Се согласувам со okcenzi , Девојче без разлика што си албанка и што вашата вера е таква сепак мајка ти не требало така да реагира и да те навредува дека си ороспија , и многу девојќи албанки што знам не се невини па никому ништо пак се мажат пак ги прифаќаат такви . Гинекологот може ке ти помогне ама се е џабе ако семејството на твојот бивш вереник несака да слушне ништо за тебе и раскаже на сите што те познаваат па и пошироко. Тогаш се е џабе .. Најдобро да си се помириш со судбината за продавање сепак не ми се верува барем твоите ке имаат милост. На крај краева живеј си го животот помини ги најубавите години убаво а не секој ден да живееш во страв ако ти се случи нешто и дали некој би те земал за жена . И да не те земе, не е тука крај на светот
Дефинитивно се работи за уште еден трол на почетокот мене приказната не ми беше веродостојна ако толку неа му се забренети работи демек ќе ја остат неа со сати да дреми на нет без да ја надгледуват знаев и нагласив дека ова не е вистина не пишете повеќе смешни сме.... Според мене темата можи да се заклучи
се знаеше дека е трол,како и многу други,само искористи убедлива тема за да се зафркава со феминА. тоа ти се малоумни луѓе. никој интелигентен нема да направи вакво нешто па колку и да се досадува .
Девојки еве ме денес ке се оди на гинеколог ке ви пишам најверојатно вечер или утре . Преноќив кај тетка ми денес ке одиме со неа аман. Ако мислите да тролам слободно нека заклучат модераторите, еве реин си знае. Девојки знам дека во последно време имаме многу тролови сакав да ви пишам од другиот акаунт за да ми верувате но ми беше срам и се уште ми е така уште по анонимно подобро. Му благодарам на кпетанот за линковите. Сега ми е многу подобро собрав сили и си мислев да се запишам на факултет па ако треба и после 5 години да се омажам но се надевам дека ке ми дозволи татко ми. За да седам на компјутер никогаш не ми бранеле се додека немаам фејбук, седам на фемина, јутуб, скајп со роднините од странство. Не е мој компјутерот и не ми дозволиват на пример цел саат но сепак имам право да седам . Ке ви пишам пак.
Абеее се знаело дека е трол ..... Ова кога ќе банирааат некоја у МК поради лажни слики и после коментари , АБЕ ЈАС ЗНАЕВ ДЕКА Е ФЕЈК , само несакав да кажам ....
А знаеш дека и два и три и сто профила ако отвориш, дека админите ќе те знаат која си? И дека претходниот твој акаунт можат да го поврзат со овој сега и дека анонимноста веќе не е толку анонимна? А може и да се разнесе по форумот која си со стариот акаунт, тука многу птички има, црцорат насекаде, ајпи ајпипииии... Ама тоа ти е, толку од анонимноста и форумските правила.
Ако навистина не е трол, јас не сакам да знам која е феминkата, туку сакам да и помогнам. Не е битно дали отворила нов профил ( донекаде ја разбирам) битно е да може да си го среди животот.
Драги мои еве бевме и не сум бремена немам никаква болест значи се е во ред и гинеколог ми покажа слики од химени како изгледат кога тече крв и рече дека мажот не може ни да осети како се кине хименот бидејќи тоа е само кожичка што при влегување на пенисот се трга некако нр знам баш како да објаснам на македонски да ме разберете тој ми даде и пидатоци и сликите да ги покажам важно сега знаат сите дека сум чесна бевме и кај верникот кај неговите родители џначи другата сеуште не ја побарале па се надевам дека ке ги гризне совеста за мене и ке ме побарат. Татко ми е секој ден таму се расправа Воопшто не ми е криво дека мислите да измислувам во ред е не сакам да се расправам и за тоа им благодарам на тие што ми дадоа совет во предходните најтешки денови. Да не бевте вие немаше да инсистирам за гинеколог. Од кога отидов на гинеколог се осеќам многу подобро и поопуштено ах камо среќа верникот да беше присутен
Некако многу брзо се решија работиве, дури необично, ама ај. Само си мислиш дека се средило се, допрва почнуваат компликациите. И ако те прифати поранешниот вереник, ако ја прокоцка шансата со швајцарката, не верувај на убав живот со него. Како прво си видела дека е насилен при водењето љубов и воопшто не слуша што имаш ти да кажеш, дури ни за време на секс. А ако не те прифати вереникот, можеш да продолжиш понатаму, но малку ќе ти биде потешко да најдеш некој од вашата вера што ќе те прифати скината од друг маж. А и колку и да е вистина тоа со хименот, луѓето се неинформирани, необразувани, муабетите ќе се шират, па нема да се знае што е вистина а што не е. И пак ќе дојдам до првиот совет што ти го дадов, тргни се од таа околина и почни си нов живот. Немој да посакуваш да му се вратиш на поранешниот, тоа и онака била некогаш договорена работа која ете поради несакани а може добредојдени за тебе, околности, не успеала. Можеби и ти завршиле добра работа, да видиш на време со какви луѓе ќе си имала работа.
Да абеја. Разбирам но поради тоа што веке не сум невина не е можно да ми најдат друг подобро ми е да сум со него мажена одколку да ме дадат за некој стар или да ме продадат или да бегам низ скопје на факултет да одам не ми дозволуват татко ми рече демек таму ќе сум шетала повеќе и ке сум собрирала мажи така да не ми е гајле тој ме скина и со него ке ми биде добро какво такво.
Како тоа не ја разбирате и и` се чудите? Ако некого не можете да го разберете заради некој став кој го има, тоа значи дека вие сте со исти или слични ограничени размислувања. Воопшто не ја знаете културата, традициите, обичаите и моралните правила на нејзиното семејство и нејзиниот народ. Ако кај вас дома вашите родители и роднини се однесуваат по едни правила, не значи дека сите и секаде во светот се однесуваат на истиот начин, ниту треба да се однесуваат. Сфатете ја кога вели дека тоа е попаметно и подобро, зашто за брак нема втора шанса. И кај македонскиот народ и вера до пред не многу одамна, некаде и сè уште важат истите правила и денес, ако си „нечесна“ нема да можеш никогаш да се омажиш повторно и голема веројатноста е дека ќе те вратат дома на магаре свртена наопачки. Затоа, поштедете нè од осудувачки коментари зашто не сте во нејзина кожа да знаете како е. Освен ако не е трол, тогаш викнете ме да ја гориме, ќе понесам torch.
Не коментирав на темава, ама ја следев и се надевав на добар исход за aylen. Ептен се изненадив од последниот нејзин коментар, не дека ја осудувам, ама мислев дека има поголеми очекувања од животот. Ќе додадам дека сите самите си ја кроиме судбината без разлика на нашето потекло и ако се сака се` се може. Жално е што се предава на машината наречена традиција, која за некоја година ќе и го уништи сиот позитивен дух. Ако го одбереш овој пат аylen, ќе бидеш безгласна буква. Жално е, жално...
Значи вака , сум се нашла во слична ситуација (не до толку но..) но за се има излез.. Пред година дена имав дечко со кој бев 8 месеци .. после 8миот месец одлучивме да имаме односи, се разбира ми беше прв. Не потече ни капка крв, после односот не зборувавме 2 дена затоа што мислел дека не сум невина но не ми го кажа тоа и можеби одевме уште месец-2 и еден ден ми рече -Девојко ти не си за мене , јас сакам чесни девојки а не ороспии- секако многу ме повреди , се обидов да објаснам го преколнував но џабе. Моментално сум во врска со дечко 8 години постар од мене и многу ми е убаво. На почетокот се плашев но собрав сила и се му раскажав. За среќа мн е паметен и само рече јас не сум за секс со тебе туку од што те сакам, а на него страм да му е што не знаел да цени девојка како тебе.. Затоа ајлен верувај во себе, најмногу од се ти треба самодоверба инако секогаш сум велела дека што и да ни се случи сме самите виновни, не треба вината да ја бараме кај некој друг, но сепак мислам дека си паметна девојка и ќе успееш многу во животот .. Ти посакувам среќа, само напред
Ме заинтригира со реченицава, каде кај нас ако не е невина пред брак ќе ја вратат на магаре, имаш конкретни сознанија?
Луге не ли ви е сомнително што нови теми отвара типа која е штотуку регистрирана и тоа неколку теми со хард кор содржина за кратко време. Мислам дека некоја пак ве вози како онаа силуваната од пред некој ден Доказ е поледниов пост Апсолутно сум сигурна дека е трол кој нема попаметна работа па ве вози овде и тоа и е интересно.
Има и порелевантни извори, ама набрзина дојдов до овој. Мислам дека е некоја магистерска на некоја студентка на оваа тема. Провери на страна 6, претпоследен пасус и особено страна 7, прв пасус. http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/EAZ/EAZ_ ... novska.pdf Нема прецизно наведено никаде за кој период се работи, но темата е традицијата во македонските села, а изворите од каде се влечени информации се најдолу на текстот, па ако не те мрзи, сите овие книги ги имаш во библиотека.