од тогаш! Ке ме правеле муабет, ке не сум можела штикли да носам, бил ваков, таков, бла бла и најглавен проблем и е што ке речеле другите за тоа! Се нервирам многу кога ке ми направи таков муабет.
    Како не знам кој век да сме па ке гледаме ке се сакаме ако сме високи, ниски, божее..
    Ама го сакам, и не се откажувам.
     
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Моиве така така. Мајка ми го засака да кажам, а татко ми се уште мрчи нешто ама не го перцепирам воопшто. Јас си одам со него, не они. Не ме интересира дали и другите ќе зборат или нашите и крај на дискусијата. Мајка ми е таква сака све да знае, кај е што праи, дали сме се виделе, ако има проблем одма да дознае што е за да ми помогнела, ама многу ме нервира тоа и не и кажувам зашто моја врска си е- ако има проблем ја ќе си го решам. Нема што она да ми се меша. Си има нејзин брак тоа нека си го гледа :lol: ама па стварно е така.
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Жената еднаш ме има видено во животот и тоа на 10 минути а полна е со предрасуди :| не сака ни да слушне да бидам со нејзиот син, не сум била јас девојка за него, можел да најде 100 пати подобра, никогаш немала да ме гледа како нејзинаа снаа и незнам што не :(
    Се уморив веќе :sweat:
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    E vakvite iskompleksirani sustestva se najteski. Dali znaes koja e pricinata ?Mislam deka te imam citano i tvoite deka ne se soglasuvaat. Neznam sto da te sovetuvam osven koga ke se zemete da si ziveete nastrana od niv. I normalno decko ti da te podrzuva sekogas.
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски

    Моите не дека не се согласуваат туку татко ми на секое мрчка |( нормално како и секој татко кога неговата ќерка е во прашање
    Мајка ми многу го почитува и сака, доволно и е тоа што јас сум среќна со него.
    Дечко ми ме подржува и сеуште сме заедно иако мајка му не пропушта шанса да го пецне за нешто :^)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Moite pa voopsto ne ni se mesaat vo vrskata,se trudat da ni pomognat na sekoj nacin. I so negovite nemam problem,majkamu ne me deli od kjerkite, me kani da odam so niv,sto kupvit za niv kupvit i za mene,ja pocituvam zenava i mislam deka super ke se slozuvame,a tatko mu pa dusha coek e,on ne se mesha vo nisto,samo smeshki prajt i gleda da ne raspolo :inlove: zit
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Не ми се верува дека постојат вакви луѓе што би промрчиле за тоа дека дечкото бил понизок, или подебел, или каков и да е. Како е си облекла штикли? До штикли ли дојде работава, мајку му?!
     
  16. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Дечки во последно време мојата мајка почнува многу да ми се меша во врската. На Почетокот со дечко ми си кажавме дека нејќеме запознавање со родители и слично, оти и двајцата имаме искуство од предходните врски, секако се додека не прерасне во нешто посериозно.
    Јас со мајка ми и сестра ми сум блиска па им кажувам така, смешки што ни се случувало и слично. Таа почна цело време да ме замара да го запознаела, да дојдел кај нас, го додава на фб.
    Што беше врв на се, синоќа(јас излезена со колешки од факултет, на студентска), таа ми се јавува и ми се дере на телефон во 1 дома да сум била, ако не сум си дојдела до тогаш да не си ни доваѓам дома :fubar: , што ќе кажел тој, ќе ми се налутил(далеко од тоа, тој си излегува сам и јас си излегувам сама). И не можам никако да се расзберам, ми пукна филмот синоќа што ми се меша во врската ако сакам јас ќе се карам, ако сакам ќе се простувам, што ја гајле неа.
    Незнам што да правам... :@ :@
     
  17. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Бог да чува и да брани. Да беше голема разликата, секако и јас би размислила.. Попрво, со онаков карактер и парирање, ни тогаш не би ми пречело. Не знам, нервози ми набиваат. Ама секако, упорност, па се надевам на добро. :)
     
  18. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    Моиве повеќе го сакаат од мене и обратно хахах... татко ми е најгорд на свет зашто сум "направила добар избор" се гледало од авион дека се сакаме и сме си одговарале. Секогаш ни кажува како се во животот ќе си дојде на место ако постои љубов :) Така да кога ќе видат вашите дека сте среќни и дека вам ви е убаво, а на крајот само тоа ќе им остане битно :*
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Фала му на господ што јас до сега не сум имала ваков проблем.Мајками секогаш ми посакува се најдобро со него.Е сега за во иднина незнам недајбоже нешто такво да се случи :| :|
     
  20. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    ахх...мене на пример ме нервира што мајка ми секогаш е статус кво...значи неа никој не и се бендисува, ќе кажам за дечкото и она одма фаци ми прави, одма нешто мрчи... пример со претходниот не и одговараше, не и се допаѓа зет ми на сестра ми (и на мене, али нејзе ако и е убаво тој е..) и сега со сегашниот одам речиси 2 години она сеуште не сака, не знае да каже некој убав збор...се само оној твојон, оној ова она... Ужасно не го сакам тоа нејзино однесување и ужасно ме нервира...али мајка...таа е...неможеш да ја промениш...но на моменти посаквам да биде малку потопла, по современа а не некој застарен конзервативен тип! :|