Мојот миом на почетокот беше 13мм а сега стигна до 46мм, има различни миоми што растат за време на бременоста и некои што воопшто не растат. Е мојот расте и затоа ме фаќа паника, ама се наоѓа на надворешниот зид на матката
Благодарам на одговорите, за мојот мислам др рече дека е на фундус, што значи тоа, каде е поточно? Мојот др е сигурен дека не е проблем ама сепак морав да си прашам, дај боже да имам и јас позитивно искуство кога ке дојде време
Најчесто растат само во прв триместар и застануваат, пошо растат под влијание на естроген. Ако докторот вели нема гајле, значи нема гајле
Мене пред бременост ми беше 13мм а сега е 46, докторката бика се надеваме дека нема да предизвика проблем бидејки е надвор од матка ама сепак ме фаќа паника
Луѓе не се шалите со миом Не сакам да ве плашам,ама јас се убедив,дека нема ништо од лек за миом. Јас имав еден миом позади матката,пиев се и се и сешто и се изгуби. Сега после дваесет и кусур години,слуцајно видов дека имам нови во матката,и тоа 3 миоми од 10см и два помали.Не ми се верува,јас сум во климакс...како опстанале. Претпоставувам дека тоа се слуцило претходните 3 години,кој ми беа многу стресни и тешки години. Во вторник имам закажано биопсија,па ке видиме што понатака.
Девојки, досега е непознато кои природни третмани водат кон намалување на миомите. Јас во последните 2 години пробував се и сешто, пиев лен со мед, чуваркуќа со мед, разни чаеви, станав и вегетаријанка, алкохол не сум се напила 2 години, само здрава храна. Резултат, миомот порасна за плус 3см и сега со вкупно 10см треба да одам на миомектомија кај Др. Димитров во Ремедика. Дали има некој искуство кај него? Фала ви најмногу.
Леле, ова сега го гледам Добро, оти мене доктор со цел памет ме тераше фитоестрогени да пијам, за да си отвори работа? Треба ли ова поише да се испитува или само се следи дали расте?
Не, зависи кои. Има фитоестрогени што зголемуваат ниво на естрогени, има такви што блокираат растење на естрогени, такви ти дал. Најчесто само се следи дали расте и се одстранува на пораѓање. Во поретки ситуации може да направи компликации, може да дојде до предвремено пораѓање или спонтан ако е голем и лошо поставен уште во рана бременост, ама ретко.
Никакви не ми дал, ми рече купи си од аптека и пиј. Не купив ништо и не пијам. Со бебиња мислам завршив, може да свиркам, а?
Немам поим каде е, малечко беше, рече ако немаш чудни состојби и болки, не треба да е проблем. Сега ми иде термин да го провериме.
Такви продаваат во аптеки. Па не би рекла дека само во бременост прават проблем. Може да се јави и многу време после последна бременост, ако сеуште трае менструација. Поретко е кај жени во менопауза, иако и тогаш може да се јави дури и за прв пат. Проблем прави миомот да крвариш многу. Ако имаш екстремно обилни менструации или ако крвариш меѓу менструации, болки, мора да се провери миомот.
Не ми текнало дека може да е од надвор . Ништо не праеше, никакви проблеми, сега ќе видиме, ама мислам во ред ќе биде. Само чудно ми се виде она со естрогените, затоа прашав. Фала ви женски.