1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мигрена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RedRose97, 30 август 2010.

  1. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    1.249
    Пол:
    Женски
    Не,не сум испила ни јас две на ден,туку воопшто две таблети досега.
    Читајќи овде, на своја рака решив да земам ,иако не ми е дијагностицирана мигрена.
    Повеќе од дваесет години од пораѓај патам од главоболки,обично во ПМС,мислам хормонално, при што не ми помагнал ниеден аналгетик.
    Откако се напив Зопринеа осетив зашеметеност ама и помин на главоболката.Дај боже во нејзе да ми е спасот.
    Ти благодарам на одговорот!
     
    На Matea94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sanja000000

    Sanja000000 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, имам едно прашање, имав невидени главоболки викендов, пробав со вентор, налгесин, аспирин, и на крај едино кетонал форте ми помогна колку толку. Имав пауза денес без главоболка, но се појави пак и се напив кетонал, а по половина час и дијазепам (патам од анксиозност плус). Да не не требаше да ги измешам овие две апчиња? И како вие се справувате со ова? Поздрав
     
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Не се плаши, може да земеш седатив со кетоналот. Уствари и се препорачува. Мене за силна мигрена и лекарите така ми даваат - и двете.

    Искрено, седативот некогаш може да помогне и повеќе од аналгетик или апче за болка. Јас и од мала доза седатив имам многу добар ефект. Дури и лунерба ми помага, која може да се земе и без рецепт од аптека.
    Јас сега пијам excedrin (овие од Америка ми ги носат) или бруфен од минимум 400 мг кога имам мигрена. Битно е да не чекаш туку да се напиеш апче на почетокот од болката. Ако чекам и трпам болката расте, гадењето станува полошо почнувам да повраќам и тогаш тешко се смирува.
    Тогаш земам прво нолплаза за да престанам да повраќам па ако се смирам за пола саат пијам апче за болка. Или одам на дежурен и ми ставаат Кетонал инекција.
    Ако ја фатам на почетокот, пијам апче, кока кола и едно кафе појако и ми проаѓа болката. Ама и потоа ми треба бар ден два да не се осеќам како од веш машина да сум излегла..одмарам, не користам компјутер и тв и сл..
    Помага и б6 и магнезиум да се пие редовно.
     
    На gjoker4e, Anie93 и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Имам... Ми помага апче само доколку го испијам на почеток од болката... проблем е кога во спиење започнала и по будењето боли веќе некој период.
     
    На Sara<3 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    377
    Дали некој има искуство со Ajovy?
     
  6. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Поздрав феминки, би сакала да ве прашам дали некоја од вас има ставано пирс против мигрена и каде? Дали помага?
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Невролог ми препиша Зопринеа и првите неколку пати ми помагаше, ама кога пиев осеќав како да ми е заледено/numb цело лице, особено делот кај челото и носот. Ама зошто прекина да ми делува, земав Номигрен и вчера зошто многу ме болеше главата од ноќна смена, се напив две апчиња и почна многу да ми се врти, ама буквално ем dizziness, faintness и spinning, не знам како подобро да го објаснам на македонски. Главата и вртоглавицата ми поминаа, ама после буквално ко да изгубив чувство во цело тело, и главата, лицето, дланките, нозете... малку се подобри денес, ама еве се допирам по лице, раце и пак немам потполна сензација и почна да ме фаќа страв. На нет видов дека се тоа нус појави од Номигрен, ама не знам до кога е нормално да траат, друго вака се ми е ок.
     
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Не ги земај но мигрен. Не се баш добри. И јас од нив многу лошо се осеќав. Не можев да функционирам два три дена. Како во некоја кома да бев. А зопринеа па кско пецкање да осеќав по телово и тие не ми се погодија.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Зопринеа мене искрено супер ми беа, немав некои вакви нус појави, и во глобала од едно апче ми поминуваше, што од Аналгин или некое слично не се десило. Ама ми кажа и неврологот дека за многу брзо време се станува толерантен на нив и да не ги употребувам пречесто, ама мене глава ме боли секој втор ден, болки што не се издржуваат и поминуваат без апче. И сега ептен ме фати страв од Номигрен, зошто до сега не ми се случило да изгубам сензација што се вика во цело тело, и веќе втор ден ми трае, а не ќе да е од друго зошто пред да се напијам од апчињата бев ок.
     
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    59.188
    Пол:
    Женски
    Секој втор ден имаш мигрена? Тоа е премногу често :(
    Имаш дијагноза од невролог мигрена? Или имаш чести главоболки што не се мигренозни?
    Имаш направено испитувања, да се исклучат некои причинители? На пример очно, уво, нос и грло (снимање синуси), снимање врат и слично, што често можат да бидат причинители за главоболки.
    Си ги знаеш кои ти се тригери за главоболка? Пример недоволно сон, одреден тип на храна, алкохол, стрес... Да пробаш да работиш на тоа да откриеш што ти ги предизвикува, кој период ти се почести и слично. Ако имаш толку чести главоболки можеби треба промена во начинот на живот, апчињата за жал се краткотрајно решение.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Може да е од апчето. А може да е и од самиот напад. Пошто мене др. Ми рече дека кога имам напад на мигрена може да се случи да го изгубам осетот пример нс прстите, да ми се фати говорот и сл. Мене не ми се случило. Само еднаш ми се здрви образот од таа страна каде што ми е мигрената.
    Секој втор ден не би требало да е мигрена. Ти може имаш мигрена ама не секоја глсвоболка може да ти е од мигрената. И јас некогаш си имам обични главоболки што поминуваат да речам за еден ден. Кога ме фаќа мигрената ништо не ми помага 3 дена од кревет не можам да станам.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Од кога памтам за себе ме боли глава, уште во средно знам имав често главоболки, ама со кафетин/аналгин се средуваа. После почна се почесто да ме боли глава, ама ако не се напијам апче, почнува да ми се лоши, врти, добивам нагони за повраќање, може и по неколку пати да повратам, светлина ми смета... Се укажува на мигрена. ЕЕГ направив и томографија на глава, и разни испитувања преку крв, добри беа. Синуси инаку имам, ама мислам ми "проработеа" во 2022, пред тоа сум немала со нив проблеми, и за нив си пијам терапија, а и на последнава томографија на глава тој техничарот тврдеше дека немам синуси... Невролог инаку ми ги бараше овие испитувања. Очен притисок пред неколку години проверував, ми рекоа дека е ок. Веќе не знам искрено на која врата и кој лекар да тропнам, се изморив а главава упорно ме боли. Алкохол не пијам, а може да ме заболи глава кога и текне буквално, некогаш се случува во спиење да ме заболи, со болки да се разбудам, некогаш ако немам јадено подолго време, ама во глобала цело време јадам :D. Буквално, ме има заболено страшно глава на прошетка во природа и не ми помага ни чист воздух, ни ништо. Веќе страв ме фаќа, зошто ко што стареам честотата станува се поголема и ниедно апче не ме оправа...
     
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    59.188
    Пол:
    Женски
    :hug:
    Истата сум.. од основно имам главоболки, а првата мигрена ја имав на 19 години. Испитано се по неколку пати.. синуси не знам колку пати имам снимано, рентген + кт, очно неколку пати, испитувања преку крв еден тон и магнет на глава ама причинител не е најден :)
    Последниве 3-4 години не сум имала мигренозен напад (пу пу пу), ама секојдневни главоболки ехееее.. некако се научив да живеам со нив.
    Подобра исхрана, подобар начин на живот, поголема грижа за себе, ми помага. Јас немам нус-појави од номигрен, ама многу брзо престана да помага. Кафетин помага за немигренозните и налгесин понекогаш. Друго ништо.
    Едит: Исто и кај мене се случува да се разбудам со главоболка, да ме заболи глава ако се прејадам или ако прегладнам. Ако не испијам доволно вода во денот, ако не одам во веце редовно, ако премногу се изнервирам, ако не исушам глава убаво после миење... :D не е смешно, знам.. :hug:
     
    Последна измена: 24 ноември 2023
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Mene znae pred da dobijam da me fati migrena.No pominuva.
     
  15. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    А од промаја, ветер или клима на ладно ако дува во тебе?
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Е заборавив уште една работа, не знам притисок дали си имаш проверено, мајка ми ми кажа уште тоа да видам, зошто ако имаш низок притисок можно е да имаш чести главоболки. Со пиење на апчиња за регулирање притисок, најверојатно и главоболките ќе се средат. Ама треба изгледа да се погоди кога те боли глава да измериш притисок за да видиш. Јас немам апаратче дома и не сум видела каков ми е тогаш...
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    29.304
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со пирсинг на ушите против мигрени? At this point, се би пробала.

    Инаку јас имам сезонски мигрени најчесто пролет и есен, константна главоболка, еден куп апчиња пијам и не ми помагаат. Кога ми се мигрените со аура не можам да функционирам зошто многу ми се гади. Ми се појавија од 7 години, како дете одев кај Софијанов и он ми препишуваше гамибетал. Ги пиев до 18 години, после тоа сменив невролог оти отиде Софијанов во пензија и новата докторка ми даде Фезам(што според упаството не се за мигрена). Ги пиев неколку години, и ги прекинав зошто ми се намалија мигрените, ама сега пак ме фаќаат.

    Исто доста видеа имам гледано за ботокс како и студии дека е можно решение за мигрена, дали и тоа случајно некој го пробал?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    59.188
    Пол:
    Женски
    Низок ми е, ама секогаш ми е низок. И ова е разговарано со невролог. Кога имам главоболка и кога немам истиот е 90/60 (во бременост ми се спушташе 80/40 и ок бев).
    Со низок функционирам јас, а и апчиња за низок притисок не знам дали има. Ми се има качено два пати во живот (130/80) и ужасно се осеќав, мислев дека имам некој удар

    Порано многу. Малку да ме дувне ветер, наредниот ден тешко мене беше. Сега сум поотпорна. Треба ептен долго да се изложам, ама мислам така секого би го фркнало глава.
    Како и да е, верувам дека не е еден причинител што ако се пронајде и реши, ќе се средат главоболките. Мислам дека се низа фактори во прашање. Стресот е силен фактор.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    И јас имам читано за ботокс дека помага за мигрена, искрено и тоа би пробала. Исто, викаат дека неурофидбек помагало, јас веќе одам, уште ги немам довршено терапиите ама подобрување уште немам забележано. Неврологот кај што одам ми кажа дека имало некои апчиња за намалување на честота на главоболка, ама па и тоа не е решение...
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    71.620
    Пол:
    Женски
    Кај мене дома си патиме од мигрена, иако за среќа мене многу ретко знае да ме фати. Сестра ми разговараше за ботокс и планира да става во скоро време, па ќе те известам како поминала. Нас ни помага Но Мигрен апчињата
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.