Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мигрена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RedRose97, 30 август 2010.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.217
    Пол:
    Женски
    Колку чини оваа терапија?
     
  2. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.025
    Пол:
    Женски
    Za kompetno lecenje obicno je potrebno 12 terapija. Mogu se raditi po 2-3 terapije u toku dana. Tako da je potrebna jedna radna nedelja za ceo tretman.
    Cene su sledece:
    Paket 12 terapija + kontrola:
    70.000 rsd(600€)

    Баш ќе ја прашам мама дали сите 12 ги направила. Иначе сабота и недела не работат. Ако правиш во ден 3 терапии, ондак можеш за 4 дена да завршиш. Мама ги цепкаше дури месец дена мислам.
     
    На DaisyDream и anggell им се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.267
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Женски
    И има ефект?
     
  4. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.025
    Пол:
    Женски
    Мамс направила 6 и од тогаш ја нема фатено мигрената. Има останато уште 2. Да не ја подречам, стварно се спаси. :whew:
    Пак ќе ви кажам, најубаво да си закажете преглед кај др, да отидете до Бг на преглед (кошта 3.000 српски динари т.е. 1.500 наши денари) и он ќе утврди дали сте за кај него a ако сте во прегледот и во тие 1.500 денари имате и една терапија гратис. Ем шетња плус:lol:
     
    На Cosmic Girl, DaisyDream и anggell им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум читала на форумов на темава а имам мигрена од девојка.

    Првпат лани почнав да правам испитувања околу неа. Сето тоа трае временски ако се земе во предвид нашето здравство..
    Конкретно ме интересира дали некој добил некогаш објаснување зашто ја има мигрената од доктор?
    Јас се обидувам сега по пат на елиминација да дојдам до вистинската причина. Досега само најдов од што сигурно не ми е. :(

    Ми се чини дека само симптоми лечиме а не и причина.
    Се надевам ќе најдам што лежи зад неа.
     
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    61.848
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека точниот причинител за мигрена сеуште не и е познат на медицината.
    Screenshot_20250128_120310_Chrome.jpg
    Сите испитувања што се прават, се прават за да се исклучат органски причинители за главоболките (синуси, тумори, васкуларни болести и др.).
    Но, може да се открие кои ти се тригери, кои веќе сигурно барем отприлика си ги знаеш. Со избегнување на истите и со соодветни лекарства за болка или превенција, може значително да се подобри квалитетот на живот со мигрена.
     
    На xxx-ba и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    7.986
    Пол:
    Женски
    Јас имав мигрени пред неколку години можда. И едино нешо шо помагаше беа кетонали и жешко шише на едната страната. Ова се случуваше кај мене два пати годишно, кога времето се мењаше топло-ладно и обратно. Но долго ми траеа кога ќе почнеа, 1 месец, за мене беше цела вечност. Но сега, фала му на Господ, неколку години немам осетено како е, се надевам нема ни во иднина.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што не сум сигурна дека се прават тие испитувања да се исклучат органските причини доволно често. Веројатно голем број такви испитувања не резултирале со наоѓање на органски проблем, а траат и се временски и финансиски трошок за пациентите. Па или пациентот не сака да ги прави, или докторите.

    А мигрената некогаш е симптом за органско заболување и не знам колку во пракса тоа го проверуваат, а колку пати непроверено и прерано го етикетираат како генетски и нејасен проблем.

    Мене матичната на пример никогаш не ме прати да правам испитувања или да видам невролог.
    Ако не побарав немаше да ме прати. А веќе сум во 40-те години.
    Случајно оидов на контрола на срце со ехо на приватен кардиолог, чисто да направам контрола. Кардиологот уште при самата анамнеза се посомнева дека може да имам мигрени заради срцето. Кога ме виде на ехо рече дека може да има мешање на двата вида крв заради вродена состојба на срцето која не ни знаев дека ја имам. Ја имал и брат ми ама не ми кажал додека не му спомнав за мојот проблем.
    Ако имаш во семејството таков случај веќе посериозно те следат. Дополнителни испитувања се прават на неврологија за да се провери дали има недостаток на кислород во мозокот со интракранијален доплер. Кај брат ми на пример доплерот покажа дека има мешање, кај мене се покажа дека нема. Ризикот за мозочен удар е поголем ако има мешање, треба да се следи, да се пие нешто.
    Такви дијагнози се ретки ама постојат. Ако не се провериш нема да знаеш, нема да пазиш и нема да превенираш.
    Тоа не можеш да го знаеш ако не провериш до крај со дијагностика.

    Сега еве исклучив една причина, ама не знам дали немам друга.
    Некои доктори ми велат да проверам инсулинска резистентност. На ум сум и тоа да проверам.

    Не знам дали некој што имал мигрена тоа го проверувал. Би сакала да пише свое искуство ако има.

    Што знам јас сум многу темелна и упорна кога се работи за моето здравје. Премногу лоши примери сум имала од блиски кои негирале здраствени проблеми и лошо завршиле зошто не оделе кога требало на лекари. Или пак примале несоодветни терапии.
    Јас кај тројца доктори ќе прашам, не ми е тешко да одам, да се боцкам на шест месеци, се ќе преиспитам и ќе одлучам кој совет ќе го послушам. И пак ќе следам дали делува или ќе сменам нешто.

    Едно хронично заболување така го фатив во рана фаза, си го следам и контролирам, прилагодуваме терапија и сл. Не сакам да дојде до полошо.
    И тоа на моја иницијатива и упорност беше. Ми ги дискредитираа симптомите, некои доктори ме гледаа како да ги измислувам. Додека не направија подетални испитувања...

    Не сме сите исти организми, а некои од нас се и поосетливи на сензациите што им ги дава нивното тело и се поосетливи на внатрешните промени.

    Мене мигрениве многу почнаа да ми пречат. Ги имам на секои две недели во просек. Мали нешта ми се тригер, си го подредив дневниот ритам на нивно избегнување.
    Изморена и отруена сум од апчиња.
    А за хроничниот проблем ми се баш штетни што ги пијам често. Трае мигрената два дена, три, не се поднесува како зомби сум.
    Изолирана и неспособна за било што.

    Еве невролог ми даде зопринеа, се учам да ја пијам на време за да делува. Кога нема да ја испијам навремено и ако ја потценам болката, почнува голготата.
     
    Последна измена: 28 јануари 2025
    На Anika55 и boo3 им се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.831
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl сега ќе ти пишев да провериш инсулинска резистентност и општо хормони. Мене ми беа од тоа. Страшни беа , до инјекции стигав, од 30 дена во месец, добри две недели бев со главоболка. Правев и мри на глава, ми одеше памет на аневризма и тумор, чисто беше се. Кога го средив инсулинот, магично се изгубија. Ептееен ретко еднаш во неколку месеци пред добивање знаеше да се појават и да траат два дена.
    Сега во бременост со флуктуација на хормони на почеток на втор триместар многу беа чести, ама еве фала богу со месеци сум немала.
    Најпрво провери физички да не има нешто присутно, исто и некоја спондилоза на врат да не имаш, па провери хормони.
    Немав стигнато до зопринеа, ама помагаше кога ќе ја осетев аурата еден аспирин 100мг. Демириџиев ми го препорача тоа. Инаку сакаа на антидепресиви или антиепилептици да ме стават идиотите од државна, до толку бев за никаде. А многу сум против пиење на апчиња без утврдена дијагноза и причина.
     
  10. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    5.311
    Пол:
    Женски
    Најискрено од срце те советувам за мигрена пирсинг. Јас таму го најдов спасот инаку не знам што ќе беше со мене...
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Проверено е спондилоза и хормони се ок на тироидната. Полови хормони-како за менопауза нормални.
    Како провери инсулинска резистентност?
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.831
    Пол:
    Женски
    Многу едноставно за почеток, само инсулин и глукоза на гладно, па се одредува хома индекс. Имаш формули на гугл, а во синлаб автоматски одредуваат. Па после тоа ако има потреба огтт тест со оптеретување.
    А штом си во менопауза и тоа партал прави во организам и може да предизвика мигрени. Баш ја мава слабата точка кај секоја жена.
     
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.267
    Допаѓања:
    7.847
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас ама за мојата мигрена ниту еден работодавец немаше разбирање и емпатија.
    Мене страшни ми беа главоболките по 2,3 дена. Некогаш се случуваше да не заминам на работа, а тогаш кога одев не знам како издржував тоа беше преживување. За мојот проблем превртуваа очи. И зборуваа дека лажам.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.217
    Пол:
    Женски
    Кажи ми кај кој одеше за пирсинг?
    Планирам мајка ми да ја носам. Дали е голема болката кога се става? Читам некогаш кај некои и повеќе од еден треба да се стави.
    Колку време го имаш? Се надевам дека ќе помогне на мајка ми, кај неа е секој ден така со главоболка.
     
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Да исклучам прво органски заболувања, па би размислила за пирс.
    Да не испадне има поголем проблем кој не сум го видела.
    Најискрено страв ми е од компликации од пирсот , па некако како последна опција го оставам.
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Не сегашното работно место, тие што осетиле и самите како е мачна мигрена или имаат близок со мигрена имаат разбирање за мене.
    Тие што немаат видено што е мигрена сигурно мислат дека измислувам. Среќа па тие што ми се претпоставени имаат разбирање. Жими се ги благословувам.
    А на претходните работни места не сум имала толку разбирање и ме терале до повраќање да седам на работа. Една од причините зошто и не работам таму веќе...
     
  17. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    5.311
    Пол:
    Женски
    Јас се пирсав во Блинг Блинг минатата зима и не ми беше прв пирс, но беше прв за мигрена. Од сите што ги имам овој беше најболен, да не се лажеме. Исто и заздравувањето му е споро, мора да се води грижа многу. Но луѓе верувајте, би ставила уште 5 само да ги немам гадните болки што ги трпев од мигрената.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.217
    Пол:
    Женски
    Значи помага тоа е најважно.
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.217
    Пол:
    Женски
    Која цена е, само едни ли се во Македонија?
    Мислам две ми излегоа досега.