Агресија, фрустрација,бес... Сите три представуваат деструкција. Не е дека сум деструктивен баш напротив али секојднневно имам фрки со звуци. Мислам дека документарецов ќе даде појасна слика за овој проблем и мора да се најде решение.
Изгледа и јас тука спагам , но не во овие што се наброени туку многу ми смета мене пример кога со бормашина ке дупчат во зид или тоа другото кога на улица ке дупчат по асфалт или цемент и она кога сечат дрва со тоа незнам како се вика, а и кога слушам музика од далеку и е пустена гласно и се случа само она бум бум бум и звук на тапани, ма ни тампони за уши не ми помагаат скроз тампоните во уши ке ставам па и со прсти ке ги прекријам ушите и ништо тогас не слушам и така додека не престанат
Мислам дека и јас спаѓам во оваа група на мизофони луѓе коишто ги иритираат одредени лоши звуци како што се гласно џвакање,шмркање,гласно и тешко дишење,крчење или,пак,дупчење со бушилица или американ!И затоа секогаш кога сум во близина на такви луѓе гледам да си го искучам умот,да не мислам на тие одвратни звуци за да не ми се повраќа и да не губам нерви за глупости!
Имам забележано, баш како што наведов и во првиот коментар на темава, дека многу повеќе ми пречи ако звуците доаѓаат од некоја блиска личност, или личност што ја познавам. Се сеќавам, кога бев помала, бевме собрани на неделен ручек, и татко ми толку гласно шмркаше од супата, така да се изразам, и не само тоа, гласно голташе... Не можев да издржам и ги покрив ушите, а потоа станав од масата, но бев мала, и никој не ме ни сфати сериозно. И мислам дека оттогаш станав свесна дека едноставно не поднесувам некои звуци. Сум станувала од маса безброј пати. Не сакам да е така и знам дека изгледа неучтиво, но не, не можам да поднесам. Посебно звуци што доаѓаат од нечија уста. Се ежам
Не можев ни да гледам повеќе од минута од видеава. Мислам дека ќе полудам ако мора да догледам такво нешто. Бавна смрт е за мене да сум во иста соба со џвакач. Нема решение за проблемов, подобро ноктите да ми ги корнат ко комита, отколку да ми јаде некој со отворена уста, а уште полошо гума за џвакање... И да ми пука балони. На раб сум да ги удрам таквите по уста и навистина се чудам како е можно досега да не сум им влепила некоја на таквите невоспитани јадачи. Најсериозно, подобро мислам дека е некој да дојде и да ме натепа, отколку на уво да ми направи таков звук. Тоа го сметам како највисоко домашно невоспитување, како најлоша карактеристика на глупав човек, како пропуст кој го имале во детството и невозможно е да се коригира. Ги мразам тие звуци, а со тоа и луѓето кои ги предизвикуваат до степен да не можам ни да размислувам јасно. Дури и сега кога ќе ми текне дека една жена, повозрасна, одеше зад мене и правеше балончиња со гумата за џвакање пред некое време, се ежам. Знам дека се молев да прекине, да ми даде Бог сила да не се завртам и да ја онесвестам на лице место со еден удар. И најпосле, застанав, отворив уста, се завртев назад да за и речам, госпоѓо, жити се, не те воспита мајка ти да ја затнеш таа пачавра од уста кога џвакаш? Ама се воздржав. Ја гледав као поминува до мене со грда муцка, ги држев рацете силно до мене залапени со сете сила контролирајќи се да не ја акнам, ме одмина, чекав неколку минути да пооди напред, и продолжив, за да не ја слушам. Реално, имам проблем со ова. Може треба и доктор за да го решам ова, ама и не сакам. немам намера да одам и плаќам доктори, оти некои биле невоспитани, оти мајка им не им кажала да затворат уста кога јадат. Кога сум во можност, им викам јасно - те молам јади и џвакај со затворена уста, ми сметаш. И наместо да се навредат оти знаат дека треба да јадат со затворена уста, се чудат, па јас морам да кажам дека ете јас, сум многу нежна на звуци и ме нервираат, дека ете до мене. Е НЕ Е ДО МЕНЕ ИДИОТИ, до вас е, домашно невоспитување е да не затвораш уста и да произведуваш звуци при јадење. Уште потажна слика ми е кога ќе видам млада девојка, се дотерала, дала којзнае колку кеш за шминки и алишта, па опнала слушалки, па се зананса ко којзнае која да е, и прави балонче внатрешно во уста кое одкнува низ цела улица. Та ти се плукнам у лепотата, лепотице, кога мајка ти не ти кажала што е дама, а што уста пачавра. Колку сакаш биди убава, кога немаш основна култура, најдолу си од сите девојки. Како што нашле термин - мизофонија за нас, оние на кои ни смета туѓото гласно јадење, тогаш за оние кои јадат гласно и џвакаат мастоки гласно има друг збор - некултурни. Или невоспитани. Или глупи. Или идиоти. Или дебили. Или... кој и да пишете лош збор е погоден за нив. Е до толку ги мразам тие звуци.
Леле ви измислија назив, сега малку пофино се осеќате па и гордо во групата се ставате, оти да ви кажеа дека сте со попуштени нерви подруго ќе беше. Не зборам за очигледна некултура каде се јади со отворена уста и се шлапа ко незрела тинејџерка мислејќи дека фраерка е така, тука се збори за нормални звуци при јадење, зевање, кивање, шмркање, дишење. Не прочитав повеќе за ова оти до толку не ме интересира, ниту видеата погоре ги изгледав, ама како лаик да си кажам дека не е нешто појавено не знам од каде тотално изолирано од вашата психичка состојба. Нервоза, анксиозност, агресија, тука некаде барајте, логично. Јас вакви звуци не регистрирам, освен ако не се очигледни, па и тогаш не чувствувам потреба да избегам или да шамарам.
Епа сестро златна види ги ти видеата па види за што станува збор. Не тропај глупости кога не знаеш за каква состојба се работи. Еве јас ти тврдам дека со константна изложеност на вакви звуци се јавува психопатски синдром и сигурен сум дека за повеќе од 50% поголеми се шансите некој кој што пати од Мизофонија да убие некој на брутален начин одколку оние кој што уво не ги боли буквално. Не се работи за нормални звуци туку за ненормални звуци, не е нормално ти со мастиката да пљуцкаш на секој џвак нели?! Или да збориш гласно како морон да те слуша цела населба? Или да крчиш како мечка кога спиеш или да дишеш како да немаш бели дробови? Се јавува тука некој феномен социопсихолошки и ова е еден тригер за сите тие состојби што ги наброја односно сите тие состојби ти се јавуваат кога имаш иритирачки звук. Сфати сега?
^ Сфатив уште кога ја читав Цка, тепање, шамарење, онесвестување, идиоти, дебили. Еве сега ти до убиство дојде, и што е најинтересно криви се невоспитаните што не дишат како треба. Вие сте сосем ок. Ок? И темава не е култура при јадење па да се концентрираме на луѓе кои не знаат да џвакаат нормално или слично, тука треба да се збори за тие што го имаат овој проблем, не ја префрлајте топката.
Okej vidi ti ja nemash ovaa sostojba taka? Vo prilog na videata i opshto okolu ovaa sostojba od start se kazhuva deka lugjeto koj shto ne patat od Mizo fucking Fonija ne mozhat da gi razberat tie shto patat. Nema nekoja logika da ti objasnam kako toa ni vlijae na sekojdnevnieto. Nie sme sosema OK osven shto imame takov komplex so zvucite.... no nemame Edipov komplex ili IQ podprosechno ili ednakvo na debile. Jas smetam deka onie koi shto jadat se otvorena usta se debile.
^ Ја имав бе златен оваа ваша мистериозна состојба, во време на тинејџерство и адолесценција кога за ситница знаев да посакам да си излезам од кожа. Тие ситници беа и овие набројаните собрани во пакет такозван мизофонија. Не знам еве како сум се излечила, што велат овие во видеово, се лечи или не? Оти на крај може и феномен ќе сум, излечена додека некој уште лекот го бара. Среди си ги нервите, ќе го средиш и ова.
Ова е едно од оние нешта заради кои сиротите ние мислиме дека сме посебни... Реално, тоа што те нервира е твој проблем кој треба да си го решиш сам со себе, а не да им кажуваш на другите како да прават, за да не предизвикуваат звуци кои те нервираат. Мене ме нервира гласно шлапкање на устата кога некој си чисти заби со јазик и слично... И сипување на течност во чаша исто ме нервира, особено топла течност, ќе ви текне кој звук е. Ама јебигааааааааа...мој проблем.
Не можам да се сетам конкретно кој од тие „нормални„ звуци ме иритира. Дишење, џвакање мастика... не ги ни забележувам. Е кога има гласно џвакање на храна стварно ми делува невкусно ама не до степен да станам агресивна. Единствено што можам да го издвојам е шкрипење со заби. Тогаш од петите па по рбетот ми поминуваат морници ама сепак не е толку страшно за да натепам некого.
Во потполност се согласувам со @Bridget но реално читајки ги @Cka i @Prijatelot мене ми се згади од такви простотилаци што изнапишале. Браво Ска за другите знаеш да ги наречеш некултурни невоспитани идипти дебили но се прашувам си го прочита ти текстот какви зборови употреби и упати? А пријателот отиде дури и до убиства!? Епа @Prijatelot има луге со болест пр бронхит хроничен, запишен нос и слично кои мораат да дишаат на уста или треба да се задушат за да ти бидеш задоволен и спокоен во спротивно ке ги убиеш? НЕ НЕ СИ ОК , И тоа не се ненормални звуци, едно е некултура при јаденје сосем друго ако некој зборува гласно , има луге што тоа им е нормален глас и не се дерат а има и сто не слушаат добро па зборуваат може погласно. Но тоа не се ненормални звуци туку ти неможеш од друга само тебе позната причона да ги поднесеш. ЗНАЧИ НЕ СИ ОК! Не @Cka ТОА НЕ Е НИВЕН ПРОБЛЕМ ТУКУ ТВОЈ! Лицно не ми смета и погоре пишав кога некој јаде шлапа со мастика тешко и гласно дише и слично уствари не ги ни приметувам но ми сметаат други звуци ко бормашини и дупчења по зид и улиците но тоа ја ко свакам како мој проблем а не туг. Ако на тој што дупчи по асфалтот а не му смета и сосем блиску е а мене ми смета значи проблемот е до мене а не до него! Дали е некое пореметуванје со нервите или до увото незнам но тоа е мој проблем не нивен и ако ептен ми смета ке си барам помош нема ни да ги врегам ни убијам ниту да напишам такви зборови дека некој друг е крив! ОВА Е СРАМОТА ШТО СТЕ НАПИШАЛЕ И ПОБАРАЈТЕ СИ ПОМОШ АКО НЕМОЖЕТЕ ДА ИЗДРЗИТЕ А НЕ ОКРИВУВАЈТЕ ДРУГИ ЗА ВАШИТЕ ПРОБЛЕМИ! и да баш вчера еден кај нас сечеше дрва што пед тоа ми сметаше и со тампони седев но се сетив на темата дека е некоја болест и прво ми сметаше ко да ми чепка во мозокот но извадив тампоните од уши и излегов надвор за да слушам уште посилно да видам што ке ми се случи .. и седев ко идиот и слушав и знаете што НИШТО НЕ МИ СЕ СЛУЧИ! баш напротив после 10-15 мин воопшто не ми сметаше тој звук.... тоа планирам да направам и со кога ке начекам некој да дупчи по улица или зидови!
Видете, едноставно е, оние кои ја немаат оваа состојба не се ни очекува да разберат потполно колку негативни чувства може да предизвикаат одредени звуци. Тешко се контролирам било каде, дома на ручек, во ресторан, во друштво, па и погоре како во документарецот, на кино. Не станува збор само за звуците кои ги испуштаат оние што не знаат нормално да јадат и да џвакаат мастика. Станува збор за буквално СЕКОЈ звук што доаѓа од нечија уста или нос. Дури и кога некој најнормално си јаде, го регистрирам и најмалиот звук. Станувам од маса или јадам подоцна сама.
Мене ме нервираат сите порно актерки што вриштат многу. Дури им имам напишано писмо да не вриштат многу, затоа што ми е страв од мајка ми да не се разбуди и да не ме плесне со метлата по главата. Исто имам страв кога гледам безобразни филмови кога ќе зашкрипи вратата од дневната) и од страв веднаш го гасам компјутерот. Тој звук ми предизвикува неверојатна паника. Дали имам мизофонија?
Богами, нареден пат кога ќе ми се блокираат синусите и кога едвај ќе дишам изгледа најдобро ќе биде да си останам дома да не случајно некој ми ја учука една на улица... На крај уште и сама ќе си бидам крива за тепањето- сум се осмелила да дишам во присуство на други!
Факт е дека на сите ни смета кога некој џвака со отворена уста, но тоа не значи дека сите имаме мизофонија. Колку што разбрав, ова е психичка болест и не може секој втор да ја има. Just saying.
Некој изгледа се најде во групата кои никогаш не научиле да џвакаат мастики со затворена уста, или да јадат во тишина и шлапкаат, па се почувствуваа навредени од мојот коментар. Видете, културното однесување на маса, при јадење, е нешто кое се учи, дома или на улица, кој каде можел, а исто така и правењето балони со мастики и нивната баналност и комплетна непотребност се учат во кругот на семејството. Тоа спаѓа во општа култура, бон тон, правилно однесување надвор од домот и слично. Тоа е некултура. Тоа што некој го иритираат тие звуци, е негов проблем, кој можеби и не е до звукот, туку до туѓото домашно невоспитување. Како на пример, мене ме нервира што во сред Центар ми истресоа трошки и семки од маслинки на глава. Сосема идентично е. За култура на однесување зборуваме. Досега ни сум удрила, нит па ќе удрам некој, за ниту една причина. Јас можам да го контролирам тоа, иако ме нервира многу кога некој со основно домашно невоспитување оди пред мене, зад мене, ми седи на маса и не знае да јаде. Едноставно, чекам да помине, да стане од маса, станувам јас, одам на друго место, или укажувам дека прави звук. За жал, мајката не им укажала дома, па мора некој надвор да им укаже. Како што им укажувам на многу млади дами кои во вецеата мочаат и не пуштаат вода, а уште почесто и не се мијат раце. Без јас да се срамам, им викам - измиј се. И сите се мијат Тоа е домашно воспитување. Тоа што за мене таквите луѓе секогаш ќе бидат иритантни, не значи дека мене ми фали нешто, нив им фали домашна култура. Дома ме воспитале дека не треба да ги вреѓам или тепам. Како што ме воспитале дека една млада жена не смее да си дозволи да пука балончиња по улица, на маса и слично. Како и да е, ако сте гласни џвакачи, не се чувствувајте навредени од мојот пост, извлечете поука од сите тука на кои им смета - дека е некултурно. Прашајте се себеси, зошто не знаете да јадете со затворена уста. Оти сите ние знаеме да си го контролираме она кое ние иритира, во себе, и се воздржуваме најмногу што можеме. Оние шлапкачите, не знаат. Они прават, ние трпиме и се воздржуваме. Facere и pati имаме во ваквата ситуација. Не берете гајле, обично луѓето на кои им смета звукот не прават ништо, се нервираат во себе, иако имаат помисли дека ќе удрат. А обично одат физички подалеку од личноста која не затвора уста. Знам дека на многу им смета звукот на шкрипење на врата, на вилушка на чинија, на креда на училишна табла, и сите реагираат на тие звуци. Мене тие не ми сметаат, знам дека се инцидентни, кратки. Ама домашното невоспитување ми смета. Како што ми смета КАПС ЛОК и неписменост на форум кај лица што не знаат да стават точки и запирки. Бидејќи и тоа се учи.
Мислев дека ова е нормално. Неподнесување на одредени звуци. - креда на табла - скоро препишан фломастер на хартија - сечење нокти - гребење со нокти - чешање со нокти - јадење со отворена уста (фино чекам човекот да дојади колку и некултурно да е тоа) - гребеше со приборот за јадење по чиниите - кинење на хартија - од такт ме вади кога некој вика, се дери, како некоја жичка во мене да се кини Ама сепак, пак ќе речам познавам дузина луѓе кои имаат ист „проблем“ никогаш не мислев дека и за ова ќе извадат име. Особено од такт ме фадат следните работи до степен шо дури моите дома повеќе не ги прават (во мое присуство): - чистење на шпорето, таму од пепел од ова од она, кога се чкрипи многу - точење на ножеви ... леле сега се ежам. Од ова посебно. Звук кој не го поднесувам, ме иритира. Сакам да кажам првите наведени се нормални доколку некој ги регистрира ама последните две ме ежат.