Форумџика на годината

Минесота - што се случува?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 25 јануари 2026.

  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    14.962
    Вулканот се спрема за ерупција, осеќам дека ќе му се деси некаква граѓанска војна. Ради дешавките внатре, а и ради курчењето пред светот. Ќе лета периката и портокаловата пудра на ,,миротворецот".
     
    На sparklie, pinklipstick, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.221
    Допаѓања:
    44.075
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала се прашував како Хитлер стигнал на власт, сега кога гледам како размислуваат добар дел од луѓе ми е кристално јасно.
    Само зашто е легално, не значи дека е правилно.
     
    На sparklie, Амаја, Amellie и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    8.107
    Пол:
    Машки
    Се додека прави и учествува во војни надвор од неговата земја, никогаш нема да има граѓанска војна во УСА.
     
    На senjorita-v и simoncelicius им се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Гла им прајла, гла им тргала, сами си ја напраја Америка да биде секој втор со оружје. Сегде по светов има 300 протоколи дур ти дозволат, таму ко на пазарење си ојш си земаш ко нешто најнормално. Затоа што сакаат нека прат, таму нека им е
     
    На daylight, DragonFly22 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    61.442
    Пол:
    Женски
    Веќе не ме изненадува ништо од САД. Ужасна држава која е многу overrated со никаков систем кој е само во корист на оние најгоре. Згора на сѐ секоја будала можи да има оружје или полицијата да те испука оти накриво си ги погледнал.
    А сега со Трампчо се претвора во диктатура. Требаше да го испукаат ко Чарли Кирк в грло директно, не само во увото да го погодат тогаш.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Сега ме потсети Амелија, а Чарли Кирк кога беше убиен, тоа беше правилно и легално? Истите вие сега што толку се потресовте тогаш се ситевте на смртта и викавте дека заслужил, да не ви барам сега мислења да ве цитирам. И тоа тој случај беше многу поинаков од овој, убиен беше само поради различни мислења, тука како и да било ИЦЕ имаат аргумент, што сакаме ние и да кажеме, штом тие се почуствувале загрозени, штом го видоа како ја става раката да го извади пиштолот, причина имаат ма колку и ние ваму да пишуваме мислења илјадници километри поисточно од случката. Не мојте сега да ме цитирате дека го бранам тој орангутанот, го видовме што такво е, бетер од претходниот испадна, ниту па да ми речите дека ги бранам ИЦЕ, не, никого не бранам, дури и имам пишано мислење во друга тема за жената што ја застрелаа во кола каде што ги осудувам, мислењево го пишувам поради што ужасно ме нервира кај луѓето кога на ист настан (УБИСТВО) се гледа од различни POV, зарем не треба тука да не бидеме пристрасни и да го осудиме секое убиство, без разлика од кого и на кого е сторено.
     
    На Miss666, AlmaOculta, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.434
    Допаѓања:
    68.636
    Пол:
    Женски
    Што зборуваш, каде го извадил пиштолот? Мобилен имаше во раката и снимаше, не го ни извади пиштолот, нит па го насочи кон нив. Како може шестмина возрасни, демек федерални агенти, да се чувствуваат загрозени од маж кој го држат сите доле легнат на земјата, рацете цело време се пред него?
    Никакви аргументи немаат за тоа што го направија, чисто, ладнокрвно убиство.
    А за Чарли сите беа згрозени, и покрај неговиот профил, мнооооогу помалку коментари имаше во смисла сам си го барал од сегашниве гнасни коментари за луѓево.
    Човече, го држат сите на земја легнат и закана бил, па дај барем отворете очите малку при толку видеа срамота е да се зборат невистини. Трошка емпатија да се нема, ко што рече некој погоре, само релативизирање и бранење на нешто неодбранливо.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    39.770
    Пол:
    Женски
    Мора да си полицаец
     
  9. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    4.542
    Пол:
    Женски
    Тоа е употреба на преголема сила и моќ. Секоја личност не е способна да држи моќна позиција, бидејќи не знае морално и етички да се носи со тоа.
    Во УСА ова однесување е толку нормализирано, а не треба, до степен ако те приведат не ги гледај во очи, прави што бараат да не биде злоупотребено и завршиш вака неславно.
    Бев видов, знам што пишувам.
     
    На lovestoneddd и RainBow им се допаѓа ова.
  10. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    4.542
    Пол:
    Женски
    Ако излагаш само рацете горе да те претресат, а поарно не мрдај ич.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    61.442
    Пол:
    Женски
    Јас не реков сега дека Чарли требаше да е убиен така. И тогаш велев дека тоа не е начин на справување со некој што ти смета што зборува. Но разликата е што Чарли само зборуваше, Трамп е actually политичар на чело на држава и има многу поголема моќ.
    Не дека имаше нешто многу подобар избор од него, цел систем на државата е ужасен.

    Едит: сега ти прочитав друг дел од мислењето, јас апсолутно не се ситев на смртта на Чарли, ме имаш помешано. :D
     
    Последна измена: 26 јануари 2026
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Треба да се мери кога околностите и случаите се различни. Ирина и Лејкен не биле зад волан и немале пиштоли на себе.
    Се има случено федералните агенции и агенти да пречекорат овластувања, не викам не. Но во овие случаи не може веднаш да се каже бидејќи жената тргнала да гази со колата, а мажот имал пиштол на половината.
    Има снимки од разни страни, но снимки може да се манипулираат што е причина да не се брза со заклучоци.
    Секако треба да се испитаат од трета страна, па да се види дали треба да бидат казнети агенциите и агентите.
    Овие викаат дека Алекс бил агресивен и пружал отпор што им покажало намера да ги повреди.
    Малце да се размисли.
    Да иде некој со кола накај тебе или некој да те бута и има пиштол на себе...Нема ли да помислиш дека сака да те повреди?
    Што мајка бара салам човек со пиштол ако сака мирно да протестира и знае дека не смее да попречува ничие апсење?
    Салам човек и да мисли дека нечија постапка не е во ред, се трга на страна и потоа решава кого да извести (медиумите или друга служба). Не улетува да долее масло на огнот.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    10.910
    Пол:
    Женски
    Џорџ Флојд втор и трет дел им се случува. Секогаш кога е Трамп на власт има вакви убиства или немири и после губи на избори. Не знае да ја менаџира ситуацијата. Ама многу му е гајле нему. Тој да го натовари магарето до крај на мандатот, и онака нема право да се кандидира уште еднаш. Републиканците сами си направија штета кога дозволија да им ја преземе партијата.
     
    Последна измена: 26 јануари 2026
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.434
    Допаѓања:
    68.636
    Пол:
    Женски
    Треба малце да се размисли, да. Излезе аутопсијата од Рене, ја прочита? Пак ќе повторам нешто по стоти пат што не сакате ти и тие ко тебе што мислат да го слушнете.
    Човекот беше легнат на земја и држен од неколку агенти. И во таква состојба го убија.
    Директно на ова одговори ми, дали легнат на земја, држен од шест агенти е опасност за некој и треба да го убијат? Само на ова последново одговори, директно и без заобиколување.
    Притоа, друг агент му го одзеде пиштолот. Значи, кога толку сакате да цепидлачите, не беше ни наоружан во моментот кога го убија.
    Дали човекот беше закана за некој, испрскан со спреј, легнат на земја и држен од шест агенти, без пиштол на себе?
     
    На sparklie, 1209, DragonFly22 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.221
    Допаѓања:
    44.075
    Пол:
    Женски
    Многу е јасно дека убиствата се намерни за да го исплашат народот и да ги загушат протестите. Секако нема да бидат казнети и ќе се извлечат со оправдување кое не постои.
     
    На sparklie, DragonFly22, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Федерацијата е на држави со силна gun culture. Опседнати се со оружје иако ради тоа често им гинат децата во училиштата. Си имаат огромен проблем со криминалот, особено оној на мигрантите.
    Таму истражителите често повеќе ја вреднуваат перцепцијата на агенцијата отколку на јавноста, но секако не ја прифаќаат секогаш. Необучен е неупатен човек.
    Агентите гледајќи го неговото однесување и фактот дека има пиштол на себе дошле до тоа да перцепираат закана, по што решиле да го соборат. Како и на секој човек, така и на нив им е легитимно тоа да се исплашат за своите животи, па да реагираат. Судирот е помеѓу нивната проценка и она што го тврдат другите кои биле таму и медиумите. Дали тие ги преминале границите на своите овластувања е ствар што треба да се факторира од истрагата.
    Тие реагирале врз основа на нивната обука заемно со нивното искуство за такви ситуации. Надлежните ќе проценат дали тој нивен страв бил разумен и оправдан. Не можат да проценат ниту обичните Американци, ниту ние кои сме од друг континент и држава чиј начин на размислување и правен систем се потполно различни од нивните.
    Ако веќе треба да збориме за туѓите проблеми... Зошто тогаш не се коментирале/аат случаи кога убиеното лице било федерален агент?
    Тамошните сили гинат почесто од нашите сили. Тие треба да се борат против криминалот, но и за тоа да им се вратат живи на нивните семејства. Тие на семејствата на секое излегување од дома за на работа им велат збогум оти средината им е таква што не можат да бидат сигурни дека ќе се вратат живи.
    Или еве да погледнеме на на наш терен.
    Семејството на детето кое почина од заскитан куршум тврди дека доживеало полициска бруталност. Зошто нема интерес да се притискаат нашите надлежни да го истражат ова?
    Дали е ради тоа што семејството е ромско или ради тоа дека не веруваме дека нашите полицајци можат да бидат ептен брутални? :?:
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.434
    Допаѓања:
    68.636
    Пол:
    Женски
    Толку непотребни зборови напиша само да не одговориш на едно просто, директно прашање.
     
    На sparklie, 1209, DragonFly22 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Полицијата си има право да го користи тоа како аргумент, така и изгледаше, тргна нешто да вади. Не можеме ти и јас илјадници километри поисточно да кажеме како се осетиле во моментот. Тоа ми е зборот дека колку ние и да си дискутираме, тие ако кажат дека се осетиле загрозено во моментот џабе ни е се што кажуваме, а за Чарли не ми кажувај те молам, и тука на форумов какви се мислења не се изначитав, а не па да отвориш тик ток или инстаграм, милиони и милиони мимови има за неговата СМРТ (потенцирам со големи букви да ве потсетам за што станува збор). Пак ќе речам, додуша и што дека ко пак ќе ми речиш сум ги бранел, апсолутно не ги бранам, ги осудувам, ти кажав, оди некое мислење погоре, што точно околу ова ме нервира.
    Не не, не реков апсолутно ништо за тебе, те споменав дека ме потсети на случката со Кирк, не дека нешто ти си пишувала или си се ситела. Не убаво сме се разбрале:)
     
    На Bratot и Amellie13 им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    61.442
    Пол:
    Женски
    Јасно, погоре ми звучеше како мене да ми се обраќаш. Се разбравме сега. :D
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    39.770
    Пол:
    Женски
    А само требаше да одговориш со да/не.
    Терорист да е, па му се дава шанса за судење ако е виновен, а они пукаат 6 факинг пати во онеспособен човек кој само го остварува своето право на протест,6 пати !!!
    Човекот во рака држи телефон, а не пиштол, немој да блефираш.
     
    На theowndemon, 1209 и Angie1432 им се допаѓа ова.