Јас пиев така неколку месеци по едно апче пред спиење. После останав бремена и ги баталив. Сега уште дојам и така.
И јас сакам со ботокс да пробам, али кај нас од тоа што се распрашав во една ординација само на челото ставаат, а инаку знам дека се става и на скалпот и позади на вратот, и кошта од 550 до 800 евра за три месеци у странство, а кај нас не знам зашто го нема третманов ова стварно не се издржува ми иде да се убијам.
Мене Тираматот искрено ми помогна за мигрената, искрено откако почнав да пијам дали еднаш ме има заболено глава, ама искрено не ми се допаѓа како влијае на расположението, мноогу нус појави имаат и ептен се горчливи. Ама кога ќе ми текне дека секој втор ден ме болеше глава, пресреќна сум што ми помогнаа.
Да, да, ама јас погорчливо нешто немам пробано, буквално ако ти го допрат јазикот само одма се осеќаат. Ми ги препиша невролог, ама дур ги најдам беа патешествија. Во Македонија мислам дека ги има само по порачка во една аптека Стратера во Скопје и аптеки Бруно во Кичево. Се препишуваат за третман на епилептични напади и за спречување на мигренозни напади. Јас мислев дека не постои лек за мигренава моја, ама ете имало, само МОРА да ве предупредам, стварно се лоши нус појавите, глава ќе ви помине, ама се друго ќе ве фати, зборам во однос на ментално здравје, многу влијаат на расположението, можеш да прочиташ на интернет за side effects.
Дечки во последно време често налетувам на видеа со пирсингот кој помагал за намалување на мигрена, можеби сте слушнале. Читав баш, многу луѓе тврдат дека им помогнал, но од медицински аспект нема некое објаснување. Дали можеби некој од вас го има? Тоа ме интересираше. Бидејќи ако решението е пирс, лесна работа.
Мајка ми има дијагностицирана мигрена, сака да оди кај Жан Вулич во Белград, има некој со искуство од кај него?
Што всушност овој доктор прави и како ја лекува мигрената, со апчиња некои или тинктури? Мајка ми ја има повеќе од 30 години, решение не најдовме. Колку години е мајка ти? Ако не е сеуште во климакс има шанси после климакс да ја нема. За жал кај мајка ми и после климакс ја има мигрената.
Невролог мора да ги препише овие. Мене ми ги препиша да ги пијам пред неколку месеци, пијам наутро и навечер, ми кажа дека најверојатно ќе ги пијам 2 години, може и подолго, јас конкретно пијам од 50мг, задоволна сум сега за сега, изретчени ми се мигрените, сега нормално пак ме заболува глава, ама потребни им се 3 месеци за потполно да имаат ефект. Инаку не смее да пие алкохол додека ги зема, ама мене тоа секако не ми беше проблем.
Секако не пие, не пуши, тоа не е проблем, таа газирано не пие а камоли алкохол, кај неа е многу години. Последните 2,3 години и препишаа АД, а пред некој ден откри и синуси плус, тоа уште повеќе и ствара болка па ќе видиме како ќе биде. Колку често имаш главоболка, таа доста често има. Ама добро ти си веројатно и млада.
Ako ima nekoj problem so migrena neka mi pise vo lp,ima edno resenie pa da spodelam mislenje,ima fizioterapevt vo Sk koj izleci migrena na prijatelka
To nee tajna no ete moze da dadam broj mob. vo lp da ne pisuvam broj javno,a jas toa sum go videl licno i znam deka covekot pomaga,taka da toa e moe mislenje
Мноогу често имам главоболки, уште од дете, мене ми се страшни, и ако не се напијам одма апче, и тоа специјално за мигрена, овие обичните воопшто не ми помагаат, знам да се утепам од повраќање и после со денови не можам да се оправам. И синусите знаат да предизвикуваат исто главоболки, нека си оди на ОРЛ да и препишат и за тоа соодветна терапија, јас за тоа си примам плус терапија и си ги средив синусите, сега ми се океј, само што добро, благата девијација на носот си остана - тоа не се менува и имам проблеми со секретот. Исто мене за главоболки пријатно ми делува Меди Викс, маст од 135 денари од Зегин, си ја шлапам на чело по сто кила и на образи кога ме боли глава, оригинално ја купив за синуси/носот ама нешто не ми смени, ама вака како 'придружна терапија' со апче ми е супер.
Не е во климакс, инаку 47 години има. Еве за докторот: KAKO IZGLEDA ŽAN VULIĆ TERAPIJA? Uz pomoć aparata sa odgovarajućom frekvencijom, odnosno impulsom, koji nanosimo na određeni deo tela razbijamo spazam u tkivu, i tako prokrvljujemo i razbuđujemo nerve, nakon čega se mišićima vraća pokretljivost. Žan Vulić terapija je inovativna terapija za izlečenje od skoro svake vrste bola, osmišljena od strane višeg fizioterapeuta Žana Vulića. Žan Vulić terapija je skoro pa bezbolna terapija, u okviru koje se laser sa određenom frenkvencijom nanosi na bolno mesto, ili tkiva koja su povezana sa bolom. Laser se na tkivima ili bolnim tačkama zadržava nekoliko sekundi, a celokupna terapija traje svega nekoliko minuta. Еве и вебсајтот: https://www.zanvulic.rs/
@Anika55 @Luminary @blueeparadise Другари со мигренава како сте? Мене во бременост ме поштеди, ама сега после пораѓај ми наплати за тоа време. Тригер ми е недоволно сон, и промена на време. И циклус, добив пред некој ден, после 15 месеци и цел ден ужасни вртоглавици, од кревет не можев да станам, и мин. 10 пати повратив. Засега 1000мг парацетамол ми помага (500мг нема ефект) пошто дојам и не пијам нешо друго. Порано Но мигрен имам пиено, воопште не ми помагаа. Ни кетонал, Налгесин, Аналгин , Бруфен и слично воопште. На невролог бев пред бременост, ми кажа за некој антиепилептици, веројатно тое @blueeparadise што ги спомна, ама пошто планирав бременост ми кажа понатака тоа. Треба пак да закажам. Имам снимано синуси и врат, тоа е се ок. Сакам пак на невролог и магнет да направам (ако се гледа нешто воопшто). Сега сум 35, а од 18 год имам главоболки, мигренозни секогаш од десна страна (многу ретко лева) но секогаш само од една страна. Честота- еднаш неделно, некогаш еднаш на две недели, некогаш два пати во неделата. Ретко повраќам, ама јака болка не можам да гледам, притисок во око, и рамо врат боли ужасно. Очен притисок е добар и диоптрија проверена.