Околу 15.000 денари ќе кошта ботоксот. Па обично земам по 2 кутивчиња од една аптека . Во едно кутивче има 6 таблети ризатриптан. Денес како што имав мигрена јака одамна не сум имала... Се пцујам цел ден како дозволив да се оставам без апчиња сега едвај чекам да купам ќе земам повеќе пакетчиња ќе одам низ сите аптеки, веќе на трекар дека ќе донесат овде, не се надевам воопшто. Од ботоксот не очекувам магија ама како што читам по форуми многу им олеснува на луѓе Има и биолошка терапија месечна инекција "ajovy" ама ми е страв , и ми рекоа ако планираш дете да раѓаш не се препорачува биолошка терапија. Абе ужас , како инвалид се осеќам...
Ова е сериозен инвалидитет посебено хронична мигрена ако имаш. Од колку милиграми се у грција триптаните, тие што се 6 у кутија?
Да, периодов ги пијам само нив бидејќи во Македонија нема trecar/zolmitriptan веќе некое време. Истиот ефект е како и trecar и останатите триптани. Сега пред малку во група за мигрена во Србија прочитав дека и кај нив нема trecar.Некој имаше пишано дека веројатно производителот Hemofarm не ја увезува супстанцата и не се знае дали/кога би имало....
Леле, а мене само trecar ми помага, претходно Зопринеа, со ист состав се. Само во Грција ли можат да се најдат?
Золмитриптан во Грција нема да најдете. Во февруар кога прашував по аптеки таму, ми рекоа дека во Грција не се увезува золмитриптсн веќе некое време. Во Грција имате ризатриптан ,имигран(суматриптан) и елитриптан. Во Србија исто има Имигран . Золмитриптан мислам дека има во Словенија таму се зопринеа. Пробајте и со другиве триптани може ќе ви помогнат.
Имигран е исто со номигрен. Го земав порано, но ми беше ужасно со него. Останува значи само од Грција да се набави ризатриптан и елитриптан.
Здраво, Имам мигрени кои се јавуваат во просек еднаш на месец и пол. Не се поврзани со циклус, водам дневник на мигрени за да видам дали може со тоа да се поврзи. Генерално после стресна ситуација се јавувале најчесто. Матичната ми рече нема лек, тоа е тоа, ќе си пиеш лекови за болка. Но, дали треба да се направат дополнителни испитувања? Не сум била на специјалист. Мигрените ми се појавија после втората бременост. Траат 2-3 дена, болката е неподнослива, не поминува од ништо. Од бруфен малку попушта но 1 час максимум, потоа е исто се.
Појди на невролог за да ти кажат дали е тоа. Мигрената на се реагира на стрес, хормони, промена на време, многу топло, ладно, ветер. Колку можеш од ова да изолираш. Апче се напи веднаш кога почне да боли не чекај сама болката да се смири. Дали врат имаш снимано, може и од тоа да те боли. Пробај со беналгин 2 и б6 и тоа помага.
Здраво, во четвртокот ми аплицираа ботокс против мигрена. Беше скоро безболно и траеше околу 15 минути. Апликацијата беше во трапез, врат, позади ушите и во веѓите. После тоа имав некои минимални болки само во вратот, а ми рекоа дека наредните денови можни се болки во вратот о главата. Засега се е ок, максималното затегање во мускулите било по првата недела од апликацијата.
Не баш секој ден, ама на овие временски промени , на овој ладен ветар шетав без капа вчера, вообичаено имам болки. Во просек секој 5ти ден знае да ме фаќа. И по тоа што водам евиденција 7-8 триптани пијам месечно.
Имам пирс за мигрена кој не функционира. Од скоро пијам терапија за проблем со тироидна (откриен на редовен интернистички преглед) хипер сум, со ниско тсх. Од првиот момент на терапија се намалија мигрените на минимум. Болките ми почнуваа со стегање во врат, се ширеа низ цела глава и не реагираа на аналгетик. Можеби ќе помогнам на некој.