1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мигрена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RedRose97, 30 август 2010.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Колку чини прегледот ако не е тајна?
    Сакав да те прашам и каков мсгнезиум пиеш. Погоре имаш пишано дека редовно пиеш неуробион, секој ден по едно апче или?
     
  2. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години бев и стварно не се сеќавам, не беше скапо.
    Пијам магнезиум таблети од 400мг, ако нема таблети земам магнезиум директ.
    Неуробионот го пијам еднаш, навечер.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    А колку години имаш?
    Да знам дали ми одговара за мојата возраст, да не ми биде премногу лекарства од сега .. Јас имам 27
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да те прашам дијазепамот и блокмакс заедно ги земаш едно по друго и магнезиум во исто време?
    Нема лек за мојава мигрена, од номигрен не ми поминува ни 1 процент, уште ова го немам пробано
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Да, во исто време. После 4 саати, ако ме боли главата, пијам уште еден блокмакс
     
    На eliesaab и Mantub им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу мила, се надевам ќе функционира и кај мене
    Само уште едно прашање, дијазепам од 5 и блокмакс од 200 мг?
     
  7. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Блокмакс од 400мг и дијазепам од 5мг.
    Нема за што душо, се надевам ќе ти помогне :*
     
    На eliesaab и Mantub им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Фала премногу :hug:
     
    На eliesaab и joyful им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Бев на невролог уште поодамна, и демек утврдија дека немам мигрена. А имам болки скоро секој ден и најчесто не ми поминуваат и со неколку апчиња на ден.. Сум доаѓала до состојба од болка да повраќам. Еден период пиев ефридол, ама многу е штетен, дури забранет е во некои држави, па и он некогаш не ми помагаше, пиев и 2 до 3 на ден па се случувало и да го исповратам. После се префрлив на кафетин, и ај одреден период терав океј така, се до еден ден кај што изгледа веќе развив толеранција и толку ме болеше главата и ми беше лошо што испив 6 мислам дека, и секако не ми помина, повратив неколку пати, прст пред око не гледав, се ми сметаше. На крај испив аналгин ампула, и така ми помина одвај и одма заспав преморена... Од тогаш пијам од апчињата аналгин, ама пак морам неколку да се напијам за да ми помине, ретко ми поминува со едно или две, па некогаш и со неколку не ми поминува. Имам пробано и Блокмакс форте, јок ништо посебно, еве денес пак ме боли главата, испив Кетонал, луѓе ни кетоналот не ми помага... Во моментот маалку ми се разбистри главата, и пак почна да ме боли. Се напив и кафе, излегов на воздух малку да се прошетам, ја проветрив собата.. Џабе. Јас не знам веќе што да направам, сите можни апчиња ги имам пробано, па и да постојат некои што помагаат, не е нормално секој втор ден главоболки да имаш. Има ли негде кај што може да утврдам од што ми се главоболкиве и начини како да се проретчат?
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Дали имаш пиено Беналгин со В6 две, мајка ми има мигрена повеќе од 30 години, знам какво е чувството, оди на второ мислење.
    Инаку и мајка ми е скоро секој ден со главоболки, а оние пострашните се ужасни со повраќање, не може ни да се движи, само повраќа и леже, претходно барем со инекции малце поминуваше, сега поради вирусот не примаат пациенти, ужасс :(
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.337
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise барај второ, трето мислење. Не можеш на секој втор ден куп апчиња да пиеш..
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise
    Магнет на врат и второ мислење.
    Во меѓувреме пробај со диазепам.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KLiliana

    KLiliana Нов член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Mene oddamna nevrolog, sega penzioniran, mi dade prvo sumatriptan toa se samo 3 apcinja vo sisence, koi gi pijas koga e navistina loso i treba da gi pijas na samiot pocetok, no imav losa reakcija i mi gi smeni so nomigren (ergotamin) koi gi pijam so godini na samiot pocetok na migranata i pritoa prociti upatstvata ubavo i konsultiraj se so maticen bidejki ovie dva vida na apcinja ne smeat da se mesat, ergotamino ne smee da se mesi so antidpresivi i so dr lekovi na primer za zapusen nos eden lek nz kako se vika pa pred da probas odi na maticen i konsultiraj se so niv, no toa se samo koga imas migreni..za da ne dojde do toa moras da prestanes da pijas kafe poradi nekoi procesi koi nastanuvaat vo mozokot se zgolemuva rizikot za migrena, treba da vezbas sekoj den najdobro joga 30-1h, da se hranas so zelencuk ovosje i sekoj den vo ist period da si zemas obroci da ne preskoknuvas, ne pij alkohol bidejki nekoi tipovi imat tiramin...mnogu rab se no mora da si smenas zivotnite naviki pocetokot e tezok no so toa ke se namali frekvencijata na migranite namesto nonstop ke bide samo nekolku pati..pritoa treba da si proveris kakov tip na migrena imas, ako e so aura a ti si zena ne smees da pijas kontraceptivni piluli bidejki onie nad 30g imat pogolem rizik za mozocen udar ako imas migrena so aura a pijas kontrac.apcinja..mnogu info izvini..nz vo koi gradovi kakvi se nevrlozite i itna sluzba..no koga imam navistina gadna migrena i apcinjata ne pomagaat vo bolnicata mi davat koktel od deksametazon za vospalenie i ketonal..sepak odi kaj maticn i prasaj sto e najdobra za tebe..izvini za referatot

    PS. za da ti otkrijat za zal zavisi koj dok ke ti se padne..imav sreka sosema slucajno eden dobar postar nevrolog da mi se padne a sega ti nz izvini za toa nz sto da ti kazam no smeni zivotni naviki i konsultiraj se so maticen ako ne mozas da najdas nevrolog, sepak postoi i sansa da ne ti e migrena na tebe zatoa ne veruvam deka nekoj od nas ke ti pomogne mora da si odas na bolnica
     
    Последна измена: 20 февруари 2021
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Пробај кај д-р Чепреганов во Неуромедика. Добар дијагностичар е. Сѐ уште работи.
    Може да имаш и комбинирана мигрена со тензиона главоболка. Тоа често се превидува кај нас, тие две не се исклучуваат. Никако „Кафетин“, ужасен е за желудникот.Ти препорачувам „Беналгин“ во комбинација со Б6 и магнезиум.. Води и статистика за времетраењето, френкфенцијата, околностите кога се случува главоболката, што јадеш (може и да имаш алергија на храна), што правиш (активноста може да ти ја стимулира), може да ти е од промена на време. Ова е добро да го има секој доктор кога ќе одиш на консултација.
     
    На blueeparadise и Sesil им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Јас откако останав бремена имам главоболки налик на мигрена.Пулсирачка болка со повраќање,и светлина ужасно ми смета.Неподносливо е.

    А бремена несмеам ни аналгин ни ништо.Вчера дијазепам пиев(со консултација) за да можам да преспијам некако.
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Луѓе, ве прочитав сите, не очекував олку одговори и фала ви многу. Ќе поминам низ неколку работи, не памтам кој што точно кажал. Кафе не пијам ако има тоа нешто врска, многу ретко (а ми имаат препорачано за главоболка, демек ја разбиструвало главата), алкохол исто не пијам. Веќе одреден период не пијам никакви сокови, не јадам брза храна и благи работи, чипсови. Ако изедам тоа се случува доста ретко. Имав депресија и анксиозност и пиев коктел на лекови многу појаки од диазепам, значи сакам да кажам диазепамот никако не ми делува на мене (имам пробано во комбинација со апче за глава). Додуше мислам дека сеуште имам, но со месеци веќе не пијам лекови, не сакам, а особено сега имам поизразена анксиозност. Но, не верувам дека има некоја колерација со главоболките зошто нив ги имам цел живот. Беналгин, налгесин такви работи исто имам пробано, ништо посебно. Магнезиум исто имам пиено, б комплекс доста често пијам, б6 чисто немам пробано, ќе пробам. Хм, што друго. Како тинејџерка година дена тренирав бокс, значи имав доста физичка активност, и тогаш имав главоболки, сеа може не секој ден, ама пак често. И татко ми има скоро секој ден главоболки, и како дечко има станато алергичен на Кафетин од што пиел по сто на ден, од неподнослива болка. Изгледа и наследно ми е, не знам што да кажам... Фала за препораката за др. Чепреганов, може да отидам кај него. :hug:
     
    На eliesaab и Vikktorr им се допаѓа ова.
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.067
    Пол:
    Женски
    Друг невролог, не може волку апчиња да пиеш. Не е нормално, а главоболки имам и јас често и мигрена, мене метафен ми помага
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    98
    Кај мене обратна ситуација, имам мигрена веќе неколку години, но и сега во бременост ја имам но во поиздржлива варијанта. Матичниот ми дозволи парацетамол, а специјалистот ми кажа слободно терапијата од претходно кетонал( што искрено ми е too much)), сепак се работи за неиздржлива болка која трае два три дена, слободно можеш парацетамол и бедоксин,
    Лимонада со малку сол може многу да ти помогне
     
  19. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Здраво мои феминки. Во последно време ретко наоѓам време да пишувам во форумов. Денес сакав со вас да споделам група која минатата недела ја создадовме со неколку паталци како вас. Тука ќе најдете мислења, искуства, подршка и разбирање. Нема навреди, предрасуди, осудување и продажба на производи. Целта е единствено да си помогнеме во маката преку разговор. Знам дека споделување на линкови е забрането но се надевам дека админите ќе имаат разбирање дека се работи за поголемо добро.
    https://www.facebook.com/groups/244784083857036/
     
  20. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.359
    b9529951e5781904e5262bf2cf44fe91.jpg
    Нема погрдо нешто. Тие 20мин се хорор :@ За жал наследна(facepalm)
     
    На cavalli му/ѝ се допаѓа ова.