Ме остави поради озборувања!

Дискусија во 'Разделби' започната од loveyouuu, 8 декември 2014.

  1. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Вака сега ќе се обидам да бидам кратка и јасна за да ме разберете. Пред се ви благодарам на одвоеното време. Кога бев 7 одд. моите родители се разведоа јас останав со татко ми кој во меѓувреме се прежени. Мајка ми замина за Германија и ја гледав еднаш во 3 месеци. Втората жена не дека не ме сакаше туку едноставно не ми обрнуваше ич внимание. Понекогаш може пред татко ми, но кога бевме сами никако ме игнорираше во секоја смисла. Почнав да правам лоши работи. Ми недостигаше внимание започнав врска со еден албанец, па со друг, трет сменив може 10 дечковци така албанци. Сето тоа траеше до лани, сега заврши. 3 година сум средно имам другарки но приметувам дека несакаат со мене да излегуваат во јавност, ми се смеат сите и нормално се срамат од мене. Татко ми незнае за ова иако мислам дека нсетува нешто. знам дека невниманието не е оправдание за ништо ама многу згрешив за тие работи и ужасно се каам. Сакам да почнам од почеток. Несакам обвинувања и навреди, напротив совет како да продолжам понатаму без да ме следат сенките од минатото. Скоро започнав врска со македонец кога ги слушнал озборувањата ме изнавредува со разноразни зборови и не ми се јавува ме блокира и се. Но тој сеуше ми значи, сеуште го сакам. Сакам пак да бидам со него ама неможе сите ме озборуваат и ми се смеат. професорите во школо сите знаат за тие мои врски но не зборуваат јавно а во канцеларија мис е смеат. Се срамам многу, дури на самоубиство помислувам. Како да почнам од почеток нов живот?
     
    На Cleonika и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како можеш да помислиш на самоубиство, другите се за убивање, не си ти. Најпрво мајка ти, ти дала живот ко “Ајт те носев едвај во стомаков, сеа крши глава“, а на татко ти поважно му било да ебе нешто отколку да те израсне тебе! Си идела со албанци, па што, сите биле со по еден во моментот кога биле најранливи, кај тебе тоа било подолг период и сеа шо?! Другарките не сакале да излегуваат со тебе... Извини а ти тие за другарки ги сметаш? Јас имам другарки лезбејки па си излегувам со нив, ама и многу другари имам, постојано сум со машки на кои моите дечковци често се љубоморни, може дури да се каже дека заради нив имам повеќе проблеми во врските... Сите ги имаме тие проблеми, но ако некој те сака, ќе те разбере. Затоа не се нервирај заради некој македонец што те оставил, не те сакал, ќе те оставел порано или подоцна. А за со албанците немој да се срамиш, сигурна сум дека тие ти покажале повеќе љубов отколку овој македонецов, а целта во врските е љубовта нели. Убаво е тоа што за промените почнуваш од себе, и ти си крива не велам не, но не смее да те обвинува никој, тие пак имаат изневерувано, расипувано врски... Секој по нешто. Само што, тие го кријат тоа. Затоа, криј и ти исто така. Почни со пријателства за промена, како со женски така и со машки. Дозволи си да се заљубиш, барај некој сличен на тебе, убаво запознајте се, но постепено, не како американскине состаноци за 3 минути, покажи му ја љубовта на оној кој го сакаш, направи и тој да те засака тебе, дај му љубов, грижа, верност, учи, ја имаш оваа и уште една година, оди на часови по спорт, таму ќе запознаеш луѓе и ќе се дружиш колку толку... Вистински пријателства ретко се наоѓаат, но ќе ги најдеш, не веднаш, полека.
    Знам дека изгледа ептен лесно да успееш и да започнеш одново, посебно јас како што опишав... Не е, болно е, треба да се смениш, да ти зараснат раните, да имаш поддршка од некого, неретко требаат и пари, но ако бидеш силна, ќе се среди многу побрзо отколку што можеш да замислиш. Јас започнав одново, имав се и изгубив се, не бев крива, но не можев ни да го вратам тоа. Почнав одново, се сменив, сега моето минато го гледам како нечие друго, како обична тажна приказна којашто јас сум си ја измислила. И не сум богата, немам многу за да можам да се перчам, моите родители се никој и ништо, немам со што да се правам силна, но сум самоуверена, силна, попаметна од другите, имам направено професорите да ми се извинат мене пред класот, никој ништо не смее да ми рече, на сите им ги затнувам устите, а на фб - блок :) и што е најважно, добра личност сум, не правам лошо никому, ама лошо враќам ;) И ти можеш, женско е силно, само биди тука за другите, биди ведра, не насмеана, насмевката е лажна, ведра. Прави го тоа што го сакаш, луѓето и онака ќе осудуваат, важно е тебе да ти биде убаво, но биди со оној којшто те цени како што ти го цениш него и сакај го оној кој што те сака!
     
    На Cleonika, Komplicirana2015, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Искрено со карактер како твојот не заслужуваш некој да те сака. Да сум на местото на дечко ти и ја би те оставил и блокнал.

    Земи неколку години и не ќарувај машки за да се изчистиш. Мораш да поработиш на себе сама, себично е само да врзуваш луѓе околу тебе колку да се рече дека некој те сака - тоа е манипулативно. Всушност целиот твој пост е манипулативен. Да сум на негово место само така би ти простил.
     
    На BoneMachine, Espadrila, srcence1607 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме испровоцира првиот болд.
    Од каде пак ти знаеш какви им биле приликите во семејството?
    Зошто заминала, зошто се оженил, или според тебе требало половиот орган или умот да си ги стави во туршија!
    Не оправдувам дека поради маќеата го правела тоа што го правела. И сега пак ја советуваш дека албанците ќе и дадат повеќе љубов. Не бил еден тоа е веќе фрапантна бројка. Сигурно биле и во исто друштво па си ја менувале како сакале.

    Девојче доцна е за обвинување иако не е во ред тоа што си го правела од мали нозе. Немаш оправдување за твоето однесување.
    Среди се повлечи се малку не трчај дечко да фатиш. Полека да стивнат работите оти ова е Македонија, а не некоја светска метропола.
    Одбери си другарки кои што те разбираат, па макар една само. Повлечи се малку, штом и професорите те озборуваат тогаш твоето однесување било ептен раскалашано.
    Повторно ќе ти кажам повлечи се посвети се на учењето и семејството. Разговарај повеќе со нив за да ти олесни. Друго немам што да те советувам освен дека грешките сами си ги плаќаме некој поевтино, а некој поскапо.
    Едит: Насловот на темата „Ме остави поради озборување“ некако ми звучи лошо зато што озборување без причина е едно, а озборување со причина е друго.
     
    Последна измена: 12 декември 2014
    На Espadrila, okcenzi, Kukla994 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.989
    Види искренo, си нaпрaвилa мнoгу глупи грешки, нo зa сите тие имaш причинa. Дa, непрaведнo е тoa штo те судaт зaтoa штo си билa сo десет aлбaнци, a некoи штo биле сo петнaесет мaкедoнци не, aмa тaкви се луѓетo. Нa никoј не му е гaјле причинaтa штo се oднесувaш тaкa, ќе те судaт без дa знaaт ништo зa тебе.И не си мисли декa aлбaнците пoвеќе ќе те сaкaaт, пoвеќетo штo ги знaм се зaбегaни. Амa дoбрo е штo си решилa дa се прoмениш. Кoнцентрирaј се пoвеќе нa шкoлoтo и нa нaoѓaње вистински другaрки. Не ти требa дечкo сегa зa сегa. Штoм зa oвa те oсудувaaт, нaјверoјaтнo живееш вo пoмaл грaд. Еднoстaвнo пoвлечи се и не се секирaј, брзo ќе те зaбoрaвaт и нa друг ќе се нaфрлaт. Ти зaслужувaш љубoв, не се oбесхрaбрувaј, сaмo oстaви ги рaбoтите пoлекa дa течaт.
     
    На Cleonika, karak и tessie им се допаѓа ова.
  6. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Не и пери мозок не заслужува љубов... бар не сега, и не е проблем националноста проблем е начинот на размислување и доведување импулсивни заклучоци
     
  7. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Ме остави поради озборување ... не не те оставил поради тоа, те оставил поради вистината и грешките кои си ги направила тоа што другарките те одбегнуваат е поради тоа што не сакаат и за нив да се зборува лошо а верувај дека и родителите не ги оставаат.

    Не сакам да те осудувам но тоа што родителите ти се развеле не е оправдување за твојте грешки, тоа само ти го гледаш како оправдување

    Мој совет е сега да се смириш да сватиш што си направила и да се покајш. Наредниот што ќе го фатиш нека биде малку покасно а и пред да почнеш со него фино лепо објасни му се што си направила да е спремен да те прифати :)
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    15.986
    Пол:
    Женски
    Си направила грешки големи, но тоа е тоа, нема назад.
    Пробај одпочеток се.Некој период заборави и на машки и на врски, посвети се на училиште, оценки, семејство.Сепак уште си премногу млада, 3та средно.
    Знам мислиш дека е претешко сега, но вервај полесно така отколку да помислуваш на самоубиство.Немој.Отвори нова страница во животот и почни да се однесуваш зрело.Како што кажав, имаш уште мнооогу пред тебе да живееш.А на оној што те оставил и те извреѓал,пушти го нека крши гла.Не ти треба таков, уствари сеа не ти треба никаков.
    За секој проблем има решение, треба да го пронајдеш само.;)
     
    На Nausicaa, SwanMay и Teodora* им се допаѓа ова.
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.989
    Секoј нoрмaлен чoвек зaслужувa љубoв. Е сегa тoa штo нaпрaвилa глупи грешки кaкo лечење нa сoпствените кoмплекси сo дечкoвци, не знaчи декa немa дa се пoпрaви. Пa кoгa ги прaвелa тие грешки билa уште дете и сегa е, не билa спoсoбнa дa рaзмислувa прaвилo, сo oглед вo кaквa срединa е изрaснaтa. Зaтoa и јaс мислaм декa привременo требa дa не мисли нa дечкoвци, бaрем дoдекa не се стaбилизирa емoциoнaлнo.
     
    На Igrata, galapce, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Не реков дека албанците ќе и дадат повеќе љубов, реков дека и дале. Освен тоа, повеќето девојки во Скопје имаат бивши албанци, а не се осудувани, па зошто она да биде?? Ајда напраела нешто што другите немаат видено и чуено ама Македонка-Албанец е веќе дури и клише во Скопјево и треба да почне да се третира поинаку зошто Македонците помалку се пуштаат, а ако се пуштат, се се одвива преку фб, тие не се трудат околу девојките ама не сакам да зборувам за нив, сепак има различни... Мое мислење е Македонциве да си се потрудат околу девојкиве наместо само да ги осудуваат зашто и најголемата курва дури бара љубов, а повеќето машки или идат со курви за секс, или тераат долга врска за секс, а потоа бараат домаќинка за да ја оженат. Е тоа не може така! Цел живот запоставуваат некоја која ја сакаат, па после некоја таква земаат за жена, па и сметаат на бивша зашто станала лезбејка, па зошто девојките биле курви, а не е така, ние само се приближивме кон нивниот безгрижен љубовен живот. Среќа веќе не сум опкружена со такви подли машки
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    Браво бе деца за размислувањето. Албанците даваат љубов, а Македонците си го ладат со вас.
    Секоја чест. Врзете си по една шамија и облечете мантил па и децата обрежете си ги зошто да не.
    Колку години имала во седмо одд А!? Колку ја рендале не е битно која националнст биле. Ајде сега најмал проблем и ќе се ебаваме со кој ќе стигнеме. Немате никакви морални вредности само кај ќе ви биде крајот не знам.
    Епа млади госпоѓици Македонците немаат полни џебови и бесни коли за да ги задоволат вашите каприци затоа не се ни пуштаат на такви без никакви морални вредности.
     
    На x.Daisy.x, donna.17, Петре Прличко и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Nema nisto loso sto si bila so albanci. Ja sum bila i so grci, vo dijasporata koga bev i so afro amerikanci pa i so azijci od japonija. Deckoto sto go imas sega e so starotipen mentalitet i takov ke si ostane. Mentalitetot se menuva so godini vreme, taka sto nema sansi da se promeni za mesec dva ili godina. Takov ke si ostane.
    Najdobro da najdes nov decko sto ne zavisi od nadvoresnite vlijanija. Nekoj so cvrst karakter i so moderni svakjanja. Ja neznam on sto se opsednal so toa. Pa i albancite se dobri lugje, nisto ne si zgresila.
    Tvojot decko ne se vladee od ljubovta tuku od emociite na okolinata. Treba da si najdes nekoj sto znae da se vljubi ubavo.

    I tie ucitelkite neznam sto gledaat loso vo toa. Albanec e minister za obrazovanie i na nikoj ne mu smeta toa.
     
    На 123.Maki-first и angelche16 им се допаѓа ова.
  13. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Povekje gluposti otkolku shto prochitav vo tvoite dva posta teshko mozhat da se najdat na drugo mesto. Ti ako si odela so Albanci daleku od toa deka povekjeto Makedonki odat. I ako tolku mazhi bile podli so tebe, znachi toa si go zasluzhila na nekoj nachin, shto se gleda i po tvoite razmisluvanja.

    Inaku mislam deka taa shto ja otvorila temata e trol. Profesorite i se smeele vo kancelarija, kako da ne.

    @Acisal, ne mora i ti bash sekade da se zaebavash.
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    На убава не се мисли само на физички. Така да не се секирај ќе се појави некој што ќе гледа подалеку од другите. Не им замерувај ни на другарките, ни на момчињата тие се уште се дечишта, за жал голем дел од нив засекогаш ќе останат. Сите на свој начин минуваат низ лоши и тешки периоди во животот кој во детството, кој во тинејџерските години, некои подоцна во животот. Сите некогаш сме се почуствувале како да сме оставени сами на себе без разлика дали сме имале друштво или дечко или сме немале. Во тие моменти не сме свесни, но подоцна стануваме свесни дека всушност во тие моменти сме требале да се посветиме само на себе. Да го надминеме она што не спречува да одиме понатаму, да си простиме и себе си и на останатите. Да созреме од болката што сме ја доживеале. Тебе воживотот ти се случиле болни работи. На некои никогаш нема да им се случат и затоа никогаш нема да созреат. Посвети се на себе гледај филмови, вези, плети, прави оригами, цртај, спортувај нешто, стани дел од некоја невладина организација, посвети се на нешто што ќе го извлечи најдоборото од тебе и ќе те направи да се чуствуваш своја и среќна. Кога ќе одиш на факултет ќе си најдеш другарки кои нема да ги интересира твоето минато. Вистинскиот кој вистински ќе те сака ќе знае да се стави во твоја кожа и ќе те разбере. Најголмата маана на луѓето е што не знаат да се стават во туѓа кожа туку знаат само да осудуваат. Луѓето се несигурни и верувај голем дел од тие кои те оговараат и ти судат многу полошо би поминале да биле на твое место. Ти си била премноги искрена и отворена. Си барала утеха и разбирање. Дали некој тоа го искористил или не знаел како да се сноси со твојата болка не е твој проблем ни твоја вина. Си била отфрлена од своите најблиски и од други. Затоа имаш потреба од дружба од тоа да си со некои или некој за да не се чуствуваш отфрлено. Ама баш ти поради се што си доживеала требало побрзо од сите останати да научиш да си си доволна на самата себе. Ако некој сака да се дружи со тебе ќе се потруди да се здружи со тебе, ако некој/а или некои сакаат да бидат со тебе ќе бидат. Луѓето се горди, некогаш колку повеќе се обидуваш да се здружиш и да се зближиш, толку тие се оддалечуваат од тебе. Мисли на себе. Излегувај каде што не си излегувала, оти на места каде никој не те познава и каде можеш да стекниш нови пријатели. Покажи си го вистинското лице, на силна девојка која и покрај се што преживеала е самоуверена во себе и во своите квалитети и верува во сопствена подобра сегашност и подобра иднина.

    П.С. Не им замерувај на професорите, тие секаде се трачари, ако не трачарат за учениците ќе мора да трачараат за сериите кои одамна им се по 5-6 пати прераскажани, досадно им е и не те оговараат само тебе.Ако не можеш да поднесиш оди кај педагогот и психологот иразговарај со нив, кажи им како се чуствуваш тие ќе се потрудат да им ги заврзат јазиците на професорите. Или разговарај со својот татко сепак ти е татко, колку и да сака да те осуди, татко ти е мора да застане на твоја страна, па тој ќе среди. Ама те молам учи. Имај убави оцени, не им давај дополнителен повод да те оговараат, а и за твое добро е. :)
     
    На Annath, 123.Maki-first и tessie им се допаѓа ова.
  15. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Не сум идела со Албанци, но се имам мувано со еден за да научам да се мувам и не се каам зашто детето навистина ме сакаше и беше навистина добра личност, јас ги мразев албанците, но после него малку ги променив размислувањата, а моментално си имам дечко којшто навистина ме сака а и јас не сум сакала никој како него. Ете дека и ти си една од оние што погрешно осудуваат затоа не соли памет туку дели совети ;) И дечко ми е Македонец, да ти кажам да не си помислиш пак нешто трето
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    И мене ми е чуден постот малку ама пак добро е нека читаат и другите со вакви размислувања.
    Неверојатно кога успеала со 10 тина да биде, а татко и ништо да не примети.
    Со оглед на тоа дека почнала од 12 години односно 7-мо одд пак ќе речам малку ми е нереално и тоа што ти го напомена дека ја оговарале професорите во канцеларија или има камера таму поставено па знае.
     
    На okcenzi и troublesome им се допаѓа ова.
  17. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Se shto ti napishav e vistina i vo pravo sum. Pa ti kako sakash sfati.
     
    На Acisal му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    ае ти ко што почна ќе си измислиш и нова личност којашто би ја нарекла по мене да знаеше како се викам
     
  19. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Ne be ne se zaebavam ja okurazuvam drug pat da ne pisuva takvi raboti.
     
  20. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    A shto ne e vistina od ona shto go napishav? Dali si bila so eden ili so nekolku Albanci e najmalku bitno vo sluchajov. Ti treskashe gluposti kako povekjeto Makedonki imale barem po eden od ramkovnite zad sebe shto ne e tochno. Posle si prizna deka si imala povekje podli momchinja vo zhivotot, jas ti velam deka si gi zasluzhila, inaku nemalo voopshto da gi privlechesh. Toa e se.