Моето прашање не е поврзано со миом туку во последните неколку месеци има зголемување на матката. Дали имал некој сличен случај што терапија примал и дали се повлекла матката во нормала?
Не е за мене, за мајка ми е. Не и кажале само апчиња и дале да пие. Она немаше миом цисти имаше.Сега и е 64мм, до колку милиметри е нормално да оди зголемувањето?
Здраво девојки Гледам одамна нема коментари на темата.Јас пред 2 недели оперирав миом од 7 см,мораше со класична операција(бикини рез).Ме интересира постоперативниот период,кога раната зарастува,колку се познава,кога се враќа осетот во стомакот,кога почнавте со нормалните активности...Ви благодарам,доколку некои има некакви прашања за операцијата нека пише.Поздрав
Правев во Систина,кај др Баџаков,операцијата траеше околу час и пол,5 дена лежев во болница,секој ден се чувствуваш подобро,јас после 3 недели и со работа почнав,не работам физичка и напорна работа,треба да се внимава да не се крева тешко,после 2 месеци е целосно опоравувањето,така да тогаш и односи се дозволени,а според тоа што имам читани може и после 6 недели.Поздрав.
Миом и ХПВ немаат никаква поврзаност. "Миомoт на матката е ( бенигни )доброќуден тумор на матката. Причините за појавата на миомoт сеуште се непознати. Се знае дека миомoт е хормонски зависен тумор и дека за неговиот раст неопходен услов се естрогените. Миомoт расте при давање на естрогенска терапија и бременост, а се намалува за време на менопауза. Се развива често кај жени со покачена телесна тежина, хипертензија и мастопатија. Честа е и комбинацијата на миом со ендометриоза, хиперплазија на едометриумот и полицистични јајници. "
ovoj caj pomaga za miomi ne go razbiram ova vo sto se sostoi lekot Dali ima nekoj iskustvo so cajot femi miks
Јас имав ептен мал миом на надворешен зид, во Ремедика ми рекоа подобро да го вадам пред ин витро. Ги послушав, бев на операција. Не ни отидов на второ мислење, а можеби требаше. Мој совет ти е да побараш мислење од повеке гинеколози, не само оние "стручнаците за ин витро", оти ним паметот им е само ваучерот да го искористиш и да си земат процент од тоа. Има повеке видови на миоми, мои две другарки со миоми колку мандарина во внатрешноста на матката, без проблем изродија по две деца.