1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мигрена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RedRose97, 30 август 2010.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    29.582
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да барам препорака каде да одам приватно на преглед, зошто не можам да чекам државно термин. Последниве месеци ми се зголеми интензитетот на мигрените, последните години ги имав вообичаено само пред циклус, сега имам 7-10 мигренозни напади месечно. На дежурен пред некое време завршив, ми дадоа да пијам Золмитриптан ама 3 апчиња се само во кутија, башка side effects што ги имаат ме прават нефункционална да сум на работа и не можам да ги пијам освен кога сум дома, па се клукам пак со кетонали и реглан ама на долга стаза не можам вака.

    И друга промена забележав и сакав да прашам дали некој друг се соочува со вакво нешто, кога имам мигренозен напад и се возам во кола страшно многу ми се повраќа и ми се врти и не можам ич да издржам возење, дури и на кратки стази.

    И кога веќе се распишав дали пиете некакви суплементи што би помогнале за мигрената? Почнав да пијам Мигренон, на природна база е ама уште немам испиено цело пакување за да знам дали стварно и колку делува.
    [​IMG]
     
    На DaisyDream и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.913
    Допаѓања:
    17.961
    Пол:
    Женски
    јас како помала имав многу почесто, кога бев на факс исто ама мене знам ми беше од стрес пред испити, ретко ми беше поврзано со циклуси. На два невролози бев на клиника ми рекоа тоа е нервите нема како да се проверат. Тука у мк не е мн развирно третирање на мигрени тоа д мој впечаток. Спиј редовно, вода, неуробион јас пиев на времето, стресни ситуации на минимум. А за болки пиев метафен ми помагаше. Но за аурата нема лек за жал :(
     
    На Mumoftwo30 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    Таа со циклус поврзана е хормонална. И е најлош вид. Поточно најболен. Не помага никаков лек. Барем кај мене е така. Нападот трае од 24 до 72 часа. И после тие три дена поминува само од себе. И си толку изнемоштена. Што тој ден после нападот си мамурна буквално. Во превод не си функционална тие три четири дена. Ужас. Јас ги поминував во кревет.
     
    На Skorpija25, sweet-cherry, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.913
    Допаѓања:
    17.961
    Пол:
    Женски
    мене и од мојата што не беше поврзана со циклус истово ми се случуваше, што сакаш прави на глва иди додека не пројдат тие 72ч болката се враќа. После како прероден си, а претходно ми се случувало како да се укочувам ко браин фог не знам како да објаснам
     
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    Погоре си пишала дека си пиела метафен и ти помагало. Метафен не е некој јак лек за мигрена. Мене никаков лек не ми помага. Купував и од тие по едно апче што ги делеа. Од нив имав многу нус појави ни тие не ми помагаа.
    На дежурен завршував венски ми пуштаа, ни тоа не помагаше.
    Сега после пораѓај ми е подобрена за нијанса мигренава, се надевам нема да се вратат со тој интензитет нападите. Бидејќи во тие моменти освен да лежам не бев способна да функционирам, а сега имам дете за гледање.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.913
    Допаѓања:
    17.961
    Пол:
    Женски
    после бременост може да се интензивираат? Јас сега сум бремена, на почеток од бременост ми се зачестиа…. Јас и многу кога ме боли, кога ми се гади повраќа не пијам ништо. Трпам зашо знам дека з 3дена ќе помине. И сега во бременоста трпев како во менгеме да ми е главата
     
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    Не знам. Јас имав јаки напади со години и кога останав бремена до 4 месец имав неподносливи болки. После ми се изгуби и кога престанав да дојам некако почна да ми се враќа ама уште не ми е со толку јак интензитет како тогаш.
    Јас се прашувам дали ќе остане вака или пак ќе ми се врати како порано што ми беше.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meri11

    meri11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Пак нема Трекар никаде. Знае ли некој каде може да се набави?
     
  9. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Женски
    Ви жива фарм, Велес, купив минатата недела и во Србија. Веќе 2месеци од Србија ми носат
     
  10. meri11

    meri11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам
    Праќаат ли по карго?
     
  11. meri11

    meri11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Порачав, Ви благодарам на информацијата уште еднаш
     
  12. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    542
    Знаеш дека треба да лежиш и да мируваш, пробај ако можеш при мигренозен напад да не си во кола. Нема зошто да си, нели, освен ако ептен ситуацијата така налага.

    Штом си стигнала до 7-10 напади треба да размислиш за превентивна терапија. Има неколку, тоа ќе ти објасни невролог. За препорака, јас сум била кај повеќето приватни невролози и моето искуство е дека сепак е подобро да одиш на државна бидејќи приватниве немаат пристап до некои лекови и џабе е, нема ни како да ти ги дадат. Сепак, од приватните најзадоволна бев од Марија Милановска од аспект на пристап.

    Пробај некој друг тип триптан ако золмитриптанот толку не ти одговарал. Во секој случај не се препорачува да пиеш по 10 месечно, затоа види размисли за превенција.

    Јас лично немав никаков ефект од витамински терапии ама ако сакаш пробај си. Земав витамин Б2, магнезиум, Q10.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.