Значи, ти одиш по улица, има полиција, те гледаат се фаќаш за џеб, погледнуваш во нив, они се осеќаат загрозено и те пукаат шест пати. И ова е во ред зашто се осеќале загрозено. Од каде да знаат ти што ќе извадиш од џебот? Законски е да се носи оружје, значи секој може да има оружје на себе. Не за џабе постојат протоколи, закони, камери носат, зашто не, не може шестмина мажи кои држат на земја легнат маж кој го нашприцале со спреј, да се осеќаат загрозено. Не го убија во движење, во бегање, наоружан. Го убија откако го легнаа на земја, му го одземаа оружјето. Не тргна ништо да вади, беше легнат на земја кога го застрелаа. Еве, сто пати ќе го повторам, а тоа упорно го прескокнувате. Како можете да гледате легнат човек на земја, држен на сила и застрелан, а да зборите вакви небулози? Не знам, еве.
Па не знаат што значи overkill или најјак аргимент што ни е гајле за таму си некои. Па друг континент, други правила. Јесте да јас кога бев таму марсовци шетаа и живееа не луѓе од крв и месо. Мислам аргументи 0 емпатија и минус ниво на критично размислување. Ај за таму утре да им речат дојдениве Македонци стрелајте ги и овие службени лица дека би без грам размислување, ама и тука што читам. Ужас. Утре може да биде било кој од нас, било каде. На легнат и онеспособен манифестирање прекумерна сила и моќ е она првичното зборче што го пишав, ама кој да сфати?
Клучен збор, фраза како и да е, што неколку пати веќе ја кажав: не ги бранам, зошто ме тераш, ме форсираш да ги бранам, кога пет пати кажав дека не ги бранам, мислење имав напишано и во друга тема за убиството во кола што го направија, во колку наврати кажав дека ги осудувам, тоа што го кажувам е дека додека викаат дека се осетиле загрозени, нема што ти и ја да се караме. А и не планирам веќе да цитирам, цел ден вртиме ко киша око крагујевца и пак не доаѓаме до главното.
Ова беше добар менаџер. Депортираше најголем број на илегални имигранти досега без да се најде на ѕидот на срамот. Знаеше како да се обрати, кога да спушти топка. На Трамп му е важно да биде центар пажња и да дефокусира од Епстин фајловите.
Ќе ги прателе сега ИЦЕ да обезбедуваат на олимпијада во Милано, Италија во неверување, а и јас богами Овие бетер од паравојската на Аркан.
Може кратко инфо кои се овие ИЦЕ? Нешто ко ФБИ или... Еден куп агенции имаат, не може човек крајот да им го најде
Во америка народот е многу чуден. Не дека оправдувам убиствава ама интересни ми се зашто да носеле лична карта со нив или ако се странци пасош или зелена карта. Значи полиција , ИЦЕ има овластување да те застани и да те легитимира. Нема бунење, нема снимање нема препичавање. Просто ко грав. Што вели членка погоре, полиција или ИЦЕ или било која федерална е единица ако те застане слушај соработувај и биди смирен. Инаку наеба. Играат многу прљаво и подло и имаат секакви овластувања. @An-na Имиграциска полиција.
Истите луѓе што го убија Флојд, жената пред некое време во колата, се и овој што го убиваат. Не ли е гледано видеото, ќе и верувам на @RainBow . Тие им дозволуваат да си играат со оружје на граѓаните , тие им даваат тоталитарен авторитет на агентите. Дали се ајс или ефбиај, веќе е исти *Ур.
Конкретно за случкава не можам да коментирам, оти не ми е гледано, ама... Малку сте контрадикторни да ви кажам право... Биле насилни, имале тоталитарен авторитет итн... Вие ќе ги пречекате имигрантите со црвен тепих? Ај, штом сте толку отворени, нека дојдат кај нас штом така... Секоја држава има право да си ја штити територијата. А, Америка богами има проблем со имигрантите одамна. Штом го гласаа Трамп (кој отворено кажуваше дека ќе се справи со имигрантите) значи и на народот му е преку глава, само на нас тука ни смета таквата политика со нив
Еве го опасниот кој претставувал закана. Држен на нишан од маскирани „федерални агенти“. Стварно бил опасен и навистина морале да го убијат.
Обама беше претседателoт кој депортираше најголем број на мигранти. Трамп прави театар пред неговите гласачи. На богатите Републиканци им одговараат нелегални мигранти да ги експлоатираат за мали пари. Дури и чарло кирк побара повисока плата за американскиот работник наместо доселеници да доаѓале да работат за ситнеж, па кратко време по една реткo паметнa работa коja ja кажа, го снема од лицето на земјата. Ама добро, фејк њуз за трансџендери одат како алва, тa тpамп од такви вести и претседател стана.
Според извештаите, човеков носел пиштол и плус дополнителни 2 шарзери муниција. Не знам зошто воопшто некој би носел огнено оружје на простест. Второ, зошто да даваш отпор и да се обидуваш да избегаш од овластени лица кои со себе носат оружје? И тоа даваше отпор долго. Што очекуваше тој, дека ќе го пуштат така да избега со оружјето? Кога те апси полиција или слични вооружени федерални службени лица, се знае, ставаш раце позади глава и клекнуваш на колена. Се предаваш, а потоа најди адвокат и суди се ако си прав. Од ICE очекувано имаат одобрение доколку некој има оружје и даде отпор, да го неутрализираат. За жал ќе имаат неколку жртви пред конечно да сфатат дека не се дава отпор при апсење или легитимирање од страна државни безбедности органи.
Конкретно за последново. Овие се нафрлиле на една жена и он земал да снима и да ја брани. Бил медицински брат во центарот за воени ветерани. И самиот бил ветеран. Едно не ми е јасно. Со кој памет се пикаш кај што не ти е место па и плус носиш оружје? Иншто направи? Умре.
Знаете дека ова не ви држи вода со оглед дека е легално да го носиш доколку имаш дозвола, така? Он имал.
Имал ама овие се ненормални. Не прашуваат дали имаш дозвола. Имаш пиштол, даваш отпор, нема кај нив Чекај да седнеме на кафе да видиме дозволата.. пука брате не те прашува.
Искрено мислам дека имал наивност во него. Ми личи како не себичен човек. Хуманитарец. Мислам дека не очекувал дека некој ќе го упуца ако носи пиштол легално на себе. Исто и со жената, Рене. Овие убиваат затоа што им се може. Им дава адреналин. Премрзелив за војска и преглуп за да си полицаец.
Не е вовед во диктатура, таков им е законот само. Штом го донеле, нема што да се дискутира, мора да е оправдано.
Јас видов некои видеа на инста од тоа како апсат мајки и дечињата со ранци трчаат по нив, мали дечиња, викаат мамо мамо, плачат пред полицијата, никој не ги смирува…каков е тој начин на апсење, која бруталност човече. Ако има Господ, нека гледа и нека суди соодветно.