Ти благодарам од срце. ❤ Ме плаши што е и дење и ноќе и точно само на одредено место. Во сон се будам на секое вртење од болка. Се надевам дека ќе помине, како што ми кажаа и двете докторки.
Во сон најстрашно ми беше кога ќе ми се здоповраќаше и ми се вртеше се околу мене, мислев умирам и имам тумор се додека не се докажа мигрена дека е. И мојата беше и дење и ноќе ама на двете страни од главата, сепак имало и таква мигрена, ама мигрена обично боли само една страна. Така да не се плаши, ептен ако не се потсмири оди пак на лекар. Јас кога ќе се потсмиреше имав страв да мрднам да не ме заболи пак па во почетокот ептен полека се движев.
Истото е сега само на левата страна и на одредени 2 точки од главата. Лежам во најзгодна позиција и не се помрднувам, ама пусто женско има работа низ дома и на секое станување опасно штрека на истите места. Досега вакво нешто не ми се случило. Навистина...паметот ти оди на најлошото. Ти благодарам уште еднаш. ❤
Здраво и од мене. Веќе 20 години и јас имам мака со мигрената. Имам хронична, може да ја немам и цела година но кога ќе дојде трае од 5-20 дена Интензитетот на мигренозните напади, значително ми се намали од кога почнав секојдневно да пијам магнезиум и ашваганда. За мигрената е најдобро да биде да биде магнезиум оксид. Исто така од помош ми се и инхалаците со 1 капка масла од оригано. Во најобичните инхалатори топла вода и 1 капка чисто масло од оригано. Кога имам напади на мигрена секогаш избегнувам: цитруси (се освен лимон), чоколади и сирења зошто можат да бидат тригер за мигрената. Храна со што е можно помалку зачини како вегета. Јас чувствувам кога ќе ме фати мигрената неколку минути пред да дојде, најверојатно сите така и пијам 1 аспирин, ако за 20 мин од кога ме фатила мигрената не ми се намалува болката пијам уште еден. За жал некогаш и така не поминува па ако е навечер односно ме разбудила од сон пијам хелекс и се трудам да заспијам. Од сите апчиња за мигрена единствено ми помагале Topamax, но се пијат долго(мислам дека беше најмалку 3 месеци) и имаат многу нус појави. Ако ме фати преку ден без разлика колку и да ми се спие или сум веќе преморена од болки не спијам зошто ако дремнам ме боли уште повеќе. За мигрената е многу важно да се внимава да се легнува и станува во исто време секој ден. Пијам и чај од нане со повеќе ѓумбр. Се надевам дека на некој ќе му користи моето искуство. Со лесно на сите.
Јас, буквално истото што го опиша особено последните 2 месеци. Мигрени како твоите имам последните 4-5 години, ама интензивно ми се зголемија последниов период, веројатно од дополнителен стрес. Почувствував мало подобрување со секојдневна употреба на магнезиум и неуробион, ама не е целосно излечено ниту верувам дека некогаш ќе се излечи. При огромни болки се боцкам со кетонал.
Од денеска го почнувам номигрене. Се надевам дека ќе ми ја подобри состојбата оти ќе ја акнам главава од зид. Искуства со него? Side-effect?
Номигрен сум ги пиела. Некогаш ми помагаа некогаш не. За повраќањето не го спречија повраќав и нив кога ги пиев. Ми делуваа лошо како да тежам еден тон цел ден спиев како во кома не можев да се освестам, воопшто не бев функционална од нив дури по неколку денови. Единствено апче што кога имам мигрена и го пијам а успевам да не повратам е блокмакс.
Ми ја ублажи мигрена (го почнав пред да добијам силен напад) ама некако како силата да ми ја зема. Чудно ми е.
There's currently no cure for migraines, although a number of treatments are available to help ease the symptoms. It may take time to work out the best treatment for you. You may need to try different types or combinations of medicines before you find the most effective ones.
Имам мигренозни главоболки, најчесто кога е топло времето се шират крвните садови кај мозокот и отекуваат и тоа ја предизвикува главоболката, само премногу ме опструира во се, не можам буквално никаква обврска да завршам, тој лек што ми го препиша неврологот навистина помага, ги стеснува крвните садови и го намалува отокот но не сакам лекови да пијам толку често, а хронична мигрена е, ако знае некој алтернативна/природна метода нека пише.
https://alfalab.mk/proizvodi/q10/ Пробај ги овие на природна база се. За два три месеци ќе ти се намалат главоболките. Ја имав често, на 3-4 дена сега се намалија до 2-3 пати месечно.
Ве молам кој пие Зопринеа за мигрена дали знае каде можат да се најдат во Скопје, никаде ги нема по аптеките веќе 2 месеца
Во аптека ми кажаа дека воопшто нема да ги добиваат, а нема ни замена. Што е работата, не се произведуваат ли, не се увезуваат, да нема лекови што на приватно се плаќаат, ужас