Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме остави бидејќи немал што да ми пружи во животот

Дискусија во 'Разделби' започната од malecka92, 16 јуни 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.378
    Пол:
    Женски
    хахаха, не се радувај толку пред време, може му откажала другата швалерка шо ја планирал коа те отпукал и ти рекол не ми се јавувај веќе :lol: , ама ете и да не е така, знаеш како рекле, оној кој растура гнездо никогаш нема свое, жена му нема пак да биде 18, ама еден ден и ти ќе бидеш нечија сопруга и мајка, па да видам како ќе ти биде кога вакво размазено и безобразно створење ќе проба да се пикне во твојот брачен кревет и да растури се што ти си градела со твојот (тогаш) маж со години, сега може викаш одма би го оставила, ама ќе те видам тогаш дали ќе сакаш да препуштиш на некое, еве да не го употребам зборот шо сакав да го употребам па ќе речам детиште шо уше не знае носот да си го избрише сето она со години што сте го граделе и стварале. Ееее и да те земе, го гледаш каков е, многу веројатно дека и тогаш ќе најде некоја 18 годишна за забава. Шо мислиш ти, тие работи кои ти ги кажувал тебе и ги немал порано кажано на жена му или на некоја друга? Не се преценувај толку и глеј запиши се на некој факултет, поконструктивно е отколку да правиш планови да растураш куќи.
     
    На miss.ella, lolyta777, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.006
    Пол:
    Женски
    БРАВО ЗА ТЕБЕ!!! Само да ми е да знам со каква совест легнуваш со него кога знаеш дека има семејство?? И да, а каде се твоите родители?? Што велат тие за твојот избраник?? И не се радувај многу многу од сега зашто се некако ми иде ова дека жена му го шутнала покајникот, и сега кај тебе си ги лиже раните. ајде здравје боже те чекаме овде по некоја година пак да ни кукаш како си втора.

    теси, не гледаш ли дека неа ова и е достигување со кое се гордее дека успеала да го врати :fubar: :fubar: :x . Жално, навистина жално. Е дете да си ми мене ќерка !!!!
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.378
    Пол:
    Женски
    Гледам нена, ама не можам да сфатам зашто...која сатисфакција им пружа тоа на луѓето? Која сатисфакција им пружа тоа на жените? Наречете ме конзервативна, но јас мислев дека двобои и битки е поприродно да се прават за жени отколку за мажи. Во што се состои трофејот, дека има пречки, дека треба да се победи жената (препреката). Па не се жените коњи па да ги пуштаат да се натпреваруваат на трка од икс метри со препреки. Ама стварно, прво метафората со коњите ми падна на памет.

    Toa e кога не се почитуваат самите, што можеме ние тука...
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.006
    Пол:
    Женски
    Искрено кога ќе прочитам дека е 18 годишно дете, мене најпрво ми иде да и идам на родителите, старателите или кој и да се грижи за неа ида убава лекција да им одржам. Не си конзервативна, и јас го имам истиот став кон неверството и кон тие таквите како детево. Немам зборови. Жално и јадно за неа, сега ево занес, ама ајде. Што викаш, кога не се цени сама. А бе гордоста не ми дава да сум втора, а не па друго нешто.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Значи од вакви створења дерман да се немало :fubar:
    На секој чекор по некое ороспиче што демне.
    Како се викаа животните што немаат сопствено седело па се вгнездуваат во туѓо? Кукавици?

    Јас, пре би за тебе рекла дека си вошка, гнида. Опрај се со повреме, оти 4 животи растураш.
     
    На nena2010, pufi-cufi и enca.69 им се допаѓа ова.
  6. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    За некои суштества нели, нема лек. Не ти требаат тебе совети, тебе ќотек ти треба, и тоа убав.
     
  7. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Мислам дека залудно си го трошиме времето со добронамерните совети, упатени кон овој женски створ, бидејќи и самата си кажа убаво, као со него сум пак и мн ни е убаво , па замислете драги пријателки ДУРИ и роденденот нејзин го поминале заедно. Има една поговорка на која ме учеа моите ,,НИКОЈ не може да гради среќа на туѓа несреќа,,
    Навистина ми е жал но морам да признаам дека понекогаш се срамам од тоа што сум жена
    А да , има и нешто што се вика КАРМА, па сега ти види
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Не заборавајте само дека двајца се во игра, не е само оваа, него има и маж, којшто очигледно многу не го засега што прави со девојка помлада од него - дете, како што ја нарекувате, а веројатно дома чува исто такво дете.
    Дур има овци ќе има и такви кои што ги стрижат.
    Па, кој прв се појавил, овцата или стрижачот.
    Да не била таа ќе била друга.
    Проблемот си е мажот, кој што очигледно не требало воопшто да стапува во брак.
    Недозреани дечиња, и мажот, но и девојкава. Семејството што останува зад нив, колатерална штета, кој се сеќира за тоа, тој?!?
    Мислите таа него го завела и излажала, таа го украла од креветот на жена му.
    Веројатно не му е ни прва, а сто посто не ќе му е ни последена.
     
    На Estelle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.378
    Пол:
    Женски
    Тоа е...џабе, жената ако не знае да се цени, нема да има кој да ја цени. Затоа нон стоп се карам со тетка ми коа ја кажува онаа народната „Маж те праи царица, маж те праи магарица.“ Морее, јас ако не му дозволам да ме понижува, нема да ме понижува и точка.
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Колку за информација ...
    1. Ќе се разведе ќе те земе па ќе те остави со по некое дете сама, некоја друга ќе е фактор важен кај него .

    2. Ќе те замајава дека ќе се разведе додека може да те користи за полнење на сопственото его и сопствени потреби, а на крај за да ти останеш отфрлена ко стара крпа и сама и очајна зошто се излегло дека е огромна лага.
     
  11. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    А на мајка ти и на татко ти им кажа за твојот избор? Сега радувај се дека си растурила брак али после некое време пак ќе отвориш тема тука и ќе се жалиш дека некоја помлада ти го земала мажот што сега ти ветува брда и планини ;)
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.378
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш мене лично ми било чудно кога луѓето паѓале на „љубов на зборови“. Можеби затоа што двајцата мажи кои можам да кажам дека најмногу ме сакаат(ле) во животот: мојот најсакан дедичко (кој за жал не е повеќе со нас :'( ) и мојот сопруг се личности кои најмалку ги искажуваат емоциите со зборови, туку со делата знаат да те треснат од земја во мн позитивна смисла и да ти покажат како стојат работите.

    Луѓе не верувајте во бајки и ветувања. Оние кои вистински сакаат ќе им е важно да ја почувствувате нивната љубов, а не да слушате за неа. Ако ви е за слатки зборови, тогаш не ви треба партнер, читајте си љубовна поезија. Ама кој да го сфати тоа...
     
    На goddess.Of.chaos му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Јас сум сопруга и мајка, и да ми се случи мене вакво нешто дефинитивно нема да барам вина или да проколнувам некој друг освен маж ми за сета ситуација. За сета трагедија за напуштено дете и сопруга не ќе да е некој друг крив освен тој...Точно е дека ако не е таа ќе биде некоја друга, трета...Не ќе обвинувам јас девојки што не ги знам за распадот на мојот брак...Биле вакви или онакви, без морал, свест, па мора и такви да има...Искушенија има на сите страни, за мене, за него, али наша одлука е дали ќе подлегнеме или не...
    Конкретно девојката има 18 год. што може да се каже дека е и зрела (да размисли во што се впушта), и незрела (да потклекне со чуствата верувајќи дека ова е можеби љубовта на нејзиниот живот, а за неа вреди да се бориме нели? ) Така да искрено не знам кој е во подобра ситуација, дали сопругата која се ослободила од таков маж, или девојчево која очигледно ќе го добие...
     
    На zhap4e, lolyta777 и Estelle им се допаѓа ова.
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    и дај кажи ми девојко како не ти е срам да шеташ со некој кој оставил деца дом жена за тебе? Како легнуваш со него? Како имаш лице да се појавиш пред твоите родители пред твоите пријатели? После неколку години ке дојдеш овде и ке се жалиш како многу год си била во илузија како немаш пријатели бла бла....и после некоја како тебе ке иде кај некоја напатена девојка и ке вели дека е ку*ва таква онаква а таквите како тебе нема кој да ги почасти со тие зборови....не велам дека сум изненадена од твојот став во мало имам една таква која растури дом за да биде она со саканиот (сачувај ме Боже) ама што е најжално ВИЕ ТАКВИТЕ немате ни срам ни совест ни памет во глава....
     
  15. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Сеуште се прашувам дали темава и твоето напишано не се измислени,поради тоа што апсолутно ништо не си кажала и објаснала...онака само кратко нафрлани информации...и да не сум во право , ке те прашам ДАЛИ СИ СИГУРНА ДЕКА ТОЈ, СО ТАКВИ ПРЕДИСПОЗИЦИИ, УТРЕ ДРУГИДЕН НЕМА ДА ТИ ГО НАПРАВИ ИСТОТО И ТЕБЕ??? ДЕКА НЕМА ДА ЗАМИНИ И ДА ТРЧА ПО НЕКОЈА ДРУГА,ДЕКА КЕ ТЕ ШУТНЕ ИТН??? друго не би пишувала затоа што девојкиве доста се намачиле да ти дадат ум, а јас се сложувам потполно со нив.. :fubar: ;)
     
  16. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    се тоа е точно...само што и девојките не се овци мајку му стара! |( па не паднала од Марс па да не знае зошто не треба да се плетка со женет човек..

    првенствено е за неа лошо, да не зборам за другата страна...тука само "типот многу јак" си ужива.
    ахх од вакви балкански медиокритети ко примероков за кого е посветена темава, помислувам дека никогаш нема да се омажам со македонец :worried: иако гаранција нигде не постои...љубовта е лотарија, јбг :)
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    22.378
    Пол:
    Женски
    затоа што она ни е позната дива на форумов :lol: , на др теми има пишувано за тоа како се запознале и сл па ајде да не се повторува
     
  18. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    ЕЕЕ за тоа незнаев , јас сум нова, така да не сум сеуште вклопена...поздравче :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    грлсс.. а мој предлог ! да ја заклучи некој темава?

    добро ова личи ли на нешто? па уште силна ќе ми се прави ќе ми ги споредува мајка и,татко и со неа :x

    и ако девојкава со овој женетиов не иде за пари ја глава сечам, па не познавам ја еден ваков случај..

    одма се ставам во ситуација некоја ваква да им се меша во бракот на моите..
     
  20. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    И јас сум за кључе на темата... Фала Богу дека ќе се најде некој да ја посоветува, некој да се изреволтира и да ја искара.. Веќе досадно е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.