Номигрен ги имав земано порано, но многу нус појави имав, како зомби те прават, не си способен за ништо. А суметрин не сум земала
Какви нус појави имате од номигрен? Мене после 2 испиени апчиња ми помина глава ама толку сум омалаксена, имам гадење, вртоглавици како да лебдам..
Од дете сум со главоболки. Од синуси си патев. А ова мигрената (не ми е дијагностицирана од доктор, ама сите знаци ми водат кон неа) некаде во рани дваесетти. Некогаш ми се јавува од 12-24 часа пред циклус, многу често знае да ми се активира ако не доручкувам убаво, а следен оброк да ми е околу 15, 16 ч, т.е. ако скокнам оброк. Неквалитетен сон, лоша перница, недосушена коса Се' ова знае да ми биде тригер. Читав по нет, нетолеранција на некоја храна може да активира, пример глутен, лактоза, премногу шеќер. Не е фино. Зедов еднаш така во мака Номигрен, ама немав храброст да се напијам, не ми изгледаше на наивен лек. Ако ја фатам рано, Ефридол, Фанс знае да ми заврши работа. А веќе штом ме кутне, ментол под нос, имам еден магнет за врат и глава, тој знае да ми заврши работа и масло од лаванда мирисам. Тоа ми е светото тројство во тие моменти. Секој друг мирис е вишок.
Зашто? Јас суметринот го пијам, али као ај поблага верзија. А порано не ми помагаа номигренот, сега не знам дали од нив ми се лоши
Здраво, чисто сакам да споделам искуство за мигрената. Не знам колку сте запознаени и дали воопшто некој имал искуство,меѓутоа има препарат кој се вика Омнибиотик Мигра. Станува збор за Австриски препарат којшто пред некое време достапен стана и кај нас, а до сега ми го носеле од Австрија. Не е препарат со хемиски отрови кој ќе ви помогне во моментот за мигрената, туку е пробиотик-синбиотик кој се пие како терапија, минимум 2 месеца ( 1кутија =1месец). При наредната мигрена интезитетот на болката е неспоредливо помала со претходно а и времетраењето на истата е намалено. Искрено јас сум презадоволен. Внимавајте само со аптеките кај нас, негде е скапо негде е со пристапна цена, а ако некој е заинтересиран за да не рекламирам јавно аптеки која што како нека ми пише приватна порака. Секое добро
^Вреди да се проба, веќе некој период не сум во мк, треба да видам тука дали ги има. А Золмитриптан се за акутна мигрена и не го решава проблемот. Колку што знам не постои лек за мигрена, ниту пак причината се знае. Ја кога бев на невролог кај др. Чепреганов го прашував од што е, он вели дека не се знае точно од што настапува мигрената само се најдени одредени слични карактерни особини кај личности што патат од мигрена, најчесто overthinkers и перфекционисти ми вели ако ти е за утеха најчесто натпросечно интелигентни биле тие што имаат мигрена пошто абнормална мозочна активност е забележана, а мене уопште не ми е за утеха само да ја немам сакам И да бев толку паметен немаше толку грешки у животов да праам.
Си ја носам уште од 11години. Ниту еден аналгетик не го решава проблемот. Милијон прегледи, терапии сменети, ништо не помага. Неврологот ми рече нема лек, живееш со неа и со здравје да си ја носиш. Во мојот случај можеби олеснително е тоа што ја имам со аура, па имам време да се напијам аналгетик пред да почне силна главоболка. Имам пишувано погоре, пијам диазепам од 5mg и магнезиум кога имам аура. Боли главата после тоа ама не до степен да не знаеш што со себе. Од зоопринеа и золмитриптан имав многу side effects. Номигрен, во никој случај, прештетни се.
Хелоу луѓенца со иста мака како мојава. Јас си патам од мигрена уште од 9-10 години, но последните пати ми е со вртоглавици и лошење, дали ви се случува и вас со такви симптоми и што превземате. Моментално ја решавам болката со ефридол или кетонал.
Да ви кажам дека нема ни Суметин , ни Зопринеа. Јас од Жива фарм ги нарачувам ми носат замена- состојки како на Суметрин, Имигрен( точно не знам, ако сака некој ќе сликам ). Ги носат од Грција. Така да секој што ги пие овие апчиња нема во скоро да ги има, да си ги нарача. Јас имав предминатиот викенд, кај мене е хормонална и е со мн јаки главоболки, повраќања вртоглавици се по ред. Со Суметринот се преродив, сега и вие ги пробав ми делуваат исто.