Бре, сите мизофонија имаме! Кој не го нервира јадење со отворена уста? Ова е новото „јас сум во депресија“ изгледа. Сестра ми го има овој проблем, среќа што може да се „контролира“. Значи не ја нервира само јадење со отворена уста, туку било какво џвакање или голтање, шмркање, дури и длабоко дишење (на нос) ја нервира. Не може да го поднесе ни сопствениот звук на џвакање и голтање (особено ако станува збор за потрокал или мандарина).
Zvukot od suv peshkir koj pominuva po suva povrshina, najchesto drvena. Umiram. Ili koga hartija od vesnik se kine, shushka i t.n. Se ezham celata.
Си имала краток период како што кажа во време на тинејџерство и на созревање, за друго станува збор кога станува збор за ние по хрониците паталици од мизерните звуци од природата на хомосапиенсот. Во видеата објаснуваат луѓе кој што го имаат овој проблем,ги раскажуваат нивните искуства во текот на животот и некој доктори зборат за што точно станува збор и ја опишуваат состојбата каква што е од медицински аспект со научен доказ. Секако дека постои лек... кога ќе се излечам потполно ќе ја кажам формулата, сеуште сум во криза кога станува збор за звуци што ме иритираат.
По коментариве сите сме си болни ко така Ме нервира и мене јадење со отворена уста посебно кај некои личности или пак ко ќе се чепка некој в уста кај забите и се слуша звук и слични работи.
Било какво чкрипење на нокти, заби и прибор за јадење. Кулминацијата беше кога на сред предавање, пред речиси полн амфитеатар морав да станам и културно да го прашам професорот да ја заврти кредата. Едноставно таквите звуци предизвикуваат непријатно чувство кај мене, нема потреба да се прашувам дали е се во ред со психата моја, а ниту пак да објаснувам како или зошто.
Читајќи ја темава, дојдов до еден заклучок - најголем дел од луѓето се под голем стрес и притисок и се прилично исфрустрирани. Тоа води до нервирање за најмали ситници со кои што вообичаено не би требало да се замараме. Фактички гледаме колку си пречиме едни на други, страшно нешто. Не ме изненадува што секојдневно има се повеќе нови дијагнози и фобии со чудни имиња, ама па и психијатрите мора да имат работа, нели? Пред да ме сфатите погрешно и да се навредите од ова што го пишувам - размислете само за тоа колку времето во кое живееме е причина за тоа што ве нервира. Пред да ми кажете дека никогаш не сум била на ваше место, па не знам како ви е - точно, додека не си во нечија кожа, не можеш да знаеш како му е на тој човек - знам само дека сите се нервираме за глупости за кои реално не треба воопшто да се замараме, сето тоа како резултат на брзото секојдневие и стресниот живот. Сметам дека мизофонија е многу подлабок и покомплексен проблем отколку звуците кои луѓето секојдневно ги испуштаат. Факт е дека има звуци кои што нашиот организам едноставно не ги поднесува, и јас не трпам некои од нив, ама тоа не значи дека по автоматизам имаме дијагноза мизофонија. Како пример за џвакањето - додека да ги научите вашите деца дека е културно да се јаде со затворена уста, тие ќе го прават она што најмногу ве нервира. Исто и кога на човек му е затнат носот од било која причина, јаде со отворена уста. Не е секогаш од некултура. Кога вашето дете ќе 'рчи ноќе од што му е затнат носот, и покрај тоа што сте направиле се да му помогнете да дише полесно, и тоа ли ќе ве нервира? Со мастиките џвакање - и јас се сложувам дека е од некултура, сепак нечиј ментален склоп и навики некогаш тешко се менуваат, што и не е туѓ проблем освен на лицата кои го прават тоа, ама не би се замарала со туѓи навики. Немојте себеси да си препишувате дијагнози кои реално не постојат кај вас
Интересно што 99% од мизофонскиве проблеми би требало да се наречат хомомизофонија - на вас ви сметаат звуци во најголем дел предизвикани од човечко тело било внатрешно или надворешно но претежно од напишаното преовладуваат оние со внатрешно дејство. Никој не напиша дека му сметаат чичулиги, предење на мачиња, лет на пепертутки, жуборење на поточе итн. Немам ништо од ова освен што не ми е пријатно да слушам ждригање и мљацкање ама верувам дека е повеќе што ги сметам за некултура отколку што навистина ми сметаат. Можеби едноставно не сакате луѓе што со оглед колку се глупи и каква штета прават на природата не е ни за чудење (мала шала) .
Tapa muabet vi e toj za posebnosta, kolku da si znaete. Ne razbirate, ovde ne se raboti za nervoza, tuku za neprijatno chuvstvo koe se javuva niz celoto telo. Barem kaj mene e taka.Tie raboti shto gi nabrojav za hartijata i t.n. mi prechat otkako znam za sebe, znachi nitu e rezultat na popushteni nervi, nitu nekogash kje ischezne. Ne e deka drugite lugje go pravat pa zatoa mi smeta, mi smeta i koga samata crtam so flomaster, mi smeta da fatam vesnik vo raka, koga go prelistuvam moram da go dopiram so vrvovite na prstite i mnogu vnimatelno i poleka da gi vrtam stranicite za da ne proizvede zvuk. Ne znam dali sum mizofon, ama definitivno e nekoj sindrom povrzan so zvuci.
И јас имам некаква блага фобија од такви звуци (џвакање, кашлање, чкрипење со заби, чкрипење со креда на табла, влечење на нешто по под, тешко дишење) Најмногу ме иритираат кога сум во ПМС. Јбг, терсене сум тогаш.
Читав мислења погоре,и темава ми помогна да го пронајдам името на мојот ,,проблемот,,. Ме нервира дишењето на нос,иако сум сосем свесна дека тоа е нормално и ние сите не можеме да дишиме ,,без звук,,.Еве јас така дишам,без да ми се слуша дишењето(освен кога сум настината). Ме иритира премногу,и кога сум во близина на некој таков не можам да останам мирна.Се чешам,правам се' за да се тргнам од тој човек кој што диши гласно(иако не секогаш е тоа возможно). Овој проблем многу ми ги намали односите со моето семејство и некои од пријателите.Не можам да водам подолг разговор баш поради ова.Или ако се потрудам да разговарам,нема да запомнам апсолутно ништо бидејќи ќе мислам само како да го одбегнам човекот.Јадам брзо, не можам да седам со гостите,на час и сл. Проблемов го имам веќе околу една година,откако почнав да спијам во заедничка соба.Ставам слушалки на мене,си легнувам и пробувам да заспијам пред мојот roommate да влезе и легне да спие. Исто е и со 'рчењето.Ни тоа не можам да го поднесам. Едит: Гласно џвакање, силно дишење - Зошто некои звуци нè излудуваат? (crnobelo.com) Дали знаете што е мизофонија? (fakulteti.mk)
Мизофонијата е невролошки проблем и нема што многу да направиш(иако погрешно е сместен тука во психологија). Можеш да пробаш да носиш noise cancelling слушалки, а во разговори со други луѓе да се трудиш да се фокусираш колку можеш на зборовите и на тој начин да го пренасочуваш вниманието од звуците.
Какви се овие слушалки? Инаку,се трудам колку што можам да се внесам во разговорот и да слушам,но едноставно не можам а да не приметам дека диши гласно.
Fast forward неколку години, обожавам ко ќе налетам на старо мислење мое, истите звуци ме иритират ама сега екстра свесна сум дека ако звук слушам ама не го разбирам, ако има поќе од еден извор на звук и ми "бега" низ просторот итн, итн, ме иритира до толку шо гла ме фаќа. Иронично, ми помагаат слушалки и гласен извор на звук директно в уво. Веќе со месеци јадам така. До солзи и главоболки ме носи ако изворот на звук шо ми смета не преќинва или немам слушалки за то шо ми помага. Некој поназад имаше пишано "фенси назив за попуштени нерви", не да се попуштени. Заминати се во неповрат.