1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме остави бидејќи немал што да ми пружи во животот

Дискусија во 'Разделби' започната од malecka92, 16 јуни 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    ме остави.вели дека нема што да ми пружи во животот а го сакав само него до мене.еве два дена поминаа и тешко е ама не плачам.му реков дека никогаш нема да биде среќен а всушсност ќе помине време додека јас бидам среќна...и не сака да му вртам ок е тоа не мора ама ми доаѓа да го скршам моб глупава сум мислам ќе се јави
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    полудувам од болка

    Душо...ако ти е навистина битен јави му се и зборувајте уште еднаш.
    Ако и понатаму не сака врска, најдобро ќе биде да одмориш некое време...а потоа и да си запознаеш некој друг.

    Едит- само што прочитав дека тој бил женет.....има на извоз слободни дечки....батали го него,пробај си ја среќата со некој од нив, не е работата дека нема пари за развод тој не сака да се разведе!!!
     
    На maleckataa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    полудувам од болка

    Јави му се и побарај да разговарате, кажи му се што ти лежи на душа. Но сепак имај во предвид дека е женет, зошто да си го комплицираш животот со него, можеби на почетокот ќе те боли ама после дождот доаѓа сонце, ќе бидеш среќна со некој друг. :)
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    полудувам од болка

    Не му се јавувај.Тој веќе се изјаснил, го избрал својот пат без тебе.
    Во животот има среќни и несреќни врски, успони и падови, смешни и тажни моменти и ништо не се случува случајно.
    Само едно запомни-секогаш после дождот иде сонце!
    И живеј за себе, а не за моментот дали ќе ти заѕвони мобилниот!
    Еден ден, кога ќе се сетиш на сето ова, ќе се смееш на својата наивност!
     
    На palavoto.devojce, kankus, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, имаш 18 год. ако е вистина :?: ....ќе најдеш некој друг тоа 100 %, не се секирај има многу риби во морето..само наредниот пат внимавај...бирај некој кој ќе биде целосно твој.

    Во таква состојба си што не би да те карам...инаку би си го добила од мене онака виртуелно
     
  6. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    само ми е тешко ќе помине...нели?не можам да му се јавам...
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ќе помине, за тоа не се секирај...мисли на твојот живот, на твојата младост, на среќата која допрва ќе те снајде, излегувај со другарки, читај некоја добра книга, навлечи се на некоја добра серија, едноставно најди си преокупација за да ги оттргнеш мислите...И никако, никако не се јавувај, затвори ја таа страница од твојот живот, продолжи понатаму.
     
    На zdravkova и kankus им се допаѓа ова.
  8. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    и ме остава на три дена пред мојот роденден кој требаше да го поминеме заедно и еве утре ке бидам со некои луѓе кои не ми се толку важни ама не можам да бидам сама.секоја секунда сакам некој до мене за да не паѓам во депресија
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не сум упатена многу со приказнава, ама мислам дека човеков се покајал, сака бракот да му се врати во нормала, а не сака на непријателски начин да се разделите. Тоa е мое мислење, кое и да не е точно, пак мојот совет за тоа што треба да направиш останува ист - најди си некој друг, по можност слободен, не дека сум тука да морализирам ова она ќе ти се деси, туку едноставно да немаш толку главоболки. Замисли, некој кој е само твој и си уживате во миговите заедно без страв дека некој познат на жена му ќе ве види :) Ќе се чувствуваш подобро ти самата. Сега за преболување е тешко малце, знам, ама млада си живот има пред тебе, уживај, тоа што е твое ќе си дојде.
     
  10. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Штом е женет...далеку од него..има и други во светот..можеби нас ние лесно да го кажеме ова...а тебе тие тешко да го примениш...но разбери тој е женет има веќе фамилија со друга жена....срцка мислам дека ниедна жена не заслужува да биди втора..заборави го
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Нема потреба да му се јавиш.Се разбира мила дека ќе помине, па што не поминало. Времето лечи се. Имаш само 18 год значи врсничка си ми, уживај во животот, излегувај , дружи се , забавувај се. Не вреди да се замараш за некој кој веќе ставил точка на се.
     
    На barbie-hilton му/ѝ се допаѓа ова.
  12. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Еве ти ја шансата за да бидеш среќна во животот.. Покрај толку млади момчиња ти на 18 години си го упропастуваш животот со женет човек.?? А ако толку те сакал немало да те остави пред твојот роденден како повече да те повреди ти докажува дека е ќубре дека нее за тебе... Девојка на твои години заслужува да биде среќна и весела да лудува по дискотеки. Знам дека ќе ти биде тешко некое време но верувај дека ќе го заборавиш за све има заборав не мисли на тоа колку ти било убаво со него мисли на тоа дека тој има жена и дете и дека кога тогаш тој пак ќе биде со нив. Ретки се случаите кога мажот се развел од жената поради друга посебно ако има деца... Мисли на тоа колку е убаво да излегуваш на кафе со другарките да се враќаш во раните утрински часови додека твоите ти викаат да се прибереш порано еххх тоа треба да го правиш на твои години а не да се заљубуваш уживај и живеј го секој ден како да ти е прв зошто за вакви проблеми ќе имаш цел живот а женетиов полека ќе го заборавиш само верувај... Излези си за роденденот и помини си најубаво токму тие луѓе што велиш дека не ти се важни ќе ти помогнат во тоа само ти треба да сакаш.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Што ќе ти е маж кога нема што да ти пружи? еве читам бил женет. Сакаш ли да му бидеш друга цел живот? Немој да го губиш времето со такви.
     
  14. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    морам да продолжам и еве додека го пишувам ова плачам а не плачев од тој ден...
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Знаеш што малечка,
    кога прочитав дека кукаш за оженет човек, некако кожата ми се наежи...и ми стана криво што воопшто те советувам.
    Се ставам во позиција на сопругата на дотичниот и срцево ќе ми летне од гради, зашто јас сум сопруга и мајка и имам семејство и да проба некоја „девојчица“ да ми го растури, да ми го сруши тоа што сум го градела, да ми го одземе душевниот мир-па џигерот на вилушка ќе и го извадам и ќе и го дадам в раце да го држи.
    А паричката има две страни, имај ти утре семејство и нека ти влезе некоја си падобранец таму да ти го одземе најмилото, да видам како ќе се чувствуваш тогаш и дали ќе ти биде мило.
    Сака да си се врати на семејството, ставил на кантар, измерил и сфатил кој му е поважен, а ти ќе останеш да бледиш во нивните спомени како „авантуричка“ и соочи се со тоа...
    Најди си нов, сингл, аман мажи има со лопата да ги ринеш!

    Се извинувам за офтопик!
     
    На zdravkova, SilverGirl, palavoto.devojce и 18 други им се допаѓа ова.
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Верувај дека еден ден ќе му бидеш благодарна што те оставил, што не продолжува да те залажува уште долго за на крај да не добиеш ништо, пак да останеш сама, и етикетирана како некоја што одела со женет.
    И не еден ден, туку уште сега во моментов треба да му бидеш ПРЕБЛАГОДАРНА, сепак колку толку има памет и е фер, иако сега не ти изгледа така...
    Позз
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Ете ти кажал дека нема што да ти пружи-што може да ти пружи женат маж? Не навлегувај во вакви врски,млада си и како што те советуваат другите има и други момчиња,а од оваа врска- нема иднина! Тој веке се изјаснал што сака-не барај го повеке,ова е само период и ке ти помине :)
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    како прво не си се изјаснила воопшто во твојот пост за што рекол дека нема што да ти пружи во животот материјално, емоционално ништо не си објаснала а бараш совет не разбирам...
    Ај ок потоа читајќи ги понатаму другите постови доаѓаме до заслучок дека бил женет па?
    што ти е чудно или неубаво што било поминало правилна одлука од негова страна нормално дека ако е женет нема што да ти понуди ако размилиш здрело и трезвено тоа е најубавото нешто што може да ти се случи и понатаму слободно да си го планираш и продолжиш животот...
     
  19. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    точно кукам по женет човек кој ја загуби работата и затоа нема што да ми пружи (тоа тој мисли) а со тоа и не може да се разведе како што планираше пошо и за тоа требаат пари а он има и дете.и да се надоврзам на тоа како јас сум го завела епа не беше баш така.тој одеше по мене и жена му знае за мене дури и знае дека ме сака,самата таа ми кажа.како и да е изгледа нема доволно сили да се избори со сите тешки моменти...сеедно сега веќе е готово
     
  20. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Не знам како размислувате луѓе стварно..можело да се деси...Љубов било... Судбина... Не знам што.
    Како бе така? Ѓивеете во Дизни бајки, пошто во вашите глави, судбина е само кога нешто ќе заебете, кога ќе згрешите нешто, па не сум јас крива, судбина е не може против тоа- како кога ќе се спотерате со женет ПОСТАР МАЖ. А на жена му СУДБИНА и е маж и да ја вара? Он те бркал? ПА НОРМАЛНО ДЕКА ОН ЌЕ ТЕ БРКА. Секогаш они се тие што бркаат! Оф...
    Имаш 18 години, чукни си ја малце главата. Те сакал..Па ќе те сака, кој не би сакал „младо мевце“ за плескање? Извини вака на израз ама наместо да ти е тешко, треба да ти биде срам. И едвај да чекаш да заборавиш за ваквата епизода во твојот живот, што за твоја среќа, за некоја година ќе можеш да ја препишеше на - мала бев и глупава.

    Мислам, риалити чек малце, озбилно.
     
    На zdravkova, nena2010, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.