Мигрена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RedRose97, 30 август 2010.

  1. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    528
    5ти месец постпартум сум и почнаа да се враќаат. Ми се умира.
     
    На Cosmic Girl, Matea94 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.597
    Допаѓања:
    8.617
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме и мене ми се врати мигрената. Ама пак ќе нагласам порано имав нон стоп напади и нон стоп од кревет не станував по 3 дена или одев на дежурен или по цели денови лежев во темно чекајќи да поминат тие три дена. Ниедно апче не ми помагаше. И на работа нон стоп си имав проблеми со работодавецот ради мигрената. И сега имам кога ме боли по неколку дена, пример претходната речиси цела недела ме болеше. Ама јас изгледа бев навикната на премногу јаки болки па сега ми е подобро за разлика од тогаш.
    Тогаш дури ни на дежурен не ми помагаа лековите ниту инфузиите кај матичната. Пиј што сакаш, прави што сакаш си болеше, додека не поминеше сама од себе после 2,3 дена. И не сакам пак да ми биде така бидејќи од кревет не можев да станам, а сега имам дете за гледање.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.597
    Допаѓања:
    8.617
    Пол:
    Женски
    Мене порано секој напад таков ми беше,(те разбирам како ти било) а секој месец обавезно еднаш или два пати ваков напад. А измеѓу обичните главоболки не ги ни рачунам.
     
  4. Orangebiscuit

    Orangebiscuit Нов член

    Се зачлени на:
    6 август 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    јас користев еден спреј Мигракор тоа е триптамин, по еднаш се прска во секоја ноздра но не ми помага повеќе од 15мин, пак продолжува главоболката
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    9.477
    Пол:
    Женски
    Јас патам од мигрени речиси цел живот. Кога влегов во тој период на менопауза, како ми престанаа циклусите така ми престанаа наеднаш и мигрените. Толкаво олеснување беше тоа, не сакав да коментирам да не се џинкснам. Ама по 1-2 години пак се вратија. Во 2024 почнав да правам здраствени контроли што никогаш не сум ги правела- интернистички прегледи, кардиолошки (мигрена може да е последица на некои проблеми со срцето), невролошки прегледи со CT скен на глава. Претходно имав направено ортопедски - вратот го исклучив како можна причина. Дури и стоматолошките проблеми (сите заби ги санирав, да не случано е болката од забите). Последно еден невролог ми рече и зглобот на вилицата да го проверам. Ми имаше логика зошто нели болката е долж фацијален нерв, а и знае да ме зеза некогаш тој зглоб при загриз, при анестезија ајде и тоа проверив.

    На крај не најдоа причина за мигрената.

    Докторите тоа го сметаат за добро, зошто се исклучија еден куп физички болести. Неврологот рече дека во ваков случај, кога нема физичка причина или болест за главоболката, се објаснува и со склоност која е наследна. Односно ако родителите имале проблем со мигрена, децата може исто да имаат. Во мојот случај мајка ми има и мојот син има уште од пубертет.

    Терапијата е да се пие она што знаеш дека ти помага и да се води евиденција што ти е тригер и да се уреди стилот на живот така што тие тригери ќе се трудиш да ги минимизираш.

    Мене ми даде прв пат Зопринеа. Лекот ми беше препорачан и претходно од паталци, ама не сакав да го пијам на своја рака без да ми дозволи невролог.
    И во право бев што почекав. Прво зошто може ќе се најдеше друга причина за мигрената, за што ќе требаше друг лек, а второ зошто леков не се препорачува за луѓе со одредени здраствени проблеми и си има некои ефекти кои не се баш пријатни.
    Така моите лекови се Аналгин, Бруфен (од 400 или 600мг), Зопринеа. Ги напишав по интензитет на главоболка- од послаб кон појак лек, за различен интензитет.
    Дополнително земам по потреба и некој лек со седативно дејство (дневна лунерба, дијазепам) и ако за гадењето и повраќањето Реглан, Нолпаза и сл.

    Она што научив досега за себе:
    - Да не одложувам пиење апче, туку да го испијам кога ќе почне мигрената. Затоа секогаш носам апчиња со себе.
    Премногу пати се имам зезнато да не се напијам навреме апче (сум немала во мене или сум мислела дека ќе помине со одмор и со време) и главоболката да ескалира за кратко време и да не можам да се опоравам два дена.
    -Подобар ефект имаат апчињата ако се во комбинација со благ седатив.
    - Освен апчето, ако имаш можност, убаво е да си во средина каде нема премногу интензивни дразби - пригушено светло, без екрани, без иритирачки звуци и мириси. Дури и температурата - оладена просторија, ладни облоги на главата, лицето, вратот. Не мора да спијам, доволно е да не сум активна.
    - Менаџмент на тригерите. Тоа е најтешката работа.
    Моите тригери се следниве- почнувајќи од најчестите:
    1. Стресот.
    Сакал или не, тој е секојдневие. Психичкиот стрес не може да се избегне, може само да прилагодиме како ќе реагираме на него. Секогаш се трудам да ја гледам големата слика на нештата кога одлучувам за што вреди психофизички да се ангажираш, а за што не. Одложувам реакција од прва. Така ја штедам својата енергија. Некогаш нештата треба да поминат покрај нас, како ветер, а не низ нас и да направат хаос во нас. А некогаш работите и без нас се средуваат..
    Потсвесните мисли исто се тригер, така што гледам моите лични проблеми да не ги бутам под тепих, туку да ги вадам на светлина и да работам на нивно разрешување (ова е ongoing процес, хахах)
    2. Гладта
    После психичкиот стрес најголем тригер ми е одложувањето на јадењето. Ако осетам глад морам одма да јадам, зошто може дури и за 1ч одложување на јадењето да ми ја стартува мигрената. Почнав да им ставам на сите околу мене до знаење дека кога мора да јадам, правам тајмаут на се и одам да јадам.
    Гладта е физички стрес за организмот, не треба да се трпи.
    Спротивно на сите што велат дека пост им помогнал, еве јас сум обратен случај. Мене ми помагаат редовни и умерени оброци.
    Истражив малку со AI и дознав дека мигрената е поврзана со пад на сертонинот. Хормонот влијае на крвните садови (нивната стегнатост), на расположението, сонот, апетитот и виталните функции. Сератонинот главно се произведува во цревата, а помалку во мозокот. Заради тоа има врска со гладувањето.
    - Сонот
    Недостаток на сон и тоа на квалитетен сон - ноќе а не дење исто е тригер за мигрена наредното утро. Легнувам порано, и еден до два часа плус прават разлика. Не заменувам повеќе сон со обврски или со гледање тв или мобилен.

    - Средински фактори
    Претерано замарање на очите може да е тригер. Затоа водам сметка колку сум на компјутер, правам паузи или прекинувам со гледање во компјутер ако можам. Читам умерено. Внимавам на screen time. Нема повеќе binge watching. Сонцето ми има предизвикано мигрена со аура, што е прилично непријатно и од тогаш пазам и да не гледам директно во него, носам наочари за сонце кога е јако светлото (порано немав навика).
    - Здрави навики:
    Умереност во јадењето, како во количина, така и во составот.
    Движење, навика за спортување и рекреација. Раздвижување на сите зглобови, мускули, делови од телото секој ден. Интензивна физичка активност бар 2-3 пати неделно.
    Контакт со природата, секој ден. Често занемарувано, ама испадна за мене клучно. Да сум 1-2 дена помеѓу четири ѕида и одма ми е лошо.
    Тераса и прозор не се доволни, потребно е да се осети земјата под стапалата, да се помириса ветерот, да се влезе во водата, да се качиш на планината.
    Да практикуваш моменти за релакс, секој ден. Да направиш барем едно нешто што те релаксира и што имаш чуство дека ти треба за опуштање. Животот не смее да биде само обврски, мора да има и простор за забава. (пр. едно раат кафе, средба со пријател, третман некој, коктел, време за некое хоби).
    Спритуалното и духовното - секој има потреба повремено да се провери каде е во големата слика, во својата животна филозофија и во мегаверзумот во кој верува. Инаку се што правиме ќе личи бесцелно. Некој секојдневно ќе одвои време некој можеби неделно, кој колку има потреба ама ако не одвојува ич дефинитивно ќе има проблем.

    Извинете за долгиот пост, имав потреба да споделам со некој што има мака како мојата. Ако помогне некому, би ми било драго.
     
    На milkyway^^, Matea94, LuckyCharm и 5 други им се допаѓа ова.
  6. milkyway^^

    milkyway^^ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    83
    Има стигнато зопринеа по аптеките?
     
  7. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Женски
    Не, само Трекар ни е достапен