1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме фати во лага

Дискусија во 'Разделби' започната од babygirl, 19 март 2010.

  1. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Не си ти крива ...воопшто не си глупачка(како ти што велиш)ако тој не ти дозволува ти да одиш ни до WC без тој да знае... е тогаш во него е проблемот... она за тоа дека било тест за него (никој нема да ти поверува,а тој најмалку ;) сепак за да се извлечеш се ќе направиш,знам) ако некој постојано е над мене и ми врши таква контрола(како да сум 5 годишно дете и неможам ништо сама(што правиш ?,кај си ?,со кој си ?(прашањата ми се за лузери))верувам дека сакал да ти каже дека се грижи за тебе и дека те сака
    (Порака за него:БРАТЧЕ ИМА И ДРУГ НАЧИН ТОА ДЕ СЕ ДОКАЖЕ)
    :swear: А ти да му вршиш таква контрола веднаш ќе те шутне(демек тој може се сам,не му треба конторла,тебе ти требало)
    Машки ;)
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    потполно се согласувам...сум била, сум видела, бегај...освен ако не се промени ама тешко...нормлно и маж ми понекогаш има малецки љубомори ама си ги држи во себе....и по неко време знаеме слатко да се изнасмееме
     
  3. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    З'ш глупача????? Шо има ти да се тресиш чоекот си има проблеми со себе, а не со тебе... грешка твоја е шо не си кажала кај си ама на крај краева кој му к...ц, кај кого си, сте немале доволно меѓусебна доверба. Јас мислам дека ова ќе ти се случеше секако кога-тогаш, така да биднала работата.

    П.С. Шо си се потресила толку случајно дан те малтретираше, имат и машки по форумов :D
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Како прво ич не си глупача. Се гледа дека тој е премногу љубоморен, а заедничкиот живот со таквите е незамислив, верувај ова ти го зборувам од искуство. Кој е тој за да те контролира каде си и со кого си? Немој да се нервираш, веќе се случило. Сега единствено што можеш да направиш е да се опуштиш, да не се нервираш, и да не му пишуваш ниту да му се јавуваш. Можеби сега е лут, но ако му зналиш и ак те сака, лутината ќе му помине и тој самиот ќе те побара.
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    не би имала потреба да лажеш ако е бил нормален дечко,а покрај гушење љубомора секој би гледал да излаже само 5 мин да диши нормално....не се окривувај во право си била што си морала да лажеш...
     
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    сам си е крив ти девојце главата горе тој изгубил ти само си се спасила од љубоморен идиот :$ :$ :$
     
  7. Bell.19.9

    Bell.19.9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    епа девојки (и момци, пошо гледам дека ве има :) ) вака сега...
    со дечко ми, поточно бившиот, бевме заедно 7 и пол месеци, што и не е малку. ќе се обидам накратко да ви раскажам се што се случи и да ми помогнете...
    се се случи во ноември минатата година, бев многу разочарана од предходниот и барав само утеха, ама бев спремна да сакам до небо што се вели и да му пружам се на тој новиот што ќе наиде...затоа што бев повредена и барав само некој што знаев дека нема да ме повреди...

    а пак другарка ми имаше еден братучед, многу згоден, популарен, и не по тоа дека има свртено многу девојки, туку по тоа дека е навистина човек на место и зачудувачки голем џентлмен... и сега додека јас бев преоптоварена со мојот претходен, човеков искрено ме сакал веќе неколку месеца наназад. и почнав да размислувам како би ни било убаво заедно и решив прва да му пријдам. а пред тоа размислив убаво и дојдов до заклучок дека има добар статус, и ја бев многу позната и имав беспрекорна репутација(многу пријатели, најдобра другарка,и одлична бев за решавање на било каков проблем) и нема врска тоа, му пријдов, се согласи и се фативме...

    првите 2-3 месеца беа фантазија, како и секоја врска...не го сакав од одма, ама малку по малку почнав да го сакам, и верувале или не, дури и разговаравме за брак и деца и совршен дом итн... :inlove:

    ама почна да доминира еден проблем и тоа: бевме од исто друштво и мојте другарки него го знаеја многу подолго од мене, и за секоја мала кавга што сме ја имале они мораа да застанат на нечија страна...а со неговите другари, поточно и мои другари, бевме многу блиски, сите ме сакаа и ми веруваа и се со ред...

    и по неколку месеци се појави еден фраер...така 6-7 годинки постар од нас (заборавив да кажам дека сите бевме на иста возраст, иста генерација, се дружевме уште од училиште)
    а тој фраерот и беше близок на другарка ми, а исто и се знаеше со дечко ми..

    и сега овја мојов почна да се угледува на него, почна да љубомори, да изиграва мачо-мен, и слично, и почна да се нарушува хармонијата... ;(

    како и да е, се зближив и јас со тој фраерот многу, станавме неразделни, тој пак незнам што му е, не е многу разлика во години, али сепак е доволно да го опишам како педофил...али нема врска се зближивме ... а тој има голема моќ на манипулирање, се што сака е негово за ден-два. јас сакав малку да си поигрувам, и да го прифатам предизвикот, односно се кладевме дали може да направи да го засакам него... ]:)

    но, и покрај се, јас дечко ми многу си го сакав...од недостожна девојка ме направи питома и мирна, мислам беше слатко некако,но сега страдам заради тоа...а го сакав стварно многу, и уште го сакам...

    а фраерот додека му местев една моја пријателка ми се пушташе мене, и како неа што и викаше дека ја сака, така почна и со мене, но бев претпазлива, и тоа мнпгу...

    ме викна да излеземе само да сме разговарале за тоа како се чувствувал тој, и за тоа да види дали јас ќе сум останела ранодушна (почна да глуми жртва), бев свесна за се, но и понатаму сигурна дека ќе можам да му одолеам, па затоа прифатив, и наредниот ден ме зеде со кола од едно место и бевме надвор од град да "разговараме"...не се случи ништо, му дозволив да ме прегрне, иако не требаше, и толку само, ме врати дома и крај...

    но вечерта ми се јавува дечко ми и разговаравме нешо, и му реков да излеземе со намера да му кажам што се случило...и рече океј, но еден час и нешто ми се јавува пак, вели ме виделе другари негови со некого во кола и све тие ми ти страшни работи...

    со фраерот бевме договорени да се држиме до тоа дека божем сме разговарале за мојата пријателка што требаше да му ја местам и сите знаеја за тоа не беше ништо ново...

    мојов се налути страшно....сите застанаа на негова страна, иако знаеја точно што се случи...на пријателиве им кажав дека ми се пуштал тој и се со ред знаеја...а дечко ми му рековме сосем друго... но и покрај се цел свет се сврте против мене и излегоја муабети дека сум го варала и дека имал фраерот моја "шлифка" ...

    мојов престана да ми одговара на пораки и повици, јасно се искажа дека не го интересирам веќе, и јас му признав дека фраерот, кој што му се правеше другар, пробал да ме заведе, али попусто... не ми верува веќе... а и е под влијание на другите од друштвото што беше всушност заедничко...

    сега, веќе после еден месец, сите тие ми се поздравуваат само од култура, а јас заглавив со маалските другарки за кафиња и излагања... јас не се жалам за нив, зашто ми понудија поддршка....

    единствено што жалам е дека го изгубив статусот и репутацијата во градов, а и го изгубив дечко ми. што навистина премногу го засакав, и уште го сакам....

    ве молам за совет како да си го исчистам образот и да го повратам него....а за пријателите секако такви не ми требаатм нели?....само него да го вратам... :sweat:
     
  8. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764


    Јас мислам дека можеби си згрешила што си дозволила толку да се зближиш со тој типот штом уште на прв поглед си го проценила каков е. Како и да е јас мислам дека можеби можеш да се зближиш со бившиот преку некој заеднички пријател (ако го имате сега зошто ти си скарана со тоа друштво сега) или барем излегувај на места кај што знаеш дека се движи, сигурно дека нама да му биде сеедно кога ќе те види, тргни од тебе самата кажуваш дека искрено те сакал, нека види дека се каеш, дека ти е важен, дека не си го заборавила и дека ти значи сеуште... и најбитно дека си се сменила. Не знам, јас на твое место вака би постапила... се надевам ќе се смирите и се ќе биде ок ;)
     
  9. Bell.19.9

    Bell.19.9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    уфф... да, секако...
    ама не, тешко е, но ќе пробам да заборавам. градам нов живот сега...со колегите на предавања ќе си зборуваме само површно колку да се рече(зашто сега тие му се пријатели), а се друго ќе заборавам... зашто сега гледам, не ме ни заслужува. требаше да ми верува.... она од пред некоја вечер беше момент на слабост, па напишав во форумов...ми дојде како олеснување... а, ако дојде некогаш време и пак да бидеме заедно, можеби и ќе бидеме среќни.... веќе нема да му додевам... :)
    само што 2% од мене сеуште ми велат: оди кај него плачи, мора да ти прости... :'(

    ќе покаже време...
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не видов колку години имаш НО, не смеете да дозволите друштвото кое нели ви е заедничко да игра толку голема улога во вашите животи до степен дури да завзема страна кога вие двајца се расправате. Не ми е логично, тоа не е нивна работа да се мешаат, зарем не се чувствуваше ти како да си им ја ставила на нив целата твоја врска на тацна?

    Ако навистина сакаш да си со него, извини му се за тоа што се случило иако било несакајќи, разговарајте како двајца нормални и возрасни луѓе, сеуште не е доцна за разговор, јави му се и речи му дека останаа многу зборови недоречени. И речи му дека немаш намера да го молиш, дека сакаш само да се извиниш, (ова мислам дека ќе упали) и во текот на разговорот ако тој тебе сеуште те сака, ќе увиди дека се каеш за тоа што се случило иако не било сериозно па можеби ќе ти се насмевне среќата :)

    И ако случајно се смирите, не дозволувај друштвото да ви претставува толку значаен сегмент во вашата врска, тоа никако не е нивна работа, тоа на вас ви е друштво - за да се дружите, а не да се мешаат и да исправаат криви дрини неповикани.

    Па со среќа :)
     
  11. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Лелее,те разбирам во целост,јас го имав истото направено,со дечкоми се каравме и сето она што го пишевме на чат го копирав и сакав да го пратам на другарка,но јас го пратив на него ... :sweat: ваква бев ,за момент почуствував дека се што успеав да направам ми паднало во вода,но за среќа му извртев,му замачкав очи и го убедив дека сум сакала нешто друго да му пратам,а кога сум праќала не сум видела дека грешка сум копиралаа :rofl:
     
  12. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Најпрво сметам дека уште од самиот почеток кога си увидела дека и за секоја најмала кавга вашето друштво се меша помеѓу вас си требала да им кажеш да престанат со тоа, бидејќи сепак ти и тој сте во врска, а не цело друштво заедно. Вие треба да си решавате за вашите проблеми, зашто кога и другите се мешаат, повеќе глави- од секоја нешто различно ќе чуеш и најмногу збрки настануваат, а од помошта ништо.

    Второ нешто. Јасно е дека кога наеднаш оној фраерон се бутнал во вашето друштво започнал лошо да му влијае на дечко ти и да биде причина што вашата врска наидела на бранови, но не ми е јасно зашто наместо тоа да му го укажеш на дечко ти, дека лошо му влијае, дека тој е причина зошто тој во последно време станал љубоморен и да пробаш да сториш нешто да си го вратиш дечко ти таков каков што ти си го познавала одсекогаш ти си се зближила со него, па дури сте станале неразделни. :shake:

    Повеќе од очигледно е дека тој имал некакви интереси спрема тебе, па затоа таков манипулатор каков што е пробал да манипулура со тебе, сакајќи да те освои , додека дечко ти веќе одамна бил изманипулиран од негова страна. Кога тебе тоа ти било јасно незнам зошто си си играела со оган, што си прифаќала предизвици од него само и само за да се докажеш дека можеш. А чекај, на кој да се докажеш ? На некој што е главна причина зошто твојата совршена врска, се претворила во врска полна со проблеми. :^)

    Сега ти се каеш за тоа, но кога јас би имала дечко и некој ми каже дека го видел со некоја во кола и јас малко ќе се чукнам во глава. Факт е дека немало шо мајка да тераш ти со него. Пробај да му објасниш на дечко ти како навистина се случиле работите без да го лажеш за ништо. Ако те сака уште ќе ти прости и се надевам ќе се смирите. ;)

    Ова нека ти биде лекција, кога имаш дечко не закачувај се со други. Незнаеш на каков ќе наидеш. :!:
     
  13. Bell.19.9

    Bell.19.9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    хммм, Астерион, за тоа што си играв со него најмногу се каам.... и секако крива сум нели?...

    инаку зборував за ова со братучедка ми, и таа ми рече: "дигни глава, не дозволувај да те газат повеќе, ако ти се сеуште пријатели, сами ќе увидат дека си во право, а и втора шанса заслужува секој..." ама ова е во врска со другарите, а за бившиот малу потешко... знаеш, речиси секогаш кога се каравме за било што, сум била во право, ама сум попуштала со намера да му го "дигнам" егото (инаку беше срамежлив), и сега се ми се удри во глава... тој сега, а и сите околу него, земаат во предвид како секогаш јас сум била крива за се, како тој се мачел за се да ми удоволи.... проблем до проблем ....

    само едно ме мачи: ДАЛИ ДА СЕ ОТКАЖАМ? :worried:
     
  14. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    ednostavno obidi se da mu objasnis deka NIKOJ NE E SOVRSEN!!!
    DEKA SEWKOJ COEK GRESI ITN
    ako te saka i pocituva ke razbere veruj ;)