1.ноуп али би сакала 2.не баш али имам огромен број на личности кои ми се одбивни 3.половично 1.Што би направила кога некоја другарка има љубовен проблем од кого неможе да крене глава?(Како би постабила освен тешење?) 2.Кои се најзначајни промени во 21 век освен интернетот и технологијата? 3.Кое е полошо:недоразбирање или кавги со домашните?
1. Совети. Не можам да се мешам во туѓа врска освен да ја советувам другарка ми. 2. Луѓето се поголеми лицемери и безживотни суштества опседнати со зголемување на своето парично богатство. 3.Недоразбирање. 1. Дали имаш дневник? 2. Книга со длабоки мисли и добар писател или неверојатна авантуристичка мистерија? 3. Имагинација или реалност?
1.Да 2.Книга со длабоки мисли и добар писател. 3.Имагинација 1.На патување сам или со некого? 2.Веруваш ли во судбина? 3.Каде би сакал/а да живееш?
1. Зависи од ситуацијата, може некогаш во иднина ќе сакам да одам сама, а и може со некого, зависи. 2. Не. Мислам дека нашите постапки влијаат на тоа што ќе биде во иднината, а не судбината. 3. Си го сакам Скопје најмногу, ама би сакала во Минхен. 1.За кој фудбалски клуб навиваш ? 2. Што правиш во слободно време ? 3.Кој ти е омилен спорт?
1. Bayern Munchen honey 2. Играм. 3. Фудбал. Одбојка. Кошарка. 1. Што мислиш за мене? 2. Дали постои некој од форумов кој ти недостига? 3. Дали се сметаш за убав/а и ако да,дали си нарцис?
1.Дека си добра мила личност 2.Па и да и не. 3.Се сметам и по малку сум нарцис. 1.Дали читаш книги? 2.Дали гледаш турски серии? 3.Омилен школски предмет?
1.Да 2.Не 3.Англиски :geek: 1.би прифатила ли да пееш на школски настан? 2.што правиш кога те болат сите заби(освен апче)? 3.обожаваш ли кисели краставички?
1.ако знаев да пеам убаво,би прифатила. 2.па сите заби не ме болеле никогаш,но кога ме боли заб легнувам и се вртам на таа страна каде што ме боли забот и потоа одам кај стоматолог. 3.НАЈМНОГУУУУУ!!! Прашања за девојката/момчето под мене: 1.Дали сакаш да си го промениш карактерот? 2.Дали си избувлив/а,брзоплет/а и со тоа случајно ги лутиш твоите другари/ки и домашните? 3.Дали се каеш за некои грешки кои си ги направил/а во минатото?
1. Не 2. Не 3. Да 1. Дали сакаш виткана коса? 2. Во кое време би сакал/а да живееш? 3. Најдобар женски глас?
1.Да 2.За време на ренесансата и по Втора Светска војна 3.Amy Lee и Anneke van Giersbergen 1.Треба ли да сме внимателни кога и што посакуваме? 2.Дали се чувствуваш дека си во погрешно време на погрешно место околу погрешни луѓе? 3.Како би си го подобрила животот доколку би била незадоволна со него?
1. Да 2. Не 3. Зависи од што би била незадоволна. 1.Омилен спорт? 2. Дали си задоволна од животот? 3. За што си талентирана, а за што не?
Фудбал. Па да.. За спортови, а не сум баш за пеење. Во кое средно училиште учиш/учеше ? Кој ти е омилен композитор ? Гледаш ли криминалистички серии ?
1. Ако се мисли за фубалски тим тогаш за Баерн/Барса 2. Историски, акција и љубовни (не можам да одвојам еден) 3. Симпатија 1. Како ќе изреагираш кога твојата најдобра другарка ќе издаде некоја твоја тајна пред сите во одделението ? 2. Како би требало да изгледа еден идеален живот според тебе? 3. Дали си инаетчика ?
1.и немам кажано некои си тајни што се многу битни али ако би се случило то , би се праела на 3ипол,и ќе излези дека она то го измислила а насамо кога би биле би ја плукнала в лице и никогаш повеќе не би се дружела со нејзе 2.Паа.. незнамм 3.Да и тоа премногу 1.Кога би требало да бираш помеѓу другарките и дечкото(доколку би го имала) ти би избрала...? 2.Твое хоби е...? 3.Што мислиш за исмејувачите..?
1.Најискрено, незнам како би постапила.Би се запрашала кој вреди повеќе,кој повеќе ме почитува и сака,па дури тогаш би одлучила,но вака,навистина незнам како би постапила. 2. Мои хобија се: слушање музика,гледање туторијали за шминкање и фризури,понекогаш цртам(но сега многу поретко,немам многу време ),излегување со другарките,киснење на форумов хаха...Мислам дека се толку. 3.ТАКВИТЕ ЃУБРИЊА ТРЕБА ДА СЕ УБИЈАТ!!! Никој нема право да исмејува било кого заради било што! Ако некому му смета нешто кај некоја личност,подобро е да си го задржи мислењето за себе и да не обрнува внимание на таа личност-и двете страни ќе бидат задоволни,верувам! Исмејувачите скоро секогаш знаат многу лесно да уништат нечиј живот! Како и што ми направија одредени личности и мене
Сум заборавила прашањата да ги пишам колку сум несаглам... 1.Дали луѓето ги цениш според облеката? 2.Што мислиш за девојките/момците кои се "заљубуваат" на многу краток период?(под ова,мислам на тоа што наоѓаат момче/девојка и со него/неа се 2 месеци најмногу) 3.Според тебе,дали животот е нефер? Ако да,зошто?
1.Не.Не ја суди книгата според корицата. 2.Многу брзаат,мислат љубовта таа е оригинале нема друга...немам баш којзнае какво мислење... 3.Фер е...треба да се има рамнотежа во вагата наша...радост и тага..ако се беше розево,нема да е интересно нели?Многу филозофирам знам 1.Дали сакаш да читаш криминалистички романи,пример од Агата Кристи? 2.Хорацио од ЦСИ:Мајами симпатичен ти е или мислиш:мрш бе грдосијо една со коса боја-морков? 3.Дали понекогаш си поставуваш реторички прашања? :geek:
1. Обожавам криминалистички романи! 2. Згоден е, но малку е старичок.. 3. Не е некогаш! Секогаш! 1. Рацист си? 2. Кои се твоите топ 5 интереси? 3. Дали ви е убав Шерлок од серијата на А-Екс-Ен? (Не мислам на елементари)
1. Не баш. 2. Пишување, гледање филмови, одбојка, слушање музика и читање книги. 3. Не ми е. 1. Дали имаш милениче, ако да, колку проценти го сакаш? 2. Kоја е твојата омилена книга? 3. Веруваш ли во љубов на прв поглед?
Имам,маче...100000000000000000000% Дневникот на Ана Франк Па..да 1.Веруваш ли во машко-женски пријателства? 2.Дали си тврдоглава? 3.Дали често доцниш?