1. Немам баш. 2. Немам коментар за таквите. 3. Да. 1. Што би променила кај себе? (карактерно и физички) 2. Какво мислење имаш за турбофолкерите? 3. Дали на фејсбук објавуваш многу фотографии?
1. карактерно : мрзата , физички : боја на очи 2. немам некое посебно мислење али сега за пари е повеќе него за музика 3. немам фејзбук го избришав пред 3 години дали некогаш имаш поминато 24/7 без спиење? кој е последниот филм што го изгледа? кое време стана денес ?
1.Не бре цела недела без спиење? 2.Последен филм, „Easy A“,мислам беше 3.Во 7h 1.Kaко го помина летото? 2.Кој е твојот омилен коктел? 3.Кое е најубавото женско име по тебе?
1.Прекрасно. 2.Па немам омилен, сите ми се омилени. 3.Катерина. 1.Дали ти се допаѓа твојот карактер? 2.Беше на одмор? 3.Дали сакаш маченца?
1. Да. 2. Бев на одмор. 3. Не сум љубител на мачки,но слатки ми се. 1. Што носиш кога одиш во клуб? 2. Што најчесто пиеш кога си искочена со друшство? 3. Дали имаш fuck friend?
1. Во клуб не одам, освен ако не сум на роднеден Тогаш носам некоја комбинација од фармерки или кратки со некоја типска маичка или евентуално фустанче 2. Нес кафе, докторс или чеден чај 3. Ајдеее, не, мала сум за тоа 1. Дали би била во врска со некој што многу го сакаш, ама не знае да те цени? 2. Како се ослободуваш од минатото? 3. Се пронаоѓаш ли во песни?
1. Не , зашто нема поента да се продолзи со тоа . 2. Не се ослободувам од него , сакам ама не можам . Живеам со минатото и во него . 3. Да . 1. Што мислиш за луѓето кои се обидуваат да си го среат животот , но за до остварат тоа го несвесно уништуваат животот на своите блиски ? 2. Која е личноста во твоот живот во која имаш најмногу доверба ? 3. Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш ( или што си веќе , за оние кои веќе се возрасни ) ?
1. Хм.. Па,мислам дека треба да се изнајде начин за средување на кој би се избегнало уништувањето на туѓите животи,не знам... 2. Мајка ми и баба ми. 3. Ех,да можев да бидам музичар... 1. Дали жалиш за некоја твоја постапка во минатото? 2. Дали тераш инает дури и тогаш кога не си во право? 3. Што според тебе е најважно во животот?
1.Да 2.Па порано да,а сега се обидувам да се контролирам 3.Љубовта 1.Емотивна ли си? 2.Каде сакаш да одеш на одмор? 3.Омилено годишно време?
1.Да 2.Калифорнија 3.Зима 1.Омилена песна? 2.Дали имаш некаква фобија? 3.Која е твојата животна желба?
1. Black Veil Brides - Let you down 2. Да.. 3. Засега неможам да одлучам, бидејќи имам мн желби, но еве ке одвојам неколку, а тоа се да имам семејство, да сум вработена шо е најнормално, итн.. 1. Кој музички бенд ти е омилен? 2. Дали имаш омилен пејач? 3. Дали беше на одмор и каде?
1. Maroon5 2. Да, Justin Timberlake 3. Не. Дали сакаш да читаш? Која ти е омилена боја? Дали поцрне летово?
1. Па,и да и не. 2. Црна. 3. Не 1. Кој жанр на филмови најмногу ти се допаѓа? 2. Омилен филм? 3. Која држава би сакала да ја посетиш и зошто?
1. комедија 2. имам многу филмови што мислам дека се убави ама немам некој омилен .. 3. Англија , дека е средена држава Омилена книга ? Јадење што си го јадела како мала а сега не? неостварена желба ?
Шеќерна Приказна Бурек и спанаќ Да го измислам сама дизајнот на мебелот во мојата соба Која мислиш дека е твојата идеална професија? Дали се сеќаваш на твоето рано детство? Која ти е омилена серија?
- Доктор . - Даа... - Немам омилена серија *Како се гледаш во иднина ? *Омилена Книга за читање , и зашто баш таа? *До која возраст би требало веќе да знаеш што сакаш да правиш во твојот живот?
-Некаде далеку од овде... -Ивона што ја нема-Велко Неделковски,бидејќи е многу мала книгичка,кратка и јасна. Малце се раскажува,а всушност премногу.Се чита најмногу за 1 саат. -Па што знам..најверојато за година,две... 1.Која е твојата најголема маана што најмногу си ја заприметуваш? 2.Дали и колку си блиска со твојата мајка? 3Што правиш во животот,со што се занимаваш?
-.Перфекционист сум. -Да,доволно блиска. -Со музика би рекла,најверојатно. 1.Дали сакаш да се лакираш? 2.Дали си имала дечко до сега? 3.Дали си емотивна личност?
1. Да 2. Што беше тоа дечко? Неее. 3. Во последно време не, учам да ги контролирам чувствата. 1. Кој ти е омилен парфем? 2. Дали слушаш рап? 3. Дали имаш расипано телефон до сега?
1.Instinct црвениот од Авон ми е бр.1 овој период 2.Хмм не обожавам но кога сум во такво друштво слушам 3.прашањево мислам дека ти е за телефони да имам расипано 2-3 до сега 1.Кој ти е најубав момент од оваа лето кој нема да го заборавиш ? 2.Прочита ли некоја книга летово и која ? 3.Со кои феминки си најблиска овде на фемина ?