Пред менструација ми се јавува нешто што личи на мигрена, но без силна главоболка. Најчесто симптомите ми завршуваат кога ќе помине менструацијата. Но, по спонтан абортус, за првпат ми се појавија многу изразена чувствителност на светлина, раздразливост и заматеност. Особено ми пречат линии, ситни шари и визуелни детали, што ми создаваат непријатност и ми го отежнуваат секојдневието. Ова трае веќе околу еден месец и не поминува. Дали некоја жена се соочила со нешто слично по спонтан абортус или по хормонални промени? Би ми значело да слушнам лично искуство и да знам на кого се обратиле — невролог, офталмолог или друг специјалист. Не знам од каде да започнам. ❤️
Мигрената како состојба е сложена за дијагностицирање. Еден од факторите кои влијаат на мигренозни состојби се и хормоналните промени. Најдобро би било да одите на преглед кај невролог првично, да му ги објасните симптомите и неврологот сигурно ќе Ве упати на дополнителни испитувања за да се открие дали е мигрена во прашање
Испитај си хормони а можеби таков ПМС, предизвикан од хормоните. Внесувај течности и витамини 10 дена прец циклус земај Ц вит, магнезиум бисглицинат и б комплекс, по можност земај ги и често, нема да ти штети, витамини се.
Порачај по некој што оди. Има и таксисти кои често одат натаму. По групите на фб распрашај се, ќе ти заврши некој услуга.
Личи на мигрена. Може да провериш прво вид, зошто може да е причина за главоболка ако имаш некој проблем со видот. Ама најдобро е да одиш на невролог за преглед. Тој ќе ти каже дали имаш мигрена и ќе ти даде терапија. За жал ја нема кај нас, јас купувам триптани од странство. Јас стално имав мигрена околу циклусот. Сега имам 46 години и сум во менопауза. Мигрената ми се влоши последниве две години. А првпат кога ми престана циклусот цела година немав ниту една главоболка. Се менуваме со годините и тоа е. Провери си го и срцето на кардиолог, ова ти е моја препорака. Некогаш мигрена се јавува и заради одредени проблеми со срцето. Кај мене имаше индикатор дека може мигрените се заради срцето ама направив дополнителни испитувања и тоа беше исклучено. Мигрените се наследни, ако има некој од твоите може да имаш и ти.
И јас кога правев еден куп испитувања, исто ми беше посочено да се провери срцето, очен преглед, магнет на цервикален рбет, хормони особено пролактин ..треба се да се провери да се види дали нешто ја предизвикува мигрената, има многу фактори кои влијаат.
Јас земам ризатриптани, 6 таблети се во кутија, цената е 10.52 евра. За золмитриптан ( трекар) кога прашував последните месеци по аптеки , на неколку места ми рекоа дека золмитриптан веќе не се увезува во Грција. Мислам дека има и суматриптан ама досега не сум користела и не сум ни прашала.
Падот на естрогенот влијаел на тоа да почне нападот на мигрена. Ова објаснува зошто се јавуваат во одредени делови од циклусот и во перименопауза