Пред некое време шетав со мајка ми.Пред нас помина една кола и викам мамо колава е како што имавме порано.И она ме глеаше некако чудно и ми викаше дека сме немале таква кола.После некое време се сетив дека беше сон. Друга случка беше кога и реков дека во бутикот кај нас пред зграда имало убави сандали.После се мислам и ми текна дека само сонував ако има некој ваква ситуација нека каже како се решава
Многумина го споредуваат тоа со дежа ву.. И мене ми се има случено да се пронајдам во некој момент,што мислам дека веќе ми се има случено,дури знам и што ќе биде мојот нареден збор,потег... Викаат дека сум го сонувала претходно,но никако неможам да се сетам на тој сон :/ Чудна работа хахах
Ми се има случено да се досетам на нешто и да незнам дали тоа сум го направила во реалниот живот или на сон
Јас еднаш толку реален сон сонував дека сум бремена,дури и со дечко ми на телефон нешто муабетот одеше, како си денес ова она-ама и он дали дека по сабајле поспан така како збунет звучеше..., потоа кога станав, се измив,се облеков, и кога седнав да појадувам татко ми неможев во очи да го погледнам.Додека татко ми упорно не иницираше и ме прашуваше што ми е па што ми е, жива среќа што не треснав глупост од сонот, да не се насмееше човеков-да не удреше на шала, немаше да сватам дека тоа всушност било сон. Никогаш нема да го заборавам тоа,толку реално аааухх
Да и мене ми се има случено тоа. Сонот да е току реален па се мешам да не ми е сеќавање. А некогаш тоа што сум го сонувала го преживеам
И мене ми се има случено ова еднаш. Сум сонувала како станувам од спиење, одам се мијам, седнувам јадам итн. И после сфакам дека сето тоа сум го сонувала всушност. Толку беше реалноо
Хмм, мене пак ми се нема случено ова, но периодов се` почесто ми се случува токму обратното. Дури и кога сонувам, некогаш, во самиот сон сум свесна дека не е реално и не ретко во сонот се штипкам или удирам за да се разбудам. Забегав од топлово јбг.
Мене пак нема ми се случено вакво нешто, но една работа од пред ,многу години, незнам дали беше сон или реалност..
Ноќеска се разбудив во 20 за 5..Не го паметам сонот не знам дали воопшто сонував нешто..Паметам само дека видов до креветот мој човек со прљаво бело ќебе покриен и сум викала на цел глас..Станав преплашена со пискотници..Многу се преплашив...Досега ми се има случено да викам во сон да мислам дека викам по мајка ми ама само во сон..Ова прв пат ми се случи..Ако знаете што значи ве молам пишете ми ...Фала
Постојано ми се случува да мешам сонови со реалност. Колку пати не знам нештото дали се случило на сон или на јаве и се чувствувам како побркана. И плус како дете кога ќе се разбудев од сон (лесно спијам) веднаш бев целосно будна и не како други деца, да бладам, да сонувам сеуште, да не знам кај сум, туку веднаш се будев и бев трезвена. Интересното е што кога пораснав и да не речам најмногу последниве 2-3 години јас кога ќе се разбудам буквално не знам кај се наоѓам. И пола разбудена сум пола спијам и сликите од сонот ми се проектираат на јаве и се имам многу пати исплашено. Или ќе ми се види некој до мене дека седи или нешто во далечина сомнително се случува или предметите се движат и на крај кога ќе се разбудам гледам всушност дека само сум сонувала. За мене лично ова некогаш знае да биде проблем.
Мене ми се има слуцувано да сонувам работи што ќе се случат ама не онака како што ќе ги сонувам туку пр. сонував - поплава до 4 кат - се случи - поплави, цунами ама нзз каде беше(тоа лани или полани) сонував - кола згазила дете накај школо - се случи - имаше снег на патот и одевме накај школо и оп ете ама среќа ништо не му беше на детето си стана и си отиде и сето тоа се случуваше 5-10 дена после мојот сон имаше и други така ама не ми текнуваат сега
Ми се случуваше во последно време да спијам и да се будам нагло да викам по мајками, тоа ми се случува кога гледам пред мене плакарот и како на плакарот ми се создава некој лик делува премногу реално. Сега пред два - три вечера ми се случи да спијам и да викнам сум викала "ама мамо јас на ништо не се сеќавам, незнам која сум каде сум јас" и одма се враќам на спиење. Делува многу реално пошто се сеќавам да е сон или дежа ву не би му придавала значење, и вака не му придавам. Многу чудно и порано ми се има како мала случувано и сега како постара секако... Незнам како да го објаснам ни да го толкувам.
Ми се случува понекогаш. Не знам дали оваа е за овде но, понекогаш додека сум будна имам некое чудно чувство дека можеби сонувам...
Ми се случува понекогаш, како на пример, незнам дали сум се смирила со другарката навистина или било само сон хахах
Еее феминки ми се случи и обратно. Си седев јас на ФЗО заради женски проблеми и како никој да не ме забележуваше. АМА НИКОЈ! И така седејќи си помислив дека сум невидлива прво После си реков чекај бе јас сонувам нема шанси да сум невидлива, си помислив дека е луциден сон. Земав си ги бројам прстите Па погледнав во часовникот На крај се сетив и да се штипнам. Еднаш, двапати и чувствувам ме боли После си се изнасмеав сама на себе