1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме остави без никакво објаснување!

Дискусија во 'Разделби' започната од thesaturdays, 8 март 2012.

  1. thesaturdays

    thesaturdays Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Се гледав со еден тип од другата вера 3 месеци...
    Не сакам да има надоразбирање па ќе ви кажам дека е од добра фамилија,угледна...значи не е од оние типични распуштени албанци...
    Секогаш кога беше уклучен на фб ми пишуваше прв,понекогаш и пораки...
    Беше така се до минатата недела,кога наеднаш престана да ми пишува и да ме бара...
    Ми беше ептен чудно бидејќи не ја знаев причината, и не дека ми беше многу криво, ама денес неговиот другар ми кажа дека зборел со него и го прашал што е работата, да не сме скарани нешто... овој му кажал дека не сме биле скарани,ама не сме контактирале веќе 1 недела,и дека не сакал да ми дава лажна надеж затоа што од дома му правеле некакви проблеми...
    Сега незнам дали проблеми од типот дека не му дават со друга вера, или нешто сосема друго.. од кога го дознав ова не можам да се соберам,плачам и чувствувам како да немам сила да се справам со ова
    Најтешко ми е што тој не се осеќа должен да ми даде објаснување.
    Не сакам да биде вака, од една страна го мразам што ми направи вака, а од друга не сакам да го изгубам и да ги прекинеме сите контаки,едноставно не сум силна за тоа
    Не знам како да постапам,дали да му напишам и да го прашам што се случува или да се правам како да не ми е гајле за ништо,дека не ми значел ни малку.. незнам стварно!
    Тешко ми е во секој момент можам да се расплачам
    МИ ТРЕБА СОВЕТ
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Ме остави, без никакво објаснување!

    Шо драмиш?! Албанец или не,типов е разумен и услуга ти прави. Чукни си ја главата и освести се. Тој е посвесен од тебе. Чак и должен да ти објасни. Таа си е работата и во право е. Сигурно дека верата е во прашање. Дај не кукумјачи и собери се. Утре ако не неговите,твоите ќе реагираат. И плус,ај верата,туку кога видел дека нема простор за повеќе фино од негова страна што не сакал да ти дава лажна надеж.

    Значи увек е до жените,увек!!!
     
    На kika31, ocila, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас подржувам љубов од секаков вид и меѓу секакви луѓе, ама дечкото е во право. Премногу е комплицирана состојбата меѓу македонците и албанците и кога тогаш се ќе пукне. Подобро сега отколку подоцна.
     
    На maca99 и thesaturdays им се допаѓа ова.
  4. thesaturdays

    thesaturdays Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Добро сваќам и знам дека е комплицирана состојбата... ама барем да зборуваме за тоа,или да имаме некаков контакт. Не сакам скроз да исчезне од мојот живот...
    Затоа ве прашав за совет што да правам, дали да му пишам прва или да оставам после 2 месеци тој да ми се обрате прв?
     
  5. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Пишувај му ти, незнам што е со кревањето на толку голема фама околу тоа кој прв ке почне да пишува. Ако сакаш објаснување побарај му!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Искрено нема да те осудувам за тоа што си излегувала со него. Го немам тоа право иако сум против тие врски. ЗАБОРАВИ ГО. Излегувај, забавувај се, флертувај ... <
    Животот е за тоа да се забавуваш, животот е премногу краток за да седнеш плаќејки за некој кој едноставно те повредил и си заминал без да ти каже ни збор. Тој не те заслужува, сигурно има некој проблем штом така заминал без да ти каже зошто и како. Не етој единствен, мисли на гордоста твоја, на твојата чест ... Размисли и сама најди си решенбие ... :*
     
  7. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350

    ни јас неможам да те осудувам,а сум против,нема да кажам заборави го,туку обиди се да го заборавиш.Знам дека е тешко,ни јас бившиот неможев (а и сега не сум го заборавила баш.,е уште мислам на него),ама да знаеш дека ако си што подалеку од него,за поголго време ке го заборавиш...за една година сигурно ке го заборавиш......прави ги тие работи кои што ги сакаш,немој да правиш нешто што те потсека на него,не оди на места кај што сте оделе заедно (ако сте оделе),така полесно ке биде :)
     
  8. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Се што би ти рекла јас ти го кажале девојкиве погоре.Смири се сега и прибери се.Тој донесол одлука и се тргнал на страна без објаснување само за да биде помалку болно.Не барај го зошто тој веќе одлучил..
    И онака таквите врски се скоро невозможни.Тебе те чека подобар живот и нови искуства.Ке помине и овој период..Со среќа.. :*
     
  9. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Не бе два месеци.. почекај некоја година или две.. па после пиши му..
    Ако не сакаш да му се јавиш пиши му на фб дека сакаш да ти објасни што е работата и терај понатака. Зарем не гледаш каква е денешнава ситуација помеѓу нас македонците и албанците? Кога тогаш ќе пукнело.. вака барем со време ставил крај.. иако ти должи објаснување.. побарај му објаснување.

    И јас не можам да ги разберам ова албанциве бе.. другарка моја одеше со албанец една година. Изгледаа пресреќни. Тој живееше во Гостивар таа во Охрид. Од толку што ја сакаше се пресели во Охрид. Една вечер ја викнал и цела вечер и кажувал колку ја сака, колку не може без нејзе и бла бла бла.. наредниот ден ни трага ни глас од типот.. исчезна. Типката не можеше да се собере од плачење.. не можеше да верува што и направи... после 6-7 месеци од другар негов дозна дека се венчал и дека живее во Швајцарија.. зошто и раскинал и така ја оставил уште не знае.

    Така да, можда е до албанците а не до нас..
     
  10. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    ако љубовта е вистинска не е важна националноста или верската припадност... пред се и албанците и муслиманите се луѓе како и нас... меѓутоа, тој ако не може да се разбере со родителите и ако тој слепо ги слуша и е плус “мамин син“, добро е што со време ја оставил девојката... тој да ја сакал вистински, ќе најдел начин и ќе им објаснел на родителите... подобро сега да плаче, отколку во брак кога ќе биде со него и животот да и биде пекол со свекорот и свекрвата ако не ги слуша и служи понизно, а и да биде со маж кој што нема свое јас и не знае што сака... таа албанска фамилија што не ја сака македонската девојка поради верската и национална припадност, зошто тогаш воопшто живеат во македонија со македонци и земаат македонско државјанство?... се извинувам ако се расплинив во темава, ама многу ме иритира кога се прават разлики помеѓу луѓето ако се од друга верска и национална припадност... со мене на факултет учат и албанци и се добри другари и на никој не ни смета, ниту правиме такви општествени разлики
     
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Вистинската љубов не знае ниту за граница ниту за вера,меѓутоа ако те оставил без објаснување што се замараш со него не те заслужува,секој треба да разговара кога нема разговор т.е. си заминува без ништо да ти каже тој не треба ни под разно да го ставаш.Сврти нов лист ќе запознаеш можеби дечко што ќе го плени твоето срце уживај никој не е незаменлив само верувај во себе
     
  12. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Потполно се согласувам со сите вас... само што, тој не може да оди против својата фамилија.. има албански фамилии што не ги пуштаат секаде своите деца бидејќи сакат да ги заштитат.. знаете, сите се замешани во некакви матни бизниси и им е страв да не им се случе нешто на нивните деца...
    Тој не сакал да ми дава лажна надеж бидејќи не можел постојано да излегува, а јас за разлика од него сум скоро секаде пуштена..
    Пред една недела повторно бевме заедно, ми беше ПРЕКРАСНО... толку среќна не сум се чувствувала подолго време, а се гледаше дека и него му беше убаво
    Но од тогаш, од него ни трага ни глас
    Не контактираме никако, ни на фб ни порака ми напишал..
    Помина долго време од кога бевме заедно, јас веќе почнав полека да го заборавам, иако сеуште го сакав, сега со последниот пат кога бевме заедно мене сите чувства ми се вратија
    Сега со сите чувства вратени и сите болки, јас секоја вечер плачам!!
    Не можам да го издржам ова, не можам да издржам гледајќи го онлине а да немам никаков контакт, а камо ли да го видам во живо! Сакам само да разговарам, да му кажам дека мене не ми пречи ако тој не излегува често. Не сакам да ги прекинеме контактите.. ШТО ДА ПРАВАМ??? :(
     
  13. razocarana.98755

    razocarana.98755 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Во саботата ми раскина.а бевме во врска година и два месеци.последниот период се
    беше идеално.немаше расправии.само гушкање и изкажување неизмерна љубов.беше бајка.
    Врската беше врска на далечина меѓутоа не се чувствуваше тоа и не влијаеше врз врската.во четвртокот бев излезена со друштво во кафана.седевме само три саати.се слушнавме неколку пати.беше премногу нервозен.сее скаравме.на крајот на вечерта беше премногу налутен.ме стави на блек листа.неможев да ѕвонам.му пишував пораки што се случило зошто така се однесува.ми рече види колку пати се слушнавме од кога отиде во кафаната.во петокот беше исто.се каравме цел ден но на фејсбук.сеуште бев на блек листата.се случија милион работи во петокот.морав да заминам од местото каде престојувам.од петокот попладне до саботата вечер.ако си одев дома.ке требаше само да преспијам и да се вратам.затоа.заминав во др.град близу скопје.не му кажав дека ке одам туку откако стасав таму муу пишав на фејсбук.нели уште бев блокирана за да не му се јавам.се налути премногу.се скаравме.ме навреди.ме нарече со многу погрдни имиња.направи да се чувствувам ниско.ми раскина.сум се криела.којзнае уште кога сум отишла кај другарка ми.го сакам премногу.тој ми е прва љубов.се боревме за да опстоиме против сите.а сами се откажавме.синока пак пишувавме на фејсбук.но останува на својот став.незнам што дА правам.цел свет ми се урна.имавме толку планови.а сега?сега немам ништо :@
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Жал ми е разочарана, за крајот на врската. Но, може и така требало да биде.
    Да разголобеме од почеток. Во овие година и два месеца ти колку пати имаш излегувано со друштвото? И дали и претходно си поминувала низ вакви љубоморни сцени?
    Друго, мислам дека кривицата воопшто не е твоја. Како тоа во рок од 3 часа сте се слушнале неколку пати, имал простор да направи конфликт?
    Верувам дека не е до твоето излегување и преспивањето во друг град, туку или си има мува на капата или едноставно сака малку самотија.

    Патем, за остварување на планови, потребни се двајца.
    Олади малку од него. Колку повеќе инсистираш, толку повеќе се понижуваш и му даваш до знаење дека си на лагер, и може да манипулира со тебе.
     
  15. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Верувај дека и покрај тоа што те ставил на блек листа, повторно го проверува телефонот за да види дали си му ѕвонела( нели стои како пропуштен повик) Ако мислиш дека не е во право, ако си сигурна дека од твоја страна немаш дадено никаков разлог за да се лути, тогаш остави го, не му се јавувај ни за да провериш дали сеуште си блокирана. Ке види дека не го бараш и ке те побара тој. Ако пак случајно мислиш дека му имаш дадено повод да се лути, објасни му ја целата ситуација во една фб порака, како да ја објаснуваш тука на нас, без патетики, и на крај обавезно напиши му дека од тебе толку, натаму е на него да размисли. И толку, никако не му ѕвони. Сигурна сум дека ке те побара, ако се било ок предхотно, гарант само се дури без потреба, привремено, колку да му помине нервозата, а можда и да разбие монотонија(имав ја такви моменти :) што не викам дека е во ред)
     
  16. razocarana.98755

    razocarana.98755 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Имал многу пати испади за кои немало основа.никогаш не сум му дала причина да се посомнева во мене.да мисли дека сум го заборавила.дека сум го изневерила. Иако имавме врска на далечина..со друштво многу слабо излегувам.обично кога излегувам сум со него. :/
    Верувајте ми дека мојот факултет е многу захтевен.мора целосно да се посветиш.но јас нему ниту тогаш не сум му дала до знаење дека немам време да му се јавам. :/
    Незнам што дА правам.скршена сум :@
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476

    Ако без причина реагира вака, тогаш мислам дека проблемот не е во тебе. :^)
    Не сите успеваат во врска на далечина, ете може и тој се откажува, може има друга, може..едноставно да се оладил.
    Мој совет-не го барај, не му пишувај, не пробувај на разни начини да стапуваш во комуникација со него.
    Зошто?
    Ако ти не си виновна, тој треба да размисли каде згрешил и ако те сака да проба да ги поправи нештата.
    Во спротивно, до тука било.