1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мигрена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RedRose97, 30 август 2010.

  1. marija.1986

    marija.1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Потполно исто вака и мајка ми, ама таа земаше едни германски апчиња едно мислам дека беше околу 270 ден и кога ќе сети дека почнува да ја боли пие едно апче легнува и по пола саат некаде ни трага од болката и така не ја боли после апчето може 2-3 месеци.[/quot

    А како се викаат тие апчиња ќе сакаш ли да ми кажеш...зашто и мајками се соочува со тие болки...благодарам
     
    На Zorica59 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Mene nistooo ne mi pomaga osven tabletite NO MIGREN ne zna za drugi apcinja nemam slusnato ako znaete ve molam d ami kazete ili nekoj lek od alternativnata medicina :(
     
  3. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Топло марамче на глава :)
     
  4. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Мајка ми има страшни проблеми од мигрната.
    Неа најчесто и помага масажа, топли облоги на вратот и челото.
    Потоа притискање со палците на слепоочниците и кружно движење.
    Од лекови најчесто пие Аналгин и некои странски како се викаат не ми текнува..
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Еден испробан лек :) .
    Кога ќе почувствувате први симптоми на мигрена, убаво би било да испиете што повеќе вода (2-3 чаши и повеќе, ако можете). Така ќе се внеси повеќе кислород во крвта, а со тоа и до мозокот каде е проблемот, што тој не добива доволно кислород и затоа е болката.

    Ова го пробав последниот пат кога добив напад на мигрена и со сигурност ви потврдувам дека делува :) .
     
  6. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    Леле ги прочитав сите мислења и се исплашив, уште од помала имам многу проблеми со главоболки, но страшни главоболки ,понекогаш неможам да гледам од болка.. сум била и на очно и сега брзо проверував крв но се е во ред, а повторно ме боли глава и тоа веќе 3-та недела по ред јас маки си имам. Еве и денес едвај си дојдов од школо, незнам како го видов патот до дома.. А на лекар само некои глупости ми кажуваат но ништо конкретно.. Сега се подзамислив можно е според симптомиве мигрена да имам...
     
  7. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    И јас сум заинтересирана за овие апчиња,ако може да ни кажеш како се викаат...
    во последно време ништо не ми помага. :x
    ако сакате пробајте и си INDOMETACIN чепчиња,ми помагаа многу,одма по 10 мин,ама изгледа повеке ни тие не помагаат.
    имам пробано и вентор,номигрен,кетонал,налгесин,аулин.....ама..... :sweat:
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    Мигрена имам од помала, кога ме фаќаат нападите ми смета се, буквално.Светло, гласови, миризба не можам да поднесам, и ми се повраќа многу, а тешка сум на повраќање и ептен се чуствувам одвратно.Апчиња пијам гамибетал, тие ми ги препиша нели лекар, ама не ми помагаат.Деновиве ме фати неверојатна болка, си легнувам со болка и станувам со болка, после спиење малку се намалува, ама после 4-5 саати станува уште посилна.Пробав секакви алтернативи и не ми помага, а имам премногу за учење и многу обврски кои што морам да ги завршам, а не способна сум за тоа :(
    Гледам Serafima пишала за водата,ама изгледа зависи од организмот, не ми помага, ниту пак топлина, само ладен туш понекогаш.Некоја друга алтернатива? ;(
     
  9. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Девојки прочитав нешто што сте пишале но, не стасав да прочитам се'. Сакам да ве прашам нешто доколку знае некој да ми одговори. Ми се случува на 2-3 месеци еднаш да ме боли многу главата, да ми се губи видот онака бело ми се гледа пред очи. Прво ми се појавува на едното око потоа на другото и ми трае може пола саат или саат време тоа како "слепило" некое. Ми смета многу светло, утринска светлина, снегот ми смета, носам и очила за сонце и зимно време бидејќи навистина ми смета снегот. Ми сметаат гласови тогаш кога ме боли главата. Еве баш вчера на работа ми се случи тоа. И гласовите ми сметаа што зборуваа колешките, ми сметаше светлината, сијалицата, ми се повраќаше некако имав некои нагони... Главата почна од позади прво да ме боли наеднаш осетив силна болка, па потоа премина болката кај слепоочниците, се напив аналгин па малку ми се смири, но, бев премногу омалаксана после тоа, многу мака ми беше и едвај зборував кога си појдов дома легнав само и пола саат дремнав после тоа ок бев. Сакам да ве прашам, дали тоа е неков вид на мигрена или само главоболка предизвикана од стрес, ненаспаност, нервоза, од слаба крв, или нешто друго. Поздрав девојки, се најубаво !
     
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Според твоите симптоми, нажалост се работи за мигрена :( .
    Ако и понатаму те боли толку силно, подобро конслтирај се со лекар.

    Од свое искуство те советувам, практикувај да не се возбудуваш многу и уште на почеток обидувај се да го неутрализираш стресот во себе. Бидејќи причинител на мигрената е токму стресот.
    Ако не пиеш воопшто кафе, тоа може да ти помогне. Мене многу ми помогна кафето, ама уште кога ги почувствувам првите симптоми. Го правам и поблаго и појако, па веднаш ми поминува.
    Само би те посоветувала многу таблетки да не пиеш. Од нив потоа ќе станеш и зависна, но по одреден период и имуна. Нема да ти делуваат и само ќе преминуваш од посилни, кон посилни таблети. Обиди се да помине болката на природен начин. Конзумирај многу вода (зашто тогаш е потребен многу кислород за да дојде до мозокот), можеш да јадеш мед, помага мирисањето на јаболкото, листови зелка на слепоочниците, потоа инхалации од чај од камилица...
    Ако си дома и те фати напад, најдобар лек е сонот. Обиди се да заспиеш, макар и 5 минути. Со показалецот стегај се силно на слепоочниците или на челото помеѓу веѓите, или пак во внатрешноста, на коската над окото (поточно токму под почетокот на веѓата) и така ќе можеш да заспиеш. Сите методи ги имам разработено од мака, зашто ја имам наследна мигрената од 5 години :tmi: .
     
    На Espadrila и Agrona им се допаѓа ова.
  11. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Serafima ти благодарам многу што ми кажа и советува. Другарка ми има и таа јака мигрена ама таа вика додека ја има мигрената дека многу главата и жежи и става ладни облоги, и девојчево буквално плаче од болка. Ми кажа дека имало неколку типови на мигрена таа ми рече дека имала акутна. Кога сум дома јас знам да легнам и во темница да си лежам да мирувам. Многу ми е тешко кога сум на работа кога ќе ме стегне така главата не знам што да правам. Седам на биро со главата надолу и чекам да ми поминие, си ја мачам душичката буквално.
    Сакам да појдам да се испитам на доктор да ми кажат за секој случај што и како, да си имам црно на бело да си имам јас едно белевче доколку ми се снеарни на работа да си одам. Поздрав уште еднаш до тебе и ти благодарам на советите.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dancing..queen

    dancing..queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    za migrena vi preporacuvam ZOMIG jas gi koristam koga imam glavobolki i mi pominuva za pomalku od polovina cas, ne se stetni i se na prirodna baza
     
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    мене мигрените главополки ми почнаа втора година средно. на почеток кога незнаев што е, се случувало и по една лента аналгин да пијам дневно
    е кога почнав и да повраќам отидов на доктор и ми дадоја еден тон упути за испитувања. глава очи нос уши.....ништо не се откри
    па матичната ми рече највероватно е мигрена според тоа како и опишав со повраќање со сметање на светло глаз мирис.
    ништо не ми помага понекогаш...
    почнав да мијам nomigren ама се случва и тие апчиња да не ми се од корист.
    и од нив имам пиено по цело кутивче како што се пијат на пола сат
     
  14. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    I mene me boli cesto glavata mi se povrajka ne mozam da podnesam glas miris svetlo pa se plasam da e imam i jas migrena... :shake: :shake:
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.555
    Пол:
    Женски
    Дали знаете некоја терапија, или доктор, да ги ублажува болките од мигрена. Мајка ми има мигрена од 20 години, е сега откако е во климакс болки страшноооо ;( , со повраќање и многу малаксува, скоро секој месец на брза помош, многу се плашам кога ја гледам таква, синоќе ептен малакса незнам веќе што да се проба од апчиња што веќе не пробавме, споделете искуство, ви благодарам :)
     
  16. amnezija

    amnezija Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Може ли да кажеш како се викаат апчињата... Те молам
     
  17. palebile

    palebile Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Која е цената на Zomig?
     
  18. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    И јас имам мигрена.
    Болката е ненормална, ме боли едната страна на главата...ме боли окото, видот ми се пореметува, ми смета светлина, секакви звуци, движења,... не сум во состојба да правам ништо освен да лежам во темно и тивко место додека не ми помине.
    Од аналгини и слично не поминува никако, само јаки апчиња ми помагаат.
    Порано ми се јавуваше 2-3 пати неделно, ужас. Тие што имаат можат да замислат.
    Бидејки беше неиздржливо почнав да читам на интернет за мигрена и како можам да си помогнам.
    Прочитав дека една од причините за појава на мигрената е недостаток од магнезиум... Одма земав таблети магнезиум и решив да пробам. Резултатите се фантастични! Веќе 5-6 месеци пијам по една таблета магнезиум во денот и од тогаш ми се има јавено само неколку пати и тоа било кога сум заборавила по 2-3 дена да се напијам магнезиум одма ме пука мигренава.
    Од 2-3 пати неделно до еднаш во месецот (и тоа ми се јавило затоа што сум заборавила да се напијам таблета 2-3 дена) сум супер задоволна.
    Јас спас најдов во секојдневно земање таблета магнезиум, ви препорачувам да пробате и вие.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Фелиција фала на советот, баш ќе пробам да пијам секој ден магнезиум, и јас си имам мигрена и неподносливо е, мене секој втор ден ме боли,исклучиво левата страна и еднаш во годината и на десно знае да сврти :lol: ама мислам дека левово око веќе ќе ми испадне...Апче не помага,во право си, јас пробувам со комбинација аналгин и кафе ама џабе.Некогаш ако е послаба болката може и ќе потпомине малце ама ако стварно ме боли.... :x ништо не помага.Уште утре почнувам со магнезиум, може ќе има ефект и кај мене.
     
  20. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Прв пат осетив што е мигрена на свои 6 години. Страшно :(
    Плачев а со тоа болката стануваше се понеподнослива.
    Почнав со кафетин но за година-две веќе не ми делуваше. Со Аналгин издржав мааалку подолго но почна да ми прави проблеми со повраќање. Сега Вентор кој бар прави да е подносливо. У принцип два-три пати во годината ќе ме фати и тогаш ништо не помага, само лежење во една положба, во темна соба, што помалку звуци, мириси, дразби од било каков вид иииии моли бога да помине до следното утро.
    Иначе ја осеќам како ми доаѓа. Два три дена пред да ме фати мигрена имам некое специфично чувство на блага болка и кога ќе ме фати е како да паѓаш у провалија.
    Лошо, во секој случај.
     
    На MilaJ му/ѝ се допаѓа ова.