Луѓе не очекував дека и ова може да се случи. Никаде низ Скопјево нема Номигрен, а само тој ми помага. Каде не прашавме, јавивме и баравме. Што се друго не сум пробала и џабе е, ништо не ми помага од апчиња. И никој не знае зошто го нема и кога ќе добијат повторно. Имам уште 1 таблетка и страшна паника ме фаќа. И ко за беља колку повеќе се секирам, толку повеќе боли глава секој ден. Некој некаква информација за Номигренов?
За нигде сме, со месециии ма можда и година барам апчиња против мигрена кај нас, нема никаде!! Како може за толку честа и онеспособувачка состојба да немаш апче да купиш!! Се клукам со кафетини што ем се штетни ем не помагаат Барам и јас константно, ако начекам некаде ќе ти кажам. Јас мислам дека ќе земам од Србија суматриптан или нешто слично, слушнав дека и без рецепт ги давале и има доста избор... Ќе видиме...
Фала ти мила, чекаме. Ако ги начекаш, пиши тука. Јас барам луѓе од Босна да ми ги пратат, додека тука не се повторно на залиха. Не оставија да се снаоѓаме како знаеме, ужас.
Единствен лек кој го начекав кај нас после толку време е Зопринеа, во Виола аптеката во Гтц.. Можеби информацијава ќе биде од помош за некој
Значи единствен спас купување од Грција, Косово, Србија.... Како што тргнала работава нема ни да ги има ниту триптаните ( Трекар, Зопринеа ,ниту пак Номигрен)
Изгледа Босналијек веќе воопшто не го произведува Номигрен. Има ли кај нас суматриптан? Ми излегува некое Суметрин од Алкалоид, ама никогаш го немам видено во аптеките.
Ова досега никој не го има понудено ноз аптеките. Баш ќе прашам во аптека, сигурно некогаш го произведувале и толку... Јас обавезно купувам ризатриптан од Грција, на секое одење по 1-2 кутивчиња, оти ако немам паника ме фаќа, мислам нема да преживеам таква болка без триптан.
Трекар има веќе втора недела, во Ерофарм и Зегин. На форумот ме просветливте, па покрај Суматриптан што веќе 6 месеци ги набавувам од Србија си купив и Имигран од Грција. Сѐ пробав од тукашното мени
Дали може некој да ми помогне да ми објасни дали ова што ми се случува е мигрена. Во последните три дена имам главоболка од десната страна на слепоочницата и десното око. Имам чувство во окото како да сум гледала во сонце па ќе почне да ми солзи. Пијам ибупрофен, Кетопрофен но не ми помага. Да напоменам сеуште дојам па не можам да земам било каков лек. Денес бев кај матичен лекар ми рече дека веројатно е мигрена, ми ставија Кетонал инекција и ми даде упат за невролог. Бев на невролог ми направи општ преглед но сеуште не заклучивме дали е мигрена, ми дадоа венски парацетамол. Сеуште имам болка, можеби за нијанса помала но сепак е тука. И предходно имав главоболки но овој пат е страшна болка неподнослива. Неврологот рече да направам крвна слика и компјутерска томографија и да одам со резултатите на контрола. Како си ги олеснувате таквите болки дали има некое решение нешто. Да напоменам дека секој момент треба да ми дојде циклус. Заборавив да напишам имам диоптрија, но после породувањето по неколку месеци направив очен преглед и имаше сосем благо покачување на диоптријата.
Никако, одмарај во темна просторија, пробај мене ми одговара да ја стегнам главата со нешто ( најчесто врвката од бањарката па, шетам ко рамбо по дома), прскам ( поточно се полевам) Руска вода колку да ми отрпне моментално и ништо друго бидејќи не смееш лекови. Последно завршив на Тродон, зошто не три дена туку 5 трпев и демек функционирав и после работа веќе не бев за ништо способна, освен желба секирчето да си го ѕвекнам. Моментално користам некои капки, неврологот што ми ги даде, па да не се урочам месец точно има како што ги примам само 1 ме болела глава и тоа преживеав без апче.
Ја стегам и јас главата, не е дека нешто баш ми помага ама ми ја заменува раката да не се стегам со рака. За руска вода не ни имав слушнато ќе пробам со неа. Од парацетамол и ибупрофен па дури и Кетопрофен не ми поминува значи не е обична главоболка. Денес ми е трет ден, се молам што побрзо да заврши не се функционира вака, плус со мало дете залепено до мене цел ден не можам ни во темна просторија ни без галама од неа. Понеделник ќе правам КТ па после со резултатите ќе одам на контрола да видиме што е ама се сомневам дека некој појак лек ќе ми даде со оглед на тоа дека дојам.
Не знам дали смее Налгесин форте додека доиш да пробаш со нив. Ако после 1 не ти помине, после 1 час смееш уште едно. Ама не знам дали се дозволени кај доилки. Руска вода е спрејче со мента и лади па, буквално се полевам и додека трае дејството колку толку ми е намалена болката, па после прскам пак.
Фала ти многу, сега го пратив сопругот по руска вода, ќе му се јавам да праша за Налгесин Форте дали смеам. Денес е за нијанса помала болката, се надевам и да ми дојде може ќе престане тогаш
Сакам да споделам едно лично искуство, можеби некому ќе му биде од корист. По толку многу маки со мигренозни напади, конечно најдов нешто што ми помогна – Vydura (rimegepant) од Pfizer. Станува збор за понова терапија за мигрена, која делува преку блокирање на CGRP механизмот поврзан со мигрената. Кај мене конечно имаше ефект при напад. Не велам дека е решение за секого, бидејќи секој различно реагира на терапија, но мислам дека вреди да се праша невролог за оваа опција. Само сакав да споделам, бидејќи знам колку е тешко постојано да ја бараш терапијата што ќе ти помогне. ❤️