Ќе се јавам во средина на Јуни кај увозникот за Мкд ЕУРОЛЕК, да видиме што ќе кажат, дали ќе има најава за дистрибуција во Мкд.
Друштво, си ја читам темава веќе неколку месеци. Ви благодарам што споделувате искуства и информации, читајќи ве зи најдов Суматриптан(како замена за Трецар) и си набавувам од Србија. Веќе 4години бев со Зопринеа, Трецар.... Тежок случај сум, би рекла затоа што патам од мигрена 11 години.
Има некој во залиха останато Trecar или било кој триптан да откупам кутија/две? И зашто ставаат по 3 или уште полошо само 2 у кутија, демек се ќе ги испиеме наеднаш ако стаат 30.
Здраво, немам кутија ама ако сакаш едно апче имам Суматриптан, ти го нудам тоа. Мене, здравје во вторник треба две кутивчиња да ми донесат
Здраво, сега на Сител, во Добриот доктор, гостува невролог, темата е мигрена и кажува дека на Клиника за неврологија имало Амбуланта за мигрена , амбулантата работи секоја среда, потребен е упат од матичен . Упатот да е издаден до Клиника за неврологија, амбуланта за мигрена.
Рекоа неодамна , давале дневник да водиш да одиш на консултации со дневникот за да видат која терапија би одговарала за акутен напад, за хронична мигрена и евентуално превентивна терапија. Еве најдов , ама термини за Јуни и Јули нема...
Не сум прашала, имам ризатриптан и по потреба пијам од нив, ама ќе пробам да најдам инфо барем кај увозникот во Мкд ако ми кажат нешто ново ќе пишам обавезно
Сега проверив во групата на фб Мигрена асоцијација Србија, еве пред 4 дена што објавила членка и според ова сигурно да не се надеваме....
Фала му на Господ што Грција е блиску и таму има барем ризатриптан, инаку параноја ме фаќа, не сакам да знам кога би ги немало......