Јас ова за магнезиумов не сум го прочитала до сега никаде ама одма ви кажувам дека функционира. Имам мигрена од кога паметам за себе. Први сеќавања ми се од повраќање од болка. Прво имав на 2-3 месеци, па месечно па на 2 недели. Секакви аналгетици имам пробано. Кетоналот ми делува ако го испијам во фаза на аура (кога уште не ве боли главата ама 100 % знаете дека ќе почне), ама ако закаснам ни тоа не помага. Башка повраќањето што не ми дава апчето да го задржам во стомак. Со јога и здрава храна проретчи пак на еднаш месечно, ама секоја грешка во храната си ја плаќав инстантно. Сега сум 8-ми месец бремена и многу ми беше тешко првите 3 месеци. 6-7 напади во три месеци, а се трудев ништо да не испијам да не му наштетам на бебето. После гинекологот ме искара. Ми рече подобро едно апче да се напијам одколку 2 дена повраќање и стресови. И кетонал пиев 2-3 пати. Во 4-ти месец почнаа да ме фаќаат грчеви во нозете и почнав со магнезиум, прво еднаш а после по два пати на ден. И види чудо од тогаш да не се преречам ни еднаш ме нема заболено главата. Јас тоа му го препишав на хормоналните промени. Ама сега откако го прочитав твоето мислење ми текна. Вака долг рекорд имав еште еднаш пред 2 години кога поради фатен мускул на лицето пиев магнезиум 3-4 месеци секој ден. Така да ќе продолжам со магнезиум и по пораѓање па ќе пишам за резултати. Инаку чисто да споменам ако зимате шумечки да пазите да нема вештачки засладувачи како сахарин и сорбитол. Сахарините страшни главоболки предизвикуваат.
Мигренозни болки се сигурен знак дека нешто во главата нее во ред и тиа се последицата од некој причинител-и. Во голем процент случаеви причинителот е паразитот Toxoplasma gondii. Природно се множи во цревата на мачка и по пат на дефекацијата се исфрлува надвор а потоа се лепи за длаки. Паразитот никако не се гледа со голо око и доста често преку очна дупка влегува во череп на човекот. Се дијагностицира преку крвни анализи на: Toxoplasma gondii (IgM i IgG) или по електронскиот пат со информодијагностички метод. Информотерапијата се доста успешно справува со Тохоплазма.
Јас никогаш сум немала, ама па затоа сестра ми многу често. Многу ми е жал кога ја гледам како лежи и се витка од болката. Незнам дали и кај другите е така, ама на неа и доаѓа секогаш нагон за повраќање и често и повраќа, а понекогаш се мачи цел ден...
Тоа е мигрена, ист случај и со мајка ми. Знам колку е мачно што ја гледам . Таа веќе 3,4 месеца пие асентра за мигрена и уште едни и го заборавив името, и од тогаш само еднаш ја заболе така повеќе главата ама и беше од голем стрес. Незнам колку години има сестра ти ама нека се советува со доктор. Јас мајка ми кога ја гледам како се мачи со болките ќе полудам. И таа често повраќа кога има болка а од болката и притисокот и се качува , понекогаш и по 2,3 дена ја болеше , терапијата и помага.
И јас често добивам напад на мигрена, и значи не се трпи -_- . Јас ги користам Налгесин С и за пола саат не осеќам буквално ништо, просто кажано како да сум родена по 2 пат, не осеќам никаква болка. Еве ви линк, за повеќе детали за апчињата : http://www.nalgesin.com/mk/inside.cp2?c ... kid=inside
Да овие се добри и доста јаки апчиња, поминува кај оние кои немаат многу јаки болки,и да знаете само еднаш на ден може од овие, лошо е тоа што организмот се навикнува на нив и по извесно време ни тие не помагаат.
Млада е тогаш да ги пие овие апчиња што ги пие мајка ми, но сепак нека се консултира со доктор, најдоборо ќе ја упати каква терапија да зема. Кога има болки нека пие цеден лимон, нека си зема повремено б витамини и магнезиум нека ги пие извесен период тие не штетат. И нека седи во затемнета просторија на тишина. А на колку време и се јавува таква болка ? Се надевам не е често
zdravo,sakam da ve prasam dali nekoj imal iskustvo so ova,znaci nemam glavobolka tuku samo odvreme navreme me boli izmegju ocite kako pritisok osekjam i mnogu sum osetliva na svetlina i kako vo vidot nesto da mi e cudno celo vreme.bev na ocno nemam problem so vidot nosam naocari no se e vo red so toa.citav deka postoi migrena bez bolka dali imal nekoj vakvo iskustvo?
Се борам со мигрена уште од пубертет. Цела фамилија патиме од мигрена. Кај мене мигрената се манифестира со силно пулсирање во десниот предел на главата, или чувство како да имам вишок дел во мозокот . Да бидам искрена, апчиња ми помагаат единствено ако се напијам кога главоболката започнува, за да ја спречам. Доколку не се напијам апче на време, болката ќе земе замав и трае со денови. Ни од кетонал инјекции не ми поминуваше па се откажав и од нив, веројатно веќе сум имуна. Единственото нешто што малку ме смирува е лек што содржи ацетаминофен - Efridol кесички, Tylenol, Excedrin. Ibuprofen ми помагаше но сега несмеам да пијам заради проблеми со желудникот. Најдобар лек е одмарање во темна и тивка соба. Туширање со топла па ладна вода исто помага, ја забрзува циркулацијата. Друг домашен лек што го знам е цеден лимон со малку хималајска сол, содржи јод и помага за главоболка. Турско кафе со лимон е стар лек , но премногу кофеин може да има спротивен ефект . Масажа на вратот и пределот на слепоочниците и челото исто така помага. Ц витамин обавезно и свежо цедени сокови. Конзумирање магнезиум и витамин Б6 секојдневно ќе помогнат да се ублажи мигрената, но нема да ја спречи нејзината појава. Со години пијам магнезиум, точно дека интензитетот на болката се намалува, но тоа не значи дека мигрената ќе престане да се појавува во целост.
Луѓе, хелп. Изгуглав и направив се што можеше да најдам. Мислам дека мозочен удар доживувам. Немам можност за одмарање. Се напив сабајле најпрво нимер (6 часот, по грешка до душа прочитав номигрен), откако абер немаше, накај 8 и пол се напив номигрен. Сега чекам да помине време да пијам вентор. Пиев кафе, пиев вода, се напив витамин ц пиев цеден лимон, пиев магнезиум директ. Ставив коцка мраз на тилот. Повраќам секогаш кога имам мигрена и ми олеснува, сега напротив, полошо ми е. Не знам веќе што да направам. Мислам дека е најлошо до сега. Ќе ми значи екстра трик да го изгурам денов. Боли мислам ќе се мрднам и проследсно со нагон за повраќање.
Мораш да најдеш начин да одмориш денеска, во темна соба. Мене доста и тоа ми помага и плус апче номигрен.
Немам начин па баш денес. Искочив да паузирам, пиев и вентор. Кснав тро банани, демек шеќер и природен магнезиум, киселинк ме утепаа. Светлинава ме убива. Да го изгурам денов.
Заприметив дека и мене ова лето со повраќањето полошо ми е. И ако почнам нема шанси да престанам. До лани лек ми беше, само така ми поминуваше мигрената. Плус ко ќе се наспиев ми поминуваше, сега се случува два, три дена по ред да се будам со истата болка. Со помин да ти е, се си направила сега уште сама да се смири.
Нели чудно? Не ја осеќам едната страна од лицето за своја и забите мислам ќе ми паднат од таа страна. Уште да легнам во темно и тишина ми остана, уште 2 саати ќе издржам.
За мигрена единствено Беналгин ми помагаа. Сега со доењево мака мачам со мигрената,смеам само парацетамол,па пијам + б6,магнезиум и вит.ц па малку се ублажуваат болките. И мене до лани кога ќе преспиев ми поминуваа болките сега траат2-3дена.
Ладен туш и кога ќе можеш темна соба и тишина. Мене коа ништо друго не ми помага, само тоа е спас. И да пробаш да стегаш со марама плус. Со помин да е.
Исто, десната страна ми отрпнува, а горе ми пулсира ко ќе фатам. Издржи, па после е полесно во темно.
Јас пред години кога завршував на брза помош, прашав што ми ставаат во инфузијата, одговорот беше аналгин и спазмекс. Не знам по која логика, но помагаше . А завршував со веќе пења повраќање зашто немаше веќе што. Или пробај суматриптан да ти купи некој