zdravo .. .. jas sum od skopje i imam 17 godini vo april pocnav da pisuvam so eden decko koj isto taka e od skopje no rabotii vo germanija i ima 22god i se doopishuvavme znachi sekoj den i toj mi se javuvashe i se taka i edvaj cekav da dojde .. i toj dojde vo juni i se vidovme ednash ama eptn na kratko i od togash pochna da me izbegnuva .. i da ne mi se javuva i nishto ne se sluci i ne mi pishuva na msn i jas mu pisav poraka zoshto taka napravil no toj nishto ne mi pisha .. znachi izgubivme sekakov kontakt ..jas neznam zoshto taka napravi ..epten mi beshe krivo zatoa shto chustvuvam neshto povekje za nego .i taka celo leto pomina go imav videno 2 3 pati i nishto ..i sea pred 2 3 nedeli jas mu pishav na msn i go prashav zoshto taka postapil i toj mi kaza deka i samiot neznae zoshto taka napraviil i deka nema nikakov razlog za toa sho go napravil .. i sega ponekogash pishuvame na msn i trebashe da izlezeme ovaa nedela i rece ke mi pishe .. neznam shto da pravam pomognete mi ..sho mislite zoshto napravil taka (( [mod-kirilica:17njqu9h][/mod-kirilica:17njqu9h]
... Како прво овој насловот треба да има име,а не три точки, второ се пишува кирилица и трето не требало цела тема за овој проблем да отвараш. Инаку во врска со проблемот излези и види се со типот ако ти предложи, одете на кафе и разговарајте.. Ке видиш понатаму како ке се одвиваат работите..
... Најверојатно се разочарал од првиот впечаток. Сте се виделе еднаш, очекуваш за жена да те земе? Можеби не му се допаѓаш и тоа е тоа.
... А да го заборавиш? Да не му пишуваш, да не го бараш... Ако почнеш да му недостигаш - ќе те побара сам. Мал не е. Не трчај по него, мажите баш и не обожаваат кога некој ги притиска.
... И јас не знам што си очекувала??? Ти ветувал ли тој нешто?? И како тоа ти се молам успеа ти да се заљубиш само преку допишување? Мое мислење е да не цимолиш и да не мислиш на него, зашто и онака поголемиот дел од времето не е овде, за промена излези во град и остварувај вистински контакти.
... Ништо, помири се со фактот дека нема ништо да биде од вас и готово. Зарем би сакала таква врска, да се гледате преретко скоро ич? Ништо е тоа, само ќе се нервираш и ќе патиш. Најди си дечко од твојот град и бидете заедно кога ќе посакате вие, а не кога ќе ви се даде услов.
... Mомците треба малку да се помачат,не треба девојката да се пика!Aман!Sигурно не му се допаѓаш.Pа нема врска,не е крај на светот,ќе има друг дечко. Sамо не ми е јасно што очекуваше? Iнаку во врска со кирилица и латиница,јас сум навикната на латиница.Aма се трудам,а кој не сака немора да чита...
... Не е за кој сака нека чита ,а кој не немора, туку се работи за правилата на форумот А да не бидам оф топик во врска со темава .......
... Излегувај, шетај и уживај бре девојче, што си запнала по тој дефинитивно не му се допаѓаш штом така сте изгубиле контакт а и запознавање преку интернет, фб и допишување на мсн според мене е многу проста ствар!
... штом сте се допишувале долго и секојдневно,и слушале по тел, значи имало некои платонски чуства,платонска лубов мегу вас.мегутоа штом дошол сте се виделе само на кратко и тој после те избегавал треба да ти е јасно мислам дека не си му се допаднала.тоа не мора да значи дека ти не си симпатично,убавко девојче или харизматично.може си екстра девојче,ама ете не проработила хемијјата мегу вас.едно е преку компјутер а друго е уживо.и нема што даа ти е нејасно и што да го прашуваш повеке зашо така постапил,немој да му се понижуваш.излези и најди си некој друг кој ке знае да те цени.а од кај знаеш,кога ке му го свртиш грбот и престанеш да му обрнуваш внимание може па тој да почне да те бара.е ако и тогаш го нема значи треба стварно да дигнеш раце од него.
Е не е ист човек на слика и во живо. Го знаеш она: Вака не сум убав ама ме видиш на слика... Јас не велам дека ти не си убава, напротив сигурна сум дека си убава, но ете можеби не си му се допаднала на човекот. Ах, каде отиде она време каде единствено нешто за комуницирање беше поштата и фиксниот телефон. Пуштам солза во име на тоа
Тања кажа најубаво во својот пост...Инаку не е важно на кој начин ќе се пронајдат двајца и ќе се запознаат и дали се од исто место или се раздалечени километри и километри...важно дали меѓу нив ќе се развие љубов.Остави го не го барај...ако треба да се видите пак и да се случи нешто ќе покаже времето.И нормално ќе те побара сам ако сака.
Јас мислам дека човек на мсн не можеш да го засакаш затоа што не знаеш кој е и каков е, може тој да не ти се претставува таков како што е. Те повредило тоа што те одбил и сега си се загреала за него. Остави го ако сака да има нешто со тебе ќе те побара, ако не па крај и краева не е последен на планетава.
Оф мори мајко...е аман де,не е ни прв ни последен,еден ден ке се смееш на ваквото размислување.Како и да е,од она што го прочитав од коментарите апсолутно се согласувам со девојките,едноставно не си му се допаднала и тоа е тоа,што треба да правиш сега?Јажето околу врат и готово нема живот за тебе??? Абе ајде....со какви маки се соочуваат луѓето а ти у несвест паѓаш за некоја глупост. Мила моја излези,дружи се јас сум сигурна дека ти си прекрасна девојка и остави да најдеш некој кој ке ужива во твоите квалитети,некој со кој ке проструи взаемен флуид,некој кој освен ти што ќе бидеш среќна што си го видела ,тој уште повеќе ќе се радува на фактот што те видел,ме сваќаш што сакам да кажам нели?...
Едногласни сме сите-не си му се допаднала! И треба да го сфатиш тоа уште со првиот игнор после вашата средба! Имаш 17 години и треба некои работи да ти бидат јасни,нели? Штом не реагира на твоето наметнување и иницијатива за наредни средби значи не си тоа што тој го очекувал! батали го дечкото, барај некој друг што наместо со игнор ќе те опсипува со внимание!
Ми треба и мене помош околу оваа тема... се мував со еден тип од исто школо значи случајно испадна се , он ми пиша на фб, ми се пушташе и пред две недели се дог после часови да ме чека и тогаш се смувавме. После 1 недела пак испадна да излеземе на исто место пак ми се пушташе во текот на вечерта и на крај коа си идевме ме залапа. Вечерта на мсн зборевме се беше океј и на крај ми рече да сме прекинеле одредено време да се муваме за да видиме шо како со чуства и после отиде да спие. Утредента бивш муватор од септември ми пишува у инбокс на фб као можеше да се муваш со братучед ми брао! Ја изненадена целата незнаејЌи дека се братучеди почнав после тоа да се карам со бившиот муватор шо го интересира шо ми се меша и шо му смета коа ние одамна прекинавме да се муваме (а пред скоро месец он сакаше демек пак со мене али ја го откачив) и после тоа ''сегашниот'' муватор ми пиша као сум можела со двајцата, као не ми било срам, сум го разоЧарала.. и се искл. После тоа му се јавив јас али ништо не напраив со тоа само ипак ми рече дека го сменил мислењето за мене и на некој начин ме откачи. После ова јас му изнакажав се и сешто на бившиот муватор и на крај го избришав и од фб и од мсн. И он изглеа се му кажал одма на сегашниот муватор и он ме избриша од фб и мсн.. во пон требаше да праам муабет со него и се дог али на одмор али после тоа и кажал на другарката дека не сака и немал он шо да праи муабет со мене. Се обидов пак истиот ден да зборам, али не успеав. И така ни вчера ни денес не зборев... а денес се видовме само на крај на часови одалеку. Криво ми е само што ептен МНОГУ ми се засвиѓа и поради бившиот муватор шо испадна дека биле 1 братучеди и којзнае шо му зборел на тој од љубомора шо ја го откачив нема ни другари да останеме и нејќе никако да збори со мене.. сакам да расчистам се али незнам веќе како.. знам и дека испаѓа дека трчам по него али неможам да остаам така нерешено.. поради глупиот бивш муватор неможам! Некој совет како да постапам..?!
^ Се гледа дека е лут и дека не ти верува. Не вреди да трчкаш ти по него и да го убедуваш. Дај му време да се смири, можда подоцна (ако сфати дека погрешил во врска со тебе) сам ќе те побара.
пред некој ден решив се да му признаам.. но се на добро, колку ми значи колку го сакам и колку ми недостасува. ама далеку е и му написав порака на интернет на фб. и од него ни трага ни глас, ме игнорира ништо не ми пишува и кога е онлине ништо ко да не постојам веке, а пред да му признаам се имавме добар однос а сега што е работава. јас ли сум крива за ова игнорирање? се прашувам дали можеби претерав, но се искрено му казав? Тешко ми е .. не знам веке што да мислам ке полудам главата ми е полна со разни размислувања .... совет?
па не знам, не верувам затоа шо пред тоа пак му покажував ама се некако одокулу, како на зафрканција и он ми вракаше така, ама имавме и некои озбилни теми отварано во врска со тоа имавме зборувано ама никогаш нешто сериозно во врска со нас. И јас ни две ни три еден ден се му признав дека имам чувства кон него и еве ништо не ми врака сега.. и си мислам дека е крај, штом му го кажав ова се одалечи ме игнорира не ми пишува ... сега веке не ни очекувам дека ке направи нешто. тешко ми е ама не можам да се окривувам самата.. Јас му кажав и сега што ке биде нека биде.