Ме остави бидејќи немал што да ми пружи во животот

Дискусија во 'Разделби' започната од malecka92, 16 јуни 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    женет маж нема што да ти пружи! и да не ја изгубел работата пак ќе немал што да ти пружи бидејќи е женет! simple as that. и да ти кажам, секој муабет поврзан со афера со женет маж е проследен со реченицата "ама се разведува" |( секој втор себичен кретен (женет) што е у middle age crisis го кажува ова. и сеуште не можам да се изначудам што уште има девојки што паѓаат на ова...
    не ми е целта да те напаѓам и да ти попувам, сепак на крај ќе го направиш тоа што сакаш без оглед на советите тука...давам само добронамерен совет кој можам само да се надевам дека нема да ти испари од глава само што ќе го прочиташ.
    имаш 18 год и цел живот пред тебе.Ќе менуваш дечковци...на крај ќе најдеш некој што цел свет ќе го гледа во тебе.
    Брак е институција! почитувај го тоа.
     
    На zdravkova му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    5.256
    Па што друго може да ти пружи женет човек освен добро да те изсекса?!?!
    Порасни во животот и реши што сакаш и што бараш.
     
    На srcuska7 и zdravkova им се допаѓа ова.
  3. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Колку и да звучи грубо, мислам дека намерно те откачил пред роденденот. Видел дека си се заљубила и си рекол дека е време да фати магла. Многу сум постара од тебе, па уште не можам да препознаам вистина од лага, љубов од измама. А ти сигурно никако. Најголемата услуга што ти ја направил е -што те откачил, не е ни важно зошто. А ти најголема услуга ќе си направиш ако не му се јавиш и ако не му одговориш кога ќе те бара. Премлада си за вакви проблеми и глупости. А те оставил зашто жена му дознала, да не дознала ке теравте уште некое време и уште полошо. Ретко маж остава жена или девојка ради швалерка, жените се будали оставаат маж, дечко ради друг.
    Ич да не ти е гајле, уживај си на роденденот. Да ти ги имам годините, има да ги бирам како да сум на сточен пазар (мала шала, извинете мажи), а не да плачам.
     
    На zdravkova му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    876
    Ниедна жена (што ти се`уште не си), не сака да биде втора. И ниеден женет маж со деца кој има афера, не сака да се разведе.
    Разводот кошта, и углед и пари. Најубавата опција им` е дома жена да гледа синот, ќерката, јас да имам кај да се релаксирам на страна. Сите ветуваат дека ќе ја остават жената, демек втор пубертет, па се откриваат себеси, па заљубени и слични срања, кои прав маж знае дека му се под ниво и не си ги дозволува. Овој не е таков.

    Не сум против разлика во години, но растурање на брак да.
    Некој што имал врска со женет човек, не можам да бранам ниту храбрам, жалам. За мене не постои оправдување и не можам да имам разбирање, та за тој што изневерува, та тој со кој изневерува.
     
    На srcuska7 и esperanca им се допаѓа ова.
  5. modest-girl

    modest-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    И мене мојот ме остави ден пред роденденот...после се смиривме ама сакам да кажам дека твојот не е единствен..како што гледам јас и ти сме на исти години...(ако е точно)..имаме цел живот пред нас..сеуште сме млади..има многу други момчиња што чекаат на тебе верувај...затоа глава горе..и најди некој што навистина ке ти одговара и нема да те повредува...
     
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Да те сакал искрено,ќе ти ја пружел љубовта и тоа би ти било доволно. ;)
     
    На zara му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.587
    Пол:
    Женски
    ако тој сака да те направи среќна пред се нема да те остави бидејќи нема што да ти пружи, па љубовта секој може да ја пружи..очигледно тој само барал причина за повеќе да не е со тебе.. и се гледа дека не дошол до баш најсјајната.. никој не е незаменлив,времето ги лечи сите рани и со тек на време се ќе се смени..
     
  8. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    не се правдам женет е и го знам тоа ама не сум ни јас крива што има жени кои не знаат како да си го зачуваат мажот до себе.и што ако и е неа дома сега кога и таа знае дека не сака тој да биде таму.со неа е поради детето.и не раскинавме затоа што таа дозна,она знае за нас месеци назад.
     
  9. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    од овој момент немам што да коментирам повеќе..
     
  10. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    534
    Цуриве сакаат да ти дадат подршка , да го преболиш а ти велиш што си ти крива што некој неможе да си задржи мажот? :clap: БРАВО ке видам кога ќе имаш ти сопруг ќе го тепаш? како ќе го задржиш? Маж кој е женет мене ми се додворуваше али никогаш нема да направам ништо , и јас сум девојка и мене ме боли кога ќе ме преварат . акоон сака секс , а збори дека те сака , он нека прави што сака но јас не сум девојка која знае дека е зенет и ќе направи глупост . Додека не е разведен а не се развеДУВА . едното е свршено другото е во тек..... И он има семејство . Треба да биде пример . Има деца. Он ќе се врати на семејството а ти треба да му помогнеш не да му се јавуваш .
     
    На zdravkova му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28

    Дете, за срам си слушнала во животот?? Ти кажал ли некој дека тоа што го правиш на 18 години е нехумано? Чуму ти совест ???
    Нека е со помин.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.229
    Допаѓања:
    16.873
    Пол:
    Женски
    Па што кукаш кога велиш дека не се правдаш и знаеш дека е женет. Што сакаш ти да ја остави жената децата, да ти купи стан кола. Девојче ај не летај многу во облаци приземји се и ЗАСРАМИ СЕ.

    Зошто ова како и неколку други слични теми("проблеми") ми изгледаат толку невистинито. Не ми се верува дека некој во недостиг на друга занимација измислува вакви "проблеми".
     
  13. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    каква помош од луѓе кои никогаш немале поголем проблем.добро јас сакав ова да се случи?ма дајте ако сакате да осудувате подобро и не пишувајте.и да убаво ми беше со него и не мислам дека ме искористил и баш вчера се слушнавме и он се јави не јас.ми беше тешко и сакав некој да ми каже дека се ќе помине а не како сум завела некој маж.јас со сила никој не терав да биде со мене
     
  14. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    76
    da mi bese duso moja malku poblisku izvini vaka ama i kjotek ke dobiese od mene.i toa ubav nekoj so ne ke se zaborava....prvo neznam zaso mislam deka lazis za ova,radi da si naprajme muabet..ako ok e taka.
    a moj sovet ako e tocen tvojov problem ?
    ti imas majka i tatko sigurno.....zamisli da tatko ti ima 18 god ebacica i majka ti da znae..ne mislam deka ke ti ide da placis tuku da se skries od sram....
    ustvari sekako ke prajs kako so sakas tvoj zivot tvoe pravo :swear:
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.217
    Девојко млада... Кога ќе наполниш 20-21 година ќе си речеш “кај ми бил паметот што сум барала со оженет, дали вреди да му бидам втора секогаш? дали вреди да биде со мене 1 саат, а потоа да заспие и да се разбуди покрај жена си? Нели ме болело што сум му била само забава, за се во неговиот живот, за работата и слично тој одлучувал со неа, не со мене!“.... АКо имаш малку памет вака ќе размислуваш, тоа ти гарантирам! И уште полошо- ем женет, ем дете, ем без пари! Епа немаш никаков ќар од него! Си извинувам за ова ама така е! биди реална! Што ќе ти е таков губитник? Само да ти го уништува животот!
     
  16. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    876
    Колку незрело, "јас сакав ли ова да се случи"... Да. Да не си сакала, сигурно немало, како што и сама впрочем велиш, јас никого не терав да биде со мене - ете ти, и тој не те терал, свесно било. Ако не било, уште полошо.

    Не знаела жена му да го додржи... Ах бе. Ти здравје кога ќе имаш дом, и ти се случи вакво нешто, кој ќе биде изговорот? Од 18 години девојче да се такмичи со сопруга нечија, жално. Имаш сомуни за кркање дури стигнеш до таа точка, не се компарирај.

    Секој брак има падови, не знам меѓу нив што било, но тоа е составен дел. Тоа што тој не знаел да одговори на брачната задача и не можел да се справи прво со себе па после со се` останато и нашол инстант мир на друго место... Тоа е негов проблем и е хормонално неурамнотежен мочко. Ниеден не заслужува утеха, и добро е што си надвор од тоа сега.


    А ако си прај бајрам на умот некој и измислува темиве, да си јаде ушите. :wasntme:
     
    На zdravkova, Katerinki4ka и LilBaby им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.072
    Зошто се сомневате во вистинитоста на оваа приказна, што е толку чудно не знам? Па вакви случки има колку сакаш...И не се сите исти, не секогаш мажот ужива на страна со млади пиленца затоа што е тешко швалериште, има случаеви кога вистински се заљубува па некогаш и остануваат заедно...Има и сопруги кои знаат за љубовниците и не се замараат, има и такви кои враќаат око за око...Не е бракот веќе тоа што било па секој си тргнал по страна, е не се разведиле веднаш од вакви или онакви причини али во суштина бракот им е готов...Ако не па ајде да ставиме еден универзален прирачник-мажени/женети-не, од друга вера-никако, постар 15-20 год.- во никој случај, и готово end of discussion.
    Конкретно за твојот случај-послушај го, ако вели дека нема што да ти пружи верувам дека е така, изгледа е свесен дека тоа што е доволно за неговата сопруга нема да биде доволно за тебе, па затоа ослободи се и уживај во твоите 18, затоа што премногу си млада и немаш плеќи за ваков товар...
     
  18. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Со самиот наслов на темата, ти си го даде одговорот. Не знам што очекуваш од нас сите овде, кога и самата знаеш дека тоа што си го направила, и за жал сеуште сакаш да го правиш е толку долно што немам зборови со кои би го искажала својот гнев за таквите како тебе. Жално е за девојка од 19 години тка да размислува, но мислам дека не си ти крива. Крив е некој друг
    мајка ти
    што не те упатила во моралните вредности на животот.
    Еден ден кога ќе имаш и ти свое семејство баш би сакала да знам дали би ти било убаво мажот којшто го сакаш неизмерно, со којшто ги делиш и убавите и неубавите моменти и дечиња коишто ќе трчкаат околу вас да исчезне за момент. Како би се осеќала ти? Ај размисли малку подлабоко, и кога ќе го правиш тоа не мисли само на себе, размисли и за другите, како им е на нив?
     
  19. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    414
    Ќе пишам овде заради чиста иритација која се појави кај мене откако ги прочитав твоите повици за совет а воедно и постовите од девојките кои сакале да те посоветуваат.

    Прво
    Не знам каков совет очекуваш за глупоста која си ја направила , а нажалост сеуште сакаш да ја правиш и сметаш дека е правилно.

    Второ
    Имаш 18 години (ако е точно), па добро бре девојчуле (сеуште физички и психички си недооформено), ти сеуште растеш, се развиваш, треба да внимаваш за постапките и последициѕе од истите

    Трето
    Како можеш да кажеш дека, дома што му е таа и му чува дете, не му го дава она што САМО ти можеш да му го дадеш ?

    Четврто
    Дали добро прочитав дека таа со месеци знае за вас?!?!?!?!?!!?
    Па дали имаш ти памет????
    Како можеш на крајот на краиштата да ја погледнеш жената во очи, со кој образ?
    За срамота си

    Можам само да кажам дека имаш уште да учиш за љубовта , брак, деца, семејни врски , почитување, етика, морал, реал лајф........

    Морам уште ова да ти го кажам, замисли ја ситуацијата, доаѓа татко ти дома и и вика на мајка ти (претпоставувам дека е на околу 40-50 години), жено сори, ама јас си најдов помладо мевце за плескање, ти со децата живејте си, јас ќе ве помагам финансиски, ама јас отидов со цурчево ( која биб била на 25 години, во мојава прикаска)
    Многу сакам да знам како ти би се чувствувала
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. malecka92

    malecka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    sekoj ima svoe mislenje za celata situacija ama stom nekoj resava da odi po drug pat ocigledno brakot e vo kriza.druga rabota jas da znam deka maz mi ne me saka i deka se vlece naokolu so nekoja devojka ne bi ostanala so nego ama ocigledno nekoi zeni ne se pocituvaat dovolno sebe.a ako on dovolno ja sakal nemalo voopsto da trgne so mene poso jar sum vinovna za se spored vas..abe luge covekot ako e vo brak ne znaci deka e sreken i zaljuben.sramota e toa kolku zenite tpat samo za da ne bidat etiketirani kako razvedeni.btw ako tatko mi ne ja saka majka mi togas jas bi sakala da bide sreken so onaa koja toj ja izbralne bidat etiketirani kako razvedeni.btw ako tatko mi ne ja saka majka mi togas jas bi sakala da bide sreken so onaa koja toj ja izbral
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.