Мајка ми има страшни проблеми од мигрната. Неа најчесто и помага масажа, топли облоги на вратот и челото. Потоа притискање со палците на слепоочниците и кружно движење. Од лекови најчесто пие Аналгин и некои странски како се викаат не ми текнува..
Здраво на сите, Јас сум Теодора и моментално работам на развој на веб апликација поврзана со мигрена, со цел подобро да се разберат симптомите и тригерите што влијаат на појавата на мигренозни напади. Би ми значело многу доколку сакате да одвоите 3–5 минути и да одговорите на кратка анонимна анкета, која ќе помогне во подобрување на ова решение. Анкетата е на Microsoft Forms и одговорите се целосно анонимни. Ви благодарам однапред за времето и поддршката Линк до анкетата: https://forms.office.com/e/WArf2hn7uz?origin=lprLink
За Zoprinea никој не знае зошто не носат во Македонија. А веќе неколку месеци нема золмитриптан ниту како Trecar. Се јавив кај увозникот на Trecar ми рекоа проблемот е кај производителот во Србија. А во Србија немаат проблем со Trecar, значи кај нас е проблемот во увозот. Во Февруари во Грција прашував за золмитриптан во многу аптеки и секаде ми рекоа во Грција се забранил золмитриптанот, го нема веќе. Имаат само ризатриптан и суматриптан. Зедов ризатриптан ама не ми е баш нај нај... Золмитриптанот има повеќе ефект за мене. Не се издржува голготава... Следнава недела ќе одам на консултации за аплицирање на ботокс.
Кај ќе идеш на консултации? Мислиш толку сме напреднати ние у ова дупкава од земја, мислиш неам прашано и за таа опција? Кај нас нема такви специјалисти што аплицираат ботокс за мигрена. Тоа се аплицира на скалпот и на тилот, во Канада, САД има и во поразвиени држави.. Се договарам некако суматриптан од Холандија и Белгија од познаници што имам па да ми носат. Мене суматриптан ми е ок ист ефект како зопринеа али го нема ни тој кај нас.
Видов пост дека во ПЗУ Превентива 99 прават окципитални блокади против главоболки/мигрени и ќе одам таму да прашам и за апликации на ботокс и за окципитални блокади. А во Белград има гледам приватна клиника Меди хелп таму аплицираат и ботокс , а прават исто окципитални блокади на нерв, ваљда нешто ќе помогне ..П.с. околу апликацијата на ботокс, да, неврологот ми кажа дека треба да се аплицира дел високо фронтално , дел во вратот . Исто ми предложи и да пробам со пирсинг. Кај некој има ефект, кај некој не...веројатно се што е на располагање треба да се проба, се додека не се најде лекор. Кај секој различен е ефектот.
Здраво, јас бев на консултации за ботокс, ми закажаа за следна недела за боцкање во вратот, главата(темето) челото. Па ќе видиме како ќе биде....
Да, за мигрена е тоа боцкање, околу 30тина убоди се правеле. Да , секако штом завршам ќе споделам како било.
Од нигде никаде, и јас почнав да добивам мигрени. Дури и периодот измеѓу сум цело време со блага главоболка, и после почнува стандард гадењето, нагон за повраќање, страшна болка. За жал во неколку наврати немам опција за темни места и тишина, бруфен не ми помага. Дали треба да правам испитувања, и кои таблети помагаат за прва помош? Со бруфенот немам баш никакво подобрување…
Јас правев многу испитувања, веќе четврта година почнува откако ми се појавија мигрени. Правев испитувања за да се знае дефинитивно дека е мигрена а не невралгија на лицев нерв. Ако дефинитивно имаш мигрени тогаш болката ќе реагира само на триптани. Мене само триптан ме спасува, ни бруфен ,ни ефридол ни парацетамол... Во моментов немам триптани денес се разбудив со мигрена па пиев 2 номигрен ,до следна недела ќе чекам за да се снабдам со триптан од Грција . И боцкање со ботокс следна недела имам.
Се расчитав, најверојатно ќе закажам на невролог, јас имам и неколку тригери, вратна спондилоза, ИР, хормонски веројатно плус… ама дефинитивно ако зачестат не знам што ќе правам. Бараат ли во Грција рецепт за тие? Нешто од Србија што може да се набави?
Невролог ќе побара преглед кај ОРЛ, очен преглед, веројатно снимка на вратот ако немаш, можеби ќе направи ЕЕГ и ќе препорача снимање на главата (КТ или магнет), најмногу поради тоа што ти почнале тазе и немаш историја со мигрени. Можеби и некои испитувања преку крв. Кога ќе утврдат дека нема органски причинители за главоболките, ќе ти дадат дијагноза "главоболки од непознато потекло", т.е. мигрена. Ако бруфен не помага, не го пиј, пробај со друго, кафетин, налгесин, аналгин, номигрен... Не брзај со триптани на своја рака, консултирај доктор прво. Што ти делува ќе треба сама да утврдиш за жал, само со искуство ќе знаеш. Можеш да си забележуваш, да си водиш дневник на главоболки, кога се јавуваат, колку траат, кои придружни симптоми ги имаш. Тоа може да ти помогне да утврдиш дали имаш и кои ти се тригери. Најчесто може да бидат тригери алкохол, нездрава храна, месечен циклус, стрес..
Во Грција не бараат рецепт, таму има ризатриптан и суматриптан. Во Србија има /се произведува золмитриптан (TRECAR) кој кај нас не го носат веќе неколку месеци, а пред некој ден во групата на фб мигрена-србија пишуваа дека нема ,трекар и кај нив по аптеки( веројатно нема производство ). Во Грција кога прашав за золмитриптан ми рекоа дека не се увезува веќе, забранет е. Инаку триптаните се многу лоши лекови, се би дала да се најде друго решение за да не ги пијам повеќе .Се молам ботоксот да ми помогне .
21ви век нема лек и решение за мигрена. пу. ајде да се молиме за ботоксот, колку пари е иначе?Колку пакетчиња одеднаш може да се земат у грција?