Исто да надополнам за една недела сум на комисија на државна за примање на инекција Ајвоу па ке видиме
Јас пиев пропранолол и воопшто не ми помогна. Го пиев година дена зошто толку чекав да ми се јават од клиника за Ajovy, и кога ми се јавија останав бремена така да не можев да го примам. Да сум на твое место би одела директно со Ajovy штом ти го одобрат, би требало да е многу подобар бидејќи сепак е специфичен лек за мигрена а пропранололот не е
Јас земав Имигран од Грција бидејќи сум бремена па само тоа ми е дозволено, ама не знам моментално низ нашиве аптеки што даваат како замена. Не можам да си поверувам дека на сите нови терапии низ светов, ние уште не можеме еден тип триптан да обезбедиме во државава, а не па повеќе. Срамота и тажно. Али што очекуваме, до пред некоја недела немаа уште снабдено лекови на онкологија, не па за мигрена…
Ќе си дозволам да одговорам, на клиника за неврологија треба да проценат дали си кандидат за инекцијата или не. Исто така треба прво да имаш и пробано и некој од другите превентивни третмани (кои се поевтини) па ако не ти функционирале одиш на следново.
Се изненадив колку многу луѓе одат за пирсинг. Мајка ми стави, се надевам ќе има ефект. Слушав само позитивни работи. Додека чекав и млади и стари доаѓаа.
Се надевам дека ќе и помогне, ако нема резултати и рекле уште еден понатаму да и стават. Рано е да кажам за резултати една недела како стави, за 2,3 месеци ќе кажам првично искуство. Додека чекав имаше позитивни искуства што слушав. Двајца дојдоа кои морале поради операција да го извадат и беа многу задоволни. Се вратија пак да им стават.
Koi apcinja gi zemate od grcija za migrena? Utre sakam da odam da zemam. Se otruv od nomigren. Strasni bolki imam precesto.
Мислам дека не си во соодветна тема, ама да бидејќи и јас страдам од јака мигрена за црна хроника сме. Јас ги зимам Forcet , а пред тоа ги зимав други Имигран мислам се викаа ( ќе проверам)
Кога веќе сме на тема пирсинг за мигрена, јас имам пишувано дека имам ужасни мигрени и само од апчињата од Грција ми помагаа. И почнав да се распрашувам кој ставал пирсинг за интезитет на болка и колку им помогна. Дел што рекоа со интезиет мерено во апче им мине со Номигрен ( мене не ми делува) им се намирува со пирсинг. Со појака болка дека им се враќа болката. Е сега неам памет што да се прави.
Нема апсолутно никакви статистички докази или истражувања дека помага, освен луѓе рекла казала. Ама паталац се ќе проба, така да ако веќе ништо друго не ти помага, пробај, што ќе правиш.