Ми доаѓа главата во ѕид да си ја удрам од болка. Наследна ми е и мене за жал, мене ми се појавува при промена на време. Не се трпи болката и не се опишува.
Јас почнав секое сабајле да пијам турско кафе со лимон неколку капки во него. Неврологот ми рече: во исто време заспивање во исто време будење, во исто време јадење, многу вода, бистри течности, пола час во денот за релаксација (макар набјутјуб да изгледаш нешто релаксирачко, книга да прочиташ, да гледаш во небо...), активност заборавив дали дневно или како ама 30мин пешачење барем или трчање, јога... Ако ме заболи пијам прво турско со лимон па кока кола со лимон и на крај пола парацетамол Ми рече парацетамол да пијам, а не аналгин, а јас цело време аналгин пиев Ми рече притисокот паѓал од аналгинот така нешто не ја разбрав точно зошто не И ова важи ако се првите години од мигрена, ми рече ако не почнам од одма вака после не ми бега апче и со тек на време ќе мора по едно апче на ден и ќе се чудам што ме снашло
Вака да ти кажам ,и јас долго време мислев дека имам мигрена и пиев апчиња секакви аналгин,номигрен и ред други.После неколку анализи ми излезе дека главоболката ми е од алергија.И така со лекови дадени од специјалист од уво нос и грло многу подобро сум.
Оној ко пати од мигрена не треба да гладува т.е треба да има редовна исхрана, редовен живот. Доручекот е најважен и многу течности т.е вода. Можеби е добро да водите дневник каде ќе запишувате што сте јаделе, колку сте спиеле и други активности и така ќе утврдите што ви одговара а што не.
Имам јаки мигренозни напади веќе 13 години. Пијам суметрин апчиња и кетонал по потреба се боцкам. Страшни болки се. Хормонална ми е мене.
Да ти кажам искрено не знам, правев испитувања секакви. И ЕЕГ и компјутер, и хормони испитував се тотално. И ме испрашаа за во фамилија некој дали имал. И на крај кога ги сумираа резултатите рекоа дека е хормонална. Извештаите ги немам веќе во мене, а никогаш не сум се заинтересирала да прочитам. И планирам повторно да правам испитувања. Тогаш ќе пишам/
Естроген и прогестерон. Пред и после циклус флуктуираат овие два хормони и така настанува хормоналната мигрена.
Momentalno sum vo faza koga mi ide da si ja udram glavata od zid - od vcera vecerta me drzi, denes se zasili... Ispiv Benalgin, pa Aspirin +C i nisto. Ne mi bega Nomigren, cesto pomaga ama pa precesto go pijam, a mi se koci vilicata od nego i me boli - toa e izgleda nekoj nusefekt...Dali nekoj osetil takvo nesto?
Не мора да е од номигренот. Докторот мене ми рече дека Општо од мигрената може да ти се кочи лицето, како грч. Говорот да ти се фати, допирот. Мене ми се случило образот да ми биде здрвен. Инаку номигрен ги пиев но многу ме омалаксуваа не бев функционална со денови и повеќе повраќав од нив. Не би ги препорачала.
Јас мигренозни болки имам или пред или од кога ќе ми заврши . Најмногу ми помага да повратам во темна соба да се затворам и да одмарам. Ама некогаш ме боли и по 2-3 дена, и од кога ќе помини јаката главоболка сум како зашеметена.
Случајно на преглед кај специјалист за уво, грло, нос. Го најдов лекот за мојата мигрена. Мислам дека се преродив.
Пред 3 дена имав доста стресна ситуација. Најверојатно ми се покачил притисокот, а не почувствував, а инаку постојано сум со низок научена да функционирам. Вечерта започна силно да ме боли левата страна од главата, си легнав и утредента отидов на лекар. Притисокот ми беше 150 со 100 и ми рекоа дека е од стресот и дека во моментот на стресот сигурно бил и повисок. Ме боцнаа кетонал и еглонил. Денес веќе 3 ден и болката не престанува, ја чувствувам како силна пулсирачка болка, горе лево над челото и повремено позади исто лево. Обично поминува со номигрен, но сега ништо за болка не делува. Се слушнав пак со матичната и ми рече дека е последица од покачениот притисок, крвните садови во главата не биле научени досега на висок притисок и дека ќе помине. Болкава и денес веќе трет ден е иста, а и ноќе ја чувствувам. Пулсира цело време, а посебно страшно е на наведнување нанапред и ако клекнам. Тогаш ко со нож некој да ме мава и тоа секогаш на точно определеното место. Започнав искрено да се загрижувам. 2 пати на лекар и 2 пати ми рекоа да почекам и ќе помине, а не поминува....барем засега. Секој совет и искуство се добредојдени.
И јас така по три дена сум имала главоболка кога нема да се напијам апче само што ќе ме заболи глава. Движи се на свеж воздух и лежи во ползатемнета/ затемнета, проветрена и тивка просторија. Опушти се со мислите или песна на јутјуб. Не прави нагли движења. Немој ни малку да се нервираш или да си под стрес, мисли дека си се издрогирала и заборави на се. Мисли како болката поминува/ поминала. Не гледај во екран подолго од 2-3 минути. Истуширај се со нешто што мириса убаво ама немој косата.