1. Не 2. Да 3. Тренинг 1. Омилен глумец? 2. 3 најубави моменти во твојот живот? 3. Кој прв би те побарал ако го исклучиш телефонот и никаде не се појавуваш една недела?
1. Дензел Вашингтон *Training Day* 2. Било што со тато и мама ... 3. Тој што најмалку сум очекувал. ------------------ 1. Сакаш ли кучиња? 2. Сакаш ли да се иселиш од државава? 3. џа или бу?
1. Да 2. Да 3. Бу 1.Ако можеш веднаш да отпатуваш некаде без план, каде би одел/одела? 2. Кој ти е омилен начин да го поминеш слободното време кога сакаш да се опуштиш? 3. Кој те повредил најмногу во животот?
1. Некаде каде што само врне дожд. 2.Чогирање 3.Самиот 1.Да има златна рипка што исполнува желби како во бајките кој три желби сакаш да ти ги исполни. 2.Да немаше луге што би правел/ла. 3.Да беше Адам или Ева дали би пробал/ла од забранетото јаболкото.
1. Бесконечно здравје за мене и за најблиските и најсаканите; Апсолутен спокој и мир; Искрена безгранична љубов. 2. Ќе се дружев со животните, и супер ќе ми беше. 3. Веројатно да, љубопитна сум. 1. За која личност во твојот живот целосно би се скршил доколку го снема? 2. Која е твојата најголема тајна? 3. Дали си излажал за нешто и длабоко се каеш?
1. Мм. 2.Тајни не се кажуваат. 3. Не. 1. Колку често помислуваш на некоја неостварена љубов? 2. За што најчесто мечтаеш? 3. Што сакаш најмногу во животот?
1. Sometimes.. 2. За светски успех 3. Радост и мир 1. Во кој лик од книга или филм најмногу се пронаоѓаш? 2. Карта во еден правец за..? 3. Какво мислење имаш за себе?
1. Во таа од аватарот. 2. Бора бора/Хаваи. 3. Скромно, just living my life and loving my people. 1. Која е најважната личност во твојот живот? 2. Кога ти беше првиот бакнеж? 3. Кое ти е омилено животно?
Во четвртокот. Дали си член на форумов за забава и разонода или за совети или пак некоја друга причина?
Да. 1. Во кој момент си се осетил/а најзасрамено во живото? 2. Кога би можел/а да го вратиш времето и да смениш една работа во минатото што би променил/а? 3. Да знаеш дека утре ти е последен ден а можеш да го поминеш со една личност само која личност би било тоа?
1. Штом не можам да се сетам значи немало таков момент. 2. Би поминала повеќе време со некој што сега веќе го нема. 3. Со ќерка ми. 1. Ако имаш непресушен извор на пари каде на светов би живеел/а? 2. Ако можеш да смениш една работа во твојот живот што би било тоа? 3. Што значи за тебе успех?
1. Најверојатно Јапонија, но многу често би патувала 2. Да сум поотворена и со повеќе самодоверба 3. Да си среќен каде што си во животот и да не го менуваш за ништо друго 1. Топ 3 држави на bucket list каде што не си бил/а? 2. Дали си среќен/а со животот моментално? 3. Која супермоќ би ја одбрал/а: летање или дишење под вода?
1. Па 90% од светот али ајде ќе одберам три кои сакам да ги посетам. Ирска, Шкотска и ајде Аргентина нека биде од друг континент. 2. Па да, секогаш може и полошо. 3. Летање дефинитивно, се надевам ќе се реинкарнирам како птица во следен живот (само не петел или кокошка). 1. Да мора да слушаш само три музички артисти (групи) до крај на живот, кои би биле тие? 2. Лево, десно, центар, како се дефинираш политички/идеолошки? 3. Дали повеќе се плашиш да не изгубиш некого или да не се врзеш премногу до степен на опсесија?
1. Eminem, Arctic Monkeys, Sean Paul. 2. Лево. 3. Да не изгубам некого. 1. Каде последно патуваше (надвор од земјата)? 2. Што те прави среќен/на? 3. Која е твојата најголема мотивација?
1. Грција 2. Дружење со моите најблиски луѓенца, доброто здравје на моите дома, помислата дека утре немам никакви обврски и дека можам да спијам до кога сакам, гледање филмови и серии. 3. Поима неам, не знам ни дали уште имам таква. 1. На пуст остров си, бирај јавна личност со која ќе делиш и добро и зло таму. 2. Веруваш ли во реинкарнација и каде би сакал/а да се родиш следно? 3. Златна Малина на кој филм, а Оскар на кој би дал/а? Не од годинава, општо.