Денес ми се деси, па читав низ форумов...ужас и секогаш ми е страв дека нема да помине и дека ќе се повтори, седам на штрек после тоа
Пие ли некој некаква хронична терапија? Мене ме ставија на пропранолол и веќе два ипол месеци ги пијам ама немам никаква разлика, ќе полудам со главава веќе секој втор ден!
Немам историја на мигрени или мигренозни главоболки во животов до пред 3 месеци коа втор пат заболев од ковид. Такви главоболки до степен на гадење и повраќање ми се немаат десено никогаш во живот меѓутоа си ги препишав на ковидот, синусите и слично бидејки беа низ цела глава не само на едната страна и болките беа многу слични (тензични, како цела глава да ми беше под притисок) на болки од синуситис што ми се доста познати зашто си имав бааги проблеми со тоа во детството. Меѓутоа четвртокот/петокот тоа што го доживеав беше на некое друго ниво. Четврокот почнаа многу слаби главоболки/омалкасаност, и помислив дека сум фатила некој вирус, сите се болни наоколу мене и викам сигурно е од тоа, и некаде околу 14 часот дента почна да ми се дешава нешто сомнително со десното око. Поточно ми се појави нешто вакво на работ од видното поле: Цик цак линии што вибрираа, траеше околу пола саат/саат па ги снема малце се исплашив ама викам сигурно е од умор, работата ми е цел ден пред компјутер, не се осекјам добро можда се разболувам али тоа што следеше во петокот беше страшно. Такви главоболки што сакав буквално да легнам на улица и некој да ми ја прегази главава со кола неколку пати за да ми се ослободи притисокот. И нормално се јавив кај матичната, со помисла дека е настинка, чудно ми беше дека немам температура ама нејсе, ми личеше на болка од синуси и си се пожалив од тоа... Ми рече серапептаза земи, одмарај викендов нешто инахлации ау бау ако се затнеш деновиве ќе праиме дополнително преглед понеделник. Земав дури и слободен ден од работа зашто неможев да функционирам. Како што поминуваше денот толку се појачаа болките што вечерта вадев мраз од фрижидер го ставав во ќеси и го држев на глава, два пати ми се слоши до тој степен да морам да прилегнам зашто мислев дека ќе се онесвестам.. И саботата се будам ништо, г од главоболка немам ама се осеќав уморно и исцрпено... неделата топ и еве денес пак осеќам слаба главоболка. Ќе одам после работа до кај матичнава ама незнам шо да и кажам а да не излгедам и звучам лудо као сама да се дијагностицирам.. Ова ми е веќе втор пат во последниве 3 месеци и појма неам шо да праам и од кај да тргнам и дали да се секирам дека пак може да ми се задеси
Здраво Ќе ве молам за совет и ако некој имал ситуација како мојава да сподели искуство. Породена сум пред точно 3 месеци, ама последниве 2-3 недели сум постојано со главоболки. Знае да ми се замати видот како да губам рамнотежа на момент. На тилот на главата како да имам цигла која постојано ме притиска. Не е болка туку баш како некој да ме притиска над глава и после некое време почнува да се шири болка странично над ушите и на челото, горниот дел на носот. Знае и едното око (десното) како да ми е замаглено. Дали можеби се ова некои знаци на мигрена? Матичната упорно ми вика дека е од умор дека ненаспана со мало бебе, ама јас не се чуствувам уморна. Почнав да пијам пренатални витамини повторно да видам дали ќе се поправи нешто. Магнезиум пијам цело време Инаку за време на пубертет имав таканаречена пубертетска мигрена која траеше еден период и толку. Би ми значел секој совет и искуство
Ова е мигрена со аура. Тие визуелни пречки во видното поле се аура. Се случува аурата пред да почне мигрената. Може да биде со слепи точки во видното поле, цик цак линии... Не треба страв. Тригер им е исто она што ти е тригер за мигрена без аура. Ненаспаност, глад, јака светлина, замор и стрес некои храни или медикаменти и сл. Треба да следиш што ти пречи и да превенираш. Само еднаш сум имала аура пред мигрена. Ми се појави ефект на вода во периферното видно поле. Траеше некои половина час. Многу е необично кога првпат се случува.
Како сте задоволни од номигрен? Мене веќе воопшто не ми помагаат, после третото апче уште полошо се осеќам..како благ вкус во уста, вртоглавици и притисок во цела глава Само суметрин ми помага па дека ги нема, зопринеа немам пробано.
Ништо посебно најискрено, крвна слика ме прати да правам (се беше ок) препораки за помлаце стрес, повеќе одмор и слично и ако ми се повтори ефридол да земам и пак да појдам на преглед. Lucky me од тогаш наваму не сум имала инцидент, се надевам и дека така ќе остане
Мене не ми помага номигрен, само суметрин. Номигрен ми е како обичен аналгин да сум се напила. Е сега бидејќи ги нема сумтрен ги нарачувам од Жива фарм едно со ист состав како нив. Погоре имам и слика ставено кои се.
Како што ти кажала членката, мигрена со аура. Таа се случува пред и после почнува главата, до 3дена може да боли. Декоцентриран си, малаксан.....многу е језиво знам ми се случува Спиј преку ноќ, доволно часа, храни се здраво, не конзумирај кофеин мн, алкохол, пиј вода, релаксација, галами исто може да предизвикаат, одбегнувај стресни ситуации, промена на клима исто може. Нема лек за аурата, само за болката, зимај нешто за болка и Дијазепам ако се повтори пак
Освен добар сон во нормално време и добра храна, без стрес друго не ме спасува. Пробај види што ти е причината за појава на мигрена....
Откако испив таблета Зопринеа по втор пат,некаде околу половина час чувствувам зашеметеност,вртоглавица.Потоа минува ,исто и главоболката.Дали некој така се почувствувал?